Лекот за болни од астма и хронична опструктивна белодробна болест со генеричко име беклометазон форматерол или со фабричко име „фостер“ до крајот на овој месец ќе биде достапен за осигурениците за 280 денари. Како што најави денеска, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, „фостер“ нема да се доплаќа 800 денари, а и цената ќе му биде намалена од досегашната, од 300 на 280 денари. Тој рече дека по поплаките на ...

Во текот на три ноќи, украинските беспилотни летала со долг дострел погодија 35 танкери, товарни бродови и „специјални бродови“ во Азовското Море. Путин бара да се обезбедат субвенции за луѓето на Крим Украинската војска во четврток соопшти дека во текот на ноќта нападнала уште 14 руски танкери во Азовското Море, како дел од кампањата за прекин на снабдувањето со гориво на руските сили и изолирање на окупираниот Крим. Украинскиот ...

Четириесет и четиригодишен охриѓанец синоќа починал откако проголтал паковка со наркотична материја при полициска проверка на возилото во кое тој бил сопатник, информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид. Возачот на автомобилот, кој претходно се обидел да ѝ избега на полицијата, е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција на телото на починатиот во Општата болница во Битола, додека, во ...

Железничката обиколница околу Скопје ќе овозможи побрз и поефикасен карго транспорт на Коридорот 10, но и ќе придонесе за намалување на загадувањето во главниот град, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој посочи дека со реконструкцијата на обиколницата товарните возови повеќе нема да мора да минуваат низ централното градско подрачје, што ќе донесе повеќекратни придобивки – пократко време на ...

Град Скопје од понеделник започнува со спроведување на терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на целото подрачје на градот. Акцијата ќе се реализира од 13 до 16 јули 2026 година, во периодот од 22 часот навечер до 03 часот по полноќ, информираат од Град Скопје. Надлежните посочуваат дека дезинсекцијата ќе се спроведува со цел намалување на бројот на комарци и подобрување на условите за граѓаните во летниот период. Доколку ...

Од 14 јули започнува примената на новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, со кој по првпат се воспоставува законска рамка за организирање дарувања (giveaway), соопштија од Министерството за финансии. Со новите законски решенија се воведува задолжителна дозвола за организирање дарувања, надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање. Од ...

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска испиша нова страница во историјата на македонската кинематографија, со две номинации за 78. Emmy Awards, најпрестижните награди во светската телевизиска индустрија. Ова е првпат македонски филм да биде номиниран за Emmy Awards, со што успехот на „Силјан“ добива историско значење не само за Македонија, туку и за документарниот филм во регионот. Филмот е номиниран во категоријата ...

Неочекуваните ѕвезди на самитот на НАТО во Анкара овојпат не беа лидерите, туку мачките во претседателскиот комплекс. Странските претставници, известувачите и дипломатите покажаа голем интерес за нив, а тие владееја со просторот. NATO Zirvesi’nin beklenmedik yıldızları bu kez liderler değil, Cumhurbaşkanlığı Külliyesi’nin Ankara kedileri oldu. Yabancı basın mensupları ve bürokratlar, kedilere yoğun ilgi gösterdi.#Meloni kediyi çok sıkmış ...

Вашингтон — Плановите на претседателот Доналд Трамп за изградба на порта што ја менува силуетата во главниот град на државата добива уште еден преглед од федералната комисија чие одобрение му е потребно, но персоналот на агенцијата вели дека проектот треба да се ревидира пред да добие зелено светло. Националната комисија за планирање на Вашингтон се состанува во четврток, а предложената порта од 76 метри од републиканскиот претседател е една ...

Во судница денеска почна судењето против Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и две убиства во обид на повозрасни жени во Кумановскиот регион. На почетокот на рочиштето обвинетиот не одговараше на прашањата на судијата, по што беше дадена кратка пауза. Неговиот адвокат објасни дека Бојковски се вознемирил од камерите и од присуството на повеќе лица во судницата. Обвинителството тврди дека ќе докаже оти Бојковски со умисла ги извршил ...

Палестински хуманитарен работник кој организирал проекции на натпревари од Светското првенство во Газа беше убиен во израелски ракетен напад непосредно пред натпреварот помеѓу Египет и Аргентина во вторник вечерта. Двајца браќа на возраст од осум и десет години и уште еден маж кој бил на улицата во близина на местото на нападот, исто така, беа убиени. Мохамед ал-Вахиди, 57, директор на Египетскиот комитет во Газа, со години работел на проекти ...

Неочекуваниот „инцидент“ на граничниот премин Ќафасан“ кон Албанија предизвика вознемиреност во Влен бидејќи таму беа задржани тројца функционери на партијата од албанската гранична полиција наводно без образложение. Во групата биле координаторот на пратеничката група на Влен, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани. Тие биле задржани околу еден час, иако сите тројца поседуваат ...

Предлогот да се востановат две нови државни награди – „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“ не ја доби потребната поддршка на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Предлогот беше поднесен од страна на опозицијата, но немаше доволно гласови за да помине во понатамошно читање. Со предлогот се бараше востановување на двете награди поради значењето на двајцата културни дејци. Наградата „Блаже ...

Во македонското Собрание се доставени измени на Законот за студентски стандард, со кои се заоструваат условите за користење на сместувањето во државните студентски домови преку изрекување на воспитни мерки до забрана за престој, како и определување на 30-годишна возраст, како горна граница, до кога ќе може да се добие сместување во дом. Со законските измени, на студентите кои не се придржуваат на утврдениот куќен ред може да им се изрече ...

Екстремната топлина сè повеќе ги загрозува плановите на НАТО додека главниот фокус на лидерите на алијансата во Анкара е исполнување на обврските преземени во 2025 година за значително зголемување на трошоците за одбрана. Рекордните температури што ја зафатија Европа во текот на изминатиот месец, сепак, покажуваат дека територијата што ја штити НАТО сега е многу потешка за одбрана. Покрај воените капацитети, земјите-членки мора да инвестираат ...

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, при денешната посета на Полициската академија на МВР во Идризово оцени дека Северна Македонија сериозно пристапува кон меѓународната полициска соработка и претставува важен партнер на организацијата. Обраќајќи се пред кадетите и раководството на Министерството за внатрешни работи, Уркиза истакна дека Центарот за обука на МВР е значајна институција за подготовка на идните полициски службеници. ...

Фаро – Бони Тајлер, велшката пејачка со препознатлив рапав глас која стекна светска слава со хитовите „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It’s a Heartache“, почина. Имаше 75 години. Почина поп-иконата Бони Тајлер (75), препознатлива по моќниот, рапав глас Беше во индуцирана кома по итна операција Пејачката во последните месеци страдаше од сериозни здравствени проблеми. Во мај, таа беше подложена на итна операција поради ...

Неодамнешните успеси на Украина во војната со Русија го импресионираа Доналд Трамп. На самитот на НАТО во Анкара, тој дури ја спореди моменталната ситуација со неговата средба со Володимир Зеленски во Белата куќа во февруари 2025 година, кога Трамп изјави дека украинскиот претседател „нема карти“ да игра против Русија. „Тешко е да се поверува, навистина – од Овалната соба до денес… Мислам дека развивме многу добри односи“, рече Трамп, ...

Фаро – Почина поп-иконата од 80-тите, со моќен, рапав глас, најпозната по хитовите „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It’s a Heartache“. Имаше 75 години. Веста беше објавена на нејзината официјална веб-страница. Велшката поп-ѕвезда, чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, почина само неколку месеци откако беше лекувана на интензивна нега, каде што беше ставена во индуцирана кома по итна операција на цревата, пренесе ДПА. ...

На 08.07.2026 во 20:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ч.А.(40) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола и претрес на товарно возило „волво“ со албански национални ознаки, кое тој го управувал, во кабината на влекачот, биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана. Известен бил јавен обвинител, а Ч.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, ...

По „Опенхајмер“, добитник на Оскар, режисерот Кристофер Нолан се враќа со уште еден голем филмски проект. Овој пат тој ја носи една од најпознатите приказни во историјата на литературата, „Одисеја на Хомер“, на големото платно. Станува збор за епска авантура што го следи долгото и опасно враќање на Одисеј дома по Тројанската војна. На ова патување, тој се среќава со богови, чудовишта, сирени и бројни други пречки, и токму оваа безвременска ...

Греам Платнер, демократскиот кандидат за американскиот Сенат во Мејн, ја суспендира својата кампања по обвинувањата за сексуален напад. Платнер ја објави својата одлука во 11-минутно видео објавено на социјалните медиуми во средата вечерта, во кое гневно ги обвини демократските естаблишменти и корпоративните медиуми дека „ги користат овие обвинувања за да ни ги одземат сите работи што ни се потребни за водење кампања“ и дека дејствуваат ...

Во рамки на заедничките активности насочени кон унапредување на јавната безбедност и превенција од девијантни појави кај младите, вечерва во Општина Карпош беше спроведена акцијата – „Соседска патрола“. Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, заедно со командирот на ПС Карпош, Стефан Тасевски, началникот на ОКР, Давор Дракуловски, инспектори по малолетничка деликвенција, униформирани полициски службеници и ...

Заедничките гранични контроли One Stop веќе функционираат на граничните премини со Србија и Косово, а со потпишувањето на договорот со Албанија е заокружен процесот на воспоставување на овој современ систем со сите соседи кои не се дел од Шенген зоната – соопшти Министерството за внатрешни работи. Со имплементацијата на One Stop системот, како што се наведува во соопштението, граѓаните добиваат едно застанување, една гранична контрола и ...

Додека пред меѓународните чинители Мицкоски и ДПМНЕ глумат дека Изборниот законик им е реформа за која многу силно се борат да се донесе, се обидуваат одговорноста за неговото недонесување да ја префрлат врз опозицијата, велат од опозициската Левица. – Партијата која има мнозинство во Собранието, ја предводеше Работната група и го предложи текстот на законот денес глуми неутрален набљудувач кој наводно ќе прифател сѐ што ќе се договорат ...

Поголема количина разновидна наркотична дрога е пронајдена при претрес во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека на 8 јули полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени оперативни мерки и активности, извршиле претрес при што биле пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, ...

Стапи во сила новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар, соопштува Министерството за енергетика. Новата Уредба се носи по 19 години. Со неа се воспоставуваат јасни и современи правила за тоа какви течни горива можат да се пласираат на домашниот пазар, како се утврдува нивниот ...

Англија и Норвешка ќе го играат четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во сабота во 23:00 часот, а натпреварот би можел да започне подоцна поради временските услови. Натпреварот се игра во Мајами во 17:00 часот по локално време, а температурата би требало да достигне 34 степени Целзиусови, а дополнителна загриженост создава високата влажност на воздухот, поради што ќе изгледа како да е дури 43 степени Целзиусови на почетокот на ...

Околу 5.100 луѓе починаа во Германија од причини поврзани со горештините за време на топлотниот бран во јуни, покажуваат проценките на Институтот „Роберт Кох“. Како што пренесе ДПА, државниот институт за јавно здравје на Германија ја објави оваа проценка во денешниот најнов неделен извештај за смртноста поврзана со високите температури. Германија се соочи со неколкудневни рекордно високи температури на крајот на јуни, кои во одредени делови ...

Македонски концепт на Петар Богојески, кој е дел од владејачката коалиција „Твоја Македонија“ е зачуден од изјавата на еврокемасрката за проширување, Марта Кос, дека никој во Унијата не може да дава гаранции. „ Доколку навистина не постојат гаранции дека исполнувањето на преземените обврски ќе доведе до членство во Европската унија, тогаш логично се наметнува заклучокот дека и Преспанскиот договор бил прифатен без реална гаранција за ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.36
27%
1012
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
1.47
44%
1013
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
2.96
45%
1016
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.31
38%
1014
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
1.8
39%
1013
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
1.22
68%
1017
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
3.58
39%
1010
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.48
22%
1012
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.26
29%
1012
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
2.24
46%
1012
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 28ᴼ
2.24
48%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
2.38
55%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Платина

55652.94

Алуминиум

3.27

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Калај

56.77

Бакар

13.54

Иридиум

252383.36

Злато

137126.15