Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Сведокот пред судот појасни дека нејзиниот годишен план за инспекциски надзор за 2022 година го опфаќал кафе-барот „Класик“, при што дознала дека постои и подружница кабаре „Пулс“. При извршениот редовен надзор таа констатирала дека првичната фирма веќе не постои. „Правниот субјект ‘Класик ДМ’ ДОО, на кој е одобрен елаборатот, не работеше, беше нефункционален, односно затворен“, посочи сведокот. На прашање од одбраната дали, кога утврдила ...
Според Николоски, државата има многу да понуди, а како што истакна, имаме и начин како да се приклучиме и да соработуваме. Од една страна, го имаме најголемиот бизнис-коридор во Европа, коридорот 10, кој се сече со вториот по значење безбедносен коридор на НАТО, коридорот 8. Тие ни даваат подобра поврзаност и геостратешка предност и затоа ние, како Влада посветуваме големо внимание, енергија и инвестиции да ги доизгрaдиме и модернизираме“, ...
Тој повика 24 фудбалерки кои ќе се соберат во Охрид на 10 април. Првиот меч против Унгарија е на 14 април во Битола на стадионот „Петар Милошевски“, додека реваншот е четири дена подоцна во Унгарија. ГОЛМАНКИ Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје), Викторија Панчурува (ЖФК Тиверија-Брера), Берна Кабачки (Холандија) ОДБРАНА Слаѓана Ѓоргиева (ЖФК Тиверија-Брера), Ане Бошевска (ЖФК Тиверија-Брера), Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија-Брера), Мила Панева ...
„Подготвен сум да се сретнам со Путин. Сигурно не во Москва, ни во Киев, но има многу други места – на Блискиот Исток, Европа или Соединетите Американски Држави“, кажа Зеленски во интервју за италијанското радио Раи. Зборувајќи за војната, Зеленски повтори дека Украина не може да се согласи на територијални отстапки, особено кога станува збор за Донбас, бидејќи, како што предупреди, тоа би ѝ овозможило на Русија полесно да ги заземе клучните ...
Како што пишува во истражувањето, анализата на жалбите укажува дека здравствените институции неретко ги евалуираат примените понуди непрецизно и со невоедначени критериуми, избирајќи понуди кои не ги исполнуваат барањата од тендерската документација. „Еден од најчестите проблеми се нејаснотиите во врска со потребната документација за пуштање во промет и увоз на лекови, што создава административни пречки во тендерската постапка и го зголемува ...
Средното полициско училиште ќе почне да функционира од 13 мај 2026 година, во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, односно согласно новиот закон за внатрешни работи – Полициска академија. Ќе работи по наставни планови и програми утврдени од министерот за образование и наука во согласност со министерот за внатрешни работи. Истото ќе биде во времетраење од две учебни години, односно трета и четврта година средно образование, така што ...
Тренерот најпрво имаше проблем со Карвахал, потоа со Асенсио, а сега и со Белингем. Наводно, Англичанецот е фрустриран од одлуката на Арбелоа да го остави на клупата за резерви против Баерн Минхен, а место него да игра младиот Тијаго Питрач. Белингем се чувствувал фит и верувал дека може да одигра цел натпревар и да даде придонес за победа против Баерн Минхен. Наспроти ова, Арбелоа на прес-конференцијата по натпреварот рече дека Белингем не е ...
„Паркирањето во општина Центар за време на велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 10 април – петок, 12 април – недела и 13 април – понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар. Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата – „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, каде што наплатата ќе се одвива ...
По погрешни дијагнози во Австралија и Германија, Слободанка Здравева својата сигурност, доверба и вистински одговор ги пронашла во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје. Нејзиното лично искуство претставува силна потврда за квалитетот на медицинската услуга и односот кон пациентите што оваа здравствена установа го гради со години. Како професионалец што има увид во функционирањето на болници и здравствени системи ширум светот, Здравева во ...
Клубот Аркадаг е апсолутен феномен. Тимот кој постои едвај две години стигна до бројка која изгледа неверојатно дури и за најмоќните европски гиганти, 100 победи по ред во исто толку одиграни сердби од формирањето. Јубилејниот триумф пристигна со убедливи 7-1 против Мерв на стартот од новата сезона. Интересно е што тоа беше токму нивниот 100 натпревар во историјата, па бројките се поклопија на совршен начин. Од самото формирање во 2023 ...
„Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала потешкотија, морам да признаам посебно во делот на обезбедување средства за довршување на делницата Кичево-Охрид, затоа што заемот од кинеската Ексим банка повеќе не го добиваме, престана, но бргу се реорганизиравме. Тој проблем е надминат, формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително поволни услови и тие ...
„Човештвото, од другата страна. Првата фотографија од далечната, темна страна на Месечината. Сликана од Орион додека Земјата заоѓа зад лунарниот хоризонт“, напиша НАСА во описот на нереалната фотографија. EARTHSET. April 6, 2026. Humanity, from the other side. First photo from the far side of the Moon. Captured from Orion as Earth dips beyond the lunar horizon. Photo: NASA pic.twitter.com/ZEBTQA85TY — The White House (@WhiteHouse) April 7, ...
На ова престижно натпреварување ќе учествуваат 23 машки и 16 женски екипи, се очекува да настапат околу 700 ракометарки и ракометари на возраст до 18 години од целиот свет, што пак претставува еден од најголемите училишни спортски настани организирани во Македонија. Светското училишно првенство во ракомет е момент што ја става Македонија на светската спортска мапа. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска нагласува ...
Заканата на Трамп не е ништо ново, а тој во средата, на 1 април, ја повтори својата намера да ги повлече САД од НАТО, мотивирана од одбивањето на членовите на западниот воен пакт да се приклучат на неговата војна против Иран. Трамп веќе изрази, за време на својот прв мандат, желба да ја повлече земјата од НАТО, организација од 32 земји создадена во 1949 година. Како претседател на САД, Трамп не може еднострано да ја повлече земјата од ...
Сведокот Мартин Димитров пред судот истакна дека пожарот почнал околу 2:30 часот по што веднаш почнал да се евакуира заедно со девојката. Тој посочи дека надвор било хаос и дека таа вечер, според негова процена, во „Пулс“ имало 600-700 луѓе. „Околу два и пол почна огинот и им реков на другарите да излезат, тие не беа свесни сè уште, ја фатив девојка ми и ја истуркав заедно со другарка ѝ. На масата остана таа, не сакаше да излезе, и јас и ...
И покрај тоа што има 40 години, Лука Модриќ игра импресивна сезона во дресот на Милан, па се поставува прашањето што понатаму. „Газета“ претпоставува дека Милан ќе биде последниот клуб за Модриќ, но нејасно е дали ја игра последната сезона. Се веруваше дека Модриќ би можел да ја заврши кариерата по настапот на Светското првенство. Во договорот меѓу Милан и Модриќ има опција за продолжување на уште една сезона, росонерите сакаат да ја ...
Орбан нагласи дека Унгарија останува дел од Западот, но додаде дека „го боли она што се случува во Западна Европа “. Тој беше особено критикуван од германските демохристијаниНè боли тоа што германската ЦСУ стана толку левичарска партија што соработката со нив стана невозможна. Денес нашето најсилно сидро кон западниот свет не е нашата сестринска партија во Германија, туку републиканците во САД, со кои соработуваме“, заклучи унгарскиот ...
„Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на административните постапки и овозможување секој граѓанин со изјава кај својот матичен лекар да се определи за потенцијален донор на органи по смртта. Ова е уште еден чекор во насока на подигнување на јавната свесност за значењето на ...
Како што најавија синоптичарите, утринската температура утре и в сабота наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен, повремено засилен, северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Од сабота се очекува да дува југоисточен ветер што в понеделник и вторник, долж Повардарието ќе достигнува брзина од 60 километри на час. Според најавеното, во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. ...
Од ТАВ Македонија денеска соопштија дека престижната награда се базира целосно на она што го кажуваат сегашните вработени за нивното искуство во работењето во компанијата. Сертификацијата доаѓа по темелна евалуација на политиките на компанијата и практиките на работното место, преку анкета на вработените. „Добивањето на овој сертификат по втор пат е особено значајно. Тоа не само што одразува кои сме, туку и како продолжуваме да растеме. ...
Шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје утре (петок) ќе работат само прва смена од 7:30 до 15:30 часот, а задутре (сабота) ќе работат од девет до 14 часот, соопшти денеска службата за информирање на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. „Понеделник е неработен ден. Со редовно работно време ќе се продолжи од 14 април, вторник“, се вели во информацијата. Шалтерите за наплата и ...
Како што информираше неговиот бранител, адвокат Бојан Манев, Видевски е хоспитализиран поради проблеми со бубрезите. „Лицето живее со еден бубрег кој му е дониран, континуирано не е лекувано во затворското одделение и затоа не може соодветно да се лекува, бидејќи има континуирана потреба од дијализа. Тој од август првпат е однесен на лекарски преглед на 17 март оваа година, каде што, според параметрите, неговиот креатинин — за кој нормалните ...
Паралелно додека биле членови на РК Радовиш, двајцата тајно основале нов ракометен клуб во градот. Откако раководството дознало за тоа, следувал логичен потег. „Ракометниот клуб Радовиш ја информира јавноста дека досегашниот тренер Спасе Георгиев и капитенот на екипата Здравко Постолов повеќе не се дел од клубот. Ваквата одлука е донесена поради нивното дејствување како основачи на нов ракометен клуб во градот, реализирано на начин што РК ...
Од уставно-судската анализа на овој предмет, соопштува Утавниот суд, произлегоа три клучни прашања: дали колективниот договор ја надминува законската делегација, дали воспоставува автономен платен систем без законска рамка и дали обезбедува јасни и објективни критериуми за утврдување на платите. Во оваа фаза од постапката Судот смета дека Колективниот договор не се движи во рамките на законското овластување. Не ја разработува законската норма ...
„Сѐ што е побарано од нас е завршено и сите докази ќе бидат јавно презентирани во текот на судската постапка“, изјави Станков. Родителите добија уверување дека се направени сите потребни токсиколошки анализи и дека сѐ било предадено во Обвинителството. „Директорот ни објасни дека не може тој да ни ги каже резултатите бидејќи според закон вештаците ќе треба да се изјаснат пред судот“, изјави по редбата Александар Наунов, претседател на ...
„Возљубени празникољупци, еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме празникот над празниците – Велигден! Исполнети со веселие, коешто извира од серадосниот восклик ‘Христос воскресе!’, ја исповедаме целата суштина и смислата на нашата вера, која, како што вели апостолот, ќе беше празна ако Христос не воскреснеше. По тагата од неговите страдања на Голгота, еве, ја примаме спасителната благодат од неговото воскресение и од ...
Со овој успех, тимот 25 пат е првак на земјава и 14 пат се закитува со националниот куп, со што уште еднаш е потврдена доминацијата на сите фронтови. Титулата во лигата е освоена со перфектен учинок (12 победи во 12 натпревари), што ја нагласува стабилноста и одржливиот квалитет на екипата во текот на целата сезона. Резултатите ја истакнуваат силата на тимот и континуитетот што „Макпетрол“ го гради со години во македонското куглање. Во ...
Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на авторски филм во Белград и благодарение на оваа награда, од 19 март до 9 април се прикажа во градовите низ регионот на поранешна Југославија, во Белград, Сараево, Херцег Нови, Љубљана, Загреб, Битола (Кино Манаки 19 и 21 март и Центар за култура 25 и 26 март), Охрид (ФИОФА 27 и 28 март) и ...
Фонтаната е целосно обновена, просторот е уреден, поставена е нова урбана опрема и модерно осветлување. „Ова е враќање на едно чувство, на едно место што обединува генерации, каде се раѓале првите љубови и каде секој чекор носи своја приказна и секој агол чува дел од нечија младост. Нека ‘Лотосов цвет’ повторно биде место за средби, за насмевки, за уживање и за нови спомени. Од денеска, ова катче повторно ќе живее, полно со луѓе, енергија и ...
Со овој стратешки чекор, АЛТА група јасно ги потврдува своите регионални амбиции и намерата да биде еден од клучните финансиски актери на пазарот на Западен Балкан. Со преземањето на ЗОИЛ Македонија АД Битола, АЛТА група воспоставува интегриран модел на финансиски услуги во кој банкарството, лизингот, електронските и платните сервиси, како и осигурувањето, се обединети во рамки на еден силен и доверлив систем. Оваа консолидација на клиентите ...