Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Според Би-би-си, многумина – од Брисел до Берлин до Париз – неговиот говор го доживеаја како навредлив, арогантен и неточен. Трамп ја повтори тезата дека Европа оди по погрешен пат, тема на која често се враќа, но Би-би-си истакнува дека тој добива сосема поинаква тежина кога се изговара на европско тло, лице в лице со оние кои Соединетите Американски Држави ги нарекуваат пријатели и сојузници. Во Европа, наведува Би-би-си во анализата, има ...
Висок американски функционер изјавил за Фајненшл тајмс дека се очекува трилатерален состанок да се одржи во петок, 23 јануари и сабота, 24 јануари во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Кабинетот на претседателот на Украина истакнал дека трилатералниот состанок сè уште не е целосно потврден и дека украинската и американската страна чекаат одговор од Русија. Форматот кој наводно се предлага е сличен на разговорите одржани ...
Како што се наведува, заедничкиот и недвосмислен став на Платформата е дека предложеното преодно решение не ги отстранува суштинските штети предизвикани со измените на Кривичниот законик од септември 2023 година, туку дополнително ја ослабува казнено-правната заштита од корупција и злоупотреба на службената положба. Поради тоа, Платформата јасно и експлицитно бара враќање на идентичните одредби кои беа на сила пред измените од 2023 година, ...
Мицкоски, како што информира преку видео-изјава, учествувал и на панел. Зборувал за проекти од областа на енергетиката и прв пат ги прзентирал Бошков Мост и Чебрен и Галиште. „Денот го почнавме со билатерална средба со Борјана Кришто којашто е претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина, а потоа го продолживме со многу билатерални средби со мултинационални компании коишто навистина значат многу во делот на бизнисот во светот. ...
Како што соопшти Обвинителството, осомничениот на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено и со намера за продажба држел околу 10 грама хероин. Поради постоење околности што упатуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка ...
Реагирајќи на ваквите наводи, Ристоска тогаш рече дека соопштението на ВМРО-ДПМНЕ го доживеала како притисок и заплашување од лице за кое се води кривична постапка. Таа сè уште ги застапува обвиненијата „Талир 1“ и „Талир 2“ против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и против партијата како правно лице. Денеска, во изјава за медиумите, Ристоска рече дека поднела тужба против ВМРО-ДПМНЕ. „Јас ги преземам сите институционални механизми кои ми ...
Наша најсветла точка на турнирот беше Филип Кузмановски. Капитенот на Македонија блескаше и одново покажа дека е лидер на младиот тим. Кузмановски ја заврши групната фаза како трет најдобар стрелец со 28 постигнати гола. Најдобриот меч му беше против Португалија кога даде рекордни 15 гола, против Романија постигна девет, а со Данците стрелаше четири пати. На врвот на листата стрелци се Франциско Кошта и Ѓиорѓи Тсковребадѕе кои дадоа по еден ...
Пејачката и глумица Сенка Велетанлиќ почина на 90-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот син, Васил Хаџиманов, на социјалните мрежи. „Утрово нè напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ по тешка болест. Си замина тивко, достоинствено, во сон, како дама — токму како што и ѝ прилега. Те сакам, мамо. Ти благодарам, мамо“, наведе Васил Хаџиманов во објавата. Родена е на 27 мај 1936 година во Загреб како Сенија, каде што ...
На саемот „ФИТУР 2026“ во Мадрид, Македонија учествува со национален штанд, со кој од 21 до 25 јануари земјата се промовира како автентична туристичка дестинација, со посебен акцент на културниот туризам, еногастро туризмот и одржливите форми на туризам. „Саемот, кој ќе трае до 25 јануари, го отворија шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција. На отворањето присустваа и координаторот за туризам во Владата на Република Македонија, Акан ...
Агенцијата потсетува дека слободата на изразување, медиумскиот плурализам и уредувачката независност се темелни демократски вредности. „Јавната комуникација, особено кога доаѓа од политички субјекти, мора да биде одговорна и да ја почитува улогата и автономијата на медиумите. Јавното дискредитирање или етикетирање на новинари и медиуми создава атмосфера на притисок, го поткопува јавниот дијалог и може директно да влијае врз безбедноста и ...
Тој истакнува дека Америка останува клучна сила во светот, а за Европа и Балканот незаменлив безбедносен фактор. „Можат да се менуваат администрации и стилови, но интересите (тука мислам на безбедност, стабилност, трговија, технологија, енергетика) остануваат. Нашата работа е да бидеме држава што знае што сака, држава на која може да ѝ се верува, и држава што е дел од решението, не дел од проблемот. Затоа мојата порака е: Македонија не се ...
Како што се наведува во пријавата, семејството тврди дека во периодот од септември 2024 до ноември 2025 година било принудено да работи за брачната двојка без формално регулиран работен однос и без потпишани договори. Според нивните искази, членовите на семејството имале исклучително големи работни обврски, со ангажман од 72 до 84 часа неделно, без јасно дефинирани права и услови за работа. Во документите доставени до надлежните органи се ...
Италијанскиот тенисер беше подобар од Џејмс Дакворт со убедливи 3-0 во меч кој траеше само час и 49 минути. Синер го доби првиот сет со 6-1, вториот со 6-4, а третиот со 6-2 за пласман во третото коло. Изненадувачка елиминација доживеа Стефанос Циципас кој во четири сета загуби од Томас Махач (3-1). Чешкиот тенисер го доби првиот сет со 6-4, потоа во вториот се радуваше Циципас со 6-3, а во третиот и четвртиот идентично Махач беше подобар по ...
На прес-конференција, Филипче нагласи дека тековните критики кон него и кон партијата доаѓаат од, како што рече, „поединци кои се уценети или купени“, додавајќи дека вистинските членови на СДСМ и поддржувачите ги препознаваат тие обиди да се ослабне опозицијата. „Јас верувам во ова што го правам. Човек сум што работи прецизно и добро пресметав пред да се нафатам на ова. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се ...
Пред судот беа сослушани тројца оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и за конкретната терапија на Клиниката за онкологија. Двајца денеска сослушани сведоци во случајот „Онкологија“ најавија отштетено побарување и се приклучија на кривичниот прогон, а еден рече дека ниту бара отштета ниту се се приклучува кон кривичниот прогон нагласувајќи дека дури му е благодарен на доктор Нино Васев. Првиот ...
„Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со третата недела од минатата сезона е зголемен за 46 отсто, а во споредба со бројот за третата недела од типичната епидемиска крива моделирана од последните 15 сезони намален е за 6,9 проценти. Во текот на третата недела пријавената инциденца е над неделната граница за средна активност“, информираат денеска од Институтот за јавно здравје. Во однос на возрасната дистрибуција, 1.274 лица биле ...
Оваа Групација јавно излезе со заеднички став во однос на предложените новини во Законот во кој ги истакна своите забелешки и барања, меѓу кои сите засегнати страни да бидат активно вклучени во изработката на законското решение, но и разумен период за имплементација и приспособување кон новите измени. На овој начин ќе се избегнат сериозни нормативно-правни, финансиски и економски последици. Во оваа насока, Групацијата истакнува дека со ...
„Целта на овие мерки е зголемување на отпорноста на енергетскиот систем од сајбер-напади, заштита на критичната инфраструктура и обезбедување континуирано и сигурно снабдување со електрична енергија за граѓаните и стопанството. Анализите покажаа дека до 2024 години ниедна компанија немаше имплементирано ниеден стандард за сајбер-безбедност. Некои имаа воспоставено локални политики во оваа сфера, процедури, но тоа не беше доволно за да се ...
Она што го загрижува Брисел е речиси извесната појава на нова политичка партија предводена од сега веќе поранешниот претседател Румен Радев, која би можела значително да ги преобликува не само внатрешните работи на Бугарија туку и нејзината надворешна политика. Уште на последното обраќање на Радев како претседател, медиумот Евроњуз излезе со анализа за тоа како новиот политички проект во најава, медиумот само два месеца пред следните ...
Во пријавата на Панчевски поднесена денеска до Собранието се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител. „Во прилог до надлежните органи доставил целосна предлог-документација и докази за исполнување на општите услови утврдени во член 61 од Законот за Јавното обвинителство, како и докази за исполнување на посебните услови од член 62 став 1 алинеја 1 од овој закон“, се наведува во ...
Со победа, реми и пораз нашата селекција заврши со три бода, а пред нас од елиминираните третопласирани во групната фаза се само Фарските Острови кои имаа подобра гол-разлика. Овој пласман ни донесе и други придобивки, особено за баражот за следниот Мундијал. Доколку не се пласиравме на третата позиција во групата или ако бевме меѓу двете најслаби третопласирани ќе бевме во подредена улога. Вака, Македонија за следниот Мундијал ќе игра само ...
„Сакам да истакнам дека перцепцијата оти во јавниот сектор и во раководењето на јавниот сектор има некакво спротивставување на соодветно вреднување на работата. Да повторам дека во секторот здравство кумулативно платите во ноември 2024 и март 2025 се зголемија 17 проценти, диспропорционално многу повеќе со основно и со средно образование, кај лекарите помалку бидејќи зголемувањата беа линеарни. Кај матичните доктори капитациите се зголемија ...
На улиците на овој шведски град вчера се случуваше вистински навивачки хаос. Српските навивачи налетаа на фанови на домаќинот, па дојде до судир по кој мораше да реагира и полицијата. Епилогот беше приведување на неколку навивачи кои нема да имаат шанса да го гледаат натпреварот за кој допатуваа во Шведска. 21.01.2026, Malmö FF🇸🇪 – FK Crvena Zvezda🇷🇸, Delije fighting in Malmö before tomorrow match, click here for more: ...
Според наодите, формулации кои содржат лигнин можат да постигнат исклучително висок заштитен фактор – над СПФ 180 – што е далеку повеќе од она што го нудат повеќето комерцијални производи на пазарот, пренесува ЊуСајентист. Покрај високата заштита од УВ-зраците, лигнинот покажува и подолготрајно дејство. Тоа значи дека кремите за сончање би можеле да обезбедат стабилна заштита во подолг временски период, со помала потреба од често повторно ...
Гвардиола во Манчестер Сити е од 2016 година, оттогаш, па заклучно со потписот на Марк Гуеи, неговото последно засилување, тој потрошил нешто повеќе од две милијарди евра. Во тој период, од 2016 година па досега, вториот на листата има потрошено 800 милиони евра помалку, што е неверојатна бројка. Тоа е Диего Симеоне со 1,22 милијарди. 🚨🚨| Since joining Man City, Pep Guardiola has 𝐎𝐔𝐓𝐒𝐏𝐄𝐍𝐓 the next closest manager by over €800m after ...
Станува збор за автобусите со број 11 (од село Рашче до Транспортен центар), 64 (од Никиштани до Транспортен центар), 74 (од Долно Количани до Транспортен центар), 80 (од Маркова Сушица до Транспортен центар) и 81 (од Блаце до Транспортен центар). Во информацијата на ЈСП Скопје што ја пренесе ЦУК не се наведени причините поради кои автобусите од овие линии нема да сообраќаат до крајните дестинации. ЦУК ја објави информацијата во својот ...
Грчките земјоделци, по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот, одржаа состаноци на блоковите, го разгледаа исходот од разговорите и донесоа одлуки постепено да се повлечат од патиштата и граничните премини. До утре се очекува сите земјоделци да ги тргнат тракторите од улиците. Земјоделците од делови на северна Грција на 1 декември ги паркираа своите трактори на грчката страна од граничниот премин Евзони и подолг период ...
„Мене, но и на секој социјалдемократ кој се вградил во темелите на најстарата партија во Македонија, ни е доста од лагите, конструкциите и манипулациите на сегашното раководство на СДСМ. Единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. Ниту сметам, а најмалку чувствувам лична одговорност за тоа што поранешни, а и сегашни функциониери на партијата веќе јавно коментираат за состојбите во СДСМ и ...
За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави за задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа. Првпат за правните лица овозможена е електронската услуга за издавање потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување, целосно дигитално и достапно во секое ...
Од ССМ ги повикаа сите работници на кои не им е зголемена платата да се приклучат на протестот. „Време е заедно да се избориме за достоинствени плати заедно со работниците. Ги повикуваме сите работници на кои не им биле зголемени платите, сите работници кои се чудат како да го врзат крај со крај во месецот, работниците кои ги лажеле газдите дека ќе им ги зголемат платите, да ни се придружат на улица затоа што тие до 31 декември не се ...