Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Западните воени експерти и политичари неодамна почнаа претпазливо да тврдат дека Украина се чини дека почнала да ја презема иницијативата во војната – ако не директно на бојното поле, тогаш во динамиката на конфликтот. Тие го сметаат зголемениот притисок врз Русија за неопходен услов за да ја убедат да преговара за мировен договор. Некои дури тврдат дека Русија ефикасно ја изгубила војната, пишува во „Телеграф“ Валериј Залужни, амбасадор на ...
Претседателот на СДСМ вечерва во интервју за Сител изјави дека не се планира исклучувања од партијата на луѓето што беа на затворената средба за реформи на партијата и ги повика таа дебата да се води внатре во партијата. Венко Филипче рече дека Платформата што се промовира надвор од СДСМ најмногу потсетува на моделот на ЗНАМ, бидејќи се прави надвор од партијата, наместо дебатата да се води во рамките на партијата. Филипче нагласи дека ...
Гостите денес не бараат само добар пијалак, туку целосно искуство. Тематските вечери, интерактивните концепти и забавните формати повторно ги полнат баровите ширум светот, пишува CafeBar&Restoran. Во услови кога младите генерации консумираат помалку алкохол, баровите сè повеќе инвестираат во програми што создаваат причина за излегување. Квизови, тематски коктел-вечери, музички концепти и интерактивни настани стануваат новото лице на ...
Самостојната изложба „Огледало на срцето одек на чувствата“, замислена како мултимедијален проект на наградуваната уметница Марија Чепишева, ќе биде отворена во четврток (9 јули) во 20 часот, во галеријата „Остен“ во ценатарот на Скопје, а ќе може да ја посетите секој ден до крајот на јули. Визуелно, звучно, сетилно и емотивно патување низ различните форми на храброст-емоција-чувство. Tвојата, нејзината, неговата, нивната сила не е само во ...
Милел Олиз ќе игра во четвртфиналето на Светското првенство против Мароко под закана од суспензија. Француската фудбалска федерација побара од ФИФА да го поништи жолтиот картон што го доби во судиското продолжение против Парагвај, но жалбата беше одбиена. Доколку добие уште еден жолт картон, ќе го пропушти евентуалното полуфинале. За Франција, тоа е дополнителна загриженост пред еден од најважните натпревари на турнирот, а за Дешан, уште еден ...
Женева– Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека бројот на нови дијагностицирани случаи на рак ширум светот секоја година би можел да порасне на 35 милиони, од 20,6 милиони во 2024 година, доколку земјите не преземат итни мерки. Глобалниот извештај на СЗО за состојбата со ракот за 2026 година наведува дека 92 отсто од светската популација ќе биде засегната од рак во одреден момент од својот живот, било лично или преку ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос, министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицепремиерот Беким Сали денеска извршија увид во реконструкцијата на Државниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, проект што се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, и меѓународни партнери. Кос истакна дека реконструкцијата на студентскиот дом е јасен показател за поддршката што Европската Унија ѝ ја дава на Северна Македонија ...
Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза денеска пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на земјава, а на аеродромот „Св. Апостол Павле“ беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба, соопшти МВР. На средбата се разговарало за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на информации и унапредување на заедничките ...
П „Лајка“ почнува кампања за удомување на кучињата кои со години чекаат дом – соопштуваат од претпријатието. Во рамките на кампањата, со наслов „Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства“, реализирана е фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако, како што наведуваат, станува збор за здрави миленици, социјализирани и подготвени за удомување. – Во наредниот период јавноста ќе има ...
Модата на официјалните политички средби ретко е случајна, а впечатокот што го оставаат боите и кроевите често зборува исто толку гласно колку и самите изјави. На средбата во Скопје, еврокомесарката за проширување Марта Кос и македонскиот премиер Христијан Мицкоски избраа (не) случајна палета на бои- бела и тегет, комбинација која со години се смета за синоним за елеганција, сериозност и префинетост. Белата боја традиционално се поврзува со ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против три лица, кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик, ...
Загреб – По завршувањето на Светското првенство репрезентацијата на Хрватска остана без селектор. По денешниот состанок со претседателот на ХНС Маријан Кустиќ договорено е Далиќ да ја напушти функцијата селектор на Хрватска. „Скромно доаѓање. Незаборавен пат. Достоинствено простување. По девет години селекторот Златко Далиќ донесе одлука да ја заврши неверојатната ера на чело на „ватрените“. Селекторе, благодарност за победите, успесите, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, направи гаф на денешниот самит на НАТО, додека на прес конференцијата со Володомир Зеленски зборуваше за воените напади на Иран. Објаснувајќи дека Иран возвратил со 111 ракети, место да каже Иран тој рече „Исламска република Јапонија“. JUST IN: 🇺🇸🇯🇵 Trump: “The Islamic Republic of JAPAN fired 111 Missiles at an American Aircraft Carrier” pic.twitter.com/iJHZ0zYcpi — Megatron (@Megatron_ron) July 8, 2026 ...
Средбата меѓу Доналд Трамп и Џорџа Мелони на самитот на НАТО во Анкара брзо се претвори во тема на социјалните мрежи, откако камерите го забележаа нејзиниот израз за време на поздравувањето со американскиот претседател. Трамп и италијанската премиерка се сретнаа првпат по нивната јавна вербална пресметка, која почна по неодамнешниот самит на Г7 во Франција. Тогаш Трамп ја обвини Мелони дека „молела за фотографија“ со него.Мелони не остана без ...
Европската Унија разгледува воведување радикални мерки во патниот сообраќај, што вклучуваат користење на сателитска технологија за присилно забавување на автомобилите што ја надминуваат дозволената брзина. Според предлогот што го разгледува Европската комисија, производителите би морале да инсталираат уреди за ограничување на моќноста на моторот со далечинско управување во сите нови возила, план што критичарите веќе го опишаа како апсурден, ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против три лица, кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека Украина има одлична иднина и најави нови напади врз Иран, додека украинскиот лидер Володомир Зеленски најави почеток на работа на договор за беспилотни летала со САД, по денешната средба во рамките на самитот на НАТО во Анкара. Имајќи на ум како почна комуникацијата на двата лидера, оваа средба беше оценета како голем пробив. „Развивме прекрасни односи. Украина има одлична иднина. Толку прекрасна ...
Зелен хуман град реагира на преговорите околу измената на изборниот законик со кои и натаму се задржува спорното решение околу бројот на собрани потписи, а јавноста се замајува со споредни прашања. „Деновиве јавноста континуирано е бомбардирана со какафонија од информации поврзани со измените и донесувањето на новиот Изборен законик, но многу малку од тие информации се поврзани со фактот дека сите политички партии, на кои устата им пени за ...
Во напад со нож денеска, во средно училиште во баварскиот град Шонгау, наводно, повредени се четири лица, од кои две се сериозно, а 16-годишниот сторител бил уапсен кратко по нападот. Според полицијата, нападот се случил околу 13 часот во зградата на средното училиште во градот во Горна Баварија, кој има население од околу 12.000 жители. Laut NIUS-Informationen sprechen Rettungskräfte intern von einem „Amoklauf“. Auch gegenüber dem ...
Во Европската Унија, Италија е лидер во потрошувачката на енергија за ладење, со 26,3 илјади тераџули, по што следат Шпанија (14,3 TJ) и Грција (11,9 TJ) регистрирани во 2024 година, објави денес Евростат. Во Европската Унија, Италија е лидер во потрошувачката на енергија за ладење, со 26,3 илјади тераџули, по што следат Шпанија (14,3 TJ) и Грција (11,9 TJ) регистрирани во 2024 година, објави денес Евростат. Исто така, вкупната потрошувачка ...
Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија, собрани во Комитетот на постојани претставници (Корепер), не дадоа зелено светло за отворање на Кластерот 3 за Србија на денешниот состанок одржан во Брисел, неофицијално дознава „Современа политика“. Како што прецизираат извори од дипломатски кругови, осум земји-членки на ЕУ биле против давањето нов чекор во европската интеграција на Белград. На оваа листа се наоѓаат: Холандија, Белгија, ...
Еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, јасно ја „нацрта“ намерата Македонија со Црна Гора и со Албанија да стане земја членка на ЕУ во скорешна иднина, практично молејќи го државниот врв да направи чекор и да им ја олесни таа задача – иницирајќи процес за уставни измени. Фалејќи ја реформската агенда на Македонија повеќе отколку што заслужува, таа меѓу редови прати порака дека Брисел прави силно досие за Македонија со ...
Поднесена е кривична пријава против две малолетнички поради основано сомнение за сторено кривично дело насилство, против еден малолетник за кривичните дела поттикнување и неовластено снимање, како и против уште еден малолетник за кривично дело неовластено снимање. Пријави се поднесени и против петмина родители поради сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање дете. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска ...
Во рамки на 15-тата седница која се одржа во просториите на локалната самоуправа, Советот на Општина Карпош заседаваше и расправаше по 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во тој контекст, советниците го усвоија Општинскиот енергетски план за 2027 година, врз основа на согласноста од 27.05.2026 година, издадена од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во постапка пропишана со закон. Основната цел на овој ...
Министерството за здравство е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“ што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека овој лек повторно ќе биде достапен зa пациентите без доплата, во најскоро време, соопштија попладнево од таму. Министерството за здравство и понатаму ќе спроведува активности со кои ќе сe овозможи поголема достапност на лековите по поприфатливи цени зa граѓаните, ...
СДСМ преку соопштение тврди дека најновите економски проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не ги потврдуваат, како што наведува партијата, тврдењата на Владата дека Македонија ќе биде меѓу најбрзорастечките економии во Европа. Според СДСМ, ММФ прогнозира просечен економски раст на македонската економија од три проценти во периодот до 2031 година, при што, како што наведуваат, повеќе европски земји, меѓу кои Албанија, Србија, Косово, ...
Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила договор вреден околу 157.000 евра за набавка на интегриран систем за сајбер безбедност и заштита на податоци. Договорот е доделен на Друштвото за професионални и консултантски услуги „Телелинк бизнис сервисис“ од Скопје, , фирма регистрирана во Македонија. Но, податоците од сопственичката структура покажуваат дека нејзин сопственик со 100 проценти удел е групација со ист назив ...
Бранко Манчев од Кочани е македонски ликовен уметник, професор по ликовно образование и главен уметник во Art Room. Активно твори во областа на современото сликарство, а паралелно е посветен на едукацијата и развојот на креативноста кај младите и возрасните преку различни уметнички програми и работилници. Како започна Вашиот пат во уметноста? Од најрана возраст уметноста беше природен дел од моето секојдневие. Љубовта кон цртањето и ...
Двете фонтаните во реката Вардар, кои требаше да прават водоскоци покрај Камениот мост, високи и по 20 метри, и да бидат осветлени во боите на виножитото, одамна се надвор од функција, а од Град Скопје потврдуваат дека нивниот систем е сериозно нарушен. „Во однос на подводните фонтани во коритото на Вардар, сакаме да информираме дека нивната состојба е сериозно нарушена. Во минатото, при изведување на градежни активности во коритото на ...
Новиот џез аранжман на култната народна песна, први ја слушнаа пријатели и медиуми на гала настан на отворено на генералниот спонзор во Скопје. Новата џез-интерпретација на „Билјана платно белеше“ е централен дел на кампањата „Културна врска“ , создадена во соработка со Националниот џез оркестар, во аранжман на Гордан Спасовски. Генералниот спонзор годинава одлучи поддршката на културата да ја преточи во трајна вредност, музичко дело што ...