Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
„Почнуваме координирани активности за зајакнување на услугите за откажување од пушење на локално ниво. Целта на овие активности е поголема достапност на советувалиштата што ги имаме на локално ниво, се со цел откажување од пушење, зајакнување на системот за упатување како и континуирана поддршка на овие лица со посебен фокус на младата популација во нашата држава. Сакам да потсетам за уште една значајна новина која ја воведуваме а тоа е дека ...
„Многу скоро овде во Парламентот ќе имате можност да го гласате законот за правична застапеност, каде што процентите не се важни, туку квалитетот. Очекувам од вас поддршка. И познавам многу Албанци, многу, верувајте многу, дури можеби повеќе и од вас кои се мои пријатели семејни, другари блиски, кои не сакаат да се гледаат себе си низ проценти“, рече Мицкоски од собраниска говорница. Тој одговараше на прашање на пратеникот Скендер Реџепи од ...
Извршниот директор на програмата за база на Месечината, Карлос Гарсија-Галан, изјави во истото обраќање, како што пренесе Скај њуз, дека замислуваат комплекс со површина од „стотици квадратни километри“, со разни објекти и инсталации. Тоа е отприлика колку еден голем град. НАСА го подели проектот на фази, почнувајќи од првата фаза, за која вели дека „веќе започнала“. „Од сега па до 2029 година, ќе работиме на тоа слетувањето на површината на ...
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека во современиот свет влијанието на една држава не се мери само според нејзината големина, економска или воена моќ, туку и преку способноста да инспирира доверба, да создава идеи и да гради партнерства. Тој нагласи дека културната дипломатија има суштинска улога во враќањето на човечката димензија во меѓународните односи, особено во време кога светот е технички поврзан повеќе од кога било, ...
Настапот на македонската карате репрезентација на Европското првенство кое се одржа во Хамбург, Германија 20-24.05.2026, претставува сериозно разочарување и уште еден показател дека во националниот тим подолг период постојат системски слабости кои повеќе не можат да се игнорираат. Резултатите, организацијата и целокупниот впечаток од настапот оставаат впечаток на неподготвеност, недоволна стручност и отсуство на јасна спортска стратегија. ...
На паузата од денешното рочиште, Александар Наунов, татко на загинатата Надица, реагираше на изјавите на адвокатот Петре Шилегов, бранител на обвинетиот Шофкет Хазари, дадени на претходното рочиште, кога побара преиспитување на обвинителниот акт. „Навистина е неверојатно колку лесно денес некои адвокати бараат трагедијата со 63 загинати деца да се прогласи за несреќа. Несреќа е кога природата ќе удри без предупредување, но кога со години ...
„Сметаме дека оваа година проблемите во МВР не само што не се решија, туку и се наталожија. Како држава која е над европскиот просек по бројот на полицајци по глава на жител, сметаме дека перформансите кои ги покажува и министерот и полицијата се неприфатливи за едно демократско општество”, рече Апасиев. Тој посочи дека интерпелацијата е поделена во 17 точки, групирани во шест области, а меѓу главните обвинувања се саботирање на истраги и ...
Како што истакна Рисетски, преку 30 екипи од Државниот пазарен инспекторат се на терен, ги контролираат цените на увозниците, дистрибутерите, производителите и маркетите. Нема да се дозволи неекономско и непазарно однесување и печалење на грбот на граѓаните. „Видовте дека имаме капацитет да се справуваме со вакви кризи кои ги имавме овие две години. Имавме лошо економско владеење на претходната власт кое сега го трпи оваа Влада преку враќање ...
Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ одлучи да ја затвори поради недостаток на докази. Осомничени се 13 лица, меѓу кои бизнисмените Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и Ерџан Сулкоски, екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, и други, за злоупотреба на службената положба и перење на пари. „Затоа што знам некои докази коишто вие не ги ...
Времето утре и во сабота ќе биде стабилно и со пониски дневни температури. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од недела се очекува постепен пораст на температурите, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Времето утре и во сабота ќе биде стабилно и со пониски дневни температури. Ќе дува умерен до засилен ...
„Франција е меѓу водечките партнери на Бугарија во процесот на модернизација на бугарската армија. Наскоро ќе реализираме договори за снабдување со 3Д радари, за снабдување со нова генерација хаубици, како и вооружување за нашите модуларни повеќенаменски патролни бродови“. Ова го изјавил премиерот на Бугарија, Румен Радев пред средбата со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Радев ги истакнал заедничките ставови на двете ...
Првата приказна беше за тепачка меѓу Масимо Алегри и Златан Ибрахимовиќ која се случила во ресторан, тогаш директорот Игли Таре реагирал и ги одвоил двајцата спречувајќи уште посериозен инцидент. Сега, италијанските медиуми јавуваат за друга шокантна работа, уште почудна од првата. Најголемиот дел од раководните лица сакале Милан да загуби од Каљари во последниот меч од сезона и да не се пласираат во Лигата на шампионите. Тие тврдат дека кога ...
“На средбата разговаравме за прашања од исклучителна важност за македонската заедница во Албанија. Меѓу другото за унапредување на наставата по македонски јазик во Албанија, доквалификација на наставниот кадар и организирање екскурзии за децата од македонските општини” објави Симонофски. Исто така изразува благодарност за покажаното внимание и интерес на министерката, но и премиерот Христијан Мицкоски за грижата за Македонците во Албанија. ...
Како што се посочува во соопштението, по истекот на рокот, односно од 2 јуни 2026 година, сите непотврдени годишни даночни пријави ќе се сметаат за конечни, додека коригираните пријави ќе бидат предмет на одобрување од службено лице на Управата за јавни приходи. УЈП во законски утврдениот рок го заврши генерирањето на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2025 година. Генерирани се вкупно 862.896 даночни пријави, што е за 21.225 повеќе во ...
„Потрошувачката кошничка не е некој пандан на синдикалната минимална кошничка, едноставно ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика, туку и од сите други институции во државата – од маркетите, пазарите,… Ќе ни биде потребна кога имаме економски кризи или одредени економски политики, да ни дава насоки во креирање нови законски решенија, економски стратегии, одлуки“, истакна заменик министерот. Во врска ...
Според Националното здружение за мултипла склероза, иако медицината бележи напредок во третманот на болеста, лицата со МС и понатаму се соочуваат со бројни предизвици – од доцна дијагностика и ограничен пристап до терапија, до стигматизација во општеството. Во време кога сè поголем број луѓе се соочуваат со предизвиците што ги носи оваа болест, Здружението денес испрати порака за поддршка, информираност и поголема грижа за пациентите. ...
Како што соопштуваат од МВР, целта на кодексот е одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит. „Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории за подигнување лични документи, пасоши или други ...
Ова се случи неколку часа откако претседателот Доналд Трамп ги отфрли извештаите дека е блиску до компромисен договор со Техеран. Ескалацијата на непријателствата ги истакна заканите за кревкото примирје меѓу САД и Иран што стапи на сила на почетокот на април, намалувајќи ги надежите за мировен договор и повторно зголемувајќи ги цените на нафтата. Американски официјален претставник, кој зборуваше под услов да остане анонимен за воената ...
Градоначалникот Ѓорѓиевски на Фејсбук објави дека овој документ е важен чекор кон посилно позиционирање на Скопје како отворен, гостопримлив, културно жив и автентичен европски град. Со соработката се предвидува поголема видливост на културно-историските локалитети, подобрување на условите за посетителите и развој на нови културни содржини. „Унапредувањето на културата и туризмот во Скопје е наш приоритет. Скопје 2028 – Европска престолнина ...
Ново регионално истражување покажува дека младите во Македонија секојдневно користат вештачка интелигенција за учење, работа и инспирација, но довербата, човечноста и контактот во живо остануваат незаменливи. Истражувањето открива дека дури 72 проценти од младите користат вештачка интелигенција неколку пати неделно, најчесто за пребарување информации, учење, работа и креативни задачи. Сепак, и покрај широката употреба, само една третина од ...
„Ехо од длабочината” е поетичен, интерактивен ВР перформанс кој ја истражува кревката убавина на Охридското Езеро и еколошките предизвици со кои се соочува. Овој перформанс составен од два дела, најпрвин ги носи гледачите на патување низ езерото преку виртуелна реалност, а потоа преку интеракција со актерите ги соочува со фактите за еколошките закани со кои се соочува овој екосистем. Перформансот завршува така што на секој гледач му се дава ...
Како што соопштија од МЕПСО, со оваа заедничка теренска посета, Латифи и Колак го потврдија максималното институционално и професионално заложување за што побрзо завршување на проектот. „Станува збор за инвестиција што ја надминува класичната инфраструктурна димензија, создавајќи основа за поголема енергетска сигурност, посилна регионална поврзаност и подобро позиционирање на државата на идниот европски пазар на електрична енергија. Проектот ...
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска сезонава ја започна во Астон Вила, а ја заврши во Кристал Палас, па на крајот се закити и со трофејот во Лигата на Европа и со оној во Конференциската лига. Астон Вила славеше со 3-0 против Фрајбург во финалето од Лигата на Европа кое се играше во Истанбул, додека само неколку дена подоцна Кристал Палас го совлада Рајо Ваљекано со 1-0 во финалето од Конференциската лига во Лајпциг. Гесан во ...
„Руско-американската мировна иницијатива, за жал, застанува. Главната пречка за нејзино спроведување останува целосното отсуство на политичка волја за мир кај режимот во Киев и неговата постојана желба за ескалација“, изјави Шојгу на неформалниот состанок на секретарите на Советот за безбедност на ЗНД во рамките на Првиот меѓународен форум за безбедност, пренесува новинската агенција ТАСС. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во ...
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 21 до 30 степени. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно ...
Синоќешната победа на Кристал Палас против Рајо Ваљекано значеше и дека Англија ќе има девет екипи во Европа во новата сезона. Кристал Палас со тој триумф си обезбеди место во Лига Европа за следната сезона иако во Премиер лигата заврши на 15. место. Во Лигата на шампионите ќе играат пет екипи, Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Астон Вила. Во Лига Европа ќе настапуваат Борнмут, Сандерленд и Кристал Палас, а Брајтон ќе се ...
Овие седум лица беа членови на управниот одбор на здружението, кое беше судски признато. По судското признавање на здружението, беа покренати две тужби против неговото признавање. Првата од страна на јавниот обвинител на Лерин и здружението Панмакедоники – сојуз на македонската борба на Грција – Австралија, каде што се вмешаа и други лица (физички и правни). И втората од јавниот обвинител на Лерин и здружението Панхеленско здружение на ...
Куратор на програмата е филмологот советник во Кинотеката, вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, кој на отворањето ќе има воведен збор, а извадоци од есеистичкото творештво на Анте Поповски ќе интерпретира актерката Софија Гогова Врчаковска. Така, во среда на 3 јуни, на роденденот на поетот, во 19 ч. ќе бидат проектирани првиот македонски кандидат за „Оскар“, документарниот филм „Дае“ од 1979 г. на режисерот Столе Попов и играниот филм „Планината ...
Уште една успешна сезона за Кристал Палас која овојпат беше крунисана со трофејот во Конференциската лига. Херој во победата беше Матета кој рефлексно реагираше во 51. минута и ја смести топката во мрежата на Рајо за водство на Палас од 1-0, што на крајот беше и конечен резултат. Брзо по погодокот следуваа жестоки напади на Кристал Палас, во една акција дури трипати ја погодија стативата. Рајо остана во игра до крајот на мечот, но немаше ...
Функционерот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека американската војска, исто така, пресретнала и соборила повеќе ирански дронови кои претставувале слична закана. Американските воени напади, за кои претходно не беше објавено, се случиле за време на преговорите за ставање крај на тримесечната војна во која загинаа илјадници луѓе и се зголемија глобалните цени на енергијата. Американскиот претседател Доналд Трамп во средата го ...