Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Американците ја победија Австралија со 2-0 и со максимален учинок по две кола се пласираа во следната рунда. Прашањето околу победникот беше решено уште во првото полувреме. Прво Камерон Бурџес си постигна автогол по една брза акција на домашниот состав за 1-0 уште во 11. минута од средбата. На вториот погодок се чекаше до пред крајот на полувремето, а тогаш Алекс Фримен со глава ја зголеми предноста на 2-0. Гостите речиси и да не се ...
Според одлуката, договорот има за цел создавање заеднички гранични премини меѓу двете земји и развивање координирани процедури за гранична контрола, со цел олеснување на движењето на патници и стоки, како и зајакнување на прекуграничната соработка, објави агенцијата АТА. Со пуштањето на овој систем, како што деновиве информираа од македонската влада, се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји кои не се дел ...
Пред претставници на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис-секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, преставниците на Месната заедница Галичник преводени од претседателот Огнен Караѓозовски презентираа иницијатива за зачувување, унапредување и ставање во функција на објекти од исклучително историско, културно и општествено значење за Галичник. Како што соопшти Кабинетот на ...
По предлог на Обвинителството за гонење на организиран криминал (ОЈО ГОКК), Илчо Ѓорѓиоски и уште две лица одат во затворски притвор, а петтмина ќе бидат во домашен притвор. „Постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК, за определување мерка притвор и мерки на претпазливост, против 12 лица кои утрово беа спроведени во судот, судија на претходна постапка, по нивно произнесување во присуство на бранител, донесе решенија со кои: Предлогот за ...
По пет одиграни меча, Македонија нема победа, но нема освоено ниту сет. Таква негативна статистика има само уште селекцијата на Исланд, а без победа се и Албанија и Грузија, но тие имаат освоено по еден сет. Хрватските одбојкарки лесно го добија мечот, Македонија во два сета освои по 15 поени, во еден само 12. Најефикасна во нашата селекција беше Милевска која освои седум поени. В недела, Македонија игра против Словенија, а утре со истата ...
Мечот го почнавме лошо, во првиот сет освоивме 19 поени, како одминуваше мечот бевме се подобри. Најголем отпор пруживме во третиот сет во кој освоивме 23 поени. Никола Ѓоргиев со 11 поени и Филип Савовски со 10 поени беа најефикасни, додека Лука Костиќ и Стојан Илиев реализираа по седум поени. Репрезентацијата вечерва се враќа во базата во Скопје, каде ќе ги продолжи подготовките за последниот турнир, следниот викенд на Косово. Досега се ...
Како што информираат од МВР, на 04 мај 2026 година бил донесен Правилникот, но по неговото донесување, од страна на Гранскиот независен синдикат на полицијата бил доставен предлог за измена на одредени одредби кои се однесуваат на прашањето за носење брада и тетоважи од страна на полициските службеници. Во образложението биле наведени практики од повеќе европски држави во однос на уредувањето на изгледот и однесувањето на полициските ...
Според информациите од ИЈЗ, лицето престојувало на Малдивите во периодот од 20 до 28 мај. Првите симптоми се појавиле уште за време на патувањето и вклучувале треска, болки во мускулите и зглобовите, благо покачена телесна температура, а неколку дена подоцна и осип по телото. По враќањето во земјава биле спроведени лабораториски анализи во Одделението за вирусологија при ИЈЗ, при што е потврдено присуство на зика вирус. Од Институтот ...
Ова се наведува во соопштение објавено денес на платформата Телеграм од страна на портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи. Есмаил Багај ги осуди „агресивните и терористички напади“ на Израел врз неколку области во Либан, тврдејќи дека десетици либански цивили се убиени и повредени во нападите, а била предизвикана голема штета на станбените згради и инфраструктурата. Тој предупреди за сериозните и непосредни последици што ...
„Имајќи предвид дека станува збор за кривично дело што спаѓа во групата на кривични дела против човечноста и меѓународното право и кое својата основа ја наоѓа во Конвенцијата на Обединетите нации за превенција и казнување на кривични дела насочени против меѓународно заштитени лица, вклучително и дипломатски претставници, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор во траење од 30 ...
Според информациите од „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, трговскиот центар Мавровка, дел од Турска чаршија, Саат Кулата, улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“, дел од булеварот „Крсте Мисирков“, Крњево, Македонската телевизија, Ист Гејт. Со намален притисок на вода ќе биде ниската зона од ...
Фудбалерот за врска беше стрелец во победата на Црвена Звезда во пријателската средба со Јединство од Ужице (5-0). Македонецот го даде последниот гол за поставување на конечниот резултат, откако украде топка во шеснаесетникот и убаво пласираше крај голманот. Инаку, Гаштаров во пролетната полусезона настапуваше како позајмен во редовите на Борац Чачак, меѓутоа се врати во Белград и ќе се обиде да се докаже. Фудбалерот за врска беше стрелец ...
„Хезболах и Израел се согласија за прекин на огнот“, кажа функционерот, додавајќи дека преговарачите на Соединетите Американски Држави и Катар постигнале договор со помош на Иран. Во синоќешните израелски напади во јужен и источен Либан загинаа 21 лице, а 39 се повредени, соопшти Бејрут, додека Израел пријави загуба на четири војници и се закани дека Хезболах ќе плати „многу висока“ цена. Ова се најголемите и најсмртоносните напади од ...
Највисоко оценето вино од портфолиото на „Тиквеш“ и воедно најуспешно македонско вино на годинешниот натпревар е црвеното вино „Babuna 2022“, кое освои златен медал и високи 96 поени. Вториот златен медал му припадна на виното „Found Kratosija 2024“, произведено од „Тиквеш“ за британскиот пазар, кое беше оценето со 95 поени. Покрај двата златни медали, сребрени медали освоија црвените вина „Luda Mara 2024“, „Bela Voda 2022“, „Babuna 2023“, ...
Како што соопшти МЖСП, на средбата Хоџа се заблагодарил за континуираната поддршка што ГИЗ ѝ ја обезбедува на Македонија во спроведувањето на реформите и проектите во областа на животната средина. „Партнерството со германските институции е значаен придонес за заштита на природните ресурси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните“, истакнал министерот Хоџа. На средбата биле разгледани тековните проекти што се реализираат со поддршка ...
„На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени нови клупи и корпи за отпадоци, со што просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители“, стои во соопштението од Град Скопје. Паралелно, како што дополнуваат, продолжуваат редовното одржување на кејот и активностите за чистење на коритото на реката Вардар на територијата на Град Скопје. „На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени ...
Пухач присуствуваше на јавната расправа на законот на покана на АСОМ. Тој пред пратениците детално ја елаборираше, како што ја оцени, погубната математика на предложените измени, потенцирајќи дека тие се насочени кон директно уништување на спортските обложувалници преку оданочување на непостоечки профити и одземање на нивната финансиска сигурност. „Познавачите на игрите на среќа знаат дека секој облик има свои законитости. Спортското ...
Кавадаречкиот прволигаш се раздели со дури 11 фудбалери, а меѓу нив е и искусниот дефанзивец Даниел Мојсов. Покрај него, клубот го напуштаат и Стефан Тасев, Мартин Стојанов, Берат Садик, Кристијан Стојкоски, Кристијан Ѓорѓиевски, Никола Најдовски, Мартин Тодоров, Милован Петровиќ, Данаил Тасев и Вања Терзиќ. Од Тиквеш преку социјалните мрежи им се заблагодарија на фудбалерите за придонесот во изминатиот период, а во наредните недели се ...
„Независниот синдикат очигледно не го прочитал законот, а излегол со соопштение. Законска основа за прераспредување на наставниците во помошници на своите колеги за децата со посебни потреби постои и не е преименување во образовен асистент, тие се редовно вработени, ќе си примаат плата како наставници, само ќе учествуваат во наставата како образовни асистенти. Тоа е напишано во законот со нивна согласност ако немаат доволен број часови, токму ...
Со својата форма, дизајн и препознатливи црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и најобичната секојдневна трансакција може да биде дел од градската културна приказна. Во време кога урбаните простори сè почесто се исполнети со унифицирани и анонимни елементи, ваквите интервенции покажуваат дека функционалноста и естетиката можат да одат рака под рака. Наместо да доминира во просторот, банкоматот ...
Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ најави дека во текот на денов лично ќе му ја предаде на претседателот на македонско Собрание, Африм Гаши, за да биде донесена во законодавниот дом. Чучуљ истакна дека Акцискиот план на Националната стратегија содржи вкупно 113 мерки и 388 активности, а пред нејзино донесување спроведени се низа работилници и анкети со експерти од петте опфатени сектори во Националната стратегија. Инаку спроведувањето на ...
Иако на прв поглед тоа изгледа како логично решение, експертите предупредуваат дека ледено студената вода за време на големи горештини не е секогаш најдобриот избор за организмот. Студената вода може да предизвика шок за организмот За време на високи температури, крвните садови се проширени за телото полесно да го ослободува вишокот топлина. Кога нагло ќе влеземе под многу студен туш, доаѓа до брзо стеснување на крвните садови, што ...
Станува збор за едно од најпознатите дрвја во Англија, кое според преданието се поврзува со Робин Худ, легендарниот разбојник од 13 век. Според Кралското друштво за заштита на птиците, посетителите кои доаѓале да ја видат неговата разгранета крошна и извиткани гранки во текот на изминатите двесте години ја набивале почвата околу дрвото, што оневозможувало дождовницата да стигне до корените. Шервудската шума е под притисок со години, порано ...
За партијата, пред сè, неприфатливо е што во процесот на изготвување на ова законско решение, мислењата и предлозите на помалубројните етнички заедници не биле соодветно земени предвид. „Кога станува збор за закон кој директно го уредува принципот на правична застапеност, исклучувањето на помалубројните етнички заедници од процесот е спротивно на принципите на инклузивност и учество. Во својата сегашна форма, предлог-законот не нуди појасен и ...
Според владини извори, разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, поради што засега не се откриваат дополнителни детали. Јавноста, додаваат, ќе биде навремено информирана кога ќе бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија. Владини извори посочуваат дека останува непроменета позицијата на премиерот Христијан Мицкоски, кој неодамна на одбележувањето на 36-годишнината ...
Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што треба да одлучува по барањата на Обвинителството, а пет се недостапни на органите на прогон. Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој е второосомничен, е веќе во притвор за друго дело за кое се сомничи и беше уапсен во април годинава. Јавниот ...
Кривичната пријава ја работи ОЈО Скопје, кое дало налог да се изврши претрес на три локации. Докторот работи во Клинички центар „Мајка Тереза“ и тој според првичните информации од предистрагата, нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од компанија од Кореја и се договорил истите во фактурата да бидат декларирани како 10 парчиња козметички производи со вкупна вредност од 80 долари. Од второосомничената, вработена како ...
Како што соопштија од Обвинителството, лицето починало откако му се слошило во домашни услови, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција со цел утврдување на причините за смртта. Грнчиштанов во периодот од 15 јануари 2013 до 16 март 2025 година ја извршувал функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување. Во рамки на судската постапка за трагедијата, ...
Според обвинителството, согласно извршените вештачења во текот на истрагата сега обвинетиот делата ги вршел од ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела. Така, ноќта помеѓу петт и шести јануари 2025 година во село Клечовце со умисла лишил од живот повозрасна и немоќна жена. Влегол во нејзината куќа и додека таа била заспана на креветот физички ја нападнал и насилно почнал да ја задушува. ...
Канадскиот репрезентативец мораше предвреме да го напушти теренот по еден незгоден дуел, а првичните информации говорат за сериозна повреда на ногата. По натпреварот за ситуацијата зборуваше селекторот Џеси Марш, кој призна дека моментот бил шокантен за целиот тим. „Се случи пред нашата клупа. Сите го слушнавме тоа. Веднаш знаев дека е тешка повреда. Сите слушнавме како се крши коска. Не може да останете рамнодушни на такво нешто, сите бевме ...