Кога цените на горивото растеа, авиокомпаниите ги префрлија трошоците на потрошувачите. „Немавме избор“, кажа минатата недела извршниот директор на Делта Ед Бастијан, потсетувајќи на речиси 2 милијарди долари дополнителни трошоци за гориво со кои се соочија големите превозници во ова тромесечје. Сепак, цените на горивото паднаа во последните два месеци, но компаниите не планираат да ги повлечат зголемувањата на цените. Бастијан вели дека ...

Во центарот на вниманието на годинешната Галичка свадба ќе бидат галичките младоженци, Александар Пендароски и Мартина Михајлова. Нивниот избор носи и посебна симболика, бидејќи годинава се навршуваат 35 години од првата современа Галичка свадба одржана во 1991 година, кога биле венчани родителите на Александар. На тој начин, нивното учество претставува продолжување на едно семејно наследство и силна поврзаност со Галичник и неговите обичаи и ...

Претходно имаше информации дека Растодер ќе се пресели во грчкиот клуб, а сега стигна и потврда на тоа. Македонскиот фудбалер ги комплетирал медицинските тестови и ставил потпис на договорот со Панатинаикос. Растодер имаше одлична сезона во Тун со која си ја качи сцената и падна во око на повеќе клубови. Најконкретен за неговиот потпис беше клубот од Грција. Се верува дека Тун за овој трансфер ќе добие 3,5 милиони евра. 🚨☘️ Elmin Rastoder ...

„Иран побара средба. Ќе се одржи утре во Доха!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал. Засега од Техеран нема официјална потврда. Напротив, само неколку часа пред објавата на Трамп, висок ирански функционер тврдеше дека не се закажани технички разговори. Сепак, извор запознаен со преговорите потврди за Ен-би-си њуз дека техничките тимови што работат на спроведување на првичниот договор меѓу двете страни би требало да се ...

По оставката на досегашното раководство и стручниот штаб, акционерот на клубот, Општина Битола, донесе одлука довербата да му ја укаже на Митревски, кој на функцијата го наследува Александар Стефановски. Од битолскиот прволигаш посочија дека Митревски бил нивниот прв избор за претседателската функција и дека ја прифатил понудата да го предводи новиот проект со цел Пелистер повторно да се бори за највисоките дострели во македонскиот фудбал. ...

Литванското Министерство за одбрана се огласи по повод статија на британски Гардијан, кој, повикувајќи се на свои извори, објави дека Русија подготвува можна „провокација“ против балтичките држави или Полска. Министерството нагласи дека ваквите извештаи имаат за цел ескалација на тензиите во балтичкиот регион. „Во моментов нема знаци дека Русија подготвува голем воен напад врз балтичките држави, но нивото на закана од саботажа – како што се ...

На рускиот полуостров Кола, директно наспроти границата со Норвешка, се наоѓа еден од најголемите нуклеарни арсенали во светот, кажа Столтенберг, кој сега е норвешки министер за финансии. „Тоа оружје не е насочено кон Осло – туку е насочено кон Вашингтон и Њујорк. Но, Норвешка помага во следењето на руските подморници кога ги напуштаат своите бази“. Тој додаде дека Норвешка, исто така, придонесува со обезбедување рани предупредувања за ...

„Бидејќи се продолжи со подготовката и се разгласи дека востанието ќе се прогласи на Илинден, нарочно го одложив одењето (во Македонија, н.з.) до денот на востанието, за да симнам од себе секаква одговорност“, раскажувал во 1908 година Ѓорче во своите спомени. Во Македонија, по доаѓањето во прилепско се сретнал со четниците на Лазар поп Трајков од костурско. Таа средба, ја дава можеби комплетната слика за македонската борба: „Тие беа разбиени ...

Само неколку часа по објавата на Зеленски во четвртокот, следуваше еден од најголемите напади со беспилотни летала во војната, со цели во 12 руски региони и на окупираниот Крим. Руските власти соопштија дека пресретнале најмалку 660 украински дронови, а беа пријавени и експлозии во хемиска фабрика во регионот Тула. Една недела претходно, во најголемата рафинерија во Москва се случи голема експлозија, по што небото беше покриено со црн чад. ⚡️ ...

Договорот кој е во износ од еден милион евра треба да даде поддршка во реформата во преструктурирање на МЖ Транспорт со цел созадавање на функционално претпријатие. Николоски истакна дека со изборот на оваа Влада, приоритет е МЖ Транспорт да се надградува и да се модернизира. „Најпрво направивме законски измени со коишто практично го зачувавме претпријатието, имајќи предвид дека последните одлуки на претходната Влада значеа затворање на ...

„Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. Доколку пак забележат пожар, тоа веднаш да го пријават на телефонскиот број 112. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП Национални шуми“, информираа ...

Аеродромите, потенцираше, веќе забележуваат раст со двоцифрен број проценти, а скопскиот имаше и до 30-тина проценти зголемување споредено со истиот период од минатата година. Прашан дали се разговара со „Виз ер“ за продолжување на сезонските линии до Сардинија и Сицилија, Мицкоски потенцираше дека ќе продолжи поддршката за дестинациите за кои има интерес. „За нас тоа е многу важно и како држава планираме да бидеме регионален хаб од каде што ...

Најмногу реакции предизвика израмнувачкиот гол на Австрија во 96. минута, по кој алжирската одбрана беше обвинета дека реагирала премногу пасивно. „Ја раширивме играта, а тие се повлекуваа. Но во последен момент некој ми ја протна топката низ средината. Морав да трчам, морам да го почитувам фудбалот. Знам дека е малку срамно, но така е. Топката дојде пред голманот и морав да шутирам, морав да се обидам да постигнам гол. Знам дека беше срамно, ...

„Пред веќе извесното заминување од Министерството за односи меѓу заедниците, нека остане забележано дека од „сива зона” на системот денеска Министерствоте со нова систематизација средено и организирано го оставам на мојот наследник“, напиша министерот во неговиот отчет на фејсбук, наместо, како што вели прес-конференција. Стоилковиќ наведува дека буџетот на Министерството е намален од 577,8 милиони денари во 2021 година на 173,5 милиони ...

На собраниската седница таа посочи дека за над 20 години се намалил за 28 проценти бројот на ученици, само во последнмите седум години, рече, сме изгубиле 17 000. Во истиот период, додаде Јаневска, бројот на наставници е зголемен за 46 проценти и тоа го укажуваат странски релевантни институции. „Како резултат на тоа, бројот од 18 ученици по наставник се намали на 11,4 ученици по наставник што е многу повеќе во споредба со европскиот просек и ...

Лина игра против Аманда Анисимова од САД која е ланска финалистка на Вимблдон и шеста тенисерка на ВТА листата. Ѓорческа е свесна за силината на нејзината противничка, вели дека нејзина цел е само да го даде најдоброто од себе. „Квалификациите минаа одлично. Отсекогаш знаев и верував дека сум блиску, а треба и да се склопат коцките, за да биде совршено. Секој меч беше тежок, сите што учествуваат се меѓу 200-те најдобри на светот во еден од ...

Тој нагласи дека Литванија верува во силна Европска Унија како значаен геостратешки актер, оценувајќи дека Европа може да биде посилна само доколку продолжи со политиката на проширување и им овозможи на земјите кои долго време чекаат да станат дел од европското семејство да напредуваат врз основа на заслуги. Осврнувајќи се на европската интеграција на Република Северна Македонија, Будрис оцени дека државата е на вистинскиот пат и дека ...

Милошоски вели дека предлог измените на Изборниот законик ќе бидат поднесени, со сите усогласени измени според препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но без измените во членот 76-д, што се однесува на средства за изборно рекламирање, за што Левица треба да поднесе амандман. „За овој член ќе биде оставена можност Левица да поднесе амандман според усогласениот компромис кој го предложија на Работната група и истиот ќе биде поддржан. Тоа што е договорено, ...

Денеска во 20 часот, во Музеј на современа уметност, Мартин Хеглунд ќе одржи предавање на тема „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези епистемолошки разработени во неговата веќе култна книга „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“. Оваа книга во 2020 година беше издадена и на македонски јазик од Контрапункт, а во превод на Жарко Трајаноски. Во време во кое иднината сè почесто се доживува како закана, а ...

Канада беше поактивна и создаде повеќе шансите во текот на мечот, но Јужна Африка одлично се бранеше. Африканците имаа и свои моменти, иако најчесто се бранеа, знаеа да нападнат и да се преселат пред голот на Канада. Кога се чинеше дека мечот ќе отиде во продолженија, Еустакио со убав гол во 92. минута донесе победа од 1-0 за Канада. Канада во осминафиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Холандија и Мароко. Канада беше поактивна и ...

Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Литванија, соработката во рамките на НАТО, како и литванската поддршка за европската интеграција на Македонија. Во рамките на посетата, министерот Будрис ќе оствари тет-а-тет средба со својот домаќин, министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу ...

Како што изјавија за медиуми по средбата, двајцата министри констатирале дека билатералните односи се одлични, со потенцијал за понатамошно продлабочување, особено во економската и трговската соработка. Било нагласено дека отворањето на Македонска амбасада во Вилнус претставува значаен чекор за унапредување на партнерството, додека Литванија останува силен поддржувач на евроинтегративниот процес на земјава. Воедно, заеднички било оценето дека ...

Порталот Аксиос објави, повикувајќи се на американски официјални лица и други добро информирани извори, дека разговорите во вторник првично требало да се одржат во Швајцарија, но обновените непријателства доведоа до нивно преместување во главниот град на Катар. Темата на разговорот исто така се промени – сега станува збор за несогласувања околу Ормускиот теснец. Во исто време, остануваат споровите и нерешените делови од Меморандумот за ...

„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело, лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели. Се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот“, појаснија од Обвинителството. Од МВР информираа дека денеска е лишен од слобода С.Г., на возраст од 51 година, со престојувалиште во ...

Јулската програма е сведоштво за континуитетот на македонскиот филм, неговата способност да ги следи промените на времето и истовремено да остане длабоко вкоренет во темите што ја обликуваат нашата културна и општествена стварност. Од историски епопеи и интимни семејни драми, преку урбани приказни и современи авторски визии, до експериментални и аматерски филмски форми, програмата нуди богат пресек на различните поетики и генерации што ја ...

Веста за неговата смрт доаѓа еден месец откако Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ му ја додели наградата за животно дело, признание за неговиот исклучителен придонес во театарската уметност. Роден во Битола во 1963 година, Миленковски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а својата професионална кариера ја започнал уште пред дипломирањето, како дел од легендарниот проект КПГТ во Суботица. Подоцна го ...

Од коалицијата наведуваат дека пред две години ја презеле одговорноста да ја вратат довербата на граѓаните во институциите, не преку ветувања, туку преку спроведување конкретни одлуки, реализација на проекти и постигнување резултати што, како што велат, го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните. Според Влен, во изминатите 24 месеци се реализирани реформи и проекти кои со години останувале само на ниво на ветувања. Посочуваат дека биле ...

Дирекорот на Инфективната клиника доктор Фадил Цана вели дека случајот бил лабараториски потврден и додава дека состојбата пациентот е стабилен. -Станува збор за 42-годишник од Бангладеш, работник во една од градежните компании во нашата земја. Кај него симптомите почнале пред да дојде во земјава со треска, температура. Кога дошол во земјава пројавил симптоми и по конуслтација со лекар бил упатен на Клиниката, вели Цана за МИА. Директорот на ...

Британецот Расел имаше перфектен старт и лесно ги одби нападите на двоецот на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, а притоа Хамилтон експресно го помина својот тимски партнер преземајќи го второто место. Верстапен најмногу профитираше во воведните кругови, пробивајќи се до третото место иако стартуваше подолу, што го турна Леклер на четвртата позиција. За возачите на Кадилак настапот заврши неславно и прерано; Валтери Ботас имаше проблем со ...

Соединетите Американски Држави беа известени однапред за нападот, чија цел беше тунел долг 200 метри во местото Маџдал Зун, според соопштението на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац. Нападот се случи два дена откако Либан и Израел постигнаа договор за безбедност, посредуван од САД, со цел намалување на непријателствата по должината на границата, објави Ројтерс. Договорот предвидува постепено повлекување на ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
37%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.31
39%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.63
37%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.44
53%
1012
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 21ᴼ
1.37
54%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.79
44%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.22
46%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.77
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
47%
1012
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
3.13
32%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.03
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Калај

56.46

Алуминиум

3.25

Родиум

274085.11

Платина

56135.20

Злато

136962.18

Сребро

1994.05

Паладиум

43499.96

Бакар

13.51

Кобалт

56.29