Во последниот натпревар од саботната програма од 21-то коло од италијанското фудбалско првенство, Каљари го изненади Јувентус на домашен терен совладувајќи го со 1:0. Голот за големата победа го постигна Мацители во 65. минута. Со оваа победа, Каљари стигна до 15-то место со 22 бода, исто колку и 13-тиот Кремонезе и 14-тиот Парма, додека Јувентус е четврти со 39 бода, исто колку и петтопласираната Рома. Актуелниот италијански шампион Наполи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се изјасни во саботата за промена на владата во Техеран, велејќи дека „време е да се бара ново водство во Иран“ „Водачите во Техеран го темелат своето владеење на угнетување и насилство“, тврди Трамп во изјавата за Politico. Тој остро го критикуваше врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, како виновник за „тоталното уништување“ на сопствената земја. Трамп, исто така, го обвини за употреба на ...

Царините со кои се закани американскиот претседател Доналд Трамп во однос на чекорите на европските челници во врска со Гренланд би ги поткопале трансатлантските односи и би ризикувале опасна спирала надолу, а Европската унија ќе остане посветена на одбраната на својот суверенитет, според заедничката изјава на претседателката на Европската комисијата, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Царините би ги ...

Фудбалерите на михненски Баерн продолжија да доминираат во германското првенство, како гости со високи 5:1 го победија РБ Лајпциг во последниот саботен натпревар од 18-то коло, со што повторно избегаа од второпласираната Борусија Дортмунд на 11 бода. По првите 45 минути, домашните водеа со 1:0 со голот на Ромуло во 21. минута, но во второто следеше канонадата на Баварците, Гнабри во 50. и Кејн во 67. минута погодија за пресврт, а во самиот ...

Фудбалерите на Арсенал ја зголемија својата предност пред најблиските ривали на врвот на табелата во англиското првенство иако одиграа нез голови 0:0 на гости кај Нотингем Форест во последниот саботен натпревар од 22-то коло. Лидерот Арсенал сега има 50 бода, додека Манчестер Сити и Астон Вила имаат по 43, но Вила ќе го игра својот натпревар од 22-то коло против Евертон в недела. Нотингем Форест е 17-ти со 22 бода, пет повеќе од 18-от Вест ...

Високи претставници од Европската унија и јужноамериканскиот блок Меркосур потпишаа договор за слободна трговија во саботата по 25-те години преговори отворајќи го патот за најголемиот трговски договор што некогаш го постигнала ЕУ. Договорот, кој беше жестоко оспоруван во Европа, сега треба да биде одобрен од Европскиот парламент. Исто така, треба да биде ратификуван од законодавните тела на земјите-членки на Меркосур: Аргентина, Бразил, ...

Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во саботата соопшти дека објавувањето на администрацијата на Трамп на составот на Мировниот одбор за управување и обнова на палестинската енклава Газа не било координирано со Израел и било спротивно на владината политика. Се вели дека министерот за надворешни работи Гидеон Саар го покренал прашањето во разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио. Во соопштението не е наведено кој дел од ...

Американскиот претседателот Доналд Трамп во саботата изјави дека ќе наплати данок на увоз од 10%, почнувајќи од февруари, за стоки од осум европски земји поради нивното противење на американската контрола врз Гренланд. Трамп во објава на социјалните мрежи изјави дека Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска ќе се соочат со царината и дека таа ќе се искачи на 25% на 1 јуни доколку не се постигне ...

По денешниот прекин на испораката на топлинска енергија за потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, истата е нормализирана откако е лоциран дефектот, соопшти ЕСМ снабдување со топлина. Дефектот на дистрибутивната мрежа е лоциран на булевар Крсте Мисирков и поради тоа има прекин на испорака на топлинска енергија кај следните потрошувачи: Григор Прличев бр.3 – Институт за национална историја и ОЈО за ...

Директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, објави како течат градежните активности на автопатот Кичево Охрид и изградбата на галерии кои првпат се изведуваат во Македонија и во регионот. Со изградба на 14 галерии се решава најтешкиот дел од автопатот, со што се пробиваат планини и се решаваат 16 косини на делницата. Директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, објави како течат градежните ...

Западноевропските земји не само што го поддржуваат Киев во неговиот конфликт со Москва, туку и активно се подготвуваат за потенцијална војна со Русија, која би можела да ескалира во глобален конфликт, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Политичарот нагласи дека унгарската влада не ги дели овие намери. „Западна Европа навистина се подготвува за војна“, рече Орбан, истакнувајќи дека неодамнешните самити на ЕУ се претворија во „воени совети“ ...

Докторот и сопственик на клиниката Жан Митрев, во интервју на национална телевизија, кажа дека Венко Филипче и Зоран Заев, му се заканувале со цел да му ја одземат болницата, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во екот на судскиот случај којшто се одвивал против Митрев, кога биле на власт и од позиција на моќ, големците Филипче и Заев, едниот како премиер, другиот како министер за здравство, искористиле момент и преку свои ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија градскиот ривал Манчестер Сити со 2:0 во нивниот прв натпревар под водство на новиот менаџер Мајкл Карик на „Олд Трафорд“ во 22-то коло од англиското првенство. Јунајтед поведе со голот на Мбеум во 65. минута по брз контранапад и двојното додавање со Бруно Фернандеш, а Дорга да го постави конечниот резултат во 76. минута. Сити и натаму е втор на табелата со 43 бода, исто како и третопласираната ...

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Леванте на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“ со 2:0 во првиот натпревар од саботната програма од 20-то коло од шпанската Ла Лига. Гостите од Валенсија издржаа речиси еден час, а потоа во рок од седум минути домашниот тим постигна два гола. Првиот го постигна Килијан Мбапе во 58. минута од пенал што самиот го изнуди, а конечните 2:0 ги постави Раул Асенсио во 65. минута. Ова беше 15-та победа на Реал во ...

Американското Министерство за правда отвори кривична истрага против функционери од сојузната држава Минесота, вклучувајќи ги гувернерот Тим Волц и градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, за наводен заговор за попречување на имиграциските агенти, изјави во петокот извор запознаен со истрагата. Изворот на Reuters, кој зборувал под услов да остане анонимен, рекол дека за Волц и Фреј биле подготвени судски покани како дел од истрагата, но не ...

Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај крисниците на парн греење во поголемиот дел од Скопје. Греење преку дистрибутивната мрежа нема во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, велат од ЕСМ. Оттаму додаваат дека екипите се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел како што велат, воспоставување на нормална испорака на ...

Началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирил Буданов, денеска пристигна во Соединетите Американски Држави на разговори со американските партнери за деталите од мировниот договор за прекин на конфликтот во Украина. Буданов на Телеграм изјави дека тој, заедно со секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, и шефот на парламентарната група на партијата Слуга на народот, Давид Аракхамија, ќе ...

Eлектричните летечки такси развиени од компанијата „Joby Aviation“ треба да започнат со комерцијална работа во Дубаи до крајот на оваа година, изјави во петокот претседателот на Управата за патишта и транспорт на Дубаи, Матар Ал Таџер. „Joby Aviation“ го спроведе првиот тест лет на своето целосно електрично воздушно такси во емиратот во јуни 2025 година, што е важна пресвртница во напорите на Дубаи да ги воведе во постојните транспортни ...

Сопружнци му помогнале на Саит Саитов, тинејџерот кој прегази жена во скопски Капиштец, да избега во соседна Србија. Јавното обвинителство соопшти дека покренало обвинение против маж и жена кои се товарат дека се соизвршители во делото. Истовремено, за осомничениот маж, јавен обвинител предложил мерка притвор, додека за жената мерка куќен притвор. Според соопштението, на 9 јануари, со автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, ...

Еквадор во петокот објави дека распоредил 10.000 војници во широко медиски објавена операција против банди за трговија со дрога одговорни за зголемувањето на насилството во земјата. Сместен меѓу двата главни извозници на кокаин во светот, Колумбија и Перу, Еквадор стана главно појдовно пристаниште за дрога произведена во регионот и најнасилната земја во Латинска Америка поради меѓусебните брутални пресметни на бандите поврзани со ...

Крај на колумната. – градење или реконструкција на нови инсталации од тешка и загадувачка индустрија (Г1) на растојание помало од пет километри од населено место или заштитено природно подрачје, Почитуван премиер со овој став, кој три пати ви го ставам на знаење за да го запамтиш и ова што ти го напишав во оригинална форма е само да имаш во предвид дека некој сериозно си игра со судбините на нашите сограѓани. Оригиналните документи имам ...

Технолошкиот милијардер Илон Маск ги тужи „OpenAI“ и „Microsoft“ за износ до 134 милијарди долари, тврдејќи дека тие „незаконски стекнале добивки“ од неговата мината поддршка за организацијата којашто развива вештачка интелигенција, покажува судски документ. „OpenAI“, спроед проценката, добил меѓу 65,5 милијарди и 109,4 милијарди долари од Маск од 2015 година, кога тој беше ко-основач на тогашната непрофитна организација, а „Microsoft“ меѓу ...

Вредноста на Гренланд се зголемила повеќе од 421 пати откако САД првично изразија желба да го купат во 1946 година. По Втората светска војна, американскиот претседател Хари Труман имал намера да го купи островот од Данска за 100 милиони долари во злато. Оваа информација станала позната дури во 1991 година. Според телевизијата NBC, таквата купопродажба денес би го чинела Вашингтон најмалку 700 милијарди долари До 1953 година, островот бил ...

Поранешната ѕвезда на бендот One Direction, 31-годишниот Хари Стајлс, објави дека ќе го издаде својот прв албум по четири години. Стајлс ќе го издаде својот четврти албум „Kiss All The Time. Disco, Occupationally“ на 6-ти март. Албумот, чиј извршен продуцент е Кид Харпун, сега е достапен за претходна нарачка на веб-страницата на пејачот. Информациите за нов албум започнаа кога беа поставени постери во неколку градови, вклучувајќи ги Њујорк и ...

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област. Стручните констатации и наодите добиени од спроведените контроли претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи. Во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, при ...

Словенечката влада одлучи да испрати двајца офицери од словенечката армија на Гренланд на виртуелна седница во сабота, објави агенцијата STA. Според информациите од словенечкиот N1, војниците би можеле да патуваат на арктичкиот остров наредните денови. „Како што постојано нагласував, Словенија постојано се залага за почитување на меѓународното право во регулирањето на односите меѓу државите насекаде во светот. Гренланд му припаѓа на тамошното ...

Во големата акција против „даночна мафија“ која се спроведе во четвртокот, а во која се осомничени 20 лица, најолем дел вработени во УЈП, приведен е и советник од СДСМ во Советот на Општина Ѓорче Петров, Кристијан Јовановски. Во претреси на 16 локации во Македонија, истражители од ОЈО ГОКК со полициска асистенција, пронајдоа фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица поврзани со осомничените кои го оштетиле ...

Белата куќа во петокот ги објави имињата на членовите на таканаречениот „Мировен одбор“ кој, според планот на претседателот Доналд Трамп, ќе ја надгледува привремената администрација во Газа, која доживеа смртоносно насилство и покрај кревкото примирје што стапи на сила во октомври. Имињата ги вклучуваат државниот секретар на САД, Марко Рубио, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, поранешниот британски премиер Тони Блер и зетот на ...

Поранешниот генерален секретар на НАТО (на функцијата од 2014 до 2024 година) Јенс Столтенберг не ја исклучи можноста САД да го напуштат НАТО. „Ништо не е непроменливо, сè може да се промени“, рече тој во интервју за списанието „Дер Шпигел“. „Не можам да ветам дека САД ќе останат во НАТО“, рече Столтенберг. Поранешниот генерален секретар верува дека НАТО мора да преземе мерки за зачувување на трансатлантскиот сојуз „без оглед на тоа дали САД ...

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони. -Според јавноздравствените стандарди, пушењето е личен избор, но заедничкиот затворен простор ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
70%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
84%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.31
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
94%
996
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
79%
1001
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
91%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.33

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Злато

157055.75

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Платина

83354.78

Бакар

11.66

Паладиум

53434.54

Иридиум

221848.72

Калај

48.47

Сребро

2457.28