Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Дваесет и двегодишниот, Борис Стефановски, студент, го извади чесниот крст од Соборниот храм „Свети Никола“. Голем број кумановци се обидоа да го извадат светиот крст во старата градска црква. „Моментално сум студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, имам уште еден испит. Седма година се обидувам да го извадам крстот. Оваа година очекувам да дипломирам, да се вработам, да работиме со дечиња да имаме здравје да нè чува ...
Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини го стабилизираме и најголем дел се со галерии, изјави во понеделникот вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски Истакна дека овие зафати првпат се прават во Македонија и ретко каде во регионот има такви инженерски потфати. „Таму отидовме со решение, кое по мене требало да се направи ...
Чесниот крст денес, за Водици, беше положен во реката Црн Дрим во Струга. Најсреќен меѓу оние кои се фрлија по крстот беше 24-годишниот Петар Чокаревски. Претходно се оддржа свечена литургија. По фаќањето на крстот, верниците го бакнуваат, си посакуваат здраве и мир за сите. На овој прекрасен празничен настан во Струга присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска Давкова. По завршување на церемонијата, верниците полнат вода од реката ...
Искусното лево крило на ГРК Охрид, Гоце Ојлески, доби дополнителен повик од селекторот Кирил Лазаров и денеска ќе му се приклучи на тимот во базата во Хернинг. Триесетишестгодишниот Ојлески беше на поширокиот список ракометари за настап на Европското првенство, а ѝ се приклучува на репрезентацијата откако во двата воведни натпревари, против Данска, во петокот се повреди Петар Атанасијевиќ, додека Иван Џонов предвреме го заврши вчерашниот дуел ...
Во Дебар денеска најсреќен беше Дамјан Стефановски, ученик во петто одделение во дебарската деветтолетка „Пенестија“, кој го фати светиот крст положен во водата на базенот, што се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка“ каде се наоѓа и седиштето на дебарската парохија. По светиот крст заедно со Дамјан скокнаа и Теофан Ангеловски и Антониј Тодоровски, но среќата му се насмевна на Дамјан кому радоста му се читаше на насмеаното детско лице. ...
Цените на акциите остро паднаа на европските берзи во понеделник во претпладневното тргување, бидејќи САД им се заканија на европските земји со царини доколку не се согласат да го остапат суверенитетот на Гренланд, а вторите најавија противмерки. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 1,1 отсто во првиот пресек од тргувањето. Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,29 отсто на 10.207 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во порака до норвешкиот премиер изјави дека повеќе нема „обврска“ да размислува за мир бидејќи Норвешка не му ја додели Нобеловата награда за мир, иако Осло не одлучува за своите лауреати. „Драг Јонас, со оглед на тоа што вашата земја одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир за запирање на осум и повеќе војни, повеќе не чувствувам обврска да размислувам исклучиво за мир, иако секогаш ќе се ...
Со новиот закон, државата испраќа јасна порака дека јавното здравје, особено здравјето на младите и непушачите, е приоритет, во изјава за МИА потенцираше пулмо-алергологот, примариус доктор специјалист Оливер Зафировски, директор на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија во Скопје. Со доктор Зафировски разговаравме околу новиот закон против пушење. – Според спроведените анализи и релевантни податоци ...
Мартин Гоџо од Варош го фати крстот од осветените води на Охридското Езеро. Не е прв пат тој да е најсреќен меѓу оние кои се фрлаат по Чесниот Крст. Голем број верници учествуваа во чествувањето на првославниот празник Богојавление – Водици со осветувањето на водите на Охридското Езеро и традиционалното положување на Чесниот крст. Оваа година за прв пат водите на Охридското Езеро ги освети и во нив го положи Чесниот крст новиот митрополит ...
„Досега сум немал вакво интервју. Ми беа понудени можности за разни интервјуа, но секогаш чекав погоден момент. Ова интервју го прифатив веднаш затоа што разговарам со човек кој ги разбира бизнисот и стопанството, кој знае што се животот, но и тешкотиите, кој знае што се задоволствата, но и обврските. Токму затоа денеска ми е најтешко затоа што имам обврска, а, од друга страна, и најлесно“, истакна Драган Бокан, претседател на Одборот на ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод, монаштвото, свештенството и до сите православни верници. Во честитката, претседателката истакнува дека празникот Богојавление е симбол на духовно ...
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро. „Богојавление е празник на откровението, на прочистувањето и на обновата, ден кога водата, како извор на живот, нè потсетува на потребата од духовна и морална чистота. Водици носи и ...
Хјустон Рокетс ги победија гостинските Њу Орлеанс Пеликанс со 119:110, нивниот 13-ти пораз во последните 15 натпревари. Џабари Смит Џуниор постигна 32 поени, што е најмногу сезонава, а Амен Томпсон 20 поени со осум скока и шест асистенции. Кевин Дјурант, постигнувајќи 18 поени, се искачи на шестото место на листата на најдобри НБА стрелци. Со реализираните две слободни фрлања на 15 секунди до крајот, Дјурант го помина Дирк Новицки на листата ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици. Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки ...
Поранешниот и сегашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, додека ги извршуваа функциите премиер и министер за здравство и додека се обидувале да му ја преземат приватнат клиника на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска држава, а Јавното обвинителство и институциите молчеле и им биле во служба, обвинија во понеделникот од ВМРО-ДПМНЕ. „Во времето на СДС, институциите на државата не служеа на граѓаните, туку на ...
Богатството на милијардерите се зголеми трипати побрзо минатата година во однос донеодамнешното темпо и достигна највисоко ниво досега, продлабочувајќи ги економските и политичките поделби што ја загрозуваат демократската стабилност, соопшти во понеделникот групата за борба против сиромаштијата Oxfam. Во извештај објавен пред отворањето на Светскиот економски форум во Давос, добротворната организација соопшти дека богатството на глобалните ...
Што се случува со нашата демократија и како стигнавме до тука? Со години молчиме и го гледаме распаѓањето на македонскиот политички систем низ имплементирање на дивоградби во системот на владеење и одлучување во државата што ги слабеат демократските норми. Во Македонија има премногу предупредувачки знаци дека демократијата е во криза. Од порастот на етничка и политичка поларизација, корупција, невладеење на правото, слаба контролна улога на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ за арткичкиот остров Гренланд, велејќи: „Сега е време и тоа ќе биде направено!“ „НАТО ѝ кажува на Данска веќе 20 години дека ‘мора да ја отстрани руската закана од Гренланд’. За жал, Данска не успеа да направи ништо во врска со тоа“, напиша Трамп во објава на својот профил на социјалните мрежи Truth Social ноќта кон ...
Умерениот социјалист Антонио Хозе Сегуро води во првиот круг од претседателските избори во Португалија во неделата, a заостанува лидерот на крајната десница Андре Вентура, а излезните анкети и раните делумни резултати сугерираат дека двајцата ќе продолжат во вториот круг следниот месец. Во петте децении откако Португалија го собори своето фашистичко раководство, претседателските избори имаа само еднаш имаа втор круг, во 1986 година, што е ...
Поранешниот и сегашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, додека ги извршуваа функциите премиер и министер за здравство и додека се обидувале да му ја преземат приватнат клиника на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска држава, а Јавното обвинителство и институциите молчеле и им биле во служба, обвинија во понеделникот од ВМРО-ДПМНЕ. „Во времето на СДС, институциите на државата не служеа на граѓаните, туку на ...
Бројот на жртвите од судирот во неделата меѓу брз воз што излета од шините и друг воз што доаѓал од спротивната насока во јужна Шпанија се искачи на 39, а 152 лица се повредени, објави државната телевизија RTVE во понеделникот, повикувајќи се на полициски извори. Несреќата се случила во недела во 19:45 часот во близина на Адамуз во покраината Кордоба, околу 360 километри јужно од главниот град Мадрид. Според RTVE, повеќе од 200 возови меѓу ...
Јужноафриканската Република (ЈАР) во неделата официјално прогласи состојба на национална катастрофа поради смртоносните поплави што ја погодија земјата започнувајќи од декември. Обилните дождови и бури што ја погодуваат Јужна Африка и соседниот Мозамбик веќе неколку седмици одзедоа 30 човечки животи во јужноафриканските провинции Лимпопо и Мпумаланга (североисток), а најмалку осум во Мозамбик. „Го класифицирам ова како национална катастрофа“, ...
ЈСП Скопје информира дека денеска поради верскиот празник Богојавление – Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни ...
Поради неизвесноста на финансиските пазари, инвеститорите бараат побезбедни засолништа за својот капитал, па затоа се свртеа кон купување скапоцени метали. Цената на златото порасна за 1,5 проценти во раното претпладневно тргување во понеделникот, на рекордни 4.665 долари за унца, додека цената на среброто порасна за 3,3 отсто, на рекордните 92,93 долари за унца. А поради растот на геополитичките тензии, на валутните пазари, по растот од ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело „Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик“, соопшто во понеделникот обвинителството. При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, осомничениот се обидел да ја лиши од живот сопствената ...
Мемфис Гризлис ги победија Орландо Меџик со 126:109 во натпревар од регуларната сезона на НБА лигата одигран во неделата ноќта во лондонската „О2 Арена“, натпревар кој беше нарушен и од страна на гледач кој ја прекина американската национална химна. Американската национална химна, која е составен дел од секој натпревар од НБА лигата, ја изведе пејачката Ванеса Вилијамс, а за време на нејзиниот настап, еден гледач извика „Оставете го Гренланд ...
Пожарникарите во Карачи во понеделникот започнаа да бараат повеќе од 60 исчезнати лица откако голем пожар уништи трговски центар во најнаселениот град во Пакистан, додека бројот на жртви од катастрофата се искачи на 11, пренесуваат тамошните медиуми. Пожарот започна доцна во саботата во пространиот, повеќекатен трговски центар „Gul Plaza“ во деловниот округ на градот и гореше повеќе од 24 часа, отежнувајќи ги напорите за спасување во густо ...
ОВЕН Не брзајте со потпишување договори и спогодби денеска доколку имате барем најмал сомнеж дека работите не се онакви какви што треба да бидат. Ако не сте целосно убедени, почекајте неколку дена додека сликата не стане појасна. Избегнувајте големи трошоци и не правете импулсивни купувања. Можете да купите лотариски лоз – постои можност среќата да ви се насмевне. БИК Денеска можете да сметате на поддршка однадвор – најмногу од вашата сакана ...
Во понеделни на територијата на Македонија по студеното и облачно утро во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринските температури се движат меѓу минус 8 и 0, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од минус 1 до 6 Целзиусови степени. Во Скопје и околината, исто така, ќе денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од ...
Најмалку 21 лице загина во неделата во јужна Шпанија кога два брзи возови излетаа од шините и се судрија во близина на Адамуз во Андалузија, објави шпанската новинска агенција EFE, повикувајќи се на извори блиски до истрагата. Андалузиските служби за итни случаи објавија дека повеќе од сто лица се повредени, вклучувајќи најмалку 25 лица кои претрпеле сериозни повреди, и дека многу повеќе патници би можеле да бидат заробени во превртените ...