Објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над три хектари, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанско Цветан Трипуновски. -Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот – нагласи министерот. Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и ...

Од понеделник, 13 јули, во Охрид започнува примената на новиот режим на паркирање на улиците „Илинденска“, „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“, соопшти ЈП „Билјанини Извори“. Паркинг-местата на овие улици ќе можат бесплатно да ги користат само резидентните жители кои поседуваат соодветна документација и важечка резидентна налепница. За останатите возила паркирањето на обележаните места ќе биде забрането, а за прекршителите ќе следуваат санкции, ...

Полицијата ја ослободи жената, која синоќа беше земена за заложник во супермаркет во главниот град на Германија, Берлин. – Напаѓачот е неутрализиран, а заложничката е ослободена, изјави портпаролот на полицијата Штефан Петерсен-Шуман. Жената беше заробена синоќа околу 22 часот по локално време, во супермаркет во јужниот берлински кварт Мариенфелде. Полицијата ја ослободи жената, која синоќа беше земена за заложник во супермаркет во ...

При пад на мал авион на Бахамски Острови загинаа десет луѓе. Авионот се урна синоќа во Норт Андрос, западно од главниот град Насау. Сè уште не е објавен идентитетот на жртвите. Премиерот на Бахами, Филип Брејв Дејвис изјави дека несреќата ја преживеа еден патник, но подоцна соопшти дека му подлегнал на повредите. – Денешниот празник се претвори во ден на жалост истакна Дејвис. Бахамски Острови вчера одбележуваа 53 години од независноста. ...

Бројот на загинати луѓе во двата големи земјотреса во Венецуела се искачи на 4.118, изјави претседателот на Народното собрание Хорхе Родригез. Двата земјотреса што ја погодија Венецуела на 24 јуни повредени се 16.740 луѓе, а 17.907 лица останаа без домови. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени по Рихтеровата скала најтешко го погодија главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гваира, по што следеа повеќе од 600 последователни ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека и наредил на армијата да биде подготвена за напади врз Иран, ако Техеран се обиде или изврши атентат врз него. – Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската влада ја исполни својата закана, упатена на многу места низ целиот свет, за атентат или обид за атентат врз актуелниот претседател на САД – во овој ...

Кубанската национална електрична мрежа од синоќа повторно не испорачува струја. Тоа е втор прекин неделава, а четврти од почетокот на годината. Кубанското Министерство за енергетика на социјалните мрежи објави дека „се активираат протоколите за да почне процесот на закрепнување“. На 6 јули електрична енергија немаше низ цела Куба, при што беа погодени речиси 10 милиони луѓе. Во средината на мај без електрична енергија останаа источните ...

Повеќе скопски населби и неколку општини денеска ќе останат без вода поради дефект на главната водоводна мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе започне од 09:00 часот, а без вода ќе бидат дел од корисниците во Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека причината за прекинот е уличен дефект на водоводна цевка со ...

Мета експресно повлече нова функција што им овозможуваше на корисниците да користат вештачка интелигенција (ВИ) за да креираат лажни слики од содржината на профилите на Инстаграм на корисниците. Функцијата беше дел од алатката Muse Image, која Мета ја објави во вторник, која му дозволуваше на четбот со вештачка интелигенција да користи содржина од јавни профили за да креира нови слики. Одлуката за нејзино отстранување дојде по жестоките ...

Остануваат уште два четвртфинални натпревари, а победниците од натпреварите Норвешка-Англија и Аргентина-Швајцарија ќе се сретнат во полуфиналето. Светското првенство влегува во својата последна фаза, а вечерва ќе ги дознаеме последните два полуфиналисти. Откако Франција и Шпанија веќе обезбедија голем судир, закажани се уште два четвртфинални натпревари. Првиот натпревар ќе се игра во 23:00 часот по хрватско време во Мајами, каде што ќе се ...

Во главниот град на Германија, Берлин во тек е полициска акција за ослободување на жена која синоќа беше земена за заложник во еден супермаркет. Жената е заробена синоќа околу 22 часот по локално време, но засега не е познат мотивот на киднаперот. Инцидентот се случи во јужниот берлински кварт Мариенфелде. Во моментот двајцата се во супермаркетот. Операцијата е во тек и во ова етапа не можам ништо повеќе да изјавам, наведе портпаролот на ...

Од северните и источните делови на Тајван евакуирани повеќе од 14.000 луѓе, првенствено од планинските региони, поради тајфунот Бави. Иако Бави слабее и не се очекува да го погоди брегот на Тајван, властите во Тајпеј презеде мерки на претпазливост за да спречат евентуални жртви. Откажани се 917 меѓународни летови, како и сите 274 домашни летови Во речиси сите градови и окрузи на Тајван денеска е неработен ден поради тајфунот. А железничкиот ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 11:00 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. За ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа повеќе амандамани. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос ...

Репрезентацијата на Шпанија е вториот полуфиналист на Мундијалот откако ја совлада Белгија со 2:1, а јунак на „црвената фурија“ уште еднаш е Микел Мерино. Фудбалерот станува специјалист за голови во последните минути и носи победа на својата репрезентација. – Искрено, од една страна, дури ни во моите најлуди соништа не можев да замислам дека ќе го направам она што се случува токму сега – сигурно не повторно во 90-тата минута кога топката ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а максималната ќе достигне меѓу 29 и 37 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, додека дневната ќе достигне до 36 степени. Според ...

Конечните инспекциски контроли и лабораториски анализи потврдија дека не се утврдени санитарно-хигиенски или санитарно-технички недостатоци, ниту контаминација во кујната, работните простории и анализираните примероци од храната, соопштува компанијата „Рустика вединг хол“. По добивањето на конечните лабораториски наоди што следеа по случајот со труењето во Прилеп, нивната кујна повторно е во функција. Од самиот почеток бевме посветени на ...

На прес-конференцијата по мечот и поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Вимблдон Новак Ѓоковиќ рече дека освојувањето на 25. гренд слем не е негова крајна цел и дека би сакал медиумите, но и некои луѓе блиски до него, да го намалат притисокот. „Тоа не е крајната цел. Многу луѓе ме оптоваруваат, некои луѓе кои се во мојот втор круг на блискост во животот, некои во медиумите… И јас сакам 25, но тоа не е крајната цел. Почнува малку да ме ...

Новак Ѓоковиќ се врати на централниот терен, едно од местата што најмногу ја дефинираа неговата легендарна кариера, очајно надевајќи се дека има доволно енергија за да направи уште едно чудо. Неговиот настап до уште едно полуфинале на гренд слем на 39 години беше огромно достигнување, но тој сакаше повеќе. Тој секогаш сака повеќе. Прашањето беше дали неговите стари нозе ќе го дозволат тоа против најдобриот играч во светот. Одговорот на тоа ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат повеќе делови од општина Петровец. Од таму информираат дека без електрична енергија ќе останат селата Огњанци, Чифлик.Петровец(дел од селото), Фазанерија, Јасен, Катланово, Стари лозја, Фазанерија пумпа, ЗИК Фазанеријас. Катлановско Блаце, Бадар, Кожле, Фазанерија Тотинци, Пумпа водовод Кожле и тунел Катланово. Прекинот ќе трае во период од 08:15 до 15:15 часот. ...

Британскиот политичар Енди Бернам, кој веројатно ќе стане нов премиер на земјата, изјави дека Лондон мора да изврши поголем притисок врз Израел во врска со Газа, предизвикувајќи критики од еврејската заедница. Бернам изјави за The Guardian дека многу луѓе мислат дека владата на лидерот во заминување Кир Стармер не одговорила добро на нападите на Израел во Газа. „Жал ми е за тоа. Премногу често одговорот не бил доволно добар. Треба да правиме ...

Глобалните пазари на гориво сигнализираат за ограничени залихи, со ограничен капацитет за рафинирање и Русија што го забранува извозот на дизел до крајот на месецот, забележуваат аналитичарите, предупредувајќи дека Европа можеби ќе мора да се натпреварува со други купувачи. Цените на енергијата нагло пораснаа оваа пролет поради нападот на САД и Израел врз Иран и одлуката на Техеран да ја преземе контролата врз Ормутскиот Теснец. Техеран ...

Невладината организација Лекари на светот – Франција (МдМ) денеска ја повика меѓународната заедница на „политичко будење“ поради нападите врз здравството и здравствените работници во подрачјата на судири. – Во периодот од 2016 до 2026 година, Лекари на светот документираа 223 напади врз здравствени работници и други лица што влијаеја на нивните меѓународни операции … Тоа се речиси два инцидента месечно, предупредува невладината организација. ...

Владата веќе работи на измени на правилникот за увоз на млеко во прав и палмино масло, а паралелно се подготвуваат и мерки за намалување на залихите во млекарниците и за поддршка на домашните млекопроизводители, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата планира помош за секторот. Според Мицкоски, актуелните проблеми во млекарството се резултат на претходни измени на регулативата со кои биле ...

Поранешната британска министерка и поранешна европратеничка Ен Видикомб е пронајдена мртва во својот дом во Девон. Полицијата отвори истрага за убиство и трага по осомничен. Поранешната британска министерка и долгогодишна конзервативна политичарка Ен Видикомб е пронајдена мртва во својот дом во грофовијата Девон, а британската полиција случајот го истражува како можно убиство. Видикомб имала 78 години, а според полицијата на Девон и Корнвол, ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја проширува истрагата за случајот со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, познат во јавноста како случајот со ботоксите, при што се осомничени уште четири лица. Како што соопшти Обвинителството, во рамки на истражната постапка вчера биле извршени претреси на пет локации во Скопје, меѓу кои и во две здравствени установи. ...

Во мај годинава издадени биле 340 одобренија за градење, што е за 27,5 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одобренија за градење, 229, биле издадени за високоградба. Во Источниот Регион издадени се најмногу одобренија за градење, 76, по што следуваат Скопскиот – 65, Полошкиот – 62, Југоисточниот – 51, Југозападниот – 36, Пелагонискиот – 24, Вардарсиот – 20, ...

Европската комисија во петокот го одобри пристапувањето на Унгарија кон Европското јавно обвинителство, кое Будимпешта го побара во мај по историската промена на владата. Европското јавно обвинителство функционира од 2021 година и е задолжено за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ. „Денес имаме добри вести за Унгарија. Ова е добредојден чекор во борбата против измами и корупција. Унгарскиот народ сега ќе има заштита ...

Франкфурт – Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска изјави дека не е кандидат за никаква политичка функција во Франција, отфрлајќи ги шпекулациите дека можеби ќе ја напушти ЕЦБ за да се приклучи на кампањата за претседателските избори во земјата во 2027 година. „Не сум кандидат за ништо, но многу ми е грижа Европа да биде заштитена и рамката во која функционираат земјите-членки, вклучително и Франција, да ...

Лондон – Александар Зверев е првиот финалист на Вимблдон. Германскиот тенисер и актуелен победник на Ролан Гарос убедливо го победи најголемото изненадување на турнирот, Британецот Артур Фери, со резултат од 7:6, 6:2, 6:4. Третиот тенисер во светот на тој начин стигна до првото финале на Вимблдон во својата кариера. Фери доби покана од организаторите за главниот турнир и како 114-ти тенисер во светот, предизвика сензација со пласманот во ...

Фирмата за крипто рударство American Bitcoin Corp, ко-основана минатата година од Ерик Трамп, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, веќе е во големи проблеми. Додека заедницата на биткоини се опоравува од голем пад на вредноста, при што дигиталната валута изгуби повеќе од 40 проценти од почетокот на годината, акциите на компанијата паднаа за 95 проценти од својот врв, објавува Futurism. Цената на акциите на компанијата достигна ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.81
34%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
1.16
52%
1013
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.12
56%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.88
42%
1015
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.82
61%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.37
73%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
0.45
45%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.47
30%
1012
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
43%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
4.02
52%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
2.46
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Платина

55652.94

Калај

56.77

Злато

137126.15

Алуминиум

3.27

Рутениум

53852.50

Паладиум

43435.66

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Бакар

13.54

Сребро

2005.37

Цинк

0.00