Самитот на Г7 е централниот настан на светската политичка сцена. Годинава се одржува од понеделник до среда (15–17 јуни) во францускиот град Евијан, на брегот на Женевско Езеро. Франција во моментов претседава со оваа престижна група „седум водечки индустриски земји во светот“. Тоа значи дека Европејците повторно ќе се сретнат со Доналд Трамп, мошне непредвидливиот американски претседател. Членки на Г7 се САД, Франција, Велика Британија, ...

Полуматурантите се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат, ќе ја доставуваат потребната документација. Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Првото почна на 12 јуни на полноќ и завршува вечер на полноќ, а второто пријавување е на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување – ...

Македонската тениска федерација се пласираше во Втората светска група, а за нас играше и натурализираниот Македонец, Олег Приходко. Тоа беше и една од темите кои Русевски ги спомена во своето излагање. Меѓудругото тој говори за детските лиги, за развојот на тенисот, за раководењето на овој спорт кај нас… „За мене, како поранешен репрезентативец, Дејвис купот бил најсериозниот дел од мојата кариера, одлична дружба, хемија во тимот и енергија ...

„Денес стоиме на ова свето место, пред вечниот спомен на дванаесетте ваташки младинци, со чувство на длабока почит, тага и благодарност. Поминаа 83 години од тој црн 16 јуни 1943 година, кога во овие води и на оваа земја беше извршен еден од најболните злосторства во македонската историја. Дванаесет млади животи беа прекинати во мигови кога требаше да сонуваат, да создаваат, да ја градат својата иднина и иднината на својата татковина“, рече ...

На територија на Македонија, надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C, а најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишниот просек за оваа сезона се очекува да биде во јули. За претстојното лето, се очекува вкупните сезонски врнежи генерално да бидат пониски од повеќегодишниот просек во повеќето делови од земјата, со умерена веројатност за исполнување на прогнозата. „Земајќи ги предвид ...

Со предлогот на закон за судска служба се уредува посебниот статус на вработените во судската служба и тоа посебните државни службеници-судски службеници, државните службеници, судската полиција и помошно техничкиот персонал. Со предлогот на закон за јавнообвинителска служба се уредува посебниот статус на вработените во јавнообвинителската служба, посебни државни службеници (јавнообвинителски службеници), државните службеници и помошно ...

„Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност“, соопшти МФ. Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на ...

Резултатите во неколку сценарија брзо доведоа до целосен хаос, потсетувајќи на сцени од научнофантастични филмови како „Терминатор“. Агентите на вештачката интелигенција почнаа да се вклучуваат во кражби, насилство и конфликти, што наскоро доведе до колапс на симулираното општество. Во најекстремно сценарио, управуван од моделот Грок 4.1 (системот со вештачка интелигенција на Илон Маск), регистрирани се 183 кривични дела – вклучувајќи 71 ...

Денес, 33-годишниот дефанзивец е еден од хероите на Зеленортските Острови по историскиот бод против Шпанија (0-0) на нивното деби на Светско првенство. Пресвртот во неговата кариера се случил во 2017 година кога добил професионален договор од Шамрок Роверс, но уште поневеројатен е патот до репрезентацијата. Тогашниот селектор Руи Агваш го контактирал преку LinkedIn откако дознал дека неговиот татко потекнува од Зеленортските Острови. „Мислев ...

Во интервју за Ал Арабија, Лукашенко рече дека неговите изјави биле одговор на она што го опиша како закани од Украина, вклучувајќи ги и тврдењата дека Киев идентификувал стотици потенцијални цели во Белорусија и дека знае каде се наоѓа тој. „Можеби некаде претерав, но тоа беше одговор на неговите несоодветни изјави: ‘Имаме 500 цели, знаеме каде е Лукашенко. Утре ќе нападнеме со ракети и беспилотни летала’. Молчев. Сите беа изненадени што не ...

Ренар требаше да ја води Саудиска Арабија на Светското првенство, но доби отказ на два месеци пред почетокот на Мундијалот. Сепак, судбината сакаше тој да биде дел од големиот турнир, доби повик од Тунис и од второто коло ќе седне на селекторското столче на оваа земја. Ренар е многу познат стратег во африканскиот фудбал, со Саудиска Арабија на минатото првенство ја победи Аргентина. Во 2013 со Замбија стана сензационален африкански шампион, ...

Како што информира АХВ, поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса (птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи била произведена во јануари 2025 година, а согласно донесеното решение забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се ...

„Извештајот за климатски ризици кај децата за 2026 година открива дека заканите што доаѓаат од климатските промени се широко распространети и веќе влијаат врз здравјето, развојот и благосостојбата на децата. Околу три четвртини од нив се засегнати од суши – 73 проценти, речиси девет од десет деца се изложени на топлотни бранови – 87 проценти и речиси сите деца – 99,9 проценти, се изложени на штетно загадување на воздухот“, се истакнува во ...

Шкендија ќе игра со некој од Европа (Гибралтар), Малишева (Косово), Уна (Луксембург), Пенибонт (Велс), Рунавик (Фарски Острови) и Номе Каљу (Естонија). Силекс ќе се падне со некој од Астана (Казахстан), Пјуник (Ерменија), Динамо Минск (Белорусија), Дила Гори (Грузија) и Ескалдес (Андора). Денешната ждрепка ќе се одржи од 18 часот. Првите натпревари се играат на 9 јули, реваншите се седум дена подоцна. Шкендија ќе игра со некој од Европа ...

Центарот ќе има клучна улога во развојот на македонски јазичен модел и во создавањето домашна дигитална база која ќе овозможи македонскиот јазик, култура и идентитет да бидат соодветно застапени во современите технологии. „ ‘Везилка’ е проект насочен кон дигитализација на македонскиот јазичен корпус и развој на голем јазичен модел што ќе може да го користат институциите, академската заедница, компаниите и граѓаните. Целта е да се намали ...

СЗО потсетува дека секоја година, екстремните топлотни бранови низ целиот свет водат до зголемување на болестите и здравствените проблеми и предвремени смртни случаи. Кардиоваскуларните болести посебно почесто се јавуваат или се влошуваат под влијание на топлината. Сè подолготрајните топлотни бранови се растечка закана за јавното здравје, особено поради урбанизацијата и растечкиот удел на групите од населението со зголемен ризик – старите ...

Црвено-црните денеска ќе го добијат ривалот за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Утрово УЕФА го скрати списокот, па Вардар ќе добие некој од: Шамрок (Ирска), Купс (Финска), Линколн (Гибралтар), Рига (Летонија), Флора Талин (Естонија), Ларне (С.Ирска), ТНС (Велс). Првите мечеви од квалификациите се играат на 6/7 јули, реваншите се седум дена подоцна. Вардар може да биде задоволен од кратењето со оглед на тоа дека ги избегна ...

„Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, осомничен е и за кривично дело, прикажување на порнографски материјал на дете. Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да влијае врз оштетената и нејзиниот исказ и врз други сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, ...

Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар на Lidl во Куманово, како и во идните маркети на компанијата ширум земјата. Претставници на компанијата ќе бидат достапни за разговор со кандидатите, ќе одговараат на нивните прашања и ќе ги запознаат со процесот на аплицирање, условите за работа и можностите за професионален развој. По првиот настан во Штип, ...

Нов Зеланд фантастично го отвори натпреварот, Џаст погоди уште во седмата минута за водство од 1-0. Во 32. минута Резајан израмни на 1-1. Тоа беше резултатот од првото полувреме. По девет минути игра во вториот дел Џаст пак донесе предност за Нов Зеланд, а десет минути подоцна Мохеби ги постави конечните 2-2. Уругвај беше фаворит против Саудиска Арабија, но се спасуваше од пораз во финишот од мечот, дуелот заврши 1-1. Саудиска Арабија поведе ...

Еден од најпознатите и најшироко употребувани хербициди во светот е глифосатот. Во лозарството најчесто се користи за уништување на тревата меѓу редовите на лозјата и околу стеблата на лозата, со цел да се намали конкуренцијата за вода и хранливи материи. Со години оваа активна супстанција се сметаше за револуционерно решение кое им заштедува време и пари на земјоделците, но денес, глифосатот е во центарот на една од најголемите дебати ...

Обезбедувајќи договор со Иран, Трамп кажа дека ќе го насочи своето внимание кон обидот за посредување во мир меѓу Украина и Русија, а истовремено ќе се обиде да ги прекине борбите во Либан. „Вчера имавме многу добар разговор со претседателот (Володимир) Зеленски и со претседателот (Владимир) Путин, и мислам дека можеби можеме да направиме нешто на тоа поле. Навистина мислам така. Мислам дека двајцата се отворени за тоа“, кажа тој. На самитот ...

Тој информираше дека денеска со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го означиле почетокот на санацијата на мостот „Естакада“, појаснувајќи оти станува збор за проект што со години бил барање на илјадници жители и една од најважните сообраќајни точки во овој дел од градот. „Овој мост има особено значење, затоа што се наоѓа на еден од најфреквентните излези од Скопје и претставува важна врска за граѓаните кои секојдневно се ...

Египет беше подобар тим во првото полувреме, а таквата игра ја заокружи со гол на Ашур во 19. минута од натпреварот. Вториот дел беше поинтересен, имаше повеќе шанси, но и во тие 45. минути беше постигнат само еден гол. Лукаку влезе во 66. минута од мечот и по само неколку секунди игра Белгија израмни на 1-1. Напаѓачот не беше стрелец на голот, тоа беше автогол на Хани, но Белгиецот имаше главна улога за погодокот. Се чини дека ремито е ...

„Откако поминав извесно време далеку од дома, се вратив исполнет со нови искуства, емоции и перспективи. Бендот и јас почнавме да ги претвораме тие искуства во песни за нашето претстојно ЕП издание. Оваа песна беше една од првите што се појавија. Таа размислува за љубовта, времето и тивката тага што доаѓа со пуштањето на нешто за кое речиси сте биле сигурни дека секогаш ќе биде тука. Станува збор за иднината што ја градиме во нашите мисли, за ...

Иницијатори и организатори на овој голем ликовен и културен настан беа директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров и колекционерот и директор на „МТС дворана“ Игор Станковиќ. „За жал, Петар Мазев прерано нè напушти, но остави голем легат на територија на цела Југославија. Ќе видите дека покрај каталогот на Петар Мазев поставен е каталог на Петар Лубарда, двајца еднакво големи автори од Југославија. Цел месец ќе биде изложен овој ...

„Советот на метрополата Венеција, официјално за првпат доби македонски државјанин за советник Тарик Семси. Тој беше еден од водечките млади луѓе кои се најдоа на советничката листа на актуелниот градоначалник на Венеција, Симоне Вентурини кој убедливо победи на локалните избори во Венеција во мај“, напиша Ременски во објава на Фејсбук. Положувајќи ја официјално обврската за совесна работа, Тарик се заблагодари на сите што веруваа во него и му ...

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди и дневни температури од 27 до 33 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и ...

„Од прв ден сум го кажал тоа и стојам позади тоа дека ако државата дозволила да се формира високо образование на јазик различен од македонскиот, во случајов во Македонија имаме такви примери со албанскиот, турскиот и англискиот јазик и ако државата овозможила тоа да се прави, јас не гледам никаква причина теоретскиот дел од полагањето на правосудниот испит да не се врши на еден од тие јазици кој е различен од македонскиот јазик, бидејќи вие ...

„На овој убав настан и, би рекол, на овој исклучителен повод, секогаш кога ќе се гради нешто, секогаш тоа што ќе се гради, има цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните, конкретно во Битола, па и во целата држава. За мене, претставува задоволство и чест да бидaм тука и да бидам со оние што го градат. Денеска, имаме приватна иницијатива, која уште при формирањето на оваа Влада почна со процесот на реализирање“, рече Мицкоски ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
59%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
0.26
61%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.79
61%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.51
52%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.46
74%
1016
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.45
97%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
1.34
43%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.0
37%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.75
55%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
62%
1018
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.68
52%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.22
100%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Паладиум

43628.56

Рутениум

53852.50

Платина

56038.75

Калај

56.36

Родиум

278103.96

Сребро

2044.16

Злато

139576.04

Алуминиум

3.28

Бакар

13.23

Иридиум

252383.36