Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Армискиот воздухопловен ВИНГ вчера беше ангажиран во поддршка на акцијата за гаснење на шумски пожар во реонот на Јасен. -Интервенцијата започна во 06:30 часот наутро, по добиеното официјално известување и завршена координација со надлежните институции. Во текот на тричасовната интервенција, беа реализирани повеќе летови со вкупно 26 исфрлања и истурени 52 тона вода врз критичните жаришта на пожарот, известуваат од АРМ. Во акцијата беа вклучени ...
Сигурно сте забележале дека во последната година Државна лотарија општествената одговорност ја потврдува како срцевина на своето дејствување. Низ историјата во Европа и светот лотариите што се управувани од државата се основани со цел поддршка на заедницата. Тоа е и мисијата на Државна лотарија − преку одговорно приредување игри на среќа, за граѓаните на територија на Република Северна Македонија, да инвестира во поддршка на општеството и ...
Оваа кремаста и ароматична супа од свежи домати со босилек е идеален летен оброк – лесна, здрава и полна со вкус. Совршена е како предјадење или лесна вечера, особено кога се служи со крцкав тост или домашен леб. Состојки (за 4 лица): 1 кг свежи домати 1 лажица маслиново масло ½ главица кромид 4 чешниња лук 500 мл зеленчуков бујон 1–2 лажички паста од босилек 1 лажичка мед ½ лажичка димена црвена пипер сол и мелен црн бибер по вкус Подготовка: ...
Во раните утрински часови екипи од Управата за финансиска полиција упаднале на неколку локации во општина Липково, Куманово и Желино, каде во моментот се вршат претреси. Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група која, според првичните сознанија, се сомничи за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама, перење пари и други кривични дела поврзани со финансиски криминал. Неофицијалните ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски, по денешното отворање на понудите од тендерот за нов мобилен оператор, а на кој единствен понудувач е „ОНЕ Македонија телекомуникации“, порача дека конкуренцијата е здрава работа и оти очекува пониски цени во мобилната телефонија. -Апсолутно, конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција. Јас во една прилика кажав, дали ќе влезе или не трет мобилен оператор во државава, еве ...
Голем пожар претпладнево зафати објект во населбата Карпош 4 во Скопје. Од местото на пожарот се издигаат густи облаци црн чад што се гледаат од повеќе делови на градот. Екипите на пожарникарската служба се на терен и моментално работат на изгаснување на огнот, а властите апелираат граѓаните да се воздржат од приближување кон местото на настанот поради опасност од ширење на пожарот и чад. Видео од местото ја прикажува разгорената огнена стихија ...
Автобус со 38 српски туристи бил каменуван синоќа на автопатот Егнација, во Солун. Според полицискиот извештај, инцидентот го предизвикале четири лица, најверојатно малолетници, пишува Прототема. Во нападот врз автобусот, во кој се превезувале српски туристи кои се враќале од одмор, неколку прозорци биле скршени со камења. Двајца патници и еден од возачите се здобија со полесни повреди, објавува Катимерини. Полицијата приведе две лица во врска ...
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам. Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – Анталија. Веднаш по приемот на заканата од ...
Архитектонска и енергетска надградба на постоечките објекти и инфраструктура, сообраќајна надградба на патната мрежа преку прераспоредување на активностите, како и обезбедување на потребните услови за значително подобрување на услугите за пасошката, царинската, фитосанитарната и ветеринарната контрола, предвидува проектот „Надградба на граничниот премин Евзони – Килкис“ на Министерството за внатрешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од ...
Во текот на изминатото деноноќие, на територија на државава, имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Прилеп и на Маврово и Ростуше. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Беловодица, место викано „Ливада“, гори букова шума. На територија на село Церово горат нискостеблеста дабова шума ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова хала на компанијата „Амфенол“ во Општина Кочани. -Ве известуваме дека денес 20.08.2025 година (среда) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова хала на компанијата „Амфенол“ во Општина Кочани. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, информираат од прес службата на владата. ...
Владата од наследените осум активни арбитражни постапки, со одговорен и ефикасен однос успешно заврши три во полза на Македонија со што е направена заштеда на буџетот од 516 милиони евра, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева. Покрај за добиениот арбитражен спор со дел од инвеститорите од рудникот „Казандол“ во Валандово со што се заштедени 115 милони евра, за кој Владата соопшти вчера, Митева на прес-конференција посочи дека ...
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ одлучи да ги одржува летовите помеѓу Франкфурт и Скопје во текот на целата зимска сезона, иако со значително намален распоред, објави порталот „Екс ју авијација“. Авиокомпанијата во мај годинава одлучи да ги суспендира летовите од 1 февруари до 28 март 2026 година, за време на зимскиот распоред 2025/26, кој трае од 26 октомври до 28 март. Сепак, според објавата, оваа недела „Луфтханза“ ги ревидирала своите ...
Вчера во 06:00 часот во село Казандол, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово и Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода 39-годишниот Е.А. од село Казандол. При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд Гевгелија, биле пронајдени и одземени 11 стебла од растението Канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од 7,9 мм, една рачна бомба постар модел, една торба и ...
На археолошкиот локалитет Скупи денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Германскиот археолошки институт, претставуван од Римско-германската комисија. Министерот за култура изрази задоволство од воспоставената соработка, нагласувајќи ја нејзината стратешка важност. -Археологијата е значаен сегмент од културно-историскиот мозаик на нашата земја и претставува непроценливо наследство за идните генерации. Ние ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „Сумите од по 200 илјади евра од Еразмус +, како од шала, се делеле на лица блиски од СДС. Покрај Фрчкоски, судијата Лазар Нанев, во времето на Лидија Димова и Зоран Заев, со 205 илјади евра, пари од агенцијата, се офајдил и брат на пратеник од редовите на СДС. Станува збор за братот на тогашниот пратеник од СДС, Диме Велковски. На него, Заев и Димова преку Еразмус+ му доделиле грантови финансиски средства за два ...
Видеолотарија Касинос Австрија и оваа среда ќе биде дел од навивачите кои ќе ја бодрат машката кошаркарска сениорска репрезентација на Македонија во претквалификациите за Светскиот Куп 2027. На 20 август – со почеток во 19:00 часот, во СРЦ „Кале“, машката сениорска репрезентација на Македонија го игра последниот натпревар од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар, овојпат против репрезентацијата на Унгарија. Со овој меч, ...
Премиерот Христијан Мицкоски, по повод Денот на Армијата – 18 Август, порача дека нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина. -Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога ја чествуваме една од најважните институции на државата. Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжение на илинденската и асномската идеја, идејата за независна и слободна Македонија. Нашите ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави „јасна и разбирлива позиција“ на американскиот претседател Доналд Трамп на неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин. Тој кратко разговараше со новинарите во четвртокот по пристигнувањето во хотел во Анкориџ, облечен во џемпер со натпис „CCCP“. Лавров истакна дека многу е постигнато за време на неодамнешната посета на американскиот специјален ...
Осумнаесетгодишен државјанин на Северна Македонија Андреј Танасковски минатата недела се обидел да го убие Марко Љубиша, со прекар Кан (56), од Будва, соопшти Полициската управа. Тие истакнуваат дека нивните службеници, во соработка и координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица, „по преземање на сеопфатни истражни и полициско-обвинителски мерки и дејствија, обезбедија докази и го расветлија кривичното дело обид за убиство извршено ...
Компанијата Kneipp повлекува неколку серии од својот популарен гел за туширање Aroma-Pflegedusche Lebensfreude откако бактеријата Burkholderia cepacia беше откриена во некои од производите. Сериите означени со 2506917, 2506918 и 2506919 се засегнати, а ознаката на серијата се наоѓа на горниот дел од пакувањето. Станува збор за гел за туширање од 200 мл, со EAN код 4008233114781. Бактеријата е откриена за време на рутинска контрола на квалитетот. ...
Во текот на изминатите два дена (13./14.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1455 издадени платни налози дури 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Од МВР информираат дека истовремено 20 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека ...
Во касарна „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе бидат презентирани нови 29 лесни оклопни возила JLTV од Соединетите Американски Држави. Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, како што е најавено, ќе ги посетат припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и ќе присуствуваат на презентацијата на новите возила. ...
Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. -Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ...
Играта лото не е само игра на среќа – тaа е дел од семејни традиции, лични приказни, но и симболички ритуали преку коишто на датумите од родендените и позначајните семејни настани им даваме дополнителна вредност, впишувајќи ги како среќни броеви што, можеби, ќе ни донесат и добивка. Најчесто комбинациите се состојат од значајни датуми, родендени на најблиските, годишнини, броеви што носат лична и семејна симболика. Секоја лото-комбинација носи ...
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарјќи на новинарско прашање во однос на намалените царини од страна на САД за Македонија од 30% на 15% денеска изјави дека пеговорите за намалување на царините продолжуват во втората половина од месец август откако ќе завршат летните распусти, при што очекува намалување на истите под 15%. -Од она што го видовте од кабинетот на претседателот Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор ...
Пејачот Џастин Тимберлејк откри дека му е дијагностицирана сериозна болест. Имено, лекарите му дијагностицираа на Џастин Лајмска болест. – Меѓу другото, се мачев со некои здравствени проблеми, а ми е дијагностицирана и Лајмска болест – што не го велам за да ви биде жал за мене – туку за да фрлам малку светлина врз она со што се справував зад сцената – напиша Тимберлејк на Инстаграм. – Ако сте ја доживеале оваа болест или познавате некого што ја ...
Црнила и пепел оставија огнените јазици на планината Готен. Две недели околу 3.000 пожарникари, вработени во ЈП „Национални шуми“, доброволци пожарникари, припадници и пилоти на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и населението на општините Василево, Радовиш и Берово го гаснат пожарот на планината. Во интервју за МИА, заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, ...
Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата до 06:30 часот активни се три пожари и еден е под контрола. Изгаснати се 24 пожари од вкупно 28 регистрирани пожари. Активен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово каде од вчера, покрај екипи од државава, дејствуваа и чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ и словенечки пожарникари. Според информациите на ЦУК, активни се и пожарите меѓу ...
Отвораме уште пет нови авиолинии, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Утрово го потпишавме Договорот за петте нови авиолинии кои ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани од Македонија, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот: “Утрово потпишавме Договор за 5 нови ...