Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Поранешниот повеќедецениски претседател и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој е споменат во документите објавени од Министерството за правда на САД во случајот Епштајн, во саботата негираше дека го познавал починатиот американски финансиер и сексуален престапник. Ѓукановиќ е споменат во пораките што Епштајн наводно ги разменил со словачкиот политичар Мирослав Лајчак, кој претходно денеска по објавувањето на комуникацијата со Епштајн ...
СВР Битола поднела кривична пријава против И.Г.(27) од Битола, товарејќи го за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Имено, тој на 8 декември 2024 година во ноќен клуб во Стара чаршија во Битола, носел пиштол калибар 22 LR, којшто е полуавтоматско огнено оружје. При извршени проверки констатирано е дека пиштолот има два фабрички броја, соопшти СВР Битола. СВР Битола поднела кривична пријава против ...
На градилиште во Ѓорче Петров вчера попладнето, тешки повреди задобил Д.З.(51) од Скопје, во сообраќаен инцидент – бил удрен од комби што се движело наназад. Зад воланот на возилот бил М.Д., кој на градилиште управувајќи товарно возило-комбе враќајќи се наназад, без да го забележи, удрил во Д.З. (51) од Скопје кој се наоѓал до ограда позади комбето. Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Се ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо ја прифати оставката на својот советник Мирослав Лајчак, кој одлучи да поднесе оставка поради комуникацијата со покојниот американски финансиер и сексуален престапник Џефри Епштајн, објави агенцијата TASR откако Фицо ја објави одлуката на социјалната мрежа во саботата. Според премиерот, со поднесувањето оставка од оваа функција, Лајчак се покажа како одличен дипломат. „Помина долго време откако не видов толку ...
Точно напладне, пред Владата на булеварот „Илинден“ во Скопје започна протестниот марш против загадувањето, организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за УСЈЕ“. Како едно од клучните барања беше посочено поставувањето независни мерни станици за 24-часовен мониторинг на квалитетот на воздухот. Организаторите порачаа дека сè додека тоа не се реализира, немаат доверба во тврдењата дека фабриката не придонесува за загадувањето. Непосредно пред ...
Ангел во црква во центарот на Рим реставриран е за да личи на италијанската премиерка Џорџа Мелони, објавија тамошните весници во саботата, поттикнувајќи истрага од страна на Министерството за култура, а Мелони се потсмеваше на аферата. Насловната страница на весникот La Repubblica прва објави дека еден од двата ангела во капелата на базиликата „Свети Лaврентиј“ во Лучина е реставриран така за да личи на 49-годишната конзервативка, првата ...
Во денешното гостување во Дневникот на МТВ министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека системот Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните, туку системот е да спаси човечки живот плус. Тој исто така кажа дека е поместена осетливоста на системот, и сега се прифаќаат отстапки до шест километри на час. „Во изминатиот период имаше огромен број на забелешки затоа што во првичниот период немаше толеранција во рамки на ...
Американскиот и рускиот претставник Стив Виткоф односно Кирил Дмитриев изјавија дека во саботата одржале „конструктивни“ разговори во Мајами, на Флорида како дел од напорите на САД за посредништво за завршување на војната во Украина. „Охрабрени сме од овој состанок, кој покажува дека Русија работи за мир во Украина“, напиша Виткоф на платформата X, пофалувајќи ја „продуктивната“ размена на мислења. Прецизираше дека во американската делегација ...
Крилниот напаѓач на Филаделфија 76ерс, Пол Џорџ, е суспендиран на 25 натпревари во најсилната кошаркарска лига во светот, поради кршење на антидопинг правилата. Џорџ беше суспендиран поради земање недозволен лек. „Јавно зборував за важноста на менталното здравје во последните неколку години, а неодамна бев лекуван за сопствените проблеми во таа област, но направив грешка земајќи несоодветни лекови. Преземам целосна одговорност за моите ...
Преговарачот на Кремљ, Кирил Дмитриев, се врати во Соединетите Американски Држави (САД) во пресрет на новата рунда мировни разговори меѓу Украина и Русија, закажани за недела во Абу Даби. „Повторно во Мајами“, напиша Дмитриев денеска на Инстаграм, завршувајќи ја објавата со емотикон гулаб како симбол на мир. Тој не изнесе дополнителни детали. На претходните средби, Дмитриев преговараше со специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф. Разговорите ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија говореше за почетокот на имплементацијата на проектот „Безбеден град”, притоа информирајќи ги граѓаните за начинот на функционирање на системот и за постапките во случај на евентуални несогласувања во податоците. Тошковски посочи дека дел од податоците за сопствениците на возила во постојните евиденции може да бидат неточни, што може ...
Ноќеска непознато лице фрлило два Молотови коктели на куќа во Ѓорче Петров. За среќа, нема посериозни последици, оти едното стаклено шише паднало во дворот близу до паркирано товарно возило, а второто на терасата на куќата – тоа предизвикало пожар, кој бил изгаснат од членови на семејството. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Скопје. Ноќеска непознато лице фрлило два Молотови ...
Почина Божидар Симоновски, еден од најзначајните културни работници и музички ентузијасти што Штип и Македонија ги имале во изминатите децении. Дом на млади-Штип, институцијата во која што работеше Симоновски, објави дека „тој зад себе остави длабока и трајна трага во развојот на музичката сцена, младинската култура и институционалниот живот на градот“. Божидар Симоновски беше поврзан со штипскиот Дом на млади – простор кој под негово ...
Уште две измами на стари лица се случиле на подрачјето на Штип вчера, соопшти СВР Штип. Измамниците што се претставиле како лекари украле повеќе од 7.000 евра во пари како и златен накит од непроценета вредност. Првиот случај бил пријавен во 11:30 часот од 96-годишен маж, кој навел дека бил измамен за износ од 3.500 евра. Според пријавеното, телефонски му се јавило лице кое се претставило како лекар и му соопштило дека неговата ќерка се ...
Завчера доцна попладнето, засега непознат возач на улицата „11 Октомври” во Скопје управувајќи автомобил удрил во пешакот Б.И.(38) од Скопје, по што избегал возејќи. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Универзитетската хируршка клиника „Св.Наум Охридски” (Стара Градска болница). Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Завчера доцна попладнето, засега ...
Тетовското Руждие (прогимназија) е формирано во 1879 и било сместено зад денешното ОУ „Лирија“. Гимназијата се сели на сегашната локација до река Пења, пред точно 120 години – во 1906 година, а во 1912 прераснува од Прогимназија во Гимназија. Иако неколку децении беше седиште на Средното Медицинско Училиште – стари тетовчани секогаш го знаеја како “Стара Ѓимназија”, пишува неформалниот хроничар на Тетово, Дарко Гравоски. На промоцијата ...
Сите јавни претпријатија на Град Скопје денеска се мобилизирани и се вклучени во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – срцето на македонското здравство, кое секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата, соопшти градскиот татко Орце Ѓорѓиевски. „Оваа акција е директен одговор на оправданите реакции и забелешки од граѓаните за долгогодишната негрижа кон овој исклучително важен ...
Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ посветено на 63 жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“. Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ и плод на иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“. Според усвоениот план, спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ ќе биде изградено во Стариот парк, во централното ...
Дури седум повредени е епилогот на тешката сообраќајна несреќа што вчера ноќта се случила на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Подвис. Како што извести СВР Охрид, сударот е пријавен кај нив вчера во 23:17 часот. Се судрило возила „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(51) од Приеп и „џип” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.У.(33) од кичевското село Зајас. Потоа двајцата возачи и ...
Езерото „Младост“ над Велес се чисти првпат по шеесетина година, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при неговата денешна посета на езерото. Во тек е фаза на механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост”, во соработка помеѓу АД „Водостопанство” и ЈПВ „Лисиче” – Велес, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објасни ...
Под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). В понеделник наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините од снег, се очекуваат в четврток и в петок. Дневната температура од вторник ќе биде во ...
Во земјава утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата (над 20л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, времето ќе биде ...
Охриѓанец кој пијан направил судар бил уапсен ноќеска во 2:55 часот, соопшти СВР Охрид. Л.С.(52) од Охрид се товари за „Безобѕирно управување моторно возило”. Тој на пресекот на кеј „Македонија” со улицата „Јане Сандански” во Охрид управувајќи патничко возило „Нисан” со охридски таблички, удрил во автомобил „фолксваген голф“ со охридски таблички таблици, што го управувала Г.А.(22) од Охрид. Со извршеното алкотестирање, полицајците кај Л.С. ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најостро ја осуди пресудата со која новинарката Љиридона Вејсели е казнета поради спомнување на името на судија во новинарско известување, оценувајќи дека станува збор за недозволиво ограничување на слободата на говор и напад врз новинарската професија. НетПрес вчера пишуваше за проблемот на Вејсели, односно за пресудата без преседан. „Не можам да побарам од судијата одговорност, не ...
С.Р. од гостиварското село Дебреше вчера попладне пријавил дека во шахта го пронашол починат неговиот вујко. А.Џ. (75). „Извршен бил увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител и криминалистичка полиција од Гостивар“, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. С.Р. од гостиварското село Дебреше вчера попладне пријавил дека во шахта го пронашол починат ...
Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје соопшти дека од ноќеска, односно од 0.01 часот, повеќе нема да може ноќен билет за градски автобус во Скопје да се плаќа со испраќање СМС порака. ЈСП – Скопје потсетува дека билетите за бесплатно користење на јавен превоз, месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети важат за сите линии (градски и приградски) во период од 5 до 24 часот, но не и за користење на ноќните линии. Користењето ...
Американската компанија за вселенска технологија „Blue Origin“, основана од основачот на „Amazon.com“, Џеф Безос, во петокот објави дека ќе ги суспендира летовите за вселенски туризам најмалку две години за да се фокусира на целта за враќање на астронаутите на Месечината. „Blue Origin објавува дека ќе ги паузира летовите со ракетата „New Shepard“ и ќе ги пренасочи ресурсите за дополнително забрзување на развојот на можностите за слетување на ...
На вчерашното Генерално прогласување на Мотоциклистичката федерација на Македонија, наградата за најдобар остварен успех во 2025 година му беше врачена на мотоциклистот Петар Мијалков. Во присуство на претседателот на Мотоциклистичката федерација на Македонија, Зоран Трајковски, членовите на Управниот одбор и кремот на спортската јавност, вчеравечер хотелот „Александар Палас” беше домаќин на вечер посветена на брзината и успехот. На ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) изразува сериозна загриженост поради првостепената судска пресуда од 12 јануари годинава против новинарката Лиридона Вејсели, за „злоупотреба на лични податоци“ во врска со објавување име и презиме на судија на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок. „Ваквата одлука испраќа негативна порака во однос на слободата на изразување и медиумските слободи. Кривичното гонење на новинари за ...
Никола Јокиќ се врати на паркетот по пауза од 16 натпревари синоќа, а неговите Денвер Нагетс пред својата публика го совладаа со 122:109 гостинскиет Лос Анџелес Клиперс. Никола Јокиќ закрепна од повредата на левото колено и го заврши натпреварот со 31 поен и 12 скока. Тим Хардавеј Џуниор додаде 22 поени, Пејтон Вотсон 21, а Џамал Мареј заврши со 20 поени и девет асистенции. Најдобар играч за Клиперс, чија серија од три победи беше прекината, ...