Владата донесе одлука за ангажирање на вкупно 10.000 странски државјани во 2026 година, со цел да се покријат потребите на домашниот пазар на труд. Одлуката стапува на сила денеска и, како што посочуваат надлежните, е насочена кон поддршка на економијата и надминување на недостигот од работна сила. Најголемиот дел, односно 9.750 дозволи, се за редовно вработување. Од нив, 4.500 се наменети за нови работни ангажмани, додека 5.250 се всушност ...

Продажбата на германскиот производител на спортски автомобили „Porsche“ во Кина се намали за 26 отсто во 2025 година, покажа прелиминарниот извештај во петокот. Производителот на луксузни автомобили продал 41.900 возила во Кина минатата година. Продажбата падна четврта година по ред, поради предизвикувачките пазарни услови и жестоката конкуренција, особено во сегментот на електрични модели, соопшти менаџментот. Падот е „во согласност со ...

Во Велес доцна синоќа, односно пет минути пред полноќ, бил уапсен Б.А.(42) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Сараевска” во Велес, полицајците сопреле автомобил „опел” со велешки таблички кое го управувал Б.А. и по проверката било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,82 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ...

Италија одби да се придружи на европска мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја исмеа иницијативата, додека тензиите меѓу Европа и САД растат поради плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе арктичкиот остров, објавија медиумите во петокот. „Гренланд. Се прашувам зошто. Патување?“, рече Кросето во Рим во петокот. „Петнаесет Италијанци, 15 Французи, 15 Германци – звучи како ...

Вистински хорор преживеала жена завчера, кога нејзиниот партнер брутално ја тепал а се обидел и да ја избоде со нож. Несреќната жена од кобен крај ја спасиле потстанари на куќата на подрачјето на Гази Баба, кои ја извлекле од куќата и повикале полиција. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишниот насилен скопјанец, во врска со кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став ...

Во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски”, беа избрани најубаво украсените домови, тераси и најинспиративниот ученички расказ, како симбол на креативноста, заедништвото и празничниот дух што го обединува градот, доделени се наградите за најдобрите, соопшти на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Оваа манифестација беше посветена на поттикнување на граѓаните активно да учествуваат во создавањето на празничниот амбиент, ...

Основниот кривичен суд Скопје одлучи да им одреди најтешка мерка – 30 дена притвор – на дел од осомничените во големата акција поврзана со злоупотреби во Управата за јавни приходи (УЈП). По завршувањето на распитот на осум лица, судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството. На сите осуммина им е определен притвор во траење од 30 дена. Судот утврди дека се исполнети сите три основни услови за определување на мерка ...

Цените на нафтата се искачија кон 65 долари на меѓународните пазари во петокот, додека трговците се обидуваа да ги проценат шансите за ескалација на тензиите меѓу Иран и САД, со закани за снабдувањето од Казахстан по украинските напади. На лондонскиот пазар попладнево со барелот се тргуваше попладне за 86 центи повисоко од вчерашната цена на затворање од 64,62 долари. На американскиот пазар, барелот беше поскап за 82 центи и чинеше 60,01 ...

X се сруши, пријавуваат корисниците ширум светот, објави Дејли Меил. Првите проблеми со функционирањето на социјалната мрежа започнале попладнево. Луѓето пријавуваат дека не можат да ја користат апликацијата на своите телефони и да испраќаат пораки. Според Down Detector, проблемите започнале околу 15:14 часот по Гринич и ги погодуваат корисниците ширум светот. Кога се обидуваат да ја отворат веб-страницата на X, корисниците добиваат порака за ...

СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна ...

Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година, за првпат официјално беше препознаено постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање. Овие субјекти сега подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), порача агенцијата. Обврската важи ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопшти дека денеска извршил вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, постапувајќи по наредба на министерот за здравство. Надзорот е спроведен во врска со третманот и лекувањето на доенчето У.М. на Одделот за педијатрија, кое почина на 14 јануари. Од Инспекторатот информираат дека, со оглед на тоа што сè уште е во тек патоанатомската обдукција, ...

Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем. „Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека системот „Безбеден град”, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се тестира, калибрира, а ќе се врши и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Поради тоа ќе има сопирање на сообраќајот. Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 8 до 20 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето ...

Грција планира дополнително да ги прошири своите територијални води, вклучително и во Егејското Море, изјави во петокот министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис, и покрај долгогодишната закана со воена интервенција од Турција доколку Атина преземе таков чекор. Грција веќе ги прошири своите територијални води во Јонското Море од 6 на 12 наутички милји, по договор со Италија, и потпиша поморска демаркација со Египет во источниот ...

Чадот од цигари содржи над 6.000 различни супстанции штетни за здравјето на луѓето, а најмалку сто од нив се поврзуваат со пациенти болни од рак. Дел од овие материи се добро познати токсични супстанции, вклучувајќи го и јаглерод моноксидот. Поради ова, голем број пушачи кои сакаат да се откажат од цигарите, минуваат низ прилично тежок период на апстиненција, а некои од нив имаат и повеќе обиди за да се справат со овој порок. Експертите се ...

Продажбата на германскиот производител на спортски автомобили „Porsche“ во Кина се намали за 26 отсто во 2025 година, покажа прелиминарниот извештај во петокот. Производителот на луксузни автомобили продал 41.900 возила во Кина минатата година. Продажбата падна четврта година по ред, поради предизвикувачките пазарни услови и жестоката конкуренција, особено во сегментот на електрични модели, соопшти менаџментот. Падот е „во согласност со ...

Судот во Киев нареди поранешната украинска премиерка и лидерка на партијата „Баткившчина“, Јулија Тимошенко, да биде притворена во врска со поткупот на пратениците на Врховната рада. Таа е ослободена со кауција од 33,3 милиони гривни (приближно 765.000 долари). Првично, обвинителството побара за неа да се избере превентивна мерка во форма на кауција во износ од 50 милиони гривни (приближно 1,4 милиони долари). Судот, исто така, ѝ ги наложи на ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во петокот побара од НАТО „координирано присуство“ во арктичкиот регион за да се спречат тензиите и да се одговори на „мешањето од други актери“, во време на ескалација на тензиите меѓу западните земји околу Гренланд. Во писмо прочитано на презентацијата на документ на италијанската влада за Арктикот, Мелони рече дека регионот станува сè поважен поради развојот на нови бродски рути и неговите огромни ...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во текот на вчерашниот ден во Собранието се одржал состанок на ниво на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во врска со законот за прекршоци и оти некои работи, кои биле нејасни за ДУИ, биле разјаснети поради што очекува тој да биде донесен на следната собраниска седница и „Безбеден град“ да почне непречено да се применува од 1 февруари. Мицкоски не прецизира кога би имал средба ...

ЈСП Скопје информира дека в понеделник, поради верскиот празник Богојавление – Водици, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се ...

Во наредните денови за македонските граѓани ќе има добри вести од нашиот стратешки партнери Соединетите Американски Држави, најави премиерот Христијан Мицкоски, запрашан за коментар во однос на одлуката на Вашингтон да го стопира издавањето иселенички визи за 75 земји, меѓу кои и за Македонија. Мицкоски потсети дека Министерството за надворешни работи и трговија даде коментар и дека одлуката на САД е поврзана со емигрантските визи. – Станува ...

Цените на природниот гас во Европа остро се зголемија на почетокот на годината, достигнувајќи го највисокото ниво за околу шест месеци поради студениот бран низ Стариот континент и предупредувањата на метеоролозите дека температурите би можеле повторно да паднат кон крајот на јануари. На референтната холандска дигитална берза TTF, еден мегават-час гас за испорака во февруари изнесуваше 36,63 евра попладне, што е за 10,5 отсто поскапо отколку ...

Двајца Кинези се уапсени во Атина откако било утврдено дека преку мобилен систем инсталиран во автомобил и употреба на висока технологија испраќале масовни смс пораки и изведувале кражби на банкарски податоци од мобилните телефони на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, уапсените го користеле методот „SMS Blaster Attacks“, односно напади со масовно испраќање смс пораки со злонамерна цел, а како испраќачи се ...

Синоќа до доцна се вршеа претреси на 16 локации низ државата, при што се пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени, соопшти Обвинителството. Под истрага се 20 лица кои го оштетиле буџетот на државата за 297.733.844 денари или 4,8 милиони евра. Како што соопшти ЈОРМ, првоосомничениот, српски државјанин и сопственик и управител на две правни ...

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот разговараше за ситуацијата во Иран во одделни телефонски разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и понуди да посредува во регионот, соопшти Кремљ. Во разговорот со Нетанјаху, Путин презентираше идеи за зајакнување на стабилноста на Блискиот исток и ја изрази подготвеноста на Русија да „продолжи со напорите за посредување и да промовира ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер-Сандево, неовластено држел автомат STEN MKII, оружје кое на граѓаните им е целосно забрането, како и 71 куршум ...

Финансиските министри од земјите членки на Г7, заедно со претставници на други големи економии, се собраа во Вашингтон на разговори посветени на обезбедувањето алтернативни извори на критични минерали и намалувањето на зависноста од Кина. На состанокот учествувале делегации од Јапонија, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Канада и САД, како и претставници од Австралија, Мексико, Јужна Кореја и Индија. Иако не беше усвоено ...

Јас жалам што опозицијата, по жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер – Обединетото Кралство, сега ова го прави и кон САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за одлуката на Вашингтон да го запре издавањето иселенички визи за 75 земји, меѓу кои и нашата. Претседателот на македонската Влада потсети дека Министерството за надворешни работи и трговија даде свој коментар и дека одлуката на САД е поврзана со емигрантските ...

Учебната година во сите основни и средни училишта на територија на цела држава почнува на 20 јануари, потврди денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. – Вчера веќе имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема да има пречки за новата учебна година. Апелирам до родителите, учениците да се редовни во училиштето и што е ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
75%
997
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
98%
1000
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
95%
998
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
81%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159231.39

Калај

46.91

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.03

Цинк

3.25

Кобалт

64.04

Сребро

2460.50

Платина

67162.91

Рутениум

45750.51

Бакар

11.69

Паладиум

546.56