Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Европската унија го одложува воведувањето на новиот систем ЕТИАС за претходно одобрување на патувања, откако проблемите со новиот електронски систем за влез и излез на границите предизвикаа застои и подолги чекања за патниците. Наместо планираното воведување, системот најверојатно ќе започне да функционира подоцна, бидејќи европските институции сакаат прво да ги надминат техничките и организациските проблеми со постојниот систем ЕЕС. ЕТИАС, ...
Лондон – Чешката тенисерка Каролина Мухова е првата финалистка на грен слем турнирот во Вимблдон, откако попладнево во полуфиналето кое донесе фантастичен тенис ја совлада Американката Коко Гоф со 6-2, 1-6, 7-6 (12-10). Деветтата тенисерка во светот ја совлада Гоф за два часа и 35 минути и прв пат во кариерата се пласираше во финалето на лондонскиот грен слем. Мухова играше одличен тенис во првиот сет и со два брејка на сервисот на Гоф во ...
Њујорк – Претседателот на судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, застана во одбрана на судиските одлуки на осминафиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Аргентина и Египет (3-2), отфрлајќи ги обвинувањата за пристрасност и посочи дека судиите дејствувале целосно независно и во согласност со правилата. Во интервју објавено на официјалниот сајт на ФИФА, Колина рече дека критиките кон судиите се дел од фудбалот, но го осуди ...
Рим – Италија протера двајца руски дипломати во врска со истрага за шпионажа во која се вклучени поранешни италијански разузнавачки службеници обвинети за доставување класифицирани информации до Москва, јавува ДПА. Објаснувајќи ги протерувањата шефот на дипломатијата Антонио Тајани денеска ја обвини Москва дека ги напаѓа Италија и Западот со „хибридни“ методи, опишувајќи ја наводната шпионажа како „сериозно и неприфатливо мешање во ...
Париз – Според анкетата на Францускиот институт за јавно мислење (ИФОП), лидерката на ултрадесничарската партија Национален собир, Марин Ле Пен е фаворит за претседател на Франција. Апелацискиот суд пред два дена ја потврди пресудата за Ле Пен за проневера на пари од Европскиот парламент. Судот, претходно, ја ублажи воведената забрана за јавна функција, а Ле Пен вчера ја почна кампањата за претседателските избори во Франција, што треба да се ...
Јирген Клоп наскоро ќе стане нов селектор на германската фудбалска репрезентација, а познато е и колку пари ќе добие од Германската фудбалска асоцијација (DFB) за договорот. Новинарот на „Скај Спортс“, Флоријан Плетенберг, објави дека Клоп ќе го потпише договорот до крајот на Светското првенство во 2030 година, кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко. Клоп, кој моментално е вработен во Ред Бул, ќе го раскине договорот и нема да има ...
Немало никаков проблем со тројцата функционери на Влен на граничниот премин „Ќафасан“, туку четвртото лице што било со нив имало забрана за влез во Албанија. Такво објаснување даде денеска шефот на албанската државна полиција по реакциите во Македонија. Според првиот човек на албанската полиција, Скендер Хита, на граничниот премин пристигнале четири лица, од кои тројца поседувале дипломатски пасоши. „Три лица со дипломатски пасоши беа ...
Опозицискиот СДСМ денеска остро ги отфрли тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека проблемот што нема консензус за Изборниот законик е кај опозицијата и рече дека единствениот виновник е токму тој. „Мицкоски вели да сме кажеле што сакаме за Изборниот законик, ќе прифател. Кажуваме, сакаме да не ги крадеш гласовите на граѓаните на избори, преку дијаспората. Бидејќи се потврди дека на Христијан Мицкоски и на ВМРО не им е ниту до ...
Студенти по археологија од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Австрија и други држави, ова лето стекнуваат практично искуство на археолошкиот локалитет Барутница кај селото Амзабегово, како дел од Летната археолошка школа BEAM (Birth of Europe – Excavations at the Neolithic site of Amzabegovo), која се реализира од 4 до 31 јули. Летната школа е заедничка иницијатива на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце ...
Лос Анџелес – Објавени се номинациите за 78 доделување на наградите „Еми“, а меѓу најголемите победници, е чини, веќе е „Епл ТВ“, чиишто нови серии „Pluribus“, „Margo’s Got Money Troubles“ и „Widow’s Bay“ освоија голем број номинации. Сепак, во категориите за драма, медицинската серија на „Ејч-би-о макс“ – „The Pitt“ продолжува да доминира, и со 25 номинации е на место бр. 1 оваа година. Меѓу изненадувањата е отсуството на серијата „Euphoria“ ...
Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им подари на секој лидер на НАТО гравиран револвер со нивното име и кутија со боева муниција по самитот на алијансата во Анкара. Ердоган, исто така, му даде на секој лидер писмо со кое се откажува од извозните контроли на Турција за оружјето за да им се дозволи да го изнесат од земјата, објави „Мета“. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова нема да го користи револверот што како подарок го добила од ...
ЈП „Куманово Гас“ годинава ќе продолжи со приклучување на нови корисници и со проширување на дистрибутивната гасоводна мрежа. До крајот на јули годинава, се очекува да биде реализиран приклучокот на спортската сала, а до почетокот на новата грејна сезона природен гас треба да добијат и Здравствениот дом, две основни училишта и објект на градинката „Ангел Шајче“. ЈП „Куманово Гас“ во текот на 2026 година ќе реализира повеќе проекти за ...
Вашингтон – Писателката Е. Џин Керол може да добие 5,8 милиони долари откако поротата утврди дека претседателот Доналд Трамп сексуално ја злоупотребил и правел клевета кон неа, пресуди федерален судија. Адвокатите на Трамп веднаш поднесоа жалба, но им беше одбиена итна наредба за блокирање на плаќањето, пренесува Асошиејтед Прес. Трамп ги депонираше парите на сметка кратко откако поротата пресуди против него во 2023 година. Врховниот суд на ...
Скопјанка на возраст од 54 години ги пријавила родителите во полиција, бидејќи не и дозволиле да го напушти домот. Од МВР информираат дека вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, 54-годишна жена од Скопје пријавила дека на 02.07.2026 на подрачјето на Центар била спречена од нејзините родители да го напушти домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Скопјанка на возраст од 54 години ги пријавила родителите во полиција, бидејќи не и ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши бара одговор од Албанија, а во МНР се очекува да биде повикан албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Мејдани, дознава „Слободен печат“ од високи функционери од власта, откако вчера, на пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и на заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, им бил забранет влез во Албанија. Од Вреди, партијата чии пратеници еден час биле задржани на граничниот премин ...
Сараево – Босна и Херцеговина нема да има претставник ниту на Евровизискиот натпревар во Бугарија следната година. Ова го продолжува повеќегодишното отсуство на земјата од едно од најпопуларните музички натпревари во Европа, а главната причина остануваат финансиските проблеми на јавниот радиодифузен сервис BHRT и санкциите од Европската радиодифузна унија (EBU). BHRT потврди за порталот ESC Today дека БиХ нема да учествува на Евровизискиот ...
Тезата на Франсис Фукујама од 1990-те за крајот на историјата беше последниот голем наратив што го обедини либерално-демократскиот Запад. Западниот либерално-демократски капитализам на социјална држава, тврдеше тој, беше најдобриот можен општествен систем. Единственото преостанато прашање беше емпириско: точно кога и како другите делови од светот ќе стигнат до истиот модел? Овој наратив се распадна по 2001 година и постепено влеговме во ерата ...
Анкара – Германија ќе купи американски ракети со среден дострел „Томахавк“ и ќе ги распореди во земјата. На самитот на НАТО во Анкара е постигнат договор со американската страна, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц од Христијанско-демократската унија (CDU) во своето обраќање пред Бундестагот. „Ова затвора важна стратешка дупка во нашата одбрана“, рече Мерц. Мерц додаде дека Германија истовремено ќе продолжи да работи на развој на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш ја обвини Левица дека го спречува носењето на Изборниот законик и прави „театар за нивниот мал број гласачи“. Тој го чека предлогот на опозицијата за Изборниот законик со цел тој да биде донесен, а со тоа државата да ги исполни сите од предвидените 10 реформски чекори, кои треба да се завршат до средината на месецот, а се од интерес на граѓаните. Пратениците од владејачкото мнозинство, вели, ...
Четворица малолетници, вчера, настрадале во различни сообраќајки, а едниот се здобил со повреди во тепачка со друг малолетник, нотира денешниот полициски билтен. Вчера, во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Хец Козјак се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.В.(63) од с.Батинци, скопско и мопед управуван од А.Д.(18) од с.Цветово, скопско. Во ...
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, на интересен начин коментираше дека натпреварот меѓу неговиот тим и Мароко вечерва ќе го суди аргентинскиот судија Факундо Тељо. Откако ФИФА објави дека Тељо ќе го суди вечервашниот дуел, навивачите на двата тима беа незадоволни. Французите се загрижени дека натпреварот ќе го суди земја која сè уште е во натпреварувањето и нивен потенцијален противник во финалето, исто како што Аргентинците беа загрижени ...
Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование Весна Јаневска денеска дојдоа во Битола на увид на градежните работи за реконструкција и адаптација на ново подрачно основно училиште во населбата Буковски ливади. Според проектот предвидени се пет училници. Вкупната површина на објектот кој ќе биде нова училишна зграда е над 400 м2. Градоначалникот Тони Коњановски изјави дека реконструкцијата на подрачното училиште „Коле Канински“ ...
Лекот за болни од астма и хронична опструктивна белодробна болест со генеричко име беклометазон форматерол или со фабричко име „фостер“ до крајот на овој месец ќе биде достапен за осигурениците за 280 денари. Како што најави денеска, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, „фостер“ нема да се доплаќа 800 денари, а и цената ќе му биде намалена од досегашната, од 300 на 280 денари. Тој рече дека по поплаките на ...
Во текот на три ноќи, украинските беспилотни летала со долг дострел погодија 35 танкери, товарни бродови и „специјални бродови“ во Азовското Море. Путин бара да се обезбедат субвенции за луѓето на Крим Украинската војска во четврток соопшти дека во текот на ноќта нападнала уште 14 руски танкери во Азовското Море, како дел од кампањата за прекин на снабдувањето со гориво на руските сили и изолирање на окупираниот Крим. Украинскиот ...
Четириесет и четиригодишен охриѓанец синоќа починал откако проголтал паковка со наркотична материја при полициска проверка на возилото во кое тој бил сопатник, информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид. Возачот на автомобилот, кој претходно се обидел да ѝ избега на полицијата, е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција на телото на починатиот во Општата болница во Битола, додека, во ...
Железничката обиколница околу Скопје ќе овозможи побрз и поефикасен карго транспорт на Коридорот 10, но и ќе придонесе за намалување на загадувањето во главниот град, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој посочи дека со реконструкцијата на обиколницата товарните возови повеќе нема да мора да минуваат низ централното градско подрачје, што ќе донесе повеќекратни придобивки – пократко време на ...
Град Скопје од понеделник започнува со спроведување на терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на целото подрачје на градот. Акцијата ќе се реализира од 13 до 16 јули 2026 година, во периодот од 22 часот навечер до 03 часот по полноќ, информираат од Град Скопје. Надлежните посочуваат дека дезинсекцијата ќе се спроведува со цел намалување на бројот на комарци и подобрување на условите за граѓаните во летниот период. Доколку ...
Од 14 јули започнува примената на новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, со кој по првпат се воспоставува законска рамка за организирање дарувања (giveaway), соопштија од Министерството за финансии. Со новите законски решенија се воведува задолжителна дозвола за организирање дарувања, надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање. Од ...
Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска испиша нова страница во историјата на македонската кинематографија, со две номинации за 78. Emmy Awards, најпрестижните награди во светската телевизиска индустрија. Ова е првпат македонски филм да биде номиниран за Emmy Awards, со што успехот на „Силјан“ добива историско значење не само за Македонија, туку и за документарниот филм во регионот. Филмот е номиниран во категоријата ...
Неочекуваните ѕвезди на самитот на НАТО во Анкара овојпат не беа лидерите, туку мачките во претседателскиот комплекс. Странските претставници, известувачите и дипломатите покажаа голем интерес за нив, а тие владееја со просторот. NATO Zirvesi’nin beklenmedik yıldızları bu kez liderler değil, Cumhurbaşkanlığı Külliyesi’nin Ankara kedileri oldu. Yabancı basın mensupları ve bürokratlar, kedilere yoğun ilgi gösterdi.#Meloni kediyi çok sıkmış ...