Саемот се одржува во арената „Борис Трајковски“ под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, а го отворија претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Како што истакнаа Сиљановска-Давкова и Љутков во обраќањата, оваа манифестација останува еден од најзначајните културни настани кој ја обединува публиката од целата земја и од странство, ...

Како што информираат од собраниската прес-служба, сесијата ја отворила претседателката на ПССЕ, Петра Баир, која ја истакнала потребата од силно и принципиелно дејствување за заштита на демократските вредности и човековите права во Европа. Во рамките на агендата се разгледуваат прашања поврзани со демократијата, владеењето на правото, човековите права и актуелните предизвици со кои се соочуваат европските општества, каде што спаѓаат ...

Двократниот европски првак стави потпис на едногодишна соработка со „Казинос Австрија“, меѓутоа двете страни најавија дека соработката е планирана да биде долгорочна. Клубот го потврди овој потпис преку официјалната прес-конференција на која се обрати првиот човек Михајло Михајловски. „Ова е убав ден, потпишавме соработка со Делфино Рентакар кој е мал спонзор, ама ние не ги делиме никогаш. Првпат во историјата Вардар добива свој авто-спонзор. ...

Како што информира УХМР, од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. ...

Најважниот факт во целата ситуација е дека студентите не направиле ништо повеќе од тоа што е основно уставно право – правото на образование и надградба на знаењето. Пред да се запишат на втор циклус студии тие се консултирале со администрацијата задолжена за втор и трет циклус студии, при што добиле позитивен одговор дека имаат право да се запишат. Согласно чл. 5 од Правилникот за условите за запишување на втор циклус студии, јасно е утврдено ...

Македонија одлично го отвори натпреварот, поведовме со 6-1, и во продолжението ја зголемувавме предноста, на одморот заминавме со позитива од 22-9. Нашите ракометарки ја продолжија доминацијата во вториот дел, конечниот резултат гласеше 45-13. Рона Мифтари со осум голови беше најефикасна во нашата репрезентација, по петпати погодија Мила Ристовска и Тара Аврамовска. Утре Македонија ќе игра против Словачка за прво место во групата, мечот ...

„Преку усогласувањето со европските политики, ние не само што ги прифаќаме стандардите, туку создаваме услови за долгорочен економски раст базиран на одржливост,“, рече Трајков. Дополнително, беше потенцирано дека Реформската агенда веќе не е само стратешки документ, туку процес што дава конкретни и мерливи резултати. Преку неа, како и преку европските механизми за поддршка, се обезбедуваат значајни финансиски средства за инвестиции и ...

Министерот ја нагласи целосната поддршка од Владата, која се изразува преку институционални, финансиски и политички механизми. „ ‘Скопје 2028’ ја има нашата целосна и безрезервна поддршка. Поддршка што не е декларативна, туку институционална, финансиска и политичка. Поддршка што ќе обезбеди континуитет, координација и стабилност – три услови, без кои ниеден ваков проект не може да успее“, истакна Љутков додавајќи дека за реализација се ...

Филипче на прес-конференција во Собранието нагласи дека со целосно автократскиот манир на владеење на аклтуелната власт, пржинската влада е единствен контролен механизам што гарантира фер и слободни избори. „Овој целосно автократски манир на владеење на оваа власт што го гледаме е еднаков на владеењето на Никола Груевски. Ако денеска помине на комисија овој Закон за Владата каков што е, нашата пратеничка група се повлекува од работната група ...

Во своето обраќање, министерката Божиновска нагласи дека земјата влегува во нова фаза на енергетско позиционирање „Денес, ние свесно се позиционираме како регионален енергетски јазол што ги поврзува пазарите, изворите и партнерите“, потенцираше Божиновска. Таа ја претстави стратегијата базирана на три клучни столба. „Интерконекторот со Грција, како директен пристап до алтернативни извори на гас и ЛНГ-терминали; соработката со Србија, која ...

На состанокот се разговара за развојот на Коридорот 8, кој, потенцира Николоски, НАТО го прогласи за втор најзначаен безбедносен коридор. Учествуваат партнерите во проектите на Коридорот 8, претставници на Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, како кредитори на прокетите, Владата, Јавното претпријатие за државни патишта, „МЖ – Инфраструктура“, „Железници – Транспорт“. Според Николоски, државата ...

Ракометниот клуб Пелистер го потврди продолжувањето на соработката со Митревски. „Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и ...

Доколку овие ресурси се поврзат со современото знаење и иновации, се отвора простор за сосема нов вид научна инфраструктура во регионот. Според информациите што циркулираат меѓу експертите, токму таков концепт развива тим млади истражувачи во Скопје, предводен од повратникот од Сорбона, астрофизичарот Кирил. Дали станува збор за сериозен проект или само за визија, останува да се види. Зошто токму лорандитот? За да се разбере зошто научната ...

Николоски најави дека на состанокот ќе се разговара и за западното железничко крило на коридорот 8, како и за проектите за изградба на патните делници на овој коридор, кои потенцираше – се одвиваат добро. „Изградбата на железничкиот и патниот дел од коридорт 8 ќе чини 5 милијарди евра. Државата покажува дека може да спроведува големи инфраструктурни проекти“, рече Николоски. Бен Нупнау од Делегацијата на ЕУ посочи дека коридорот 8 е стратешки ...

Како што информира Генералштабот на Армијата, активностите се реализираат според планираната динамика, со задачи што опфаќаат движење на терен, заземање позиции и реакција на контакт, како и инженериска поддршка на активностите. Со ова се нагласува координираното дејствување и навремената реакција во согласност со стандардните оперативни процедури на единицата. Во текот на активностите, командантот на Командата за операции, бригаден генерал ...

„Во машкиот (детски/јуниорски) турнир – Група А, како „држава учесник“ е наведена ‘Република Српска’. Потсетуваме дека ‘Република Српска’ не е држава, туку ентитет во состав на Босна и Херцеговина, меѓународно признаена суверена држава. Ваквото претставување е неточно и неприфатливо, и претставува нарушување на основните меѓународно признати факти. Спортските настани треба да бидат ослободени од политички и административни манипулации и да ги ...

Сандански е претставен како маркантна фигура на македонското ослободително движење за кого луѓето во Македонија говореле со голема гордост, бидејќи го правел најдоброто за нив, бранејќи ги и заштитувајќи ги од мешање однадвор. Поради тоа, тој бил „голем херој и необично чесен водач“, односно „a great hero and scrupulously honest leader“. Во однос на неговата политичка определба, за него, пишувале како за федералист, а идеолошки го вбројувале ...

Напорите на американската администрација вклучуваат детален преглед на придонесите на секоја членка во Алијансата и нивната категоризација, потврдиле тројца европски дипломати и американски функционер за одбрана запознаени со планот. Ова е нов притисок врз веќе затегнатите односи во рамките на западниот воен пакт, кои веќе се разнишани од потезите на Трамп – од обидот за анексија на Гренланд до заканите за целосно повлекување од пактот. ...

Во победничкиот тим членуваа учениците Михаил Јачовски, Аника Манасијевска, Максим Ампов, Лара Нелковска, Мартин Ивановски кои преку креативен пристап и иновативни идеи дадоа пример за тоа како младите можат активно да придонесат кон заштита на животната средина. Исто така, тимот составен од учениците Михаил Лазаревски, Лука Ристески, Нора Кус-Иванова, Марина Талевска и Нина Ќуркчиева се истакна со одлична работа, креативност и тимска ...

„Со особена гордост објавуваме дека нашиот амбасадор Даниел Христов освои бронзен медал на овој значаен успех е резултат на огромен труд, посветеност и љубов кон науката. Даниел достојно ја претстави нашата гимназија и покажа дека знаењето навистина вреди. Горди сме на тебе! Честитки за извонредното достигнување и нека ова биде само дел од твоите големи успеси“, велат од СОУ „Славчо Стојменски“-Штип. Менделеевата олимпијада по хемија е ...

За разлика од мечот со Бугарија, денеска македонските ракометари доминираа уште од првата минути, на одморот заминаа со предност од 23-6. Во вториот дел продолжија да го полнат голот на Грузијците до конечни 46-13. Најдобар стрелец за нашата репрезентација беше Тома Симоновски со 15 голови, Андреј Георгиев постигна девет. Македонските надежи утре играат против Република Српска. За разлика од мечот со Бугарија, денеска македонските ракометари ...

Во однос на 2024 година, Македонците потрошиле 50% повеќе во вредност, додека бројот на е-трансакциите е зголемен за 69%. Просечната трансакција изнесува 34 евра и е помала за 11% во однос на минатата година. При тоа, 74% од вредноста и 83% од бројот на направените трансакции се во Ирска, Холандија, Обединето Кралство, САД, Унгарија, Германија, Кипар и Луксембург. Македонците оствариле најголема вредност на е-трансакции во Ирска, во износ од ...

Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на „Реплек“ беше препознаена по својот пристап кон добросостојбата на вработените, преку која успешно се интегрираат грижата за физичкото и менталното здравје, како и создавањето здрави навики, не само во рамки на компанијата, туку и пошироко во заедницата. „За нас, во фокусот се луѓето, чија добросостојба, мотивација и чувство на припадност се двигател на одржливиот развој. Од една оригинална ...

Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјава, кој предупредува дека евентуалната примена на системот во шпицот на летната туристичка сезона може да предизвика значителни застои на граничните премини, со чекања од повеќе часови. Ова, како што посочуваат туристичките работници, директно би влијаело врз квалитетот на туристичкото искуство, но и би можело да резултира со откажување на веќе резервирани аранжмани ...

Утрово во акција на полицијата во координација со Основното јавно обвинителство беше уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини. Информациите велат дека тој се сомничи за проневера на околу 700.000 евра. „Во рамките на предмет оформен од ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на ...

Македонија со убедливи 33-18 ја совлада Бугарија во првото коло на светското ракометно училишно првенство кое се одржува во Скопје. Но, првиот дел го добивме само со 11-8. Тоа не му се допадна на селекторот Кузманоски. „Едно лошо прво полувреме. Не беше лошо како полувреме, но пристапот беше лош, а кога се работи за една млада селекција не смее да се дозволи да го бираме противникот дали е добар или лош. Мора да бидеме конкретни во текот на ...

Акцијата на МВР се спроведува во соработка со Јавното Обвинителство. Неофицијално, новото раководство на ФФМ ги откри овие злоупотреби и податоците веднаш биле пријавени во МВР. Сејдини беше избран за претседател на ФФМ на 18 март 2019 година, а реизбран на 14 март 2021. Во ноември 2024 година поднесе оставка. Неговото работење беше проледење во обвинувања за бројни финансиски неправилности. Управниот одбор на ФФМ на 30 декември 2025 одлучи ...

„Најтешкиот пат со одобрување на извештаите за влијанието врз животната средина е веќе завршен, и тоа во пократок временски период од очекуваниот. Во меѓувреме, се координираат барањата за инфраструктурата на самиот премин во однос на царината и граничната контрола“, изјави градоначалникот на општина Струмјани, Емил Илиев. Паралелно со тие процедури, Илиев вели дека биле преземени активности за координација на институциите поврзани со ...

Имено, актуелниот тренер на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ и напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ засега се единствените од рeгионот. Како што се наведува во италијанските медиуми од телефонскиот број на Станковиќ биле направени осум повици. Од останатите тука се: Маркус Педерсен, Волпато, Бастони, Беланова, Хакими, Кутињо, Скриниар, Карлос Аугусто, Де Винтер, Леао, Жиру, Менез и Артур Мело. Но, сигурно листата нема да заврши тука бидејќи во ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска рече дека Обединетото Кралство е еден од најважните економски партнери на државата истакнувајќи дека особено важен сегмент се и британските инвестиции како силен сигнал за довербата во македонската економија. Британската бизнис-асоцијација во држававт, според неа, прерасна во значајна платформа за продлабочување на македонското-британските економските врски, силен глас на британската ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
49%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
67%
1016
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.04
73%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
61%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
64%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
80%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
75%
1017
Currency

61.635

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9646

Currency

38.4775

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Алуминиум

3.57

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Калај

50.03

Цинк

3.35

Рутениум

51376.89

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Родиум

319899.93

Злато

166450.52