Соединетите Американски Држави беа известени однапред за нападот, чија цел беше тунел долг 200 метри во местото Маџдал Зун, според соопштението на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац. Нападот се случи два дена откако Либан и Израел постигнаа договор за безбедност, посредуван од САД, со цел намалување на непријателствата по должината на границата, објави Ројтерс. Договорот предвидува постепено повлекување на ...

Со почеток во 20:30 часот во „Сули ан“ ќе се одржи концерт насловен „Блесоглас“ на Градскиот мешан хор „Балтепе“ од Тетово и Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје, под диригентската палка на Јасмина Ѓорѓеска – Каро. Како што е најавено, програмата опфаќа внимателно избрани дела од светската и македонската хорска литература, создавајќи музичко доживување што ги поврзува традицијата и современиот израз. „Како гостин на вечерта ќе настапи ...

„Забележуваме како се развива ситуацијата во Украина и дека војната во моментов не оди добро за Русија. Ова е причина за загриженост дека Москва би можела дополнително да ја ескалира ситуацијата“, изјави полковник Павел Шота, шеф на полската служба за надворешно разузнавање, за полскиот весник „Жечпосполита“. Тој рече дека ограничен напад врз балтичките земји би можел да се одвива во форма на таканаречените „мали зелени луѓе“, како што се ...

Во рамките на програмата свечено беше отворена изложбата „La Belle Epoque – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки“, која преку внимателно одбрани фотографии ја прикажува Битола од времето на европската модерна – град во кој се преплетувале различни култури, традиции и влијанија, создавајќи единствен урбан и културен амбиент. Изложбата ги водеше посетителите низ еден период во кој модата, архитектурата, секојдневниот ...

На претставувањето присуствуваше претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова. Пригодна реч за Брасинга одржа Бас Квакман, кој 16 години бил директор на меѓународниот поетски фестивал во Ротердам. Тој ги отфрли тврдењата дека фестивалот во Ротердам е најстар, бидејќи, според него, Струшкиот фестивал е многу постар и е најдобриот фестивал во светот. Брасинга ја нарече ‘јазична волшебничка на холандската поезија’, а ги ...

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дневни температури од 32 до 39 степени. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува ...

Од новите имиња, за министер за правда ќе биде предложен Јетон Шасивари, професор по уставно и административно право на Универзитетот „Мајка Тереза“. За министер за култура е предложен актуелниот заменик-министер Садат Сулејмани, а со Министерството за односи меѓу заедниците, според неофицијални информации, ќе треба да раководи Агон Ферати, кој во минатото политички беше активен во партијата ДПА на Мендух Тачи во Тетово. Според договореното ...

Покрај лауреатите на овие високи фестивалски признанија на традиционалниот поетски митинг „Мостови“ стихови читаа и поети од сите меридијани. Во рамките на фестивалската програма на Даниел Хајндс од Обединетото Кралство му беше врачена наградата „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата ја доделуваат за најдобар поет-дебитант за стихозбирката „Нови познати фрази“. Наградата „Стојан Христов“ за 2026 година, која ја ...

Полскиот напаѓач ги договорил условите со американскиот клуб уште минатата седмица, а официјализацијата на трансферот се очекува во наредните денови. Според информациите, Левандовски ја избрал понудата на Чикаго Фајр и покрај интересот од други клубови од ширум светот. По четири сезони во дресот на Барселона, искусниот голгетер заминува како слободен фудбалер и ќе започне нов предизвик во кариерата. Претходно настапуваше и за Баерн Минхен, ...

„Денес, кога оддаваме почит на неговиот лик и дело, не се поклонуваме само пред човек кој го вгради својот живот во темелите на историската ВМРО, туку и пред една идеја која останува жива повеќе од еден век. Идејата дека Македонија има право на своја иднина, дека македонскиот народ има право на достоинство, дека слободата има цена, а таа цена секогаш ја плаќаат најхрабрите, најчесните и најпосветените луѓе на своето време“, вели Мицкоски. Тој ...

Роден е во Скопје во на 27 ноември 1960 година. Дипломирал англиски јазик и книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Музичката кариера ја започнал уште како тинејџер, како член на групите „Тост сендвич“, „Бон-Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“, а на почетокот на деведесеттите години започнал успешна соло-кариера. Со својот препознатлив баритон, романтичните балади и авторскиот пристап кон музиката и текстовите, брзо стана еден од ...

Тој нагласи дека иако оценката за фестивалот е оставена на публиката и учесниците, досегашните резултати, подготовките и реализацијата на програмата укажуваат на успешно издание. Меѓу гостите и учесниците, како што истакна, биле и голем број значајни современи поетски имиња, меѓу кои лауреатката Анеке Брасинга, Даниел Хајнс, Михаел Кригер, Ши Чуан и шкотскиот национален поет Питер Мекеј. Дел од авторите биле претставени и преку изданија во ...

Според податоците на ЦУК, активни се пожарите во населбата Перо Чичо во Општина Куманово, каде гори депонија и ниска вегетација, како и меѓу населбата Бедеиње и селото Режановце, каде огнот зафатил ниска вегетација и садници. Активен е и пожарот на депонијата во Пехчево, како и пожарот меѓу селата Тркање и Бање во Општина Чешиново-Облешево, каде гори ниска вегетација. Огнот е активен и во близина на Злетовска Брана во Општина Пробиштип. Под ...

Уште при ждрепката за групната рунда во Европската лига јасно беше дека против Луксембург, Исланд и Косово атакуваме на победи, додека со Холандија, Грција и Израел, кои се фаворити ќе мора да се бориме и да се обидеме да изненадиме. Отпор понудивме, изненадувањето изостана. Селекторот Јошко Миленкоски од последниот натпревар имаше два дена за одмор, во кои успеја да ги сублимира впечатоците и да направи првична анализа на сработеното во ...

Најголеми шанси за титулата ѝ се даваат на Франција. Според анализите, Французите имаат 18,7 проценти шанси да го освојат Мундијалот. Зад нив се Аргентина, додека Шпанија е третата селекција со двоцифрен процент за светската титула. На листата на „Опта“, Хрватска се наоѓа на 18. место меѓу 32-те репрезентации кои изборија пласман во нокаут фазата, додека Босна и Херцеговина е рангирана на 29. позиција. Најголеми шанси за титулата ѝ се ...

По критиките од СДСМ, Димитриевски изјави дека раководството на партијата се обидува сопствените политички неуспеси да ги претстави како проблем на другите политички субјекти. „Раководството на таа некогаш државотворна партија, која денес е сведена на ниво на ликвидација, во континуитет сопствените грешки ги бара во туѓите редови“, изјави Димитриевски, додавајќи дека интересот на граѓаните за трибините на ЗНАМ е доказ дека движењето ја ...

Австрија израмни на 3-3 во 96. минута преку Саша Калајџиќ и со тој гол стигна до второто место во групата. По натпреварот на социјалните мрежи се појави видео на кое Арнаутовиќ му дофрла нешто на селекторот на Алжир, Владимир Петковиќ: „Владимире, еј, зошто постигнувате гол за 3-2?“ Иако изворот кој го пренесе видеото напиша поинакви информации, делува јасно што изговара Арнаутовиќ кон Петковиќ пред да замине на клупата. Ralf Rangnick pleaded ...

Според УХМР, наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 километри на час. Според УХМР, наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, ...

Сали смета и дека се нарачани анкетите кои покажуваат предност на ДУИ над Вреди. Тоа, вели, го потврдуваат бројките за сработеното на Вреди во изминатите 24 месеци, за разлика од она што го реализира ДУИ за време на 24-те години владеење. „Одлуката за менување на имињата на улиците во Тетово од 2007 година е донесена само од страна на советниците. Процедурата не е запазена, односно не е испочитуван законот кој вели дека за таа листа на имиња ...

Лео Меси и Кристијано Роналдо се на залезот од кариерете, веројатно ова ќе им биде последното Светско првенство, па љубителите на фудбалот сакаат да видат како тие за прв пат во историјата имаат дуел на најголемиот фудбалски настан. За тоа сега да се случи во САД, ќе треба да гледаме финале помеѓу Аргентина и Португалија. Постоеше можност двете најголеми имиња да имаат директен дуел во осминафинале, но Португалија утрово одигра само 0-0 ...

„Граѓаните треба да знаат дека доколку Србија биде цел на напад, агресија од кој било, загубите на непријателот би биле драматично високи, па малкумина во светот би се осмелиле да нападнат толку добро опремена и вооружена земја“, изјави Вучиќ за време на обиколката на оружјето и опремата на аеродромот „Миленко Павловиќ“ во Батајница. Тој истакна дека Војската на Србија секој ден е сè посилна, дека денес може да се видат некои системи што ...

Она што најмногу ја боли Ивана Митревска, сопругата на овој македонски бранител е најновиот проблем со кој се соочува ова македонско семејство е дискриминацијата по основ на домување. По речиси четврт век чекање, препраќање на предмети меѓу институции, ургенции и судски постапки, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КЗСД) официјално утврди дека врз овој македонски бранител, 100 процентен воен инвалид од прва група, била ...

Индексите на ценовни нивоа на Евростат ги споредуваат трошоците на потрошувачките стоки и услуги во секоја земја со просекот на Европската Унија, кој изнесува 100. Тоа значи дека вредност над 100 укажува на повисоки цени од просекот на ЕУ, додека под 100 означува поевтини земји. Податоците покажуваат јасна поделба меѓу западна и северна Европа, каде што цените се значително повисоки, и централна и југоисточна Европа, каде што трошоците се ...

Бранителот на титулата Јаник Синер ќе стартува против Миомир Кецмановиќ, додека Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе игра со Јибинг Ву. Доколку двајцата ги оправдаат очекувањата понатаму во турнирот, ќе се сретнат во полуфиналето. Во долниот дел од ждрепката се наоѓа вториот носител Александер Зверев, кој турнирот ќе го отвори со меч против Александер Блокс. Германецот е на спротивната страна од Синер и Ѓоковиќ, па со нив може да се сретне дури во ...

„Во Спорт лајф постојано ги следиме потребите на заедницата и се стремиме да поддржиме иницијативи кои носат реални придобивки за граѓаните. Веруваме дека овие донации ќе помогнат во подобрување на условите за работа на двете организации и ќе придонесат за полесен развој, едукација и инклузија на децата кои се соочуваат со различни предизвици“, вели Петар Поцков, маркетинг директор на Спорт лајф. Потребата од стручна поддршка за деца со ...

Втората панел-дискусија од националниот караван на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија претставува продолжение на непосредниот дијалог со граѓаните низ државата, со цел заедничко креирање политики за модерна, стабилна и просперитетна Македонија, велат од ЗНАМ. Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакнал дека Македонија има јасна европска определба, но дека тој пат мора да биде пат на самоуверена, достоинствена и суверена ...

Според Сали, две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, но се уште не е дефинирано кои ќе бидат тие. „Сѐ уште нема финално име за правда и култура, тоа ќе бидат две нови имиња. Актуелните министри мислам дека перформираат добро во Владата, задоволни сме како Вреди и ќе продолжат понатаму. Здравство не е дел од пакетот, не е од нашит, истакна Сали, одговорајќи на новинарски прашања пред настанот со кој Влен ...

Не е издадено предупредување за цунами, ниту пак има непосредни извештаи за штети или жртви, но неодамнешниот бран земјотреси за време на сезоната на тајфуни предизвика загриженост. Земјотресот го погоди крајбрежјето на префектурата Ивате во 7 часот и 25 минути по локално време на длабочина од околу 40 километри и ја потресе префектурата Аомори и другите блиски региони. Јапонија неодамна беше погодена од неколку земјотреси, а во четвртокот ...

„Ова е уште една грешка на Европската Унија. Не треба да се врши притисок врз Скопје да спроведе договор за кој не постои никаква гаранција дека Софија ќе го почитува во неговиот дух и дека нема повторно да поставува нови идентитетски барања“, истакна Џозеф. Тој нагласи дека постојат и други можности за надминување на ваквите ситуации во рамките на институционалните механизми на Европската Унија, посочувајќи дека решенија се можни доколку ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, предмет на разговорот била заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.62
52%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
3.09
58%
1017
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.86
50%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.17
51%
1016
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
0.76
65%
1015
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 17ᴼ
0.52
87%
1020
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
1.79
39%
1011
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.2
43%
1013
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.82
50%
1015
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.58
61%
1014
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
47%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.22
100%
1011
Currency

61.53

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Платина

56038.75

Кобалт

56.29

Калај

56.36

Алуминиум

3.28

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Сребро

2044.16

Цинк

0.00

Бакар

13.23

Иридиум

252383.36

Злато

139576.04

Паладиум

43628.56