Покрај сите непринципиелности на Преспанскиот договор, неговите поддржувачи како најголема придобивка во овие осум години, секогаш го истакнуваат моментот што Македонија стана членка на НАТО алијансата. Сепак никој од нив не споменува колку „жртви“ мораше да понесе земјата за ваквото членство. НАТО како главна придобивка, платена со оспорен националниот идентитет Кога Македонија во 1991 година прогласи независност од поранешната ...

Гостувајќи во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма, Димитриевски истакна дека мотивот на ЗНАМ за влез во Владата бил Македонците повеќе да не се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава. Тој посочи дека ЗНАМ нема потпишано формален коалициски договор со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Влен, но по парламентарните избори била усогласена заедничка владина програма во која се вградени програмските приоритети на партијата. Според ...

Средбата, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, се одржала во рамки на проектот EU4FAST и била фокусирана на заеднички приоритети како што се тероризмот, организираниот и транснационалниот криминал, илегалната миграција, киберкриминалот, криминалот поврзан со криптовалути и криптопазари, како и превенцијата од интернет-криминал. Од МВР информираат дека на состанокот била потврдена подготвеноста за интензивирање на размената на ...

„Заедно со колегите од анестезија и интензивно лекување учествуваме во процесите на експлантација и трансплантација на органи од починати донори. Тоа е исклучително благородна работа која овозможува нова шанса за живот на пациентите што чекаат трансплантација. Најголемата награда за нас е кога пациентот ќе ја напушти болницата здрав и со нова надеж. Токму затоа, упатуваме апел до граѓаните да ја препознаат важноста на органодарителството и да ...

Десеттиот КСАЕ, кој беше отворен во јужната кинеска провинција Јунан во четвртокот, порасна во големина и во квалитет, и го прошири својот досег. Повеќе од 560 компании од јужноазиските земји учествуваат во настанот. Регистрирани се над 1.500 професионални купувачи, со прекуморски купувачи, вклучувајќи и од 45 земји како Германија, Бразил и Египет, објави Синхуа. Шестдневниот настан става силен акцент на подлабоката соработка со Јужна Азија, ...

Како што беше кажано, одлуката се заснова на најновите податоци и информации и согледувањата за ефектите врз домашната економија од светските случувања. „Во однос на сегментите коишто се клучни за монетарната политика, од почетокот на годината беше забележана поголема побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, што услови поголемо присуство на Народната банка на девизниот пазар. Од почетокот на мај се бележи стабилизација на побарувачката ...

Од МЕД апелираат граѓаните да ја поддржат кампањата со симболична донација, со која ќе се овозможи изработка и поставување на нови гнездилишта. Според податоците на друштвото, модровраната некогаш била широко распространета низ котлините во Македонија, но денес се среќава само во Овче Поле, Скопската котлина и долж Повардарието до Демир Капија. Губењето на старите дрвја и природните дупки за гнездење значително ги ограничува можностите за ...

Аргентинецот блесна во победата над Алжир (3-0), постигнувајќи три гола и испишувајќи новa страницa во историјата на Светските првенства. Со хет-трикот, Меси стигна до бројката од 16 погодоци на мундијалите и се израмни со Мирослав Клосе на врвот на вечната листа на стрелци. Следниот гол ќе му донесе самостојно прво место, освен ако во меѓувреме Килиан Мбапе не го надмине неговиот учинок. Аргентинската ѕвезда постави и уште еден рекорд. На ...

За 16 амандман на Основниот закон гласаа 135 пратеници, 50 беа против и шест воздржани, соопшти владата. Новиот закон го ограничува мандатот на премиерот на максимум два мандата и ги зема предвид сите мандати што некој ги отслужил од 2 мај 1990 година. „Политичката порака на оваа одлука е јасна: моќта на премиерот не може да биде временски неограничена“, се вели во соопштението на владата. Законската промена доаѓа откако партијата Тисза на ...

Откако ќе го отворите Гугл ерт, треба да ја изберете опцијата „Истражи ја Земјата“, а потоа да влезете во менито „Алатки“ каде што се наоѓа опцијата „Симулатор на летање“. Овде, постои дел со често поставувани прашања за почетници, кој им помага на новите виртуелни пилоти подобро да се запознаат со овој начин на летање. Сепак, треба да се имаат предвид две работи. Прво, ова е експериментална функција, па може да се соочите со некои необични ...

Иванов признанието го доби за текстот „Глаголицата како парабола за денешното сеопфатно општество: Отворена изложбата ‘Глаголички откровенија’ на Томе Даневски во КИЦ – Скопје“. Во изјава по доделувањето на наградата, тој истакна дека признанието претставува поттик за натамошна работа и посветеност во известувањето за лицата со попреченост и за прашањата што ги засегаат „невидливите“ во општеството. – Ова признание ми е поттик за со уште ...

Македонскиот првак најпрво треба да го мине фински Купс, но веќе денеска ќе добие јасна слика за можниот следен предизвик на европската сцена. Добра вест за „црвено-црните“ е што се наоѓаат меѓу носителите, па можат да добијат и поповолен противник од шампионите на Луксембург, Фарски Острови, Сан Марино, Северна Ирска, Летонија или Велс. Во Вардар сигурно посакуваат да ги избегнат незгодните Архус и Мјалби, како и азербејџанскиот Сабах. Во ...

Резултатот беше отворен во 21. минута кога по една долга акција, Шмид постигна фантастичен гол од далечина за водство на Австрија од 1-0. По пет минути игра во вториот дел, контра напад на Јордан кој со супер гол го реализираше Олван за израмнување на 1-1. Во 67. минута Австрија се израдува на нов гол, но тој беше поништен поради игра со рака на Арнаутовиќ. Десет минути подоцна Ал Араб си даде автогол за водство на Австрија од 2-1. Конечните ...

За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. Покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската Унија. Во ирскиот парламент, министерот Муцунски ќе оствари средби со пратеници и членови на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на ...

Наодите, објавени во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“, покажуваат дека Земјината кора помеѓу Турканскиот расед, дел долг 500 километри од огромниот Источноафрикански раседен систем што се протега од Етиопија до Мозамбик, драматично се стеснува и тоа многу побрзо отколку што очекуваа експертите. Оваа тектонска граница го означува бавното одвојување на африканската и сомалиската плоча, процес што трае десетици милиони години. На крајот би можел ...

Книгата претставува уникатно сведоштво за развојот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, виден низ личното искуство на авторот како студент, асистент, професор и активен учесник во академскиот живот во периодот од 1960 до 2006 година. Составена од 28 хронолошки подредени есеи, напишани јасно и непосредно, книгата го отвора погледот кон една страна од факултетот која останала недоволно позната за пошироката јавност. Авторот пишува ...

Ова е важен процес, особено ако се земе предвид дека Законот за заштита на природата е донесен во 2004 година, а во меѓувреме се менуваат предизвиците со кои се соочува природата и политиките за нејзино зачувување. За МЕД, новиот закон е можност да се постави појасен, посовремен и поприменлив систем за заштита на природата, усогласен со реалните потреби за зачувување на биолошката, геолошката и пределската разновидност, меѓународните обврски ...

Христина Палчевска, судски администратор во Основниот граѓански суд – Скопје рече дека таа како член на работната група јас се оградувам од предлог-законот за судиска служба. „Ваквиот предлог-закон не е реформски, не е применлив и не ја унапредува положбата на судската служба. Првата забелешка е начинот на регулирање на статусот за судските службеници. Предлог-законот не само што ги дефинира судските службеници како административни ...

Главната ѕвезда на Норвешка, Ерлинг Халанд, имаше старт од соништата на Светските првенства. Тој го отвори синоќешниот меч со погодоци, даде гол во 29. минута за водство на Норвешка од 1-0. Ирак успеа да изедначни, Хусеин стрелаше прецизно во 39. минута за 1-1, но овој резултат траеше само четири минути, тогаш Халанд повторно даде гол и ја врати предноста на Норвешка, овојпат од 2-1. За следниот гол се чекаше до 76. минута кога по асистенција ...

Во текот на две фестивалски вечери, публиката ќе има можност да проследи внимателно селектирана програма што ги спојува филмот и музиката во возбудливи приказни за уметници кои не само што создавале хитови, туку ги менувале правилата, естетиката и начинот на кој ги доживуваме звукот и времето во кое живееме. Фестивалот, кој повеќе од една деценија ја негува културата на музичкиот документаризам, и оваа година останува место каде што се ...

Воведувањето на системот најпрво ќе започне на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на државната граница, особено во летниот период кога значително се зголемува фреквенцијата на патници и кога во минатото граѓаните често укажуваа на долгите чекања на граничните премини, изјави Венера Азизи, портпаролка на Владата. ...

Како што соопштија од партијата, ова основачко собрание е продолжение на конгресот на обединувањето и означува важна етапа во консолидацијата на Влен како обединет политички субјект. „Денешното собрание го потврди единството на структурите, енергијата на членството и посветеноста за продолжување на политичкото дејствување во служба на граѓаните“, велат од Влен. На присутните им се обратија копретседателите на Влен и други претставници на ...

Меси шоу во Канзас Сити, немаше подобар начин за старт на Светското првенство, има 38 години, но уште е брилијантен. Први на погодок се израдуваа Алжирците, во осмата минута гол даде Чаиби, но погодокот беше поништен поради офсад. Десет минути подоцна започна серијата на Меси, со прекрасен шут од далечина погоди за водство на Аргентина од 1-0. По 15 минути игра во вториот дел, Меси даде нов гол за водство од 2-0. Хет-трикот го комплетираше во ...

По проекцијата следеше средба со бројните посетители, кои ги поздравија авторите со долги аплаузи и интерес за фотографирање и автограми. Филмот е во режија на Елена Чемерска, а продуценти се Иван Унковски, Ивана Шекуткоска и Елена Чемерска. Копродуценти се Оливер Сертиќ и Ивана Нацева, а извршен продуцент е Атанас Георгиев. Кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров и Марина Колоска, монтажата на Владимир Гојун и Горјан Атанасов. Композитор е ...

Настанот го отвори директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, кој во своето поздравно обраќање ја нагласи важноста на книжевноста како трајна духовна вредност и како еден од најсилните облици на културна комуникација меѓу народите. Тој истакна дека Македонската книжевна визита претставува пример за успешна и континуирана културна соработка, која низ годините придонесува за меѓусебно ...

„Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. МВР работи на откривање на сторителите и времето ќе покаже дали и кој намерно го предизвикал овој пожар, не само денешниот“, изјави Ангелов вечерва во гостување на Сител. Посочи дека секој ден низ државата има десетина помали пожари, но состојбата сè уште не е алармантна затоа што вегетацијата е сè уште зелена, дрвјата имаат доста ...

Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено ...

Со двата гола против Сенегал, напаѓачот на „триколорите“ стигна до бројката од 58 погодоци за националниот тим и се искачи на врвот на вечната листа на стрелци. Мбапе го надмина досегашниот рекордер Оливие Жиру, а токму легендарниот напаѓач беше меѓу првите кои му упатија честитки за големиот успех. „Честитки Килијан, успеа! Навистина сум среќен за него. Тој го заслужи тоа“, изјави Жиру. Францускиот ас со години е главната фигура во ...

Фаворитот почна бавно, Франција ја имаше топката, но Сенегал беше поопасен во првото полувреме од контра напади. Џексон и Сар имаа фантастични шанси во првиот дел, Французите можеа да бидат среќни што резултатот беше 0-0 по првите 45 минути. Но, работите се променија во вториот дел. Франција го зголеми притисокот и почна да создава шанси. Мбапе двапати не реализираше пред да постигне гол во 66. минута по една фантастична асистенција од Олисе. ...

Новата легислатива доаѓа пред парламентарните избори во септември, на кои централно-десничарската влада, која моментално зависи од поддршката на крајно десничарските Шведски демократи, ќе се соочи со крајната десница која отворено се залага за создавање на една од најнепријателските средини за неевропејци во Европа. Доцна во понеделникот пратениците гласаа за таканаречениот закон за „добро однесување“, кој ќе се однесува на идните и ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
59%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
0.26
61%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.79
61%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.51
52%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.46
74%
1016
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.45
97%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
1.34
43%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.0
37%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.75
55%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
62%
1018
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.68
52%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.22
100%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Кобалт

56.29

Сребро

2044.16

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.28

Цинк

0.00

Калај

56.36

Паладиум

43628.56

Платина

56038.75

Злато

139576.04

Бакар

13.23

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96