Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Активни се пожарите во Општина Дебар, кај селото Гари, каде гори ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума, во Општина Куманово, во населбата Перо Чучо, каде е зафатена депонија и ниска вегетација, како и во Општина Пехчево, каде сè уште гори градската депонија. Под контрола е пожарот во Општина Пласница, кај селото Дворци, кој зафатил депонија. Во меѓувреме, надлежните служби успеале целосно да ги изгаснат пожарите кај селото Казан Дол ...
Со донесувањето на Законот за судска служба се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на судовите, преку јасно препознавање на специфичната улога на судските службеници во судската власт. „Најзначајната новина е издвојувањето на судските стручни службеници на начин што добиваат статус на посебни административни службеници, односно како посебна категорија ...
Во сето ова имаше многу симболика насочена против политиката на Орбан. Меѓутоа, Маѓар сега навлегува во суштината на системот што го изгради Орбан. Поранешниот премиер воспостави механизми децении однапред што треба да ја отежнат работата на секоја следна влада во случај на негов пораз – преку тешко сменливи функционери и мрежа финансирана од милијарди евра. Благодарение на двотретинско мнозинство во парламентот, владата на Тиса сега има ...
„На овој геноцид се потсетуваме секоја година, пред спомеников изграден на 30 јуни 1988 година, во чест на одржувањето на Првата светска средба на децата бегалци од 30 јуни до 4 јули 1988 година во Скопје“, рече претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, Александар Јаневски. За жал, нагласи, од 2019 година до денес перманентно демолиран, без обвинети и без санација. ...
Првиот човек на Општината, Илија Тентов, вели дека целиот брег на езерото во Стар Дојран е веќе исчистен и уреден, а во завршна фаза е и реконструкцијата на пешачката патека од пазарот до амфитеатарот. „Сите плажи се средени, целото крајбрежје е исчистено и попесочено на потегот од Градската плажа, па се до плажата “Фук так”. Сега има повеќе можност за капачите, се зголемува слободниот простор за користење покрај езерото, односно се зголемува ...
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРЦГ) додаде дека во иднина ќе реагира уште порешително доколку се прекршат склучените договори и дека секоја непријателска агресија ќе добие жесток одговор. „Американските бази во регионот би можеле да доживеат пекол овие денови“, соопшти Иранската Исламска револуционерна гарда. Иранските напади врз Кувајт и Бахреин ги потврди неименуван американски функционер за Ројтерс, наведувајќи дека „ситуацијата ...
Во обраќањето, министерот Муцунски се осврнал на актуелните иницијативи за постепена интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, оценувајќи дека тие можат да бидат значајна алатка доколку претставуваат мост кон полноправното членство. „Доколку новиот модел на постепена интеграција претставува мост кон полноправно членство, тогаш ќе биде исклучително корисен. Но, мора да внимаваме да не стане алатка која ќе создаде трајна чекална без ...
Бранителот на трофејот ќе игра против Зеленортските острови, а Холандија ќе се сретне со Мароко. Босна и Херцеговина ќе игра против САД, дерби меч има Хрватска против Португалија. Нокаут фаза 1/16 финале: Германија – Парагвај Франција – Шведска Јужна Африка – Канада Холандија – Мароко Португалија – Хрватска Шпанија – Австрија САД – БиХ Белгија – Сенегал Бразил – Јапонија Брегот на Слоновата Коска – Норвешка Мексико – Еквадор Англија – Конго ...
„На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој“, додава Николоски. Тој истакнува дека со овој автопат, патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3 – 3,5 часа. Тоа значи, се нагласува во објавата, многу повеќе бизнис и туристи за цел регион. „Ова е најдолгата поединечна делница – автопат што се гради во Македонија. Нашата цел ...
Калас напиша на социјалната мрежа Икс дека разговарала со вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, и ѝ ја пренела „целосната солидарност на ЕУ со народот на Венецуела и нејзиното најдлабоко сочувство до семејствата на оние што ги загубиле своите најблиски“. Калас, исто така, го најави активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и додаде дека „неколку земји членки (на ЕУ) брзо распоредија екипи за ...
Учествуваат 10 ликовни уметници од земјата и светот, мегу кои како почесен гостин, е и светски афирмираниот, академскиот ликовен уметник Јордан Манасиески, редовен учесник на колонијата од самите нејзини почетоци. Учествуваат и Сузана Ардо од Лондон, Наталија Студенкова – Словачка, Дуња Корломановиќ – Србија, Лидија Вујишиќ – Скопје, Славица Танеска – Охрид, Михаил Клечкароски – Струга, Филип Јовески – Прилеп, Вангел Крстиноски – Ресен, ...
Таа потсети дека на вчерашната собраниска седница беа разгледувани и усвоени повеќе значајни законски решенија кои се дел од Реформската агенда и кои се важни за исполнување на обврските што државата ги презема во процесот на европската интеграција. „Дополнет беше предлог-законот за судска служба со 61 глас ‘за’ и 12 ‘против’. Дополнет беше предлог-законот за јавнообвинителска служба со 62 гласа ‘за’ и 13 ‘против’. Усвоен беше предлог-законот ...
Како што е најавено, обраќање ќе има претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија Македон, Александар Јаневски. Подоцна, во 12 часот во големата сала на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, до МПЦ „Света Лидија“ во изградба, Гази Баба, во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Сонцето од Кутлеш“ – Скопје, ќе се одржи Академија ...
Тој предупреди дека би можело да дојде до значително користење на американските сили против Иран. „Можеби ќе дојде време кога повеќе нема да можеме да бидеме разумни и ќе бидеме принудени воено да ја завршиме работата што многу успешно ја започнавме“, напиша Трамп на својата мрежа Трут соушл. Тој исто така нагласи дека „доколку ова се случи, Исламската Република Иран повеќе нема да постои“. Соопштението на Трамп дојде откако Централната ...
Најавата на Вучиќ, кој е на власт веќе 13 години, доаѓа по година и пол антикорупциски протести, понекогаш проследени со насилство, предводени од студентите. Протестите беа поттикнати од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, при што загинаа 16 лица. Пред само неколку дена студентите во Нови Сад им оддадоа почит на жртвите од несреќата и повторно побараа распишување предвремени парламентарни ...
Во Скопје, утринската температура ќе биде близу 20-тиот степен, а дневната до 38 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Се очекува сончево и екстремно топло време, со температури до 40 степени и тропски ноќи во повеќе региони. За време на топлотниот бран, УВ-индексот ќе достигне вредност 9, што се смета за многу високо ниво на сончево зрачење. Поради тоа, се препорачува граѓаните, особено повозрасните лица, ...
Објаснија дека по истекот на наведениот рок, Општина Касандра може да пристапи кон отстранување и собирање на предметите, со цел повторно воспоставување на слободното користење на јавниот простор, без дополнително известување. „Предметите што ќе бидат отстранети ќе се сметаат за напуштени на јавен простор и ќе се третираат како отпад, согласно важечкото законодавство и правилникот за чистота на Општината. Истите нема да се чуваат и нема да ...
Австријците поведоа во 28. минута со гол на Арнаутовиќ, пред крајот на првото полувреме Белгали изедначи на 1-1. По десет минути игра во вториот дел, Сабицер реализираше за ново водство на Австрија, Марез во 60. минута израмни на 2-2. Во судиското продолжение се случуваше вистинска драма. Најпрво Марез во 93. минута донесе водство на Алжир, а Калајџиќ во 96. минута израмни на 3-3. Резултат кој им одговараше и на двете селекции. Меси влезе од ...
Узбекистан имаше подобар почеток на мечот, во 10. минута со гол на Шомуродов поведе со 1-0. Тоа беше резултат по првото полувреме. Во вториот дел следуваше комплетен пресврт, Виса даде два гола, а Мајеле еден за комплетен пресврт и победа на Конго од 3-1. Португалија одигра 0-0 против Колумбија, па Роналдо и другите како второпласирани одат понатаму. Колумбија го освои првото место со седум бода, Португалија е втора со пет, Конго е трет со ...
Сучиќ во 31. минута го отвори резултатот, донесе водство за Хрватска од 1-0. Тој резултат беше актуелен се до 73. минута кога Лакасен израмни на 1-1. Десет минути подоцна Влашиќ по асистенција од Модриќ ја донесе победата за Хрватите. Англија со 2-0 ја совлада Панама и го завери првото место. Двата гола беа постигнати во второто полувреме. Белингем во 62. минута даде гол за 1-0, а пет минути подоцна тој асистираше до Кејн за конечни 2-0. ...
Дваесетгодишниот македонски репрезентативец до 21 година пристигнува од Работнички, каде ја мина досегашната кариера. По испаѓањето на скопскиот клуб од Првата македонска фудбалска лига, Манојлов се реши за нов предизвик и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Силекс. Младиот фудбалер е производ на школата на Работнички и досега настапуваше исклучиво за младинските категории и сениорскиот тим на клубот, а сега за првпат ќе го носи дресот на ...
Како што информираа од ЗНАМ, целта на карванот е непосреден разговор со граѓаните за предизвиците, реформите и визијата за современа, функционална и европска Македонија. Обраќање на панелот имаше претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, кој истакна дека ЗНАМ денес е сериозен политички фактор затоа што остана доследен на вредностите врз кои е создаден, чесност, одговорност и работа во интерес на граѓаните. Тој ...
-Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. Постојат теми кои не бараат само политика, туку и човечност, доверба и морална зрелост на општеството. Органодарителството е токму таква тема, која го отвора едно од најдлабоките прашања што нашето општество може да си го постави: дали во најтешкиот момент можеме да создадеме надеж за некој друг? Нашата задача е да градиме доверба и да ...
„Патешествие низ времиња“, според жири-комисијата во состав Иван Шопов – претседател и Славе Ѓорѓо Димоски и Никола Ѓелинчески членови, е збирка што се движи меѓу личното искуство, сеќавањето и чувството на припадност. „Во неа се препознава авторската потреба да се зачуваат миговите, местата и луѓето што оставиле трага во животот на поетот. Особено впечатлива е постојаната врска со Македонија која се јавува не само како географски простор ...
Според нив, додека се презентирале доказите и се отворале прашања за начинот на кој функционирал објектот пред трагедијата, за пропустите, контролите и одговорностите – наместо да се слушаат со внимание доказите, на одбраната и било дозволено гласно по секој доказ да реагира и создава неред во судницата, по што преку поднесување за нив неосновано барање за изземање, било издејствувано привремено отстранување на обвинителката Сарамандова се до ...
Македонскиот шампион претходно забележа неколку високи победи против аматерски екипи, но денешниот дуел против Ла Фиорита, тим со кој се сретна и минатото лето во квалификациите за Конференциската лига, заврши без победник. Позитивна вест за „црвено-црните“ е што стрелец беше Герсон Родригез, кој неодамна доби црвен картон на интерен тренинг натпревар меѓу две екипи на Вардар. Во меѓувреме, Купс без поголеми проблеми го совлада Хелсинки во ...
„Посебен акцент ставивме на заедничкото присуство на македонски полициски службеници во Албанија за време на летната туристичка сезона, како и на координираното дејствување во борбата против прекуграничниот и организираниот криминал, откривањето криминални мрежи и идентификацијата и лоцирањето на лица кои се бегалци од правдата“, објави Јанев. Двајцата соговорници оцениле дека “безбедноста денеска се гради преку доверба, партнерство и ...
„Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и стоки, унапредување на безбедноста и намалување на времето на чекање на граничните премини“, информираат од МВР. Договорот предвидува формализирана институционална соработка, фазна имплементација преку протоколи приспособени на секоја локација, како и зајакнати механизми за координација и ...
Говорејќи во емисија на „ABЦ“, Велез призна дека не знае речиси ништо за Босна и Херцеговина, а потоа испрати и провокативна порака. „Едно знам за Босна, не би знаела ни да ја покажам на карта. Не знам ништо за Босна и не сакам да знам. САД се врати и сме подобри од кога било. Подгответе се, Босно, затоа што ова нема да ви се допадне“, изјави Велез. Босанците до нокаут фазата стигнаа како една од осумте најдобри третопласирани селекции, ...
„Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект. На терен интензивно се поставуваат цевки, шахти и целокупната потребна инфраструктура, како дел од сериозниот и системски пристап кон трајно решавање на овој децениски проблем. Ова е почеток на нова приказна за Скопје“, нагласува Ѓорѓиевски. Во објавата се истакнува дека по завршување на целиот процес, просторот ќе добие сосема нов лик – од депонија ќе ...