Поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, што ќе почне напладне пред Владата, во центарот на Скопје денеска ќе има посебен сообраќаен режим. Маршот ќе се одржи на рутата: Влада, десно по булевар ВМРО до семафорите кај ТЦ „Палома Бјанка“, потоа по улиците Димитрие Чуповски и 11 Октомври до Собранието, а оттаму по улицата Филип Втори покрај ГТЦ до Министерство за животна средина во Скопје. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утре (01.02.2026) започнува работењето на системот „Безбеден град”. Системот ќе стартува на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10 со што ќе започне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите. Во првата фаза, системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци: • непрописно паркирање; • управување со брзина ...

ОВЕН Денеска ќе имате наплив од енергија, па затоа нема да ви биде тешко да правите што сакате. Дури и доколку вашите најблиски не сакаат да соработуваат со вас, ова тешко дека ќе ве вознемири, ќе се грижите за себе и ќе се справите одлично со организацијата. БИК Денеска ќе користите многу остар јазик, па доколку не сакате да навредите некого, бидете внимателни што зборувате. Можеби ви треба малку мир и тишина, и ако е така, слободно лежерно ...

Повеќе од 200 луѓе загинаа седмицава во уривањето на рудникот за колтан Рубаја во источниот дел на Демократска Република Конго, изјави во петокот портпаролот на бунтовничкиот гувернер на покраината во која се наоѓа рудникот, Лубумба Камбере Мујиса. Рубаја произведува околу 15 отсто од светскиот колтан, кој се преработува во тантал, метал отпорен на високи температури што го користат производителите на мобилни телефони, компјутери и компоненти ...

Во сабота на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Дневените температури ќе се движат во интервалот меѓу 4 и 11 Целзиусови степени. Следните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините ...

Во недела (15:15 часот), Хрватска ќе игра против Исланд за бронзениот медал на Европското ракометно првенство во дански Хернинг, додека репрезентациите на Данска и Германија ќе се сретнат во финалето (18 часот), откако домаќините ги победија Исланѓаните во второто полуфинале со 31:28 (14:13). Исланд пружи силен отпор на фаворизираната данска репрезентација и имаше водство од три гола (6:3) на почетокот од натпреварот. Данците успеаја да се ...

Аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоза погоди тројка со која Виртус Болоња победи со 84:82 против Монако во 25-то коло од Евролигата. Тимот од Кнежевството имаше десет поени предност во текот на втората четвртина, но гостите од Болоња стигнаа до +11 (77:66) на половина од последната четвртина. Со уште еден пресврт, Монако водеше со 82-81 на 1:29 до крајот, но на крајот Италијанците победија. Дубаи е поразен на гости во Белград против Црвена ...

Иако првично критикуван за воздржаност, американскиот претседател Доналд Трамп премина во фаза на сериозни воени подготовки кои укажуваат на можни напади врз Иран. Клучниот потег се случи на 26 јануари 2026 година, кога носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, придружуван од три разорувачи, вплови во водите на Блискиот Исток. Трамп оваа формација ја нарече „армада“ со јасна цел да му испрати силна порака на иранскиот режим. Американскиот ...

Селекцијата на Данска ја заврши својата полуфинална задача на домашното Европско првенство во ракомет, совладувајќи го Исланд со резултат 31-27 во второто полуфинале. Со оваа победа, Данска се пласира во финалето на ЕП, каде ќе се соочи со Германија. За момците на тренерот Јакобсен, ова е петти пласман во борбата за злато на европските првенства. Досега двапати ја освојувале титулата – на ЕП 2008 и ЕП 2012 година. Во нападот на Данците ...

Истрајноста и единственоста на превозниците од Македонија и од целиот регион, беше клучна за Европската Унија да реагира и да донесе документ со кој превозниците ќе бидат квалификувани како “професионалци”. Тоа е она што го баравме и тоа е она што го бараа превозниците. Закажан е состанок во вторник на кој ќе се дефирнираат сите прашања и јас во координација со транспортерите ќе понудам најдобри решенија, истакна во вечерашното интервју за ТВ ...

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски, оценува дека синдикалните процеси во земјава се логично поврзани, но нагласува дека во нивниот фокус мора да бидат самите граѓани и работници. „Во период или во време кога светот се менува, кога синдикалното организирање е клекнато на колена, кај нас еве има некој крик, ама дали е тој вистински крик, дали е тој синдикален работнички крик? “, истакна Ралповски. ...

„Видовме вчера излезени вработени во образованието. Образованието добива покачување како никогаш досега. Здравството исто така има спогодба каде што добија покачување октомври 24та година од 7%, но во тоа покачување од 7% кумулативно што беше може да се каже дека мецининските сестри од примарно, секундарно и терцијално здравство, коишто беа приближно со платите до минималната плата тогаш ги оддалечија од 15 до 17%. Потоа добија уште 5% во ...

Кетрин О’Хара, актерката која освои Еми за нејзиното толкување на ексцентричната Мојра Роуз во „Шитс Крик“, почина на 71-годишна возраст, објави нејзиниот менаџер. Меѓу другите улоги, О’Хара ја играше и Кејт Мекалистер, мајката на ликот на Меколи Калкин во „Сам дома“ и Делија Диц во „Бубимир“. BBC, повикувајќи се на соопштение од Creative Artists Agency, објави дека актерката починала во петокот во својот дом во Лос Анџелес по кратко ...

ФБИ го презеде раководењето со истрагата за смртта на Алекс Прети, жител на Минеаполис, кој беше фатално застрелан од агенти на Агенцијата за имиграција и царинска контрола (ICE) и Царинската и гранична заштита, соопштија американските власти. Министерството за внатрешна безбедност првично најави дека сопствената единица за внатрешни истраги ќе го води случајот, но подоцна беше објавено дека Федералното биро за истраги (ФБИ) ќе го преземе ...

Светската премиера на филмот „Меланија“ ги собра претседателот Доналд Трамп и првата дама на црвениот тепих, но Трамп се чинеше дека не може да се сети од каде всушност потекнува неговата сопруга. Документарецот, во кој Амазон инвестираше 40 милиони долари, ја следи Меланија Трамп до 2025 година додека се подготвува за уште четири години во Белата куќа, нудејќи ѝ на публиката внимателно куриран поглед на животот на првото семејство. ...

Министерството за правда на САД денеска објави огромен број нови документи од истрагата за Џефри Епштајн, во рамки на законот кој има за цел да открие што знаела владата за сексуалните злоупотреби врз малолетнички извршени од покојниот финансиер, како и за неговите контакти со влијателни луѓе. Заменик-главниот обвинител Тод Бланч изјави дека Министерството ќе објави повеќе од три милиони страници документи кои не беа достапни во декември, ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека ниту Москва, ниту Киев не извршиле напади врз енергетски објекти по постигнувањето на договорот на иницијатива на САД, со кој Русија се согласи да се воздржува од такви дејствија. – Навистина, од синоќа до денеска немаше напади врз енергетски капацитети во ниту еден наш регион. Украина е подготвена под истите услови да се воздржи од удари и денеска не нападнавме руски енергетски ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот го номинираше поранешниот гувернер на Федералните резерви (Federal Reserve – Fed), Кевин Ворш, да ја води американската централна банка кога ќе истече мандатот на Џером Пауел во мај, со што жестокиот критичар на Fed би добил шанса да ја спроведе својата идеја за „промена на режимот“ во монетарната политика во време кога претседателот се залага за поголема контрола врз централната банка. „Го ...

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изрази убеденост дека решението за руската војна во Украина е близу. – Мислам дека се приближуваме до договор за Русија и Украина, изјави Трамп пред новинарите, без да даде конкретни детали за содржината на потенцијалниот договор. Во исто време, американскиот претседател се осврна и на тензиите со Техеран, потврдувајќи дека Иран „сака да склучи зделка“, но додаде дека „ќе видиме што ќе се случи“. ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николски вечерва изјави дека има проект за автопат или експресен пат Романовце – Страцин, завршена е експропријацијата и, како што рече, комплетно сме спремни од наша страна и само се чекаат средства од ЕУ за делницата која е дел од Планот за раст. Николоски во Дневникот на Сител Телевизија информира дека ЕУ создаде План за раст во кој, како што рече, има обврски за Македонија и обврски за ЕУ. ...

Велика Британија работи заедно со своите сојузници со цел да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер. – Целта е Иран да не може да развие нуклеарно оружје и тоа е од исклучителна важност, рече Стармер во Шангај, одговарајќи на прашање на Би-Би-Си дали би поддржал евентуални американски напади врз Исламската Република. Тој нагласи дека Лондон ја поддржува оваа цел и дека е во постојана ...

Главните трговски партнери на САД не манипулирале со девизните курсеви во годината до летото 2025 година за да се здобијат со конкурентска предност во трговијата, заклучи Министерството за финансии на САД во својот последен извештај, но рече дека планира да ја прошири својата анализа на нивните политики за девизен курс. Извештајот опфаќа група главни трговски партнери кои сочинуваат околу 78 отсто од надворешната трговија на САД со стоки и ...

Стара и дотраена куќа попладнево се урна во Битола и целосно уништи неколку паркирани автомобили, јави телевизијата Тера. За среќа, во моментот на уривањето во автомобилите немало луѓе, а на улицата немало минувачи. Полицијата изврши увид на местото, а жителите на околината се вознемирени. Се работи за паркинг-просторот зад зградата на ЈАТ. – Падна дел од ѕидот на вашето возило. Полицијата направи записник. Колата веќе не се поправа од што е ...

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека донесе одлука за именување на Жозеп Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија. Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка, како и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување. Кошаркарската федерација на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Европа дека ја оставила Украина на „цедило“ со протиракетната одбрана, што Русија го искористи за да нанесе сериозни оштетувања на енергетската инфраструктура и да ја доведе земјата „на работ на целосен мрак“. Зеленски посочи дека доставата на ракетите за системите Patriot доцнела поради пропуштена уплата во рамките на иницијативата PURL, оставајќи многу Украинци без струја, греење и ...

Германија ја оправда фаворитската улога против Хрватска, славеше со 31-28 и се пласираше во финалето на ЕП каде ќе игра против подобриот меѓу Данска и Исланд. Поразениот пак од оваа втора полуфинална двојка ќе игра за бронзениот медал против Хрватска. Германија после 10 години се враќа во финалето на ЕП, последен пат играше во 2016 година кога освои и златен медал. Зербе со шест гола беше прв стрелец, ист број на голови на другата страна ...

Билатералните односи, случувањата на Блискиот Исток и Газа, но и улогата на Грција во Источниот Медитеран, биле темите за кои телефонски разговарале министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис и американскиот државен секретар Марко Рубио, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од Министерството за надворешни работи на Грција преку Икс дискусијата се фокусирала на одличните грчко – американски односи и на ...

Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражни постапки против вкупно 4 лица по оретресите во Брвеница, во кои беше пронајдена наркотична дрога и оружје. Тројца од нив се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик. Така, кај еден осомничен биле пронајдени пиштол со 2 куршуми во рамка и уште 20 куршуми за автоматска пушка. Кај ...

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во Тема на денот на телевизија Сител, се осврна на темата за блокадите од страна на транспортерите кои беа актуелни изминативе денови, за што истакна дека е задоволен од тоа што ЕУ ја забрза постапката и го објави документот порано од планираното. Тој додаде дека по состанокот во Брисел ќе следи заедничка средба за разгледување на предлозите, и целта е да се понудат ...

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска со длабоко жалење и огромна тага ја соопшти веста за прераното заминување на Тихомир Јанчовски (1967). Јанчовски беше истакнат поет, писател, преведувач, професор, музичар и издавач, кој зад себе остави богато творештво. Како автор потпишува над триесет книги, пред сè поезија, преводи и поетски романи. Меѓу неговите дела се издвојува и историскиот труд „Историја на православното монаштво на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1009
weather icon

Белград

11ᴼ / 8ᴼ
8.75
58%
1005
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
93%
1001
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
6.17
81%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.61
90%
1015
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
1001
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
72%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
39%
1003
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
67%
1003
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
79%
1015
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Родиум

339190.38

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Калај

49.78

Бакар

12.10

Паладиум

56617.46

Платина

83354.78

Злато

159322.70

Алуминиум

3.06

Иридиум

221848.72

Цинк

3.37