Ерфан Солтани, младиот ирански демонстрант за кого се стравуваше дека ќе биде погубен од Исламската Република, наводно е убиен додека бил во притвор во Карај, според информации на социјалните мрежи и некои медиуми. Информацијата потекнува од објава на Инстаграм објавена од Шоле Пакраван, мајката на Реџана Џабари, која беше погубена во 2014 година за убиството на нејзиниот силувач, и која изјави дека близок роднина на Солтани ѝ го потврдил ...

Една од клучните варијабли за позиционирањето на македонските државни универзитети на познатата интернационална Шангајска листа на универзитети, претставува објавувањето на научни трудови во престижни интернационални списанија, особено списанија со Фактор на влијание, популарно наречениот импакт фактор. Со оглед на позиционирањето на најстариот УКИМ на Шангајската листа, или поточно кажано неговото не позиционирање во редот на првите 2000 ...

Холандскиот министер за надворешни работи во неделата изјави дека е „уцена“ заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе нови царини за европските сојузници сè додека не се согласат да го предадат Гренланд на управување на САД. „Она што го прави е уцена… и не е потребно. Тоа не ѝ помага на алијансата (НАТО) и исто така не му помага на Гренланд“, рече Дејвид ван Вил во интервју за холандска телевизија. Во објава на Truth ...

На Инфективна клиника вчера почина 69-годишен пациент од грип, кај кого лабораториски е потврдена инфлуенца А. Пациентот, како што информираше директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, бил со коморбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако бил во ризична група. – Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија. Веднаш беше третиран од страна на медицинскиот тим во одделот за ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака земјите да платат по милијарда долари за да останат во неговиот Одбор за мир, објави новинската агенција Bloomberg News повикувајќи се на нацрт-повелбата за основање на телото, за која дел од американските медиуми тврдат дека е наменета како алтернатива на Обединетите нации. Формирањето на Мировниот одбор беше објавено оваа седмица, неколку месеци по постигнувањето на кревко ...

Осум лица загинаа во три одделни лавини во Австрија, соопштија властите во неделата. Најлошиот инцидент во саботата се случи во долината Гросарл во покраината Салцбург. Тројца мажи, на возраст од 53, 63 и 65 години, загинаа таму, а 60-годишна жена им подлегна на повредите откако беше затрупана од снег. Жртвите беа дел од група која учествуваше на курс по алпско скијање со Австрискиот алпски клуб, соопшти организацијата во неделата. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се престанати. Како што соопшти ЈП Македонија пат, намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 метри Стража до 80 метри и на патниот правец Тетово- с.Лисец до 80 метри. Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП ...

Венко Филипче и Зоран Заев уште еднаш се разобличени пред јавноста. Заев од позиција на премиер, а Венко Филипче од позиција на министер за здравство, ги злоупотребиле институциите за сопствени лукративни причини и се обиделе да му ја одземат болницата на докторот Жан Митрев, според неговите сведоштва во интервју на национална телевизија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Заев и Филипче му се заканувале на сопственикот, со цел да му ја одземат приватната ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака земјите да платат по милијарда долари за да останат во неговиот Одбор за мир, објави новинската агенција Bloomberg News повикувајќи се на нацрт-повелбата за основање на телото, за која дел од американските медиуми тврдат дека е наменета како алтернатива на Обединетите нации. Формирањето на Мировниот одбор беше објавено оваа седмица, неколку месеци по постигнувањето на кревко ...

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ј.Д.(37) и А.А.(46), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обид за убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Тие се спроведени во Казнено поправната установа „Затвор-Битола“ откако, судија на претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 дена. Пријавените, на 04.01.2026 година во 14.45 часот, на улицата „Загорје“ во Кичево, беа лишени од слобода откако ...

На глобалните валутни пазари, американскиот долар зајакна во однос на кошничка валути минатата седмица третпат по ред, како резултат на геополитичките тензии и политичката неизвесност во Јапонија. Индексот на доларот, кој ја искажува изведбата на американската во однос на шесте главни светски валути, порасна за 0,2 отсто минатата седмица, на 99,37 поени. Истовремено доларот зајакна во однос на европската валута за 0,4 отсто, при што еврото се ...

Во тетовската црква Пресвета Богородица се одбележа празникот Водокрст, ден пред Богојавление Водици. Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Златоустова литургија. По Литургијата беше извршен голем Богојавленски водосвет и според традицијата беше спуштен крстот во водите од базенот во дворот на храмот. По крстот скокнаа тројца верници, 48 годишниот Далибор Кузмановски, ...

Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF), ја советуваше Каја Калас, шефицата на европската дипломатија, да не пие алкохол пред да објави на социјалните мрежи. „Драга Каја, можеби не треба да пиеш алкохол пред да пишуваш објави на социјалните мрежи. Заканите кон САД дека тие ќе станат „посиромашни“ не е ...

На светските берзи се тргуваше претпазливо минатата седмица поради геополитичките тензии околу Гренланд, при што повеќето берзански индекси не регистрираа големи придижувња. На европските берзи, индексите забележаа мешани перформанси. Лондонскиот FTSE порасна за 1,1 отсто на 10.235 поени, а франкфуртскиот DAX порасна за 0,1 отсто на 25.297 поени. Парискиот CAC индекс, пак, потона за 1,25 отсто на 8.258 поени. На најголемата светска берза ...

Еден од фаворитите за титулата на Австралија Опен, Германецот Александар Зверев и Белорусинката Арина Сабаленка, започнаа со победи во неделата, но не брилјираа. Зверев, кој се соочи со тежок натпревар против Канаѓанецот Габриел Дијало (рангиран 41-ви), го загуби првиот сет пред да доминира во остатокот од натпреварот и да победи со 6-7 (1/7), 6-1, 6-4, 6-2. „Не можев да одиграм полошо во првиот сет. Не бев среќна кога го видов нерешениот ...

Виктор Вембањама се истакна со 39 поени и клучен скок во последните секунди, а домашните Сан Антонио Спарс победија над Минесота Тимбервулвс со 126:123. Сан Антонио ја прекина серијата од пет порази против Минесота и победи и покрај рекордните 55 поени на Ентони Едвардс од Тимбервулвс. Спарс водеа со 25 поени на полувремето, но шутот на Едвардс на 3:28 до крајот им донесе водство на Вулвс со 110:108. Потоа тимовите се менуваа во водство уште ...

Безбедносните сили во Гватемала се борат да ја вратат контролата врз три затвора откако нивните затвореници се побунија и зедоа најмалку 46 заложници, додека официјалните лица ги обвинија членовите на бандата за инцидентот кои бараат поголеми привилегии. Ниту еден заложник не е убиен или повреден во саботата попладнето, изјави министерот за внатрешни работи Марко Антонио Виледа на прес-конференција. Заложниците се претежно затворски чувари, ...

Ирански функционер изјави во неделата дека властите потврдиле дека најмалку 5.000 луѓе се убиени во протестите во Иран, вклучувајќи околу 500 припадници на безбедносните сили, обвинувајќи ги „терористите и вооружените бунтовници“ за убивањето „невини Иранци“, објави Ројтерс. Функционерот, кој одбил да биде именуван поради чувствителноста на прашањето, исто така изјави дека некои од најтешките судири и најголем број смртни случаи се случиле во ...

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева го освои првото место на престижното европско музичко натпреварување The Voice of Europe 2025. Таа ги освои и жирито и публиката со својот моќен вокал и извонреден сценски настап. Откако одлично се претстави на The Voice of Germany кон крајот на минатата година, Тина Русева успеа да се квалификува за финалето на The Voice of Europe каде што го освои првото место. The Voice of Europe е онлајн ...

Русија ќе лансира своја сателитска интернет мрежа аналогна на Starlink, управувана од компанијата SpaceX на Илон Маск, до 2027 година, изјави Дмитриј Баканов, раководител на Роскосмос. Starlink обезбедува брз интернет преку најголемата мрежа на сателити во светот, со над 9.000 во ниската орбита на Земјата. Услугата започна да се воведува во 2020 година и, според компанијата, порасна на над 9 милиони корисници во повеќе од 150 земји и ...

Министерот за надворешни работи на Данска ќе започне дипломатска офанзива во неделата, за време на која ќе ги посети Норвешка, Обединетото Кралство и Шведска, три сојузника во НАТО со чии претставници ќе разговара за зајакнување на безбедноста на Арктикот, објави неговото министерство. Ларс Локе Расмусен ќе биде во Осло во недела, Лондон во понеделник и Стокхолм во вторник, објави AFP. Посетите доаѓаат откако американскиот претседател Доналд ...

Европската Унија може да прибегне кон економски санкции, воведување трговски тарифи или закана за елиминирање на американските воени бази на нејзина територија за да изврши притисок врз САД за иднината на Гренланд, напиша „Економист“ во саботата. Според списанието, на Вашингтон ќе му биде исклучително тешко да ја проектира својата воена моќ во Африка и Блискиот Исток без пристап до европските воени бази како што е „Рамштајн“. На пример, ...

Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија. Кај 10 оператори, со контролите утврдени ...

Драмата „Sentimental Value“ (Сентиментална вредност) на норвешкиот режисер Јоаким Трир за врската меѓу татко и ќерка ја освои Европската филмска награда за најдобар филм, објави во саботата вечерта Европската филмска академија (EFA). Дејствието на филмот го следи режисерот кој сака неговата делумно оттуѓена ќерка да ја игра главната улога во неговиот најличен проект дотогаш. Главните актери во филмот, Швеѓанецот Стелан Скарсгард и ...

ОВЕН Денеска воздржете се од брзоплети заклучоци, особено доколку немате сите информации. Тоа ќе ве спаси од непотребни грижи и можни грешки. Побарајте рамнотежа меѓу вашите лични желби и очекувањата на другите. Важно е да ги почитувате сопствените граници, а воедно да покажете разбирање за потребите на другите. БИК Денеска имате можност да се истакнете или да привлечете внимание со вашиот природен шарм. Доколку го минете денот во друштво на ...

Австралиските власти во неделата соопштија дека 20 лица се спасени од поплавите во источната држава Нов Јужен Велс откако жителите беа предупредени да се преместат на повисоки места поради обилните дождови. Во Сиднеј, главниот град на државата и најголемиот град во земјата, жителите и туристите беа евакуирани доцна во саботата откако опасните поплави го погодија ниското предградие Нарабин, соопштија властите. Службите за итни случаи ...

Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во Скопје и околината денеска исто така ќе биде променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Утринските температури се движат од минус 8 до плус 1, додека соодветно највисоките во текот на денот ќе ...

Фудбалерите на Марсеј победија со 5:2 на гостински терен кај Анже во последниот натпревар од 18-то коло на француската Лига 1 во саботата. Гостите веќе водеа со 4:1 на полувремето, а стрелци за Марсеј беа Гуири (19), Гринвуд (24), Траоре (34) и Веа (40). Единствениот гол за Анже го постигна Сбаи (45+2). Стрелците се стивнаа во следниот период и беа постигнати само два гола. Паишао (88) постигна гол за Марсеј за 5:1, а Аљевина (90+2) ги ...

Во последниот натпревар од саботата од 20-то коло на шпанската Ла Лига, Бетис го победи Виљареал со 2:0 во Севиља. Аитор Руибал му донесе водство на Бетис во 57. минута, а Пабло Форналс го постигна голот за 2:0 во 83. минута. Виљареал остана со играч помалку во 76. минута, бидејќи Санти Комесана доби директен црвен картон за опасен старт со две нозе. Ова е прва победа на Бетис во 2026 година, а осма оваа сезона во Ла Лига, па е на шестото ...

Шведската ракометна репрезентација, поддржана од трибините на „Малме Арена“, ја победи Холандија со 36:31 (16:12) во натпреварот од првото коло од Групата Е на Европското првенство. Швеѓаните го отворија патот за убедлива победа на крајот од првото полувреме, кога од минимално водство од 12:11 во 23. минута стигнаа до плус четири (16:12) до крајот на 30. минута. Избраниците на Михаел Апелгрен поведоа со шест гола првпат во второто полувреме ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
70%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
84%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.31
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
94%
996
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
79%
1001
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
91%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Бакар

11.66

Злато

157055.75

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.07

Калај

48.47

Паладиум

53434.54

Платина

83354.78

Цинк

3.33

Сребро

2457.28