Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Лионел Меси стана најдобар стрелец на мундијалите со двата погодоци кои ги постигна против Австрија, но покрај историскиот рекорд кој го собори на Мирослав Клосе, аргентинскиот капитен во неверојатниот меч поставил уште три импресивни достигнувања. Гинисовата книга на рекорди не остана рамнодушна на фудбалскиот мастерклас кој го имаше Меси против Австрија, без оглед на тоа што Лео натпреварот го стартуваше со промашен пенал. Меси самиот ...
Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да создава нови добитници и незаборавни моменти за своите играчи. Во периодот од 1 до 31 мај 2026 година, на играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија им беа исплатени вкупно 57.146.863 денари преку ВЛТ џекпот добивки. Овие бројки претставуваат илјадници причини за насмевка и десетици нови среќни приказни низ целата држава. Во текот на мај беа реализирани: • 4 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добивки, со ...
Од АВРМ информираат дека процесот на селекција ќе се реализира во неколку фази, а целта е да бидат поддржани најдобрите бизнис-идеи и бизнис-планови. Висината на финансиската поддршка во форма на грант изнесува 7.000 евра за лица постари од 29 години, додека за младите до 29-годишна возраст е предвидена поддршка од 10.000 евра. Дополнително, доколку корисниците се здружат и формираат друштво со ограничена одговорност (ДОО), финансиската ...
Грција ветува парични и материјални награди за ловците, професионалци или аматери, кои ќе помогнат во ловењето на отровната „зајачка риба“. Појавата на оваа риба летово ги крена алармите кај јужниот сосед. Лагоцефалусот им прави големи штети на рибарите поради своите големи заби, налик на зајачки, со кои ги кине и најсилните најлонски мрежи и рибарска опрема за да дојде до пленот. Надлежните власти и рибарските здруженија упатија јавен повик ...
Во услови на повеќенеделни протести низ Албанија, премиерот Еди Рама упати критики кон организаторите на синоќешните демонстрации во Тирана, обвинувајќи ги дека на протестот донеле учесници од Приштина и Тетово. Рама ги нарече учесниците „жртви на политички каравани“ и нагласи дека Албанците од Македонија и Косово не можат да се сметаат за албанска дијаспора. „Албанците од Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со ...
Панатинаикос го направи најголемото засилување за следната сезона. Атинскиот гигант ја врати својата тимска икона на клупата. Од денес официјално старо-нов тренер на “детелинките” е легендарниот Жељко Обрадович. Српскиот стратег доаѓа на местото на Ергин Атаман, со цел да ја врати доминацијата на атинскиот клуб во европската кошарка, потпирајќи се на историската соработка со сопственикот Димитрис Јанакопулос. По цели 13 години, Обрадович ...
Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“. Го привеле Б.С.(30) од Република Србија бидејќи со возило „Порше“ возел . – При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека ...
САД и Иран електронски потпишаа договор за крај на војната и повторно отворање на Ормутскиот теснец, со што започнуваат преговори за иднината на нуклеарната програма и конечен договор меѓу двете земји. Соединетите Американски Држави и Иран електронски потпишаа меморандум за разбирање кој предвидува крај на војната и повторно отворање на Ормутскиот теснец, а договорот веќе стапил во сила, потврдија двајца американски претставници. Според ...
Не блокираат во ЕУ, ќе ни ги блокираат и границите. Ова доаѓа откако бугарското Министерство за внатрешни работи дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини на 21 Јуни. Блокадата, која ќе трае 2 часа, е организирана од антимакедонската бугарска Фондација „Македонија“, на ултра-националистот Виктор Стојанов, другарче на Рубин Земон од СДС. Во најавата за блокадата на Деве Баир, Делчево и Ново Село се вели дека протестот е ...
Поднесена е кривична пријава за опожарувањето на две дипломатски возила во Скопје, сопственост на Амбасадата на Република Бугарија. Случајот е расчистен од СВР Скопје, а осомничениот е идентификуван и признал вина. Во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“, извршено на 15.06.2026 година, кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, СВР Скопје во целост го расчисти ...
Нова инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“ во ТИРЗ Тетово, која се очекува да отвори речиси 500 работни места – објавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што рекоа Мицкоски и Дурмиши на прес-конференцијата во Владата, инвестицијата вредна 20 милиони евра е уште една потврда за атрактивноста на Македонија како дестинација за странските вложувачи, но и за довербата што тие ја имаат ...
Во инцидент на воздухопловната база Едвардс во Калифорнија, осум членови на екипажот на американскиот бомбардер Б-52 загинаа при падот на авионот кратко по полетувањето. Причините за несреќата сè уште не се утврдени, а во тек се истраги. Осум лица, вклучувајќи двајца вработени во Боинг, загинаа кога бомбардер Б-52 на американските воздухопловни сили се урна кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во Јужна Калифорнија. Несреќата ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе објави нова инвестиција од компанијата „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места. Мултинационалната корпорација „Џаво Отомотив“ работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили. Освен во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по постигнатиот договор меѓу САД и Иран и падот на цените на нафтата на светските берзи, очекува во моментот цените на бензините да се движат во рамките на половина денар или исти за дизел-горивата и околу денар и пол до два денари зголемување кај бензините, при што тука треба да се има предвид дека сегашната одлука Регулаторната комисија за енергетика се базира на движењата од минатата недела, ...
Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки меѓу САД и Иран кој вклучува прекин на огнот, укинување на санкциите и план за реконструкција на Иран. Преговорите продолжуваат со главна цел укинување на сите санкции. Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го потврди. Според полуофицијалната новинска агенција Мехр, договорот вклучува траен прекин на огнот на сите фронтови, ...
Британскиот премиер Кир Стармер денес објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забрането да користат сите поголеми апликации на социјалните медиуми. „Водењето земја е секогаш прашање на избор и ми е јасно дека целосната забрана е вистинската“, изјави Стармер на прес-конференција, објави Скај њуз . Стармер истакна дека социјалните медиуми ги прават децата несреќни, отвораат простор за вознемирување и злоупотреба и го оштетуваат нивното ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на свечено отворање на фабриката „Брејнчајлд“ во индустриска зона Жабени, Општина Битола. Свеченото отворање е закажано за 11:00 часот, а како што информираат од владиниот Сектор за односи со јавноста, во 12:15 часот е предвидено изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Во индустриската зона „Жабени“ во Битола ќе биде отворен производен капацитет на компанијата „Брејнчајлд Производство“ ...
Њу Јорк Никс е нов NBA шампион. После цели 53 години, Никси го освојуват шампионскиот пехар. По четвртата победа над Сан Антонио Спарс (94:90) во петтиот натпревар од финалето сo конечни 4-1 го заокружија ова волшебно првенство. За Њу Јорк ова е прва титула од 1973 година. Херој на победата беше неверојатниот Џејлен Брансон со 45 постигнати поени. Никси влегоа во натпреварот со слаб шут а Спарси со одличната одбрана на Виктор Вембањама, ...
Доктор Андон Чибишев на ФБ-статус истакна загриженост поради информацијата дека во парк во Скопје е пронајдена расфрлана салама со бела прашкаста материја. Од институтот за судска медицина и криминалистика е докажано дека се работи за пестицидот МЕТОМИЛ или во пракса познат како ЛАНАТЕ. Докторот оценува дека овој опасен отров може да доведе до страшна трагедија доколку дојде во контакт со човекот: „Силно ме вознемири и загржи веста која ја ...
Општина Касандра воведе привремена забрана за капење на локацијата “Акротири“, во населбата Пефкохори поради истекување на канализација предизвикано од пукање на цевковод. View Post Како што пренесе Прототема, општинските служби веднаш реагирале и почнале со санација, а истекувањето набрзо било запрено, по што биле спроведени активности за чистење и дезинфекција на подрачјето. Надлежните служби, вклучувајќи ја и дирекцијата за јавно здравје и ...
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Сарај, Карпош, Гази Баба, Аеродром и Сопиште, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Партизански Пат“ во Општина Кисела Вода. Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од селата ...
Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека ги откажал воените напади против Иран само неколку часа откако се закани со нови бомбардирања и изрази намера за преземање контрола врз островот Харг, главниот центар на иранската нафтена инфраструктура, пренесува Ројтерс. Американскиот претседател појасни дека одлуката за запирање на воената акција уследила по добиените гаранции од Техеран дека преговорите се подигнати на највисоко рамниште. ...
Реал Мадрид би можел да донесе големо засилување за следната натпреварувачка сезона. Според најновите информации, “кралскиот клуб” е во напредни преговори да го ангажира 31-годишниот играч од средниот ред, Бернардо Силва. Откако португалскиот репрезентативец објави дека го напушта Манчестер Сити на крајот од сезоната, веднаш еден од најдобрите играчи во последната декада почна да се поврзува со можен трансфер во нов голем европски клуб. ...
Кошаркарите на Њујорк Никс издвојуваа драматична победа над Сан Антонио Спарс од 107:106 во четвртиот меч од финалната серија во NBA. До трофејот ги дели само уште еден триумф. Домаќините беа комплетно надиграни во првиот дел, на стартот на второто полувреме губеа и со 29 разлика (52:81), но тука започна неверојатниот кам-бек за кој уште долго ќе се зборува особено ако Никси го освојат трофејот во најсилната кошаркарска лига на светот што ќе ...
Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер кој учествува на Светското првенство 2026, објави „Форбс“. Четириесет и едногодишниот португалски фудбалер e сеуште на врвот. Годишниот приход изнесува 300 милиони долари, од кои 235 милиони долари доаѓаат од плата на теренот и бонуси, а 65 милиони долари од заработка надвор од теренот. Второто место му припаѓа на 38-годишниот Аргентинец Лионел Меси, со 140 милиони долари (поделено од 70 милиони ...
Џесика Алба прослави важен ден во животот на нејзината најстара ќерка Онор, која наполни 18 години. Познатата актерка ѝ посвети емотивна објава на Инстаграм, а во видео се потсети на нивните заеднички моменти. Поздравот беше придружен со бројни фотографии и видеа од растењето на Онор. 45-годишната ѕвезда ја избра песната на Битлси „Blackbird“ за музичкото видео. Во долга и емотивна порака, Алба напиша колку ја сака својата ќерка и колку е ...
Триесет и четиригодишен скопјанец е приведен откако физички нападнал полициски службеник на подрачјето на општина Аеродром. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 9 јуни околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С. (34) од Скопје. Тој претходно агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, при што им упатувал закани. Ситуацијата дополнително ...
Во Белфаст синоќа еруптираше гневот поради бранот свирепи напади од омраза врз британски граѓани. Само една недела откако во Саутемптон студентот Хенри Новак беше избоден до смрт, имигрант од Судан среде улица во Белфаст се обиде да му ја отсече главата на случаен минувач. Откако се прошири снимката на ѕверскиот напад, разгневени толпи палеле домови на мигранти. Во понеделникот вечер тој вооружен со долг кујнски нож без јасна причина на улица ...
Кит Харингтон и Софи Тарнер, кои пораснаа заедно на снимањето на „Игра на тронови“, играјќи ликови за кои со години се веруваше дека се брат и сестра, се соединија пред камерите. Овојпат нивните ликови се во сосема поинаква врска бидејќи во новиот хорор филм „The Dreadful“ тие играат љубовници. Кит Харингтон призна дека снимањето интимни сцени со Софи Тарнер му било малку непријатно и дека целото искуство му изгледало „чудно“ и „одвратно“. ...
Се’ уште е непознато која земја-членка на ЕУ го осуети бугарскиот обид за кражба и присвојување на кирилицата, откако Софија планираше издавање на бугарска комеморативна монета од 2 евра, посветена на „бугарската“ азбука. Вчера таа ее блокирана по приговор од неименувана земја членка на еврозоната. Бугарија го поднела фалсификат-дизајнот за формално одобрување во Советот на ЕУ на 19 мај 2026 година. Според документите што се појавија во ...