Америка мора да ја преземе контролата врз Гренланд заради националната безбедност, бидејќи островот е клучен за изградбата на предложениот систем за ракетна одбрана „Златна купола“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Изјавите на Трамп во врска со Гренланд ескалираа во последните недели, при што американскиот претседател се повеќе инсистира на стекнување на територијата од Данска со какви било средства, а воедно алудираше на ...

„Укинувањето на техничката влада треба да се случи кога нашето општество ќе биде зрело за тоа. Слободната волја на граѓаните и фер и демократски избори не се прашање на политички пазар. Затоа потребни е целосно носење на законите од Реформската агенда, и дури тогаш кога европските експерти ќе проценат дека тие се применуваат, ете тогаш ќе бидеме спремни да ја укинеме техничката влада“. Вака изјави на лидерот на СДСМ Венко Филипче на ...

Aмбасадорката на Соединетите Американски Држави во заминување, Анџела Агелер, денеска оствари средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод завршувањето на нејзиниот мандат во Македонија. „За време на нејзината проштална средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката Анџела Агелер се осврна на силната одбранбена ...

Компанијата „Пирамид билдинг солушнс“ ДООЕЛ Скопје остро ги демантира обвинувањата изнесени од Антикорупцискиот тим на СДСМ, оценувајќи дека станува збор за селективно и тенденциозно прикажување на податоци со цел да се наруши угледот и деловната репутација на фирмата. Во писмено соопштение доставено до медиумите, од компанијата наведуваат дека во последните денови се соочуваат со јавни напади и клевети изнесени од претставници на СДСМ, во ...

Кина забележа суфицит во трговијата со светот од речиси 1,2 трилиони долари во 2025 година, покажаа царинските податоци објавени во средата, со скок на извозот на африканските и пазарите на ASEAN и најголем обем на пратки на ретки минерали во повеќе од десет години. Во периодот од јануари до декември, вредноста на извозот на Кина се зголемил за 5,5 отсто и достигнал вкупна вредност од околу 3,8 трилиони долари, покажуваат царинските податоци. ...

Соединетите држави одлучија да повлечат дел од воениот персоналот од главните бази на Блискиот исток, објавија светските агенции повикувајќи се на извори од администрацијата на претседателот Доналд Трамп. „САД повлекуваат персонал од клучните бази во регионот како мерка на претпазливост поради зголемените регионални тензии“, објави агенцијата, цитирајќи неименуван американски функционер. Според функционерот, на дел од воениот персонал му е ...

Истражителите за борба против корупцијата ја обвинија Јулија Тимошенко, истакнатата украинска опозициска фигура и поранешна премиерка, за организирање шема за поткуп на пратеници – за која се вели дека вклучува и личности од партијата на Володимир Зеленски – за да го поткопаат. Тимошенко се здоби со меѓународна слава за време на Портокаловата револуција во Украина во 2004 година и беше затворена во 2011 година по политички мотивирани ...

Оне Македонија беше единствениот учесник во тендерската постапка, со што ѝ се овозможува да изгради и управува со една од најнапредните и најбезбедни самостојни 5G мрежи во регионот. Согласно претходно соопштение на компанијата, Оне Македонија има склучено прелиминарен договор со Ериксон (Ericsson) за стратешка соработка во планирањето, дизајнот и имплементацијата на новата мрежа. Поставувањето на 5G мрежата и почетокот на комерцијалните ...

Букурешт е подготвен да започне преговори за обединување со Кишињев. Еуген Томац, член на Европскиот парламент и советник на романскиот претседател Никусор Дана, го изјави ова во интервју за CaleaEuropeană.ro. Тој изјави дека Романија е „подготвена да седне на преговарачка маса во секое време и сериозно да разговара за ова сценарио“ доколку Молдавија го смета за прифатливо. „Секој Романец со добра волја, без оглед на тоа на која страна од ...

Цените на среброто надминаа 91 долар во средата на физичкиот пазар, што одразува зголемена побарувачка на инвеститорите за скапоцениот метал во услови на геополитички тензии и шпекулации дека американската централна банка би можела да ги намали клучните каматни стапки. Унца сребро беше за 4,84 отсто поскапа на физичкиот пазар во средата попладнето отколку на вчерашното затворање на тргувањето, на 91,16 долари. Цените накратко надминаа 92 ...

Кина забележа суфицит во трговијата со светот од речиси 1,2 трилиони долари во 2025 година, покажаа царинските податоци објавени во средата, со скок на извозот на африканските и пазарите на ASEAN и најголем обем на пратки на ретки минерали во повеќе од десет години. Во периодот од јануари до декември, вредноста на извозот на Кина се зголемил за 5,5 отсто и достигнал вкупна вредност од околу 3,8 трилиони долари, покажуваат царинските податоци. ...

Размената на искуства и позитивни практики со земјите од Европа и Светот ни е од голема важност во оваа насока, и затоа се радуваме што стануваме земја членка на Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование (EASNIE), истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, на средбата со Жоао Кошта, директор на EASNIE и Рута Сваринскаите, кои деновиве се во посета на нашата земја. „Постојано работиме на подигнување на ...

Соединетите држави сакаат да спречат какви и да се обиди за вовлекување на Украина во НАТО, и Русија го гледа тоа, изјави во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со намибиската министерка за меѓународни односи и трговија, Селма Ашипала-Мусави. „Од нашите претходни контакти со САД, почнувајќи од самитот во Анкориџ и последователните контакти со Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, гледаме дека САД ја разбираат ...

МВР информира дека синоќа во 20:18 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Новачки пат“ во Битола, патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.А.(44) од Битола, удрило во пешакот С.П.(62) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. МВР информира дека синоќа во 20:18 часот во СВР Битола е ...

Премиерот Христијан Мицкоски по завршувањето на денешната лидерска средба соопшти дека била постигната согласност за решавање на прашањата од итност и дека за дел од отворените прашања ќе продолжи да се дискутира на ниво на координатори на политичките групи. Тој најави дека е постигната согласност за старт на проектот „Безбеден град“ и изгласувањето на законите за тој да профункционира, како и за укинување на техничката влада. На лидерската ...

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека САД го „растураат“ светот со своите постапки кон Венецуела и Иран. Лавров истакна дека САД го фрагментираат меѓународниот систем преземајќи, како што рече, нелегална операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и заканувајќи му се на Иран со напад. „Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, рече Лавров за американската операција за апсење на Мадуро. Тој ...

СВР Тетово денеска соопшти дека во пожарот синоќа во Тетово загинал пензионираниот професор Обрад Стојановиќ. Пожарот во станот на Обрадовиќ на улицата 180 во Тетово во СВР Тетово бил пријавен во 19.20 часот вчера. „При обид да го изгаси огнот, со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Од Територијалната противпожарна ...

По речиси три часа, во Клубот на пратениците заврши лидерската средба што ја иницира премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која требаше да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата. Покрај Мицкоски, на средбата од коалициските партнери во Владата ...

Државниот пазарен инспекторат ќе биде зајакнат со 40 нови инспектори, кои треба да го поминат периодот на обука и кон средината на годината активно да се вклучат на терен. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека на терен се потребни инспектори што ќе ја вршат контролата над сите трговски друштва со цел да се утврди кој не ги почитува законите. Како што изјави денеска, во Трудовиот инспекторат во моментот има 80-ина инспектори, ...

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на „МојДДВ“ – мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани можат да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права согласно законските одредби. За спроведување на мерката „МојДДВ“ се предвидени средства во Буџетот за 2026 година, со што се обезбедува нејзино ...

Гренланд, најголемиот остров на Земјата, има повеќе природни ресурси од кое било друго место на светот. Во овој миг сите активности за рударство и вадење ресурси се строго регулирани од гренландската влада преку сеопфатна правна рамка, што датира од 70-тите. Како што пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert), Гренланд е посебно место на Земјата, кое од неодамна повторно е во средиштето на вниманието поради геополитичките превирања. Без разлика ...

Едоардо Кампанела, директор и главен уредник на Инвестицискиот институт на „UniCredit Bank“, на Форумот за Централна и Источна Европа во Виена зборуваше за извесните предизвици за глобалната економија во оваа година. Како еден од најголемите предизвици ја истакна политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи ја Трамп 2.0. Тој оценува дека станува збор за политика на неоимперијален модел, која не е последица на она што ...

Моделот на глобализација што Вашингтон долги години го промовирапе во светот, пропадна под сегашниот курс на надворешната политика што ја водат САД, изјави во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Дејствијата на коишто сме сведоци на меѓународната сцена, укажуваат не само на обви туку и на правецот на нашите американски колеги кон уништување на целиот систем што со години беше создаван со нивно (на САД) директно ...

Издадени се 304 одобренија за градење во ноември лани, што е за 16,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.400.888.000 денари, што е за 27,1 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење – 110 по што ...

Министерсот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека засега нема причини да се реагира и да се воведе ограничувње на цените на храната, затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. Ќе се реагира ако дојде до енормно поскапување, вели Дурмиши. „Засега не гледаме причина да преземаме некакво ограничување на бруто профитната маржа или ограничување на цените. Секојдневно ја следиме ситуацијата, во комуникација сме со ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено. Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова ...

Доналд Трамп е единствениот светски лидер способен да го спречи Владимир Путин да ја загрози Европа, тврди полскиот претседател Карол Навроцки. Во интервју за Би-Би-Си, тој рече дека на рускиот лидер не треба да му се верува, туку дека Европа мора да направи сè што може за да го поддржи американскиот претседател во неговите напори да ја заврши војната во Украина. Навроцки веќе беше добро познат како цврст поддржувач на Доналд Трамп, дури и ...

Во изминатиот период од страна на Град Скопје биле преземени засилени инспекциски контроли на индустриските капацитети, воведени редовни и вонредни надзори, се работело на решавање на сообраќајот, изградба на нови зелени површини и зелени коридори, како и соодветен третман на депониите. Само во периодот од 6 ноември до 1 јануари, издадени се 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени. ...

Новиот закон против пушење претставува значаен чекор напред во заштитата на јавното здравје. Пред сè, со ваквото законско решение се обезбедува заштита на сите непушачи од пасивното дејство на тутунскиот чад, особено кај најранливите категории како што се децата и бремените жени, нагласи проф. д-р Игор Стојковски, директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. Дополнително, се очекува значително намалување на ...

Судија на претходна постапка му одредил притвор од осум дена на 55-годишниот маж кој е осомничен за оштетувањето на стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје, потврдија денеска од Основниот кривичен суд Скопје. Притворот е одреден на предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, кое вчера поведе постапка против лицето кое се гони за кривичното дело оштетување туѓи предмети. Обвинителството побара на осомничениот да му ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1002
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
79%
1001
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1002
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.79
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1002
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
74%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
82%
1003
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1003
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
98%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
95%
1001
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
90%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159231.39

Платина

67162.91

Сребро

2460.50

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Цинк

3.25

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.03

Кобалт

64.04

Бакар

11.69

Калај

46.91

Паладиум

546.56