Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од претквалификациите за Европското првенство 2029 година со јасна цел – две победи и потврда на првото место во групата. Пред важните дуели со Ирска и Луксембург, кои се на програмата на 2. и 5. јули, репрезентативниот бек Виктор Ташовски истакнува дека пристапот мора да биде максимално сериозен и фокусиран. По одличните настапи во дресот на ТФТ во МТЕЛ Супер лигата и АБА 2 ...
Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3.6 проценти, а реално е зголемена за 1.6 проценти. Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6 проценти, а реално за 6.2 проценти и трговија на мало со автомобилски горива реално е зголемена за 14.7 проценти, а номинално за 36.2 проценти. Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3.6 проценти, ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата истакна дека Инструментот за реформи и раст е клучен двигател на реформите коишто ќе ги зајакнат јавните институции, ќе го подобрат управувањето, ќе поттикнат економски раст и ќе го забрзаат нашиот пат кон ...
Со денешниот меч против Аманда Анисимова, Лина Ѓорческа влезе во македонската тениска историја како единствен наш натпреварувач кој настапил на грен-слем турнир во сингл конкуренција. По одиграниот меч таа се заблагодари за големата поддршка од македонската јавност и ги кажа своите импресии од настапот на Вимблдон. „Дури и ако не сакам да слушам пред мечот, тоа е насекаде. Во моментов нема многу работи што се случуваат дома, па ова беше ...
MG Fashion е компанија со децениско искуство, активна во областа на недвижностите, специјализирана за инвестирање и изградба на комерцијални, станбени и деловни објекти. Во своето работење компанијата посветува особено внимание на зачувувањето и унапредувањето на животната средина, истовремено создавајќи квалитетни, функционални и современи објекти кои нудат комфорен и пријатен простор за корисниците. Syndicate Studio, архитектонско студио ...
Мексиканците имаат четири победи од исто толку натпревари на Светското првенство. Досега ги оправдаа сите очекувања на своите навивачи. Утрово постигнаа два прекрасни гола и дојдоа до триумф кој ги однесе чекор понатаму на Мундијалот. Резултатот го отвори Кињонес во 22. минута, претрча половина терен, влезе во идеална позиција, шутираше моќно и донесе водство за Мексико од 1-0. Само девет минути подоцна Раул Хименез мајсторски ја смести ...
Во обраќањето, министерот Филков истакна дека Министерството за правда во изминатиот период реализирало најобемен законодавен реформски циклус, со силна динамика, професионален пристап и целосна посветеност на европската агенда. „За помалку од две години подготвивме околу триесет законски решенија, од кои тринаесет се директно поврзани со Реформската агенда. Овој законодавен циклус претставува најобемен реформски процес реализиран од ...
Како што изјави во гостување во централниот Дневник на МРТВ, по најавата на премиерот дека електронското гласање на дијаспората е црвената линија на Владата, ЛДП смета дека треба да се почитуваат и барањата на граѓаните кои живеат во Македонија. „Нашата црвена линија не е само црвена линија на ЛДП, туку црвена линија која ја бараат 1,5 милион граѓани кои живеат во Македонија, а тоа е можноста за отворени листи и една изборна единица, но и ...
Избраниците на Дидие Дешан потврдија зошто го носат епитетот на главни кандидати за мундијалскиот пехар. Тие целосно доминираа во текот на сите 90 минути, редеа зицер ситуации, ја погодуваа рамката од голот и сосема заслужено патуваат во следната фаза. Првото славје на Французите се случи во 21. минута по реализацијата на Мбапе, меѓутоа овој погодок по прегледувањето беше поништен поради недозволена позиција. Водечкиот гол пристигна ...
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на серија влажни воздушни бранови утре и ...
Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 проценти), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 проценти), 106 помошни објекти (11.6 проценти), 79 гаражи (8.7 проценти), 22 летни тераси (2.4 проценти), 17 времени објекти (1.9 проценти) 9 скалила (1 процент) и 6 тераси (0.7 проценти). Најголем број бесправно изградени објекти, 96.1 проценти, се во приватна сопственост. ...
Поранешниот тренер на Тиквеш, Борче Христов ќе има задача да го врати Пелистер во најдобрата македонска лига. „Со големо задоволство ја информираме јавноста дека со Борче Христов потпишавме договор на две години, со јасно дефинирани цели и амбиции за периодот што следува. Станува збор за тренер со богато искуство во македонскиот фудбал, но и со значајно меѓународно искуство, кој во својата кариера бил дел од повеќе успешни проекти. Христов ...
Тој истакна дека градот мора да обезбеди основни услови за граѓаните, особено во летниот период кога високите температури ја зголемуваат потребата од пристап до вода за пиење. „Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните беа оставени надвор од функција. Во координација со ЈП „Водовод и канализација“ ги мапиравме, сервисиравме и повторно ги ставивме во употреба повеќе од 220 фонтани за пиење вода“, наведе ...
„Првиот поголем пожар е на територијата на општина Велес, во атарот на селото Каласлари во насока кон Свети Николе. Тој пожар во овој момент е ставен под контрола. Храбрите велешки пожарникари со поддршка од тим од Национални шуми успеаја да воспостават контрола врз овој пожар. Во гасењето на овој пожар поддршка даде и еден воздухоплов ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Во овој момент наредив негово повлекување, бидејќи нема ...
Според предложениот состав, Ѓоко Велковски ќе биде нов министер за социјална политика, демографија и млади. На чело на Министерството за здравство доаѓа досегашниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, додека актуелниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, ќе го преземе раководењето со Фондот за здравствено осигурување. За нов министер за локална самоуправа е предложен Иван Стоилковиќ, а Ерџан Демир е ...
Претходно беше објавена веста за нивниот и-ХЕВ хибриден систем кога до јавноста стигна информацијата дека Џили постигнал помала потрошувачка на гориво од приусот на Тојота со овој погон. Сега тие објавија дека овој погон постигнува термичка ефикасност од дури 48,4 проценти, што значи дека претвора речиси половина од енергијата од горивото во механичка енергија. За споредба, повеќето класични бензински и дизел мотори постигнуваат помеѓу 25 и ...
Ова е прва посета на Нетанјаху на окупираната територија во јужен Либан откако израелската и либанската влада постигнаа договор за безбедност со посредство на Соединетите Американски Држави минатиот петок, според кој Израел треба да предаде две области на либанската војска. „Нашиот став е дека нема да се повлечеме од јужен Либан сè додека заканата не се отстрани“, им кажа Нетанјаху на војниците, според соопштението објавено од неговиот ...
Норвежаните ја имаа почетната иницијатива, но потоа Брегот на Слоновата Коска беше селекцијата која доминираше на теренот. Сепак во 39. минута една индивидуална мајсторија на Нуса резултираше со водство за Норвешка од 1-0. Тоа беше прекрасен гол на фудбалерот на Лајпциг. Во вториот дел Слоновите напаѓаа за да го изедначат резултатот, тоа се случи во 74. минута кога Диало имаше фантастична акција и погодок за 1-1. Победата за Норвешка дојде во ...
Како што потенцира, ќе се анализира фактура по фактура, секоја цена на 74 групи со 600-700 основни прехранбени производи, кои се дел од потрошувачката кошничка. „Ќе се врши детална контрола на 600-700 основни прехранбени производи, од набавната цена на производителот до продажната цена на трговецот, и ќе најдеме точно кои се индикаторите од кои произлегува таа цена, кај имаме поголемо зголемување и да видиме точно зошто се случува тоа“, рече ...
Голманот блесна во пенал серијата со две одбрани, но неговата животна приказна е уште повпечатлива од настапот на теренот. Пред неколку години голманот ја водел најтешката битка надвор од фудбалот. По раѓањето на неговиот син Лаутаро Даниел, кој имал сериозни здравствени проблеми, Хил бил принуден да продава копачки, дресови и друга спортска опрема за да обезбеди пари за лекување. „Кога се роди Лаути, немавме ништо. Орландо се откажа од ...
Изгаснати се пожарите во општина Шуто Оризари – во близина на Џиди Комерц, Визбегово, каде гореле ѓубре и сува трева; општина Зелениково – с. Страхојадица, каде гореле шума, сува трева и ѓубре; општина Кисела Вода – населба Разадник, на ул. „Борис Трајковски“, каде горела ниска вегетација; општина Виница – с. Јакимово, каде горело ѓубре; општина Кочани – с. Долни Подлог, во двор на семејна куќа, каде горело ѓубре; општина Битола – с. ...
Мицкоски соопшти дека од почетокот на 2026 година се поднесени околу 672 барања за повторно стекнување на македонско државјанство, додека околу 318 лица побарале отпис од државјанството. „Ова е прва година по не знам колку време да се случи вакво нешто. Дали е случајност, дали е некаков знак и дали тоа нешто значи, не би можел да кажам, но верувам во македонскиот народ, во македонските граѓани и во нивниот потенцијал“, рече Мицкоски во ...
На церемонијата присуствуваа началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лавчински, генерали, шефови на делегации, офицери, подофицери, како и заменик-министрите за одбрана на Македонија и Албанија, амбасадори и членови на дипломатскиот кор. Заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, обраќајќи се на свеченоста, истакна дека преземањето на оваа улога доаѓа во време на засилени потреби за регионална соработка и координација, ...
На средбата, министерот Мисајловски ја истакнал одличната соработка со Сојузничката команда за операции и нагласил дека припадниците на македонската Армија ќе продолжат да придонесуваат за безбедноста на источното крило на Алијансата, преку учество во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија. Тој посочил дека државата продолжува да инвестира во модернизацијата и опремувањето на Армијата, како и во развојот на нејзиниот ...
Соопшти дека ЗНАМ во септември ќе добие плус уште едно заменик-министерско место, како што рече, влијателно министерство. Димитриевски информира дека Горан Минчев останува да го раководи Министерството за јавна администрација. Упати благодарност до министерот за правда Игор Филков за досегашниот професионален интегритет и посветеност. Димитриевски нагласи дека ЗНАМ ќе продолжи да биде стабилен партнер во владината коалиција. Соопшти дека ...
Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има локално поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има ...
Инвеститорот и поранешен извршен директор во вселенската индустрија, Кристијан Кеил, го истакна достигнувањето во објава на социјалната мрежа Икс, во која истакна дека Спејсекс лансирал 15.262 сателити до 12 јуни 2026 година. Вкупниот број на лансирања за сите други компании и организации од почетокот на вселенската ера во 1957 година е 15.138. Маск ја основаше Спејсекс во 2002 година, но компанијата немаше моментален успех. Нејзините први ...
„Од клиниките за торакална хирургија, кардиохирургија, урологија, детска хирургија, пластична хирургија, дигестивна хирургија и ОРЛ информираат дека непречено ги третираат сите пациенти, вклучително и пациентите предвидени за елективни оперативни зафати. Во овие клиники нема одложување на оперативната програма. На Клиниката за ТОАРИЛУЦ во моментот се згрижуваат итните пациенти, согласно тековната организација на работата“, се вели во ...
Во овој состав на Владата, премиерот во интервју за емисијата Директно на ТВ Телма, рече дека нема да има потпретседател на Владата задолжен за владеење на правото и дека тие работни обврски ќе ги извршува секретар од неговиот Кабинет. На вечерашната седница на Извршниот комитет Мицкоски кажа и дека ќе ги информира членовите дека во тек се преговори со Турската демократска партија да биде дел од коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и има ...
Инаку, пожарот има зафатено поголема површина со ширење во неколку правци. Огнот со еден крак тргнал кон место викано Саботна Вода од каде се префрлил и на место викано Трите Дола, а во моментов е многу близу и до место викано Цариер, а еден крак е и кон село Караслари. Опожарена до овој момент е голема површина на сува трева, на лозја, на дрвја од овоштарници, а настрадале и пчелни сандаци, додека од чадот не може да се види во каква ...