Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја известува заинтересираната јавност дека започнува јавната расправа за прогласувањето на Белчишко Блато за заштитено подачје – Парк на природата. Министерството заедно во соработка со општина Дебрца, ја отвора расправата за граѓаните, претставници на граѓанскиот сектор, стручната јавност и медиумите, повикувајќи ги да земат учество по Нацрт-законот за прогласување на Белчишко ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес го потпиша колективниот договор за вработените во Министерството за јавна администрација, со што се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените и зајакнување на социјалниот дијалог во институцијата. Со Колективниот договор се предвидува зголемување на платите на административните службеници, кое ќе се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 ...

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен стартот на подготовките за значаен инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради во Северна Македонија. На состанокот беа презентирани насоките за изработка на подготвителна студија за енергетска ...

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали износот на трошокот за работење преку склад и истиот наместо досегашните 1,70 денари/литар, сега ќе изнесува 1,20 ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со градоначалниците на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и Општина Илинден, Александар Георгиевски, за изградба на нови полициски станици во овие две општини со цел унапредување на безбедноста и подобрување на услугите кон граѓаните. Со Меморандумот се уредува начинот на меѓусебна соработка помеѓу институциите, со акцент на поефикасно ...

Советот на јавни обвинители не утврди притисоци врз обвинителката Ленче Ристоска и едногласно ја одби нејзината иницијатива, во која таа тврдеше дека нејзината самостојност била нарушена поради надворешни влијанија поврзани со предмети против ВМРО-ДПМНЕ. Ристоска во поднесокот навела дека е изложена на напади од политички структури на партијата, посочувајќи изјави на премиерот и содржини објавени на партиската веб-страница. Сепак, Комисијата ...

Успешното органодарителство и трансплантација бараат врвна медицинска подготвеност, мултидисциплинарен пристап и силна координација меѓу институциите и стручната јавност, истакна д-р Жан Митрев на јавната панел-дискусија „Органодарителството во Македонија“, која се одржа во организација на Мултимедијалниот центар при Економскиот факултет при УГД – Штип. „Тука сме да ја поддржиме оваа иницијатива, бидејќи сме една од болниците каде што ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, вторник, ќе го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Црногорскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација. Во рамки на официјалната ...

Дали СДС е свесен дека цената на ова што го збори е национално предавство и уништување на идентитетот и ставање на нова јамка на вратот на македонскиот народ како што веќе ставија со францускиот предлог и договорот со Бугарија, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес – конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Ако сфаќа значи свесно прават предавство поради бизнисите на Заеви поврзани со бугарски фирми, ако не се свесни еве им ...

Директорот на Државниот архив, Димитар Богески, и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално потпишаа поединечен колективен договор кој обезбедува зголемување на платите за 7 отсто, почнувајќи од месец март, со постепена реализација во наредните три години. Овој договор претставува значаен чекор кон подобрување на статусот и условите за работа на архивистите и административниот ...

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува рамка за дигитално поврзување и унапредување на електронската комуникација помеѓу институциите преку софтверската платформа. Меморандумот има за цел да обезбеди побрзо, побезбедно и поефикасно водење на управните ...

Во Кривичниот суд почна судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел сопругата Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната малолетна ќерка. На денешното рочиште сведочеше мајката на Ивана, која пред судот опиша долг период на нарушени односи во бракот и, како што посочи, страв и притисок кај нејзината ќерка. Таа наведе дека во почетокот од бракот односите биле стабилни, но со текот на ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека, по дадена насока до директорот на ЈП „Градски паркинг“, во Реонскиот центар на општина Аеродром каде се воведува зоната Д12, продолжува да важи постојното правило според кое сите резиденти, физички и правни лица ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без надоместок. Од Град Скопје информираат дека одлуката е донесена како одговор на барањата и реакциите ...

Го слушнавте сите Христијан Мицкоски. Подготвен бил да чека со децении за влез на Македонија во ЕУ. Да потроши децении од вашите животи, од животите на вашите деца, внуци, на идните македонски генерации. После ова признание на Мицкоски, веќе на сите им е јасно што се случува во Македонија, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој обвини дека со Мицкоски и неговата, како што рече, организирана криминална група нема членство во Европската ...

Министерството за животна средина и просторно планирање и Синдикалната организација на Министерството денеска направија значаен исчекор кон унапредување на работничките права на вработените, со потпишување на првиот колективен договор од ваков вид, соопштија од Министерството. Со договорот се предвидува постепено зголемување на платите на работниците во Министерството, по 7 отсто почнувајќи од март 2026 година, со дополнителни зголемувања во ...

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие ...

Утре и задутре (вторник и среда) во официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. МВР спелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. Текстот Посебен режим на сообраќај утре и задутре ...

Советничката група на СДСМ во Општина Аеродром побара итно одржување седница на Советот со цел привремено одложување на примената на зонското паркирање во зоната Д12 во Реонски Центар. Од СДСМ предлагаат Советот да усвои заклучок со кој ќе се задолжи градоначалникот Дејан Митески, во координација со Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“, да преземе активности за одложување на воведувањето на зонското паркирање во Реонски Центар, но и да се ...

Во организација на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) се одржа консултативен настан на тема „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, со учество на градоначалници, претставници од општините, институциите и меѓународните партнери. Настанот го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој ги поздрави присутните и даде краток вовед за ...

Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец, јавува УХМР. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на ...

Компанијата осма година по ред објавува повик за доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2026/2027 година. Во овој нов повик, зголемен е бројот на академските области за аплицирање, а дополнет е и со можноста за делумно покривање на трошоците за живот во согласност со однапред утврдени критериуми. ОКТА АД – Скопје продолжува со својата долгорочна посветеност за поддршка на образованието и развојот на млади професионалци. ...

Глобалните цени на нафтата нагло пораснаа, додека берзите низ Азија забележаа остар пад, откако војната меѓу САД, Израел и Иран влезе во петтата недела. Цената на брент нафтата порасна за повеќе од три проценти и надмина 115 долари за барел, додека американската WTI нафта достигна околу 103 долари. Со тоа, брент е на пат да го забележи најголемиот месечен раст во историјата. Истовремено, азиските пазари ја отворија неделата во минус. ...

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денес престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија. Во рамки на посетата Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања. Потоа, премиерот ќе има свое обраќање на бизнис форумот во Будимпешта, насловен „Ден на деловна ...

СДСМ преку соопштение за јавност оцени дека економската состојба на граѓаните е најјасен показател за реалниот „рејтинг“ на власта, нарекувајќи ја таа слика „паричник анкета“. Од партијата посочуваат дека додека цените на храната, сметките и горивото континуирано растат, платите остануваат најниски во Европа и недоволни за достоинствен живот. „Постои една анкета која власта не може да ја манипулира, не може да ја нарача и не може да ја ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оцени дека Сoцијалдемократскиот сојуз и лидерот Венко Филипче се наоѓаат во длабока криза која, како што наведуваат, не може да се прикрие со пи-ар стратегии. Од партијата велат дека обидите на опозициската партија да се претстави како жртва и да ја релативизира реалноста се „сè попровидни“, додавајќи дека иронијата кон анкетите не ја менува состојбата на терен. „Обидите за создавање нов имиџ преку склопените пи-ар ...

ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел – одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена ...

Синоќа, во близина на булеварот Климент Охридски, ТППЕ Струмица со четири противпожарни возила и единаесет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запален помошен објект во откупен пункт за старо железо, при што беа зафатени и дел од материјалите кои беа во непосредна близина. „Пожарот беше во разгорена фаза и гаснењето беше доста отежнато поради тешкиот пристап за ПП возилата, како и лесно запаливите материјали кои беа присутни на ...

Во текот на вчерашниот ден (29.03.2026) во 18:55 часот на експресен пат Штип – Радовиш, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило – пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,мерцедес” со скопски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од објектите на Техномаркет, Старџим и Кам на булеварот Босна и Херцеговина и ВФВ Поликлиника (општина Бутел); · во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од потрошувачите на улицата Коце Металец (куќите од улицата Зеничка до улицата Гемиџиска) во Гази ...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на улицата Борис Трајковски 216, прекинато водоснабдување ќе има објектот на фирмата ЕГТ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. Текстот Без вода денеска објектот на фирмата ЕГТ е превземен од МАКФАКС. Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
45%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
87%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.8
57%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
3.6
63%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
52%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
41%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
60%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0223

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.53

Калај

52.70

Бакар

12.46

Платина

66744.95

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Злато

152465.86

Сребро

2534.46

Паладиум

49351.40

Кобалт

45.39