„Енергетиката не е привилегија само на државата, туку можност за сите. При реализација на стратешките објекти, освен класичното кредитирање, треба да се разгледа и можноста за воспоставување модел на акционерско друштво, каде граѓаните ќе може да бидат дел и наместо да купуваат недвижности, да може да ги инвестираат парите во акции преку кои ќе се финансира изградбата“, рече Ристов. Осврнувајќи се на енергетскиот развој, дополни дека ...

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната Никола Васев и Нехат Нухи за укинување на мерката притвор со определување гаранција, го уважи предлогот, а позитивно мислење дало и Јавното обвинителство. На обвинетиот Нино Васев му е определена гаранција во износ од 183.981 евра во корист на Македонија која се состои од ставање под хипотека на недвижен имот, додека на обвинетиот Нехат Нухи му е ...

„Амбасадата на Бугарија во Скопје им се заблагодарува на сите бугарски институции, организации и граѓани кои изразија поддршка за мисијата во актуелните особено тешки околности. Исто така, го поддржуваме правото на мирни граѓански протести како основно право во секое вистинско демократско општество. Воедно, најсилно бараме да не се провоцира блокирање на контролни пунктови или патишта меѓу Бугарија и Северна Македонија“, напиша Радуков на ...

Една честа навика што може да има штетно влијание е работењето без доволно одмор. Постојаното преоптоварување со обврски може да доведе до исцрпеност, губење на концентрацијата и ослабен имунитет, додека организмот нема време да се регенерира. Слично на тоа, недоволното внесување вода може да доведе до дехидрација, што влијае на енергијата, расположението, концентрацијата и функцијата на органите. Прекумерната употреба на слушалки и ...

„Одвојувањето на Итната медицинска помош претставува значајна системска реформа насочена кон зајакнување на организациската и оперативната самостојност на службата. Со формирањето самостоен центар за итна медицинска помош ќе се овозможи поефикасно управување со ресурсите, посебно буџетско планирање, побрзо донесување одлуки и подобрување на одговорот на итните повици. Предложената реформа не претставува создавање нов систем, туку ...

Во Македонија во моментов се регистрирани 14 фитофармацевтски производи што го содржат глифосатот како активна супстанца, а десет од нив имаат одобрение за употреба во лозовите насади. Според Фитосанитарната управа, регистрацијата на ваквите препарати е можна само доколку тие претходно се одобрени во некоја земја-членка на Европската Унија. „Увозникот поднесува барање со кое доставува повеќе пропратни документи меѓу кои и дозвола за ...

Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, во своето обраќање пред пратениците ги претстави вистинските намери на предложениот закон, потенцирајќи дека тие не се насочени кон заштита на граѓаните, туку кон воспоставување на целосен државен монопол. „Денес не сум овде за да ја бранам индустријата на игрите на среќа. Денес сум овде да ја бранам правната држава и да ја бранам еднаквоста пред законот. Денес сум тука да ги одбранам работните места на ...

Температурите ќе бидат летни, со вредности кои ќе се движат во висок интервал, при што максималните дневни температури во делови од земјата ќе достигнуваат од околу 29 до 38 степени Целзиусови. Од почетокот на работната седмица во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе бидат летни, со ...

Лавров нагласи дека вистинската намера е да се зајакне режимот на Зеленски и да се зачува како платформа за продолжување на конфликтот со Русија, пренесува ТАСС. „Вистинската цел на европските лидери затоа не е да преговараат со Русија. Тоа е да се зајакне режимот на Зеленски и да се зачува како отскочна даска за продолжување на конфликтот против Русија“, вели Лавров во својата статија насловена како „Украина, Европа и глобалната безбедност“. ...

Според податоците на Народната банка, во 2025 година во земјата имало 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција во текот на годината. Регистарот на е-трговци е единствена сеопфатна база на онлајн-продавачи во земјата што нудат плаќање со картичка и се ажурира во соработка со петте банки што процесираат е-трансакции – Комерцијална банка, НЛБ банка, Стопанска банка, Халк ...

Жителите и локалните медиуми соопштија дека во израелските воздушни напади и гранатирања биле погодени повеќе населени места во округот Набатија во текот на ноќта и рано утринава. Според ННА, станува збор за едно од најинтензивните бомбардирања во последните неколку недели. Израелската армија соопшти дека нападнала милитанти на Хезболах и инфраструктура на организацијата на неколку локации во јужен Либан, како одговор на повторените ...

Признавајќи ја загриженоста дека вештачката интелигенција би можела да ги замени човечките работници, основачот на „Амазон“, Безос, рече дека категорично не се согласува со тој став. „Апсолутно не се согласувам со тоа. Мислам дека вештачката интелигенција ќе создаде недостиг на работна сила бидејќи ќе им овозможи на луѓето да идентификуваат повеќе проблеми“, изјави тој на саемот за технологија ВиваТек во Париз. Тековни ограничувања Безос ...

Македонија е во групата Х заедно со селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија. Натпреварите ги играме во Магдебург, во „ГЕТЕК Арена“. Македонските ракометари првиот меч ќе го одиграат на 15 јануари против Јапонија од 18 часот. Два дена подоцна е дуелот со Бахреин кој ќе се игра исто така од 18 часот. Последниот меч од оваа фаза го играме против Исланд на 19. јануари, тој дуел е со термин од 20:30 часот. Првите три селекции од групата одат во ...

Денес, храната не е само оброк, таа е визуелен идентитет и искуство што се споделува. Вистинскиот луксуз веќе не е да излезеш некаде, туку тој урбан вајб да го пренесеш дома, по свој мерак и свои правила. Жито Лукс го препознава овој тренд. Преку новата Selection линија и кампањата „Моја кујна, мој вајб, мои правила“, брендот им дава моќ на домашните шефови кои сега имаат можност во удобноста на својот дом да креираат вкусни ремек дела. ...

Со наредбата за истрага се опфатени двајца поранешни претседатели на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело проневера во службата, раководителката на Одделението за финансии и сметководство при ФФМ, 14 управители, сопственици и овластени лица во правни лица, како и раководител на Одделот за судии и судење при ФФМ на кои покрај кривичното дело проневера во службата, се сомничат и ...

Минчев посочи дека прашањето не е само дали Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, туку што ќе се случи потоа. „Хипотетички, утре да ги внесеме Бугарите во Уставот. И што следно? Ако следното барање биде Гоце Делчев? Има ли Македонец кој ќе се согласи дека Гоце Делчев не е Македонец?“ праша Минчев. Тој нагласи дека Македонија не може да прифаќа процес без гаранции дека после едно исполнето барање нема да следуваат нови. „Ние имаме ситуација ...

За Коне не само што заврши Светското првенство, туку го чека подолга пауза, можеби е завршена и календарската година. „Канадскиот фудбалер од средниот ред се здоби со скршеница на фибулата, а од достапните информации има и скршеница на тибијата. Во моментов се наоѓа во болница со неговата мајка Сузан која му дава поддршка во пресрет на операцијата. Коне би можел да отсуствува четири до пет месеци, што значи дека за него Светското првенство е ...

Осврнувајќи се на можноста за средба со Мицкоски, Радев изјави дека „нема што повеќе да си кажат“, нагласувајќи дека консензусот постигнат во јули 2022 година мора целосно да се почитува. „Повторно треба да вложиме максимални напори да ги убедиме европските лидери дека договореното во 2022 година мора да се спроведе“, изјави Радев, додавајќи дека Бугарија ќе продолжи да инсистира на почитување на преземените обврски. Повод за неговата ...

Минатата година во земјава починале 20.287 лица, што е за 0,4 проценти повеќе во споредба со 2024 година. Од нив, 10.498 биле мажи, а 9.789 жени. Најмногу смртни случаи биле регистрирани во јануари, вкупно 2.002, додека најмалку во април, кога починале 1.506 лица. Најчеста причина за смрт и понатаму се болестите на циркулаторниот систем, кои учествуваат со 34 проценти во вкупниот број смртни случаи. Следуваат неоплазмите, односно малигните ...

Овој чекор, како што објавува „Плутон логистик“, претставува ново поглавје во развојот на автономниот товарен транспорт во Кина и дополнително ја зајакнува позицијата на земјата меѓу глобалните лидери во имплементацијата на интелигентни логистички решенија. Во исто време, компанијата очекува да придонесе за дигитализација, автоматизација и намалување на емисиите на штетни гасови во логистичката индустрија. Новиот автономен камион е опремен со ...

Како што соопштуваат од „Или-или“, книгата ќе биде претставена низ разговор со авторката, кој ќе го води Сашо Огненовски. „Од своето објавување во март годинава, ‘Ништо нормално’ предизвикува силен интерес кај читателската публика, благодарение на својот специфичен стил, провокативниот пристап и обработката на современи теми, со фокус на обичниот човек и неговите секојдневни предизвици“, стои во соопштението од „Или-или“. Симона Јованоска е ...

Два од два за домаќинот на Мундијалот, овојпат беше доволен еден погодок за трите бода. Клучниот момент се случи во 50. минута кога голманот на Јужна Кореја направи катастрофален кикс кој го искористи Ромо за предност на Мексико од 1-0, што беше и конечен резултат. По две одиграни кола, Мексико има шест бодови, Јужна Кореја три, а Чешка и Јужна Африка по еден. Два од два за домаќинот на Мундијалот, овојпат беше доволен еден погодок за ...

Резултатите покажуваат дека вештачката интелигенција ја нарушува способноста на луѓето да разликуваат реалност од илузија, барем во онлајн средина. „Дури 88 проценти од испитаниците рекле дека е сè потешко да се направи разлика која содржина на интернет е оригинално создадена од човек или е вистинска, а која не е“, според анкета спроведена од компанијата за сајбер безбедност Малвербајтс. Речиси истиот процент испитаници изјавиле дека им е ...

Резултатот беше отворен во 16. минута кога Ларин постигна гол за водство од 1-0. Веќе во 29. минута Дејвид погоди за 2-0. Четири минути подоцна Катар влезе во поголеми проблеми откако Ал Амин заработи црвен картон. Во судиското продолжение од првиот дел, Дејвид даде уште еден гол за веќе убедлива предност на Канада од 3-0. По осум минути игра во второто полуврме Мадибо заработи црвен картон, Катар остана со двајца фудбалер помалку. Десетина ...

На концертот ќе учествуваат и вокалисти и жичан квинтет, членови од македонска опера и балет и македонска филхармонија. Песните се авторски и напишани на повеќе јазици: англиски, македонски, шпански, португалски и турски. Музиката има примеси на самба, фадо, џент (метал), и фолк, аранжирана за жичан квинтет. Првиот сингл од албумот ќе излезе на 15 јуни. Една од гостинките е и Андријана Јаневска. На концертот ќе учествуваат и вокалисти и ...

Немаше погодоци се до 74. минута Манзамби постигна гол за водство на Швајцарија од 1-0. Само неколку минути подоцна БиХ остана со фудбалер помалку откако Мухаремовиќ доби директен црвен картон. Во 84. минута Варгас реализираше за 2-0, а Манзаби со својот втор гол во 90. минута зголеми и на 3-0. Махмиќ само што влезе во игра погоди во 93. минута за 3-1, конечните 4-1 ги постави Џака од пенал во 97. минута. Немаше погодоци се до 74. минута ...

Со потпишување на меморандумот државите потписнички, кандидатки за членство во ЕУ, воспоставуваат рамка за интензивна соработка во областа на заштитата на изборниот интегритет и демократската отпорност. Потпишувањето се случи непосредно по завршното обраќање на претседателот Маричиќ, на завршната сесија заедно со Ангелика Караман, претседателка на Централната изборна комисија на Молдавија, Илирјан Целибаши, државен изборен комесар на Албанија ...

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за ...

САД се „посветени на мирот и ги охрабруваат сите во регионот на Блискиот Исток да останат посветени на обезбедувањето успех на нашите преговори“, кажа Трамп, мислејќи на разговорите со Иран по новиот договор. „Очекуваме целосен прекин на огнот на сите фронтови, вклучувајќи ги Либан, Хезболах и Израел“, порача Трамп. Тој додаде дека пазарите „реагираат позитивно на падот на цените на нафтата и растот на акциите“. САД се „посветени на мирот и ...

Европската селекција рано дојде до водство преку Михал Садилек, кој погоди уште во шестата минута и донесе предност по подобриот старт на својот тим. Чесите имаа уште неколку добри шанси да го решат натпреварот, но не успеаја да ја затресат мрежата по вторпат. Казната стигна во завршницата кога Павел Шулц играше со рака во шеснаесетникот, а Тебо Мокоена беше сигурен од белата точка за 1-1 во 81. минута. До крајот Чешка силно притискаше по ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.47
56%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.14
60%
1018
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.43
56%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.37
49%
1017
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.85
65%
1016
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.43
92%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
41%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.83
36%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.83
54%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.13
60%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
2.24
51%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
2.62
100%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Бакар

13.23

Платина

56038.75

Рутениум

53852.50

Сребро

2044.16

Иридиум

252383.36

Паладиум

43628.56

Злато

139576.04

Цинк

0.00

Калај

56.36

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.28