Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Од СДСМ велат дека Името на Костеска-Здравеска не е непознато. „Таа се споменуваше во разговорите од ‘бомбите’, во комуникација меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, каде се договара нејзиниот избор. Нејзиниот сопруг исто така, дел од процесот за лустрација на Славко Јаневски. Еве вака почнува мандатот на новиот обвинител. По теркот на Никола Груевски, со договорени судии и обвинители од ‘тефтерчето’, кое граѓаните многу добро го ...
„Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон“, потенцира министерот. Муцунски изрази очекување дека Стратешкиот дијалог ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните. „Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки ...
За Diners Club, оваа одлука е природен чекор во нивната мисија да бидат поддршка во моментите кои навистина значат. Кога една институција како Драмски театар слави 80 години, тоа не е само празник за актерите, туку за целата заедница која со генерации растела со тие претстави. Посветеност на вистинските искуства Во свет каде сè почесто комуницираме преку екрани, Diners Club избира да ја поддржи живата уметност, онаа што се случува тука и ...
„Ќе ја уништиме нивната морнарица, ќе ја уништиме нивната авијација и значително ќе ги уништиме нивните ракетни лансери за никогаш повеќе да не можат да се кријат зад тие средства за да дојдат до нуклеарно оружје“, изјави Рубио. „Ги постигнуваме сите тие цели, пред рокот сме за повеќето од нив и можеме да ги постигнеме без никакви копнени сили, без никакви.“ Во врска со тоа зошто се испраќаат дополнителни војници на Блискиот Исток, тој рече ...
Ајсакман, кој положи заклетва на својата нова улога во агенцијата во декември, го објави ова на отворањето на еднодневен настан во седиштето на НАСА во Вашингтон, каде што ги истакна и промените кои ги воведува во водечката лунарна програма на агенцијата, Артемис. „Не би требало никого да изненади тоа што го сопираме проектот Порта во неговата сегашна форма и се фокусираме на инфраструктура која поддржува одржливи операции на површината на ...
Поддржувачите на забраната за изложување ја прикажуваат како уште еден чекор за намалување на изложеноста и заштита на младите. Критичарите, пак, тврдат дека нацртот веќе содржи силни ограничувања и дека додавањето целосна забрана претставува регулаторно „наслајување“ кое можеби нема да донесе значајни придобивки за јавното здравје, а ќе создаде нови последици во реалната економија. Пазар кој веќе се соочува со нелегална понуда Загриженоста ...
Сите видоа дека првиот жолт картон му беше покажен во 70. минута поради остар старт врз Фил Фоден. Вториот во 87. минута поради приговор. Но, немаше црвен картон. Коментаторите се чудеа зошто Уругваецот не е исклучен. Некои велат дека првиот жолт картон не бил за него иако снимката и телопот покажаа дека тој „пожолтел“. 🚨🏟️ Inter Miami announce they present Leo Messi Stand into their new Nu Stadium. “Messi is set to become part of a rare ...
Тоа значи дека утре вечер ќе спиеме еден час помалку, но ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне. Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината, и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето. Годинава, летното сметање на времето ќе трае до 25 октомври во 3 часот по полноќ ...
Како резултат на конфликтот на Блискиот Исток, можно е одредено ограничено влијание кај дел од дестинациите од домашните аеродроми, но засега не се очекуваат поголеми нарушувања во авиосообраќајот, велат за МИА од ТАВ Македонија. Оттаму информираат дека засега само Виз ер ја прекинува редовната авиолинија Скопје – Ларнака, од 13 април, и таа во иднина ќе биде сезонска во тек на летните месеци. Во пресрет на летниот ред на летање, од ТАВ велат ...
Од 27 до 29 март 32-то издание на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank го позиционира Скопје како активен учесник во глобалниот моден разговор. Домаќин на оваа пролетна енергија е Дајмонд мол, современ урбан простор што ја рефлектира токму таа трансформација: отворен, флексибилен, европски. Со поддршка на УНИ банка како генерален партнер, ова издание ја нагласува модата како економска и културна сила, индустрија што создава вредности, ја ...
Српскиот тенисер првпат по 2011 година нема да игра на Мастерс турнирот во Монте Карло. Ѓоковиќ оваа сезона последниот настап го имаше на Индијан Велс на почетокот на март и стигна до осминафиналето. Следуваше откажување на настапот на Мастерсот во Мајами, меѓутоа се очекуваше Ѓоковиќ да се подготви за сезоната на земјена подлога. Тоа ќе почека, па Ѓоковиќ подоцна од планираното ќе ги започне подготовките за вториот сезонски Грен слем турнир ...
Прашан за коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека очекува одговори за работата на Катица Јанева и СЈО, Савески во изјава за медиумите пред денешната седница на Советот на ЈО рече дека нема да коментира ничија изјава. Прашан што ќе направи во однос на гласините дека има предмети што се чуваат во фиока, Савески нагласи дека е само неколку дена на функцијата и дека за секоја одлука јавноста ќе биде навремено известена. „Дајте ...
На 24 март меѓу градовите Барман и Сирт било уапсено лицето Б.Х., јавуваат повеќе турски медиуми. Турската полиција во возилото на Б.Х., кој е претседател на македонски фудбалски клуб, открила злато со тежина од два килограми и 581 грам, кое е проценето на 300.000 евра. Златото било нелегално, полицијата уште го истражува случајот, а против лицето се поднесени судски постапки. Makedonya 1. Lig’de faaliyet gösteren bir spor kulübünün başkanı, ...
Војниците остануваат блиску до нафтената инфраструктура за да се заштитат, ставајќи го иранскиот режим пред исклучително тежок избор: да ги уништат сопствените нафтени постројки за да ги нападнат Американците или да се воздржат и да дозволат Вашингтон да ја преземе контролата врз економскиот ‘рбет на земјата. Такво сценарио би можело да се случи во наредните недели, додека Соединетите Американски Држави ја разгледуваат можноста за заземање на ...
„Со особена радост и топлина во срцето ја одбележавме прекрасната промоција на првенчето, книга поезија „Шепотот на грлицата“ од нашата сограѓанка Дара Димитровска. Настанот беше посветен на неодамнешниот Светски ден на поезијата, а истиот беше збогатен со инспиративното обраќање на промоторката Оливера Станковска, која со своите зборови ја доближи суштината и емоцијата на поезијата.Посебен шарм внесоа интерпретациите на стиховите од Марица ...
Стартот на трката е закажан во 10 часот на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот “Св.Пантелејмон” и назад со вкупна должина од 9,6 км. Покрај трката од 10километри, ќе се трча и штафетна трка. Оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 6 до 13 часот. Водител на настанот е Марко Новески, а за забавниот дел ќе се погрижи DJ Баже од Антена 5 радио. Организаторите ...
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет и дневни температури од 9 до 16 степени. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе ...
Тој порача дека Владата е посветена на директна комуникација со земјоделците, со цел креирање политики што ќе одговараат на нивните реални потреби и ќе обезбедат стабилен и конкурентен земјоделски сектор. „На средбите со сточарите, полјоделците и овоштарите разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат, но и за можностите за развој и унапредување на домашното производство. Гласот на земјоделците го слушаме, заедно да работиме за стабилен и ...
„Во Скопје, настанот ‘Меѓу два стиха – Ndërmjet dy vargjeve’ беше замислен како поетски дијалог меѓу јазиците. Секоја песна најпрво се читаше во оригинална верзија, а потоа се пренесуваше преку препев на друг јазик, овозможувајќи публиката да го почувствува значењето на стиховите и на двата јазика. Свои поезии читаа: Марија Велинова, Лира Бојку, Ивана Јовановска, Валдета Дулахи, Стефан Спасовски и Калприна Садики, додека модератори на ...
„И Министерството за здравство и Владата ги знаат институциите, дозволете институционално да го решиме ова. Не би смеел да ги кажам деталите на прес-конференција, бидејќи ќе загрозам систем што не треба да се загрози. Знаеме дека нашата работа може да се заврши за две недели отсега, но тие се процедурите и ќе треба други институции да ги процесираат“, рече тој. Алиу не ја исклучува можноста за кривична одговорност за ваквата пракса. Најави ...
На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, најголем дел од испитаниците немаат доверба во ниту еден од лидерите на политичките партии. Една четвртина од испитаниците (25,2%) најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски. 24 отсто од испитаниците, на прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, одговорија дека нивниот избор е ВМРО-ДПМНЕ. Втора партија е Вреди со 5,1 отсто доверба, па СДСМ о ...
Збратимувањето го официјализираа градоначалниците Пали Колефски и Александар Јовановски. „Збратимувањето помеѓу Општина Пустец и Општина Кичево претставува значаен чекор кон градење трајни мостови на соработка и пријателство, засновани на заедничка историја, заемна почит и искрена подготвеност за заеднички напредок, е заедничката оценка на првите луѓе на општините. Колефски и Јовановски констатирале дека оваа значајна средба претставува уште ...
Во вечерашното гостување на „Топ тема“, Муцунски напомена дека во моментов корисни за нашата држава би биле разговори и на билатерално ниво и заеднички, со сојузниците од земјите-челнки од европските институции за изнаоѓање решение за излез од ситуацијата, во која „заедно – губиме и ние, но губи и Бугарија, зашто Македонија не ги почнува преговорите“. Министерот не смета дека во овој момент трет протокол е излез од ситуацијата. Прво, нагласи, ...
Планот ја следи временска рамка која започнува со тоа што комитет на палестински технократи, поддржан од Соединетите Американски Држави, ја преземаат безбедносната контрола врз Газа, а завршува со целосно повлекување на израелските сили по „потврдување дека Газа е без оружје“. Разоружувањето на Хамас е главната пречка во преговорите за спроведување на планот на Трамп за Газа и консолидирање на октомвриското примирје што ја запре двегодишната ...
Само два месеци подоцна, сепак, Делхи и Москва ја продлабочуваат енергетската соработка, при што двете страни се согласиле да се подготват Русија повторно да започне директна продажба на течен природен гас за првпат од почетокот на војната во Украина, според две лица запознаени со прашањето. Доколку Индија одлучи да го следи договорот, кој носи ризик од прекршување на западните санкции, преговорите би можеле да бидат завршени за неколку ...
Од аспект на малите трговци во Северна Македонија, ваквата мерка носи значителни оперативни и финансиски предизвици. Малите семејни бизниси, кои се столб на локалната економија, ќе треба да инвестираат дополнителни ресурси за усогласување, без јасни докази дека тоа ќе доведе до намалување на побарувачката. Воедно, важно е да се нагласи дека тутунските производи не се достапни за самопослужување — нивната продажба е строго контролирана од ...
Сиљановска-Давкова укажа на кризата на демократијата во светот и Европа, како и на демократскиот дефицит на ЕУ, на сериозните безбедносни закани, како и на неодржливоста на исклученоста на државите од т.н. Западен Балкан од членството на ЕУ. Според неа, барањата на соседите со кои се соочуваме со децении отстапуваат од Копенхагенските критиериуми и не се во духот на конститутивните акти на ЕУ. Таа потсети на десeттината „да“ од страна на ...
Ѕвездан Георгиевски (1961) е автор на седум книги (публицистика, романи, раскази) и на десeтина преводи. Уредил повеќе зборници, алманаси и списанија. Тој е долгогодишен новинар, уредник и колумнист, а во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“. „Страв од чекорење“ се претставува како роман што го става времето во самиот центар на приказната, не само како околност, туку како физичка и суштинска категорија што ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Сите патни правци се проодни, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот. „Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни ...
Зборувајќи на седница на Рускиот совет за безбедност, Путин кажа дека Русија „никогаш не го отфрлила развојот на тие односи, како и нивното обновување“, според транскриптот кој го објави Кремљ. Путин повторно го наведе соборувањето на украинскиот претседател Виктор Јанукович по државниот удар во 2014 година како причина за раздорот. Рускиот претседател го истакна државниот удар поддржан од Соединетите Американски Држави и неколку европски ...