Мечот се одигра во прекрасна атмосфера на стадионот Кошево, но навивачите кои дојдоа да го проследат овој дуел не видоа голови. Сепак во една славеничка атмосфера Босанците беа испратени на Светско првенство. БиХ енергично го отвори натпреварот, во 4. минута Алајбеговиќ имаше шанса да донесе водство за домаќините, но неговиот удар со помош на еден од нашите дефанзивци заврши во пречката од голот на Димитриевски. Македонија првиот шут го имаше ...

Од денеска Ентони Гордон е фудбалер на Барселона, Њукасл за овој трансфер ќе добие околу 80 милиони евра. „Ентони Гордон стана фудбалер на Барселона. Англиското крило потпиша до 2031 година“, стои во соопштението на Барселона. His blaugrana chapter starts now. 📚💙❤️ pic.twitter.com/ZOL1WTPX9C — FC Barcelona (@FCBarcelona) May 29, 2026 Од денеска Ентони Гордон е фудбалер на Барселона, Њукасл за овој трансфер ќе добие околу 80 милиони евра. ...

Откако успешно ги мина задолжителните лекарски прегледи, Родригес стави потпис на едногодишен договор со „црвено-црните“, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Новата ѕвезда на тимот ќе го носи дресот со бројот седум. Се работи за фудбалер со импресивно резиме зад себе. Со екипата на Динамо Киев има настапувано во Лигата на шампиони, тој е и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Луксембург. Во интервју ...

Ова е пријателски меч, па двете страни се договориле да не се игра петти сет во случај на 2-2. Селекторот Јошко Миленковски им даде шанса на сите одбојкари кои ги повика за овие натпревари. Резултатот во сетови беше 2:2 (15:25, 25:16, 14:25, 25:18). Утре со почеток од 18 часот исто така во Подгорица, Македонија и Црна Гора ќе одиграат втор пријателски натпревар. Ова е пријателски меч, па двете страни се договориле да не се игра петти сет во ...

Синер водеше со 2-0 и имаше предност од 5-1 во третиот сет, сервираше за да го добие мечот. Но, тогаш му се случи неверојатен колапс. Почна да има грчеви, мачнини, да му се лоши, да има сериозни здравствени проблеми и почна да губи поени како од шега. Италијанецот побара медицински тајмаут, се повлече на неколку минути за да му биде укажана лекарска помош, се врати на теренот, но не можеше да се освежи, проблемите не поминаа. Серундоло лесно ...

Во интервју за Нова Македонија, Костадиновски се осврнува на улогата и предизвиците на Уставниот суд во изминатите 62 години, оценувајќи дека институцијата не ги оправдала целосно очекувањата. Тој посочува дека имало периоди кога Судот бил „прекумерно компромисен со политиката“, па дури и „наликувал на подрачна единица на Владата“, но и периоди на вистинска независност. „Одговорот на прашањето дали Уставниот суд успеал да ги оправда ...

Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со поддршка од УНИЦЕФ, претставува прв сеопфатен преглед на училишните нутритивни средини во земјата. Во неа се опфатени 40 основни и средни училишта, а учествувале околу 1.700 ученици. „Наодите укажуваат на слична состојба во сите училишни средини – кога и да побара детето храна на училиште, нездравата ...

Деканот на Правниот факултет, д-р Сашо Георгиевски ја отвори дискусијата нагласувајќи дека слободата и стабилноста зависат од активното учество на граѓаните во управувањето, истакнувајќи ја и важноста на академската соработка. Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, истакна дека Погребното слово останува релевантно и денес затоа што ја претставува демократијата како култура изградена врз граѓанска одговорност, ...

„Донесовме одлука со која се зголеми обемот на полупризводи и суровини кои ги користат производителите и извозниците во Македонија за да извезуваат. Претходно имавме усогласување 50-на отсто, сега имаме дополнително усогласување за нови 20 отсто, односно до 70 проценти. Со тоа ги правиме нашите извозници и домашни и странски инвеститори уште поконкурентни. Тоа е целта на ова усогласување“, потенцира Мицкоски, одговорајќи на новинарски ...

Од претпријатието информираат дека со редовно работно време ќе се продолжи од 30 мај 2026 година (сабота). Воедно, ги повикуваат граѓаните да ги користат електронските сервиси, кои овозможуваат побрз и поедноставен пристап до услугите на претпријатието. Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk. Од претпријатието информираат дека со редовно работно ...

Влен вели дека ова не е ниту прв, ниту последен пат Блерим Беџети и ДУИ да потфрлат во заштитата на интересите на Албанците. „Затоа, пред Блерим Беџети да зборува за правосудниот испит на албански јазик, треба да им објасни на Албанците зошто не го реши овој проблем во текот на 1058-те дена додека беше министер. Пред да ги обвинува другите, треба да објасни зошто прашање што самиот можел да го реши го оставил како заложник со години. На ...

Повикувајќи се на извори од Владата на Унгарија, порталот пишува дека Груевски, „еден од најдолго засолнетите бегалци на поранешниот унгарски премиер, Виктор Орбан ужива многу посилна правна заштита во Унгарија отколку полските бегалци (поранешниот полски министер за правда Збигњев Жобро, и неговиот поранешен заменик Марцин Романовски) што побегнаа таму“. Порталот пишува дека кога премиерот Петер Маѓар вети дека Унгарија повеќе нема да биде ...

Очекувано, капитен на „гаучосите“ ќе биде Лионел Меси, а во тимот се најдоа и останатите носители на играта како Емилијано Мартинез, Кристијан Ромеро, Родриго Де Пол, Енцо Фернандез, Алексис Мак Алистер, Лаутаро Мартинез и Хулијан Алварез. Скалони не изненади со големи промени, туку се одлучи за проверени сили со кои Аргентина ќе ја започне мисијата за одбрана на светската титула. Аргентинците ќе го отворат настапот во групната фаза против ...

М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит. „Ве известуваме дека информациите кои излегоа во јавноста за потешкотии во авиосообраќајот се целосно неточни и во целост ги отфрламе. Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација. Во М-НАВ сите критични системи се дуплицирани и не постои никаква опасност од ...

Од неформалните разговори со сопствениците, рече Мицкоски, дознал дека дополнително ќе се отвораат нови продажни места. „Така што на коридорот 10 во Македонија ова ќе претставува преубаво место каде што ќе можат сите оние туристи и патници кои ќе транзитираат низ нашата земја да застанат овде, да одморат, а зошто да не и да купуваат и да пазаруваат и да си поминат навистина прекрасно, бидејќи местото само по себе е прекрасно“, рече Мицкоски. ...

„Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран се дел од старата матрица на политичкиот спин, поттикната од необољшевиците што сега го водат СДСМ и се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии“, вели во интервју за Фокус, Димитриевски. Тој потенцира дека ЗНАМ останува стабилен политички субјект со сопствен интегритет, јасна визија и јасни црвени ...

„Не се чувствувам виновен ниту за првото, ниту за второто кривично дело со оглед на правната квалификација“, изјави Ристов пред судот. Обвинителката Искра Хаџи Василева, пак, тврди дека рече дека Ристов свесно презел дејствија спротивно на одговорноста на која го повикува судската тога. Обвинителството, како што беше кажано, ќе докажува дека Ристов како судија во Апелационен суд, дал лажни податоци за својата имотна состојба, а ќе се докажува ...

Македонија се соочува со тивка, но длабока социјална и економска криза – кризата на грижата. Додека населението старее, наталитетот опаѓа, а младите масовно се иселуваат, системот за грижа за деца, стари лица и лица со попреченост останува недоволно развиен, фрагментиран и во голема мера потпрен врз неплатената работа во семејството. Најголемиот товар, покажува новата студија „Трансформирање на системите за грижа во Македонија“, и понатаму го ...

„Преспа нè обединува не само географски, туку и преку историјата, културата и одговорноста што ја имаме да го зачуваме ова уникатно богатство. Регионалната соработка останува клучна за градење побезбедна и поразвиена иднина за целиот наш регион“, нагласува тој. Изразувајќи задоволство од учества на „Вториот форум за развој на Преспа“, важен прекуграничен форум што се одржал во Претор, Македонија, каде што претставници од Албанија, Грција и ...

Филмот ја раскажува приказната за Варава, одметнатата ќерка која се враќа во својот мал роден град поради самоубиството на нејзината мајка, но се чини дека и нејзината мајка се вратила од задгробниот живот за да ја научи на некои лекции. Во главните улоги се јавуваат Јулиа Марковска Фалзон и Зоја Николова за кои ова е прво филмско искуство, како и Стефан Вујисиќ и Ана Костовска од Македонија, и Ника Розман од Словенија. Директор на ...

Одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со евроинтегративниот процес и надворешната политика, министерот Муцунски потенцираше дека Владата води аргументиран и принципиелен пристап во комуникацијата со меѓународните партнери, притоа нагласувајќи дека „нема повеќе отстапки и попустливост што не вродуваат со резултати“. Во таа насока, тој посочи дека барањето за дополнителни гаранции во однос на европскиот пат на државата е разумна и ...

Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање потврди присуство на претстојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, каде очекува да слушне повеќе за овие концепти и идеи. „Тие размислувања и идеи ги слушаме веќе подолго време, не би можел да збороувам ништо додека не стане официјално. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните уште на состанокот на Берлинскиот процес во Лондон минатата година и јас тоа го коментирав тогаш дека ...

Како што информира Државниот завод за статситика, бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 отсто. Од вкупниот број вработени, 57,9 отсто се мажи, а 42,1 проценти се жени. Учеството на неформалната вработеност во првото тримесечје од 2026 година се зголемува. Неформално вработени лица се 94.197, што е за 4,3 отсто повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 43,6 отсто има во секторот земјоделство, ...

На широкиот работен состанок во Солун со учество на претставници на надлежните институции, безбедносните служби и локалните власти, Гулекас нагласил дека континуирано се зголемува туристичкиот и трговскиот сообраќај кон Грција, а „со европската директива за проверка на биометриските податоци на секое лице што влегува или излегува од земјата се создаваат дополнителни доцнења за време на неопходните полициски контроли“, јави допсиничката на МИА ...

Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 6,7 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети. Во истиот период, цените на услугите во секторот информации и комуникации бележат пораст од 4,2 проценти во одделот телекомуникации. Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 6,7 проценти, додека кај поштенските и курирските ...

Според податоците, во 2025 година биле лекувани 194.230 пациенти, што е зголемување од 5,1 отсто во однос на 2023 година. Во истиот период, вкупниот болнички буџет пораснал за 24 отсто, достигнувајќи 32,5 милијарди денари. „Просечното болничко лекување траело малку под 5 дена, го чинело здравствениот систем околу 32 милијарди денари, а просечната сложеност на интервенциите изнесувала 1,55“, рече Клековски. Најголем раст на болнички случаи има ...

На отварањето на изложбата „Mind(e)scapes“ на Асоцијацијата за култура ИКОН, се обрати директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, која нагласувајќи ја улогата на уметноста како средство за комуникација, интроспекција и општествена рефлексија ја истакна важноста од претставувањето на современата македонска уметност пред меѓународната публика. Како што соопшти македонскиот КИЦ во Загреб, Ѓоргоска Илиевска посочи дека ...

Венс изјави пред новинарите во Заедничката база Ендрјус дека преговарачите „постигнале голем напредок“, но дека за некои точки, вклучувајќи ги и можните ограничувања на иранската нуклеарна програма, сè уште се разговара. JD Vance on Iran: If you look at what we’ve already accomplished here, assuming that we’re able to get to a final agreement, we’re reopening the Straits of Hormuz. We’ve already decimated their conventional military, and ...

Од МРФ информираат дека оваа активност е продолжение на напорите за збогатување и заштита на рибниот фонд во водите на Националниот парк (НП) Маврово и создавање подобри услови за развој на спортскиот риболов и зачувување на природниот баланс на езерото. На почетокот на мај, во езерото беа пуштени два тони крап со што значајно се подбри рибниот фонд во езерото. „Македонската риболовна федерација го реализираше второто фазно порибување на ...

Според иницијативата, најверојатно се подготвува и уривање на објектот, изграден 1927 година, пред безмалку 100 години. „Како што може да се забележи на снимката, нема никаква заштита нити ознаки околу багерот, иако се работи веднаш до влез на основно училиште. Дури и пешаци поминуваат до багерот кој го уништува зеленилото. Според оператерот на машината, се чистел теренот за да се започне изградба на станбен објект. Потсетуваме дека на нашите ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.65
29%
1012
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.13
42%
1013
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.77
40%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.63
39%
1014
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
4.0
34%
1013
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
2.49
65%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
3.13
47%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.44
51%
1013
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
0.78
42%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 26ᴼ
3.13
45%
1014
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
0.45
30%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.93
75%
1014
Currency

61.53

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.28

Паладиум

43274.90

Платина

56231.66

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Калај

56.26

Бакар

13.27

Родиум

278103.96

Злато

139395.99

Сребро

2050.96