Министерот за правда, Игор Филков, заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ( УПОЗ) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ ) го потпишаа Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%. Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази: 7% ...

Во основното училиште „Кузман Јосифовски -Питу“ во општина Кисела Вода се гради нова училишна спортска сала, која треба да биде завршена до почетокот на новата учебна година. Станува збор за објект со површина од 650 квадратни метри, а инвестицијата се реализира со буџетски средства во износ од 32 милиони денари. Увид во градежните работи денес извршија министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалничката Бети Стаменкоска ...

Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во бруто износ од 2.470 денари, соопшти МВР. „Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2.470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026“, соопшти МВР. Од таму додаваат дека во наредниот период, со имплементација на ...

На паркинг во селото Ростуше, во околината на Дебар, синоќа е снимена мечка. На видеото се гледа како мечката се движи на паркингот, додека неколку кучиња лаат. Во Македонија мечката е заштитен вид, а најмногу ја има во западните и југозападните шумски подрачја. Текстот (Видео) Мечка снимена на паркинг во Ростуше е превземен од МАКФАКС. На паркинг во селото Ростуше, во околината на Дебар, синоќа е снимена мечка. На видеото се гледа како ...

Што кажа денеска ВМРО-ОКГ? Дека „Филипче ја уништувал СДСМ по насоки на Заев“. Лудилото нема крај, велат од опозициската СДСМ. „Дубаи, зграда од 42 спрата, Харис Џиновиќ, Венеција, Дубаи, Сент Мориц, Башановиќ, Африка, еден тон црни кампањи и јавен линч врз претседателот Филипче. Измислени афери, др Жан, Катица, Боки 13, штанцање негативни објави на 40% од медиумите на Орбан. Платформа на ВМРО за рушење на СДСМ од внатре со поединци како ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот Милатовиќ престојува во официјална посета на земјава. Во текот на следните два дена, Милатовиќ ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв, насочени кон зајакнување на соработката, со фокус на ...

„Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и по блокадата на Ормутскиот Теснец, коишто ги зголемија светските ризици, создавајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка е фокусирана особено на меѓународните и на домашните економски движења и е подготвена за соодветно реагирање“. Ова ...

Општина Центар објави Јавен повик за реализација на предучилишен музички настан „Детски фестивал Детелинка“. „Ова е прв ваков фестивал кој има за цел да поттикне љубов кон музиката кај најмладите во градинките, да открие нови афинитети и таленти и да ја афирмира креативноста на воспитниот и стручниот кадар преку јавна промоција на автентични детски песни создадени од вработените во установите“, порача градоначалникот на Општина Центар, ...

„Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски наместо да најавува нова зона во Ново Лисиче најавена уште пред 4 години од Тимчо Муцунски и Данела Арсовска, нека го одложи стартот на зоната во Реонски Центар со цел да ги воведе и двете зони истовремено. Тоа е барањето на граѓаните“, велат од СДСМ Аеродром. „Го потсетуваме Орце Ѓорѓиевски дека неговиот колега Дејан Митески уште во јули минатата година изјави дека Општина Аеродром изготвила проект и дека ...

„Мицкоски ги продава македонските национални интереси – а кај Орбан отиде за да договара враќање на Никола Груевски и уривање на правниот систем. Му ги исполни сите ветувања, му се оддолжи на Орбан што го чува Груевски, не задолжи 1 милијарда евра, обезбеди влез на 4iG во телекомникациите, следува влез на ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT во енергетиката“, велат од СДСМ. „Го расчисти патот во ВМРО-ОКГ и ги смени сите ...

По одлуките на Советот на јавни обвинители после именувањето на новиот државен јавен обвинител, преку социјалните мрежи, реагираше пратеничката од Левица, Јована Мојсоска која одлуките ги оцени како системско политичко влијание врз обвинителството. Таа своите обвинувања ги темели на „неколку спорни чекори“. „Ја елиминираа обвинителката на ОЈО ГОКК која единствено ги гонеше корумпираните началници и полицајци кои не постапија за трагичната ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Црногорскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација. Во рамки на официјалната посета ќе ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 07:30 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Љубо Ивановиќ, Никола Петров и Црвени Брегови, општина Бутел;, · во периодот од 08:30 до 16:30 часот, корисниците од дел од улиците: Сремски Фронт, Мечкин Камен и Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров; · во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре ( вторник ) без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 07:30 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Љубо Ивановиќ, Никола Петров и Црвени Брегови. (Општина Бутел), · во периодот од 08:30 до 16:30 часот, корисниците од дел од улиците: Сремски Фронт, Мечкин Камен и Ѓорче Петров. (Општина Ѓорче Петров) · во периодот од 09.00 до 15.00 часот, ...

Репрезентација на Македонија утревечер ќе игра против Република Ирска во Даблин, во дуел на двете селекции кои беа поразени во полуфиналето на плејофот за пласман на Светското првенство 2026. По поразот од Данска (4:0), следи нов предизвик во кој тимот ќе треба да се издигне и да реагира. Голманот Столе Димитриевски истакнува дека одбраната мора да биде на високо ниво, а клучен фактор ќе биде и освојувањето на т.н. „втори топки“, кои често ...

Македонската фудбалска репрезентација утревечер, со почеток во 20:45 часот, ќе се соочи со Република Ирска во натпревар меѓу двете селекции кои не успеаја да се пласираат во финалето на плејофот за Светското првенство. Средбата ќе се одигра на стадионот „Авива“ во Даблин. Селекторот Гоце Седлоски потенцира дека, и покрај разочарувањето, тимот мора да ја задржи највисоката можна мотивација, бидејќи настапот за националниот дрес секогаш носи ...

Додека политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа, Христијан Мицкоски останува да тера со своите политики на изолација, корупција и одработување за туѓи интереси, оценуваат од СДСМ. „Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Будимпешта, Унгарија, оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а се обрати и на настан организиран од „Mathias Corvinus Collegium“ (MCC), престижна научна, образовна и истражувачка институција. На средбата со премиерот Орбан, беше потврдена заедничката определба за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете држави. Разговорите се одвиваа во ...

Меѓуопштинската соработка претставува еден од клучните системски механизми за унапредување на управувањето со животната средина и за обезбедување квалитетни, ефикасни и одржливи услуги за граѓаните на локално ниво. Ова беше истакнато на консултативниот настан „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, кој се одржа денеска во Скопје, во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка на ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска се обрати на бизнис форумот во Будимпешта, на тема „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија“, настан кој обедини претставници на институциите и деловните заедници од двете земји со цел продлабочување на економските односи, размена на искуства и отворање нови инвестициски перспективи. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека ваквите форуми не се само платформа за размена на идеи, туку ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и Претседателката на Синдикалната организација при јавните обвинителства Изабела Илиева денеска го потпишаа Колективниот договор за вработените во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Ова е првпат правата на вработените во јавнообвинителската служба да се гарантираат со поединечен колективен договор, кој меѓу ...

За десетина дена треба да започне сеидбата на оризот во кочанскиот регион. Но, оваа година сеидбата ќе биде драстично поскапа за самите земјоделци, бидејќи зголемена е цената на нафтата, ѓубривата и препаратите. Ако пред половина месец пресметките покажуваа дека производната цена на оризовата арпа треба да биде од 25 до 27 денари, денеска е зголемена за 8 до 10 денари. Во спротивно одгледувањето на ориз нема да биде исплатливо за самите ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, со лет на „Визер“ од Скопје пристигна во Будимпешта. Според него, повторното воспоставување на линија Скопје – Будимпешта претставува значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот. „Повторното воспоставување на линија Скопје – Будимпешта претставува значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот. ...

Во Скопје денеска се одржа третата рунда на политички консултации помеѓу Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Казахстан, предводени од замениците министри Зоран Димитровски и Арман Исетов. „Во разговорите беше направен сеопфатен осврт на билатералните односи, при што соговорниците ја истакнаа потребата од заокружување на билатералната правна рамка во области од заемен интерес, како важна основа за ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, присуствуваше на Свечената академија „30 години Општина Новаци“, со која беше одбележан значајниот јубилеј на општината. Во своето обраќање, министерот упати честитки по повод 30-годишнината, нагласувајќи дека „со својата работа, посветеност и визија, градоначалникот, Советот и општинската администрација ја создаваат иднината ...

Нов режим за наплата на паркинг од денеска во Штип, поради летното сметање на времето. Наплатата од понеделник до петок ќе се врши во периодот од 07 до 21 часот. Промената ја соопштија од ЈП „Стипион“, од каде информираат за новиот распоред. Саботата останува со непроменет режим на наплата на паркинг. Наплатата во сабота и понатаму ќе се врши од 07 до 15 часот. „Поради започнување на летното сметање на времето, ве информираме дека од ...

Дипломите од УГД Штип се веќе признаени во ЕУ, но со членството во европската алијанса, нивната вредност дополнително ќе расте. Ректорот на универзитетот Дејан Мираковски, вели дека македонските кадри, особено лекарите, со дипломата, сега успешно работат во странство. Во рамки на алијансата, покрај националната, кажа дека се воведува и заедничка европска диплома, која ќе функционира според европските стандарди и посебен систем на акредитација ...

Вистина, правда и доверба, побараа родителите на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека Пулс на 39 тиот марш за ангелите во Кочани . Со солзи, потиштеност и длабока рана во душата, родителите велат дека и покрај нивното обраќање до институциите со доверба и почит, досега не добиле одговор на клучните прашања. Посебно посочуваат дека во обдукциските наоди нема податоци за евентуално присуство на цијанид, иако тоа било директно ...

Со нов асфалт и обновена подземна инфраструктура, две улици во населбата Сењак денеска добија комплетно нов лик. Станува збор за улиците Дуго Село и Митрашинска, на кои жителите претходно имаа проблеми со водоснабдувањето и дотраениот асфалт. Штипскиот градоначалник Иван Јорданов на денешната прес конференција, најави дека уредувањето ќе продолжи и во наредниот период, но посочуви дека зголемените цени на нафтата и материјалите може да ...

Промовирани 16 доктори на науки на УГД Штип во склоп на активностите за одбележување на патрониот празник и 19 години постоење. Најголем дел од промовираните доктори на науки и денеска беа од областа на медицината, односно се во областа на клиничка и базична медицина и стоматологија, еден на факултетот за туризам и бизнис логистика и еден на факултетот за природни и технички науки. Како што истакна ректорот, Дејан Мираковски, интерес за наука ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
45%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
87%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.8
57%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
3.6
63%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
52%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
41%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
60%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0223

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Бакар

12.46

Платина

66744.95

Злато

152465.86

Рутениум

51376.89

Паладиум

49351.40

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.53

Калај

52.70

Цинк

0.00

Сребро

2534.46

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09