Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Судијката Наташа Савовска Димитровска на денешната прес конференција рече дека со цел да се спречат шпекулации и невистини што го нарушуваат нејзиниот личен углед и угледот на судството, се откажала од тајноста на постапката што е загарантирана со закон. Зборувајќи за одлуката на Врховниот суд за враќање на постапката за нејзино разрешување пред Судскиот совет, Савовска Димитровска кажа дека врховните судии во својата одлука дале обврзувачки ...
Ако оваа зима планирате да го подигнете домашното доживување на повисоко ниво, еве на што треба да обрнете внимание при изборот на вашиот нов прозорец кон светот. OLED револуција: Кој модел е вистинскиот за вас? Оваа сезона, понудата на Samsung OLED телевизори поставува нови стандарди со вештачка интелигенција која го трансформира секој пиксел. Изберете го моделот што најдобро одговара на вашиот животен стил: Овој модел е буквално „имун“ на ...
Активистите се незадоволни од тоа што државата дозволува недоволна контрола врз потенцијалните загадувачи. За нив моделот на мониторинг на емисиите, според кој индустриските капацитети сами ги мерат и пријавуваат податоците за загадувањето, е лесно манипулативен. Барањата на граѓаните се да се воведе независен и континуиран мониторинг на квалитетот на воздухот, со мерни станици кои ќе работат постојано и ќе бидат под институционална или ...
Протестите пред Управата за јавни приходи (УЈП) се јасен доказ за институционален неуспех и за слепа даночна политика, која преку ретроактивни даноци им наметнува неправеден финансиски товар на граѓаните што со години ја обезбедувале егзистенцијата на своите семејства и придонесувале за економијата на државата, велат од ДУИ. „Неприфатливо е граѓани што работеле во меѓународни мисии во Ирак, Авганистан, како и во други земји, често ризикувајќи ...
„Во исто време, сакаме јасно да нагласиме дека секој акт што ќе го издаде Министерството за внатрешни работи, без оглед на начинот на поднесување, ќе биде подготвен и доставен на јазикот утврден со законот и Уставот, гарантирајќи целосно почитување на јазичните права на граѓаните, вклучително и на албанскиот јазик. Вреди за заштитен живот, ред на патиштата и функционална држава“, порачаа од Вреди пред гласањето во Собрание за законските ...
Доцнењето на платата но и лошите услови за работа ги принудија да вработените во Македонска пошта денеска да излезат на протест. Демонстрантите велат дека за 1.700 лица, декемвриската плата сѐ уште не е стигната а на 300 поштари со години не им е решен работниот статус. „Вработените се крајно револтирани затоа што и покрај тоа што во оваа компанија 60 посто од вработените работат со минималец, и тој минималец не можеме да го земеме. Овој ...
За законот беше потребно гласање од двотретинско мнозинство. Законот предвидува зајакнување на безбедноста во сообраќајот преку воведување посебна постапка за прекршоци утврдени со помош на технички средства и уреди за снимање. Брзото и ефикасно санкционирање на прекршителите и изрекувањето санкции се очекува да влијае на генерална превенција во областа на безбедноста на сообраќајот. Со овој предлог-закон за изменување и дополнување на ...
Оваа вест за ТАСС ја откри Александар Сергеев, научен директор на Националниот центар за физика и математика (НЦПМ, Росатом) и академик на Руската академија на науките. Тој изјави дека научниците што работат со НЦФМ се блиску до создавање на суперпрецизен нуклеарен часовник. „Крајната точност на атомските часовници, кои се користат во сателитската навигација, комуникациските и телевизиските системи, како и во синхронизацијата на ...
За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците кои припаѓаат на заедници што не се мнозинство 28 беа „за“, а осум „против“. Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки со положен правосуден и нотарски испит. Спикерот Гаши информира дека на координацијата ги повикал координаторите на пратеничките групи да се усогласат за изборот на народниот правобранител и да се најде решение. „Ги повикав координаторите ...
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има појава на магла. Утре претпладне ќе имаме променливо облачно, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Дневните температури ќе е движат од 4 до 11 степени. Кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец . Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. ...
Како што информираат од МНРиНТ, фокусот на разговорите бил ставен на билатералните односи, економската соработка, инвестициските можности и продлабочувањето на соработката во области од заемен интерес. Во тој контекст биле потврдени одличните политички односи меѓу двете држави и исклучително успешната соработка во повеќе области. „Посебен акцент беше ставен на зајакнувањето на економската соработка и поефикасното искористување на ...
„Во однос на вештачката интелигенција, ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија, но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци ви е потребно одржливо снабдување со електрична енергија. Значи, некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични ...
Во Анталија паѓа силен дожд во последните неколку денови, а тоа сериозно ги отежнува условите за работа. Дури терените се потопени и не може да се тренира, ниту играат натпревари. Најавите исто така не се најдобри. Се најавува дека и во следните денови ќе продолжат обилните дождови во овој дел од Турција. Поради тоа, натпреварите меѓу Вардар и Мотор, како и Силекс со Словачко се под сериозен знак прашалник. Освен Вардар и Силекс, моментално ...
Според засега сѐ уште непотврдени информации од Основниот суд Битола, како гаранција, бизнисменот Марковски приложил куќа со двор и три стана во Битола, сопственост на „Марковски компани“, како и 25 булдожери и камиони што се водат како имот на фирмата. Од Јавното обвинителство за МКД.мк велат дека ОЈО Битола ја осприл одлуката што ја донел Основниот суд во Битола. „Обвинителството даде негативно мислење во врска со понудената гаранција затоа ...
На состанокот на кој ќе учествуваат шефовите на дипломатиите од земјите на Западен Балкан, Муцунски, како што информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ќе има обраќање во кое се очекува да ги адресира клучните прашања поврзани со регионалната соработка и заложбите за побрза интеграција во Европската Унија, со акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, дигитализацијата, како и ...
„ОНЕ Македонија телекомуникации“ ја добива дозволата по уплатата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези, што се доделуваа со тендерот на АЕК, во вкупен износ од 8.020.003 евра. Со тоа компанијата може да почне со работа теоретски веднаш, односно да побара пристап преку мрежите на постојните оператори до изградба на своја инфраструктура. „Фор ај џи“ во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот ...
Судската расправа продолжува со вкрстено испитување на сведок предложен од обвинителството, кој бил поранешен финансиски раководител во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), откако на претходното рочиште расправата беше прекината поради приватни обврски на еден од членовите на Судечкиот совет. На минатото рочиште, за време на вкрстеното испитување, сведокот одговараше на прашања од бранителот на првообвинетиот Васев, адвокат Дељо Кадиев, ...
Како што велат од Алкалоид, препознатливата сина боја и мирисот што враќа во детството со децении ја градат приказната на „Бекутан“, бренд кој со пласманот на францускиот пазар отвори ново поглавје во својот интернационален развој. „Тимот на ‘Лидл’ од Франција го препозна детскиот крем ‘Бекутан’ како производ со значителен пазарен потенцијал во сегментот на детската козметика. Како клучни фактори при оваа проценка беа издвоени квалитетот на ...
Тој истакна дека проблемот е многу сериозен од причина што, како што вели, ова ќе влијае врз работата на транспортниот сектор во целиот регион, дополнително на извозно ориентираните компании. Засега, нагласува Николовски, решение нема, а Владата целесно ги разбира транспортерите и најавените блокади на граничните прeмини кон шенген-земјите. „Од понеделник ќе има протест, кој предвидено е да трае седум дена на граничните премини што одат кон ...
Во изборот се најдоа двајца Данци и еден Хрват и тоа: Матијас Гидсел, Емил Нилсен и Иван Мартиновиќ. Гидсел брка историја, бидејќи ако го добие признанието (главен фаворит е) ќе стане прв ракометар кој трипати во низа бил најдобар на светот во изборот на ИХФ. Исто така, може да стане и само трет ракометар кој добил трето вакво призние по големите Микел Хансен и Никола Карабатиќ. Нилсен има можност да биде втор дански голма или вкупно шести ...
Според прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан за 2025 година, изработен од Асоцијацијата за е-трговија, 63,2 проценти од интернет корисниците во Македонија купувале онлајн во текот на 2024 година. Овој резултат ја позиционира земјата меѓу водечките пазари во регионот според учеството на онлајн купувачи, но сепак под европскиот просек. Анализиран е и AI Preparedness Index (AIPI), индекс на Меѓународниот монетарен фонд кој ја мери ...
Во рамките на извршените активности набавени и монтирани се нови ЛЕД-рефлектори со моќност од 200 и 400 W, кои се енергетски ефикасни и еколошки, со што значително е подобрено осветлението во салата. Дополнително, извршена е замена на сигурносните вентили за висок притисок на топловодната инсталација, како и зајакнување на покривната конструкција – информираат од општинската прес-служба. Сите зафати се реализирани во согласност со актуелните ...
Како што информира „Црна Мачка Продукција“, македонскиот филм „17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири, кое ќе одлучи кој од 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за најдобар филм во оваа програма. Во филмот „17“ седумнаесетгодишната Сара поаѓа на училишна екскурзија, криејќи тајна за која никој не знае. Кога екскурзијата ќе излезе од контрола и Сара ќе биде сведок на насилство врз нејзината соученичка ...
Босанскиот „дијамант“ кареирата ќе ја продолжи во Германија, а таму ќе игра во „Цвајте“, втората Бундеслига. Џеко потпиша шестмесечен договор со екипата на Шалке 04 и ќе се обиде да ѝ помогне да се врати во елитата. Искусниот напаѓач се враќа во германскиот фудбал по 15 години, бидејќи неговиот пробив на големата сцена беше во Волфсбург. Во кариерата Џеко тргна преку Железничар, па играше за Теплице, Усти над Лабем, Волфсбург, Манчестер Сити, ...
На Игрите во Кортина, Милано нашето знаме со олимписка изборена норма ќе го бранат четири олимпијци. Ставре Јада и Ана Цветановска ќе бидат наши претставници во нордиско трчање. Двајцата ќе се натпреваруваат на трките на 10 километри, како и на спринтовите во машка и женска конкуренција. Во алпско скијање претставници на Македонија ќе бидат Јана Атанасовска и Мирко Лазаревски. Тие ќе се тркаат во конкуренција слалом и велеслалом. На Игрите ...
„Застарел дел од предмет што ниту можело ниту требало да биде предмет на кривично гонење ако барем некои од оние кои се занимавале со него се држеле до законот, правдата и правото, а не се воделе од политички диктати. СЈО и сите таму, беа ‘црпнати’ за да дадат одговор кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години, 24/7. Се занимаваа со сѐ освен со тоа за што беа формирани. Водеа кадровска политика во политичките партии преку политички ...
Порачува дека САД секогаш ќе бидат покрај нас и дека ќе го споделуваат нашиот сон за посилен, попросперитетен, побезбеден, целосно интегриран евроатлантски партнер и сојузник. „Пред три години пристигнав во Скопје како десетти амбасадор на САД во оваа прекрасна земја. Бев, и сè уште сум, длабоко почестена од извонредната привилегија да ја претставувам мојата голема нација во вашата земја. Кога стапив на оваа улога, реков дека имам огромна ...
Настапена е застареност на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување поради истек на законските рокови за застареност и измените на КЗ кои беа донесени во 2023 година, односно за Никола Груевски и Кирил Божиновски. И покрај ова, согласно законот, обвинителката Ленче Ристоска вели дека не постојат правни пречки да се гонат обвинетите за делото перењето пари во овој случај за коешто застареноста согласно закон настапува во ...
Во своите завршни забелешки инспекторите нагласија дека „Реплек“ демонстрира висок степен на зрелост во спроведувањето на добрата производна пракса, високо стандардизирани оперативни процеси, како и робусен систем за квалитет, што ја потенцира доверливоста и професионалноста на компанијата во секоја фаза од работењето. Сертификатот е веќе официјално објавен на дата базата на Европската агенција за лекови (EMA). „Новиот EU GMP сертификат е ...
Како што информира АМСМ, екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. „Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително ...