Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот тенор Чарлс Кастроново, вечер во 21 часот на сцената на Античкиот театар ќе биде отворено 66. издание на фестивалот Охридско лето. Концертот ќе биде под диригентската палка на Италијанецот Марко Боеми, во придружба на Национална опера и балет. Директорот на НУ Охридско лето, Ѓорѓи Цуцковски, истакна дека фестивалот веќе 66 ...
Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд ...
Екс премиерот Никола Груевски, на социјалните мрежи демантираше дека становите кои беа запленети во случајот „Плацеви на Водно“ се негови. Тој вели дека сето тоа е дел од монтиран политички судски процес мотивиран од поранешниот премиер Зоран Заев. „По којзнае кој пат истите медиуми објавуваат наслови и текстови дека наводни мои станови се запленети и се на продажба. И, по којзнае кој пат, принуден сум да демантирам дека тие станови никогаш ...
Во Галичник денеска на Петровден се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026. И годинава се очекува Галичката свадба да ја проследат бројни посетители од земјава и странство и да посведочат на единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на мијачкиот крај. Галички ...
Замислете земја во која сета храна е сто отсто органска. Замислете земја во која единственото загадување доаѓа од малубројниот сообраќај. Замислете земја каде животот се одвива полека, под сјајното сонце и чистите води на океанот. Замислете земја која ќе ве пречека со насмевка – карибу Занзибар. На источниот брег на Африка, под екваторот се наоѓа островот Занзибар, населен со љубезни, насмеани луѓе, кои ја имаат привилегијата да живеат на ...
Еден рудар беше закопан под земја по силниот земјотрес во рудникот за бакар Лубин во југозападна Полска, додека 19 други работници беа безбедно евакуирани, објави денес рударската компанија KGHM Polska Miedz. Земјотресот се случил утрово во 8:11 часот по локално време во рудникот Лубин, во Долношлеското Војводство, една од најважните полски рударски области, објавува TVP World. Спасувачките екипи се обидуваат да го ослободат заробениот ...
Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Северна Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија. Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, тој нагласил дека отсекогаш бил против употребата на ...
Линда Носкова е нова шампионка на Вимблдон откако во чешкото финале ја совлада својата сонародничка Каролина Мухова со 2-1 во сетови (6:2; 5:7 и 6:3) за 150 минути игра. Ова за 21-годишната Носкова е прва Гренд слем титула. Во првиот сет Носкова двата брејка ги направи во четвртиот и во осмиот гем и сетот го доби со 6:2 во гемови и притоа ја искористи петтата сет топка. Но, во вториот сет имаше вистинска драма и голем пресврт од причина што ...
Полициски службеници од ОВР Прилеп ноќеска лишиле од слобода 43-годишен државјанин на Словенија. Како што информираат од МВР, 43-годишниот Словенец го симнал и го запалил знамето на Општина Прилеп. Од МВР додаваат дека инцидентот се случил во 01:05 часот пред зградата на Општина Прилеп. „На 11.07.2026 во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп пред општинската зграда во Прилеп го лишија од слобода П.Ј. (43) од Република Словенија, ...
Директорот на НУ „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски ги пречека врвните уметници, сопранистката Ермонела Јахо од Албанија, тенорот Чарлс Кастроново од САД и диригентот Марко Боеми од Италија кои утревечер на Античкиот театар со гала-концертот „Љубов“ свечено ќе го отворат 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Како знак на добредојде и почит, сопранистката Ермонела Јахо од директорот Цуцковски доби охридски бисер, додека на тенорот Чарлс ...
Министерството за образование е во процес на затворање на уште пет или шест институти, а се прави мониторниг и во најмалку пет универзитети, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Таа информира дека во повеќе образовни институции се забележани неправилности во работењето, а Министерството работи тие да се надминат. „Во моментов, се уште работиме по пријава на одредени личности или група на наставници. Она што е добро, за ...
МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава во електрoмашинскиот училишен центар „Св. Наум ...
Вчера околу 14:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба при изведување на градежни работи на објект во изградба паднал од висина И.И.(52) од Куманово, се наведува во полицискиот билтен. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор. Вчера околу 14:05 часот во СВР Скопје било пријавено ...
Екстремната горештина која во изминатите неколку недели двапати ја погоди Велика Британија донесе температури повисоки од 40 степени Целзиусови во училниците на некои училишта, пренесуваат денеска британските медиуми. Учениците и вработените страдаат од топлотен удар, мачнини и главоболки, а наставниците сведочат дека очајнички се обидуваат да ги заштитат децата, пренесува „Гардијан“. Некои наставници ги покривале помладите ученици што ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци во општината Чешиново – Облешево, нагласи дека со смената на министерот за земјоделство нема да се решат проблемите во земјоделството, а новиот министер за земјоделство треба прво да одговори дали има бугарски пасош и резервна татковина. „До пред неколку месеци жестоко го бранеа министерот за земјоделство, на кој што ние му поднесовме интерпелација, која не помина во ...
Четири републикански и демократски членови на американскиот Сенат соопштија на социјалните мрежи дека добиле одобрение од Белата куќа Конгресот да ги разгледа новите санкции против рускиот енергетски сектор. „Горди сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со администрацијата на Трамп за унапредување на нашето ажурирано законодавство во врска со санкциите против Русија“, наведоа републиканските сенатори Линдзи Грејам и Роџер Викер ...
Платформата SkiMacedonia информираше дека на планината Водно е забележана мечка, по што е упатен апел до сите граѓани кои се движат во овој регион да бидат особено внимателни. Според објавата, дивото животно било забележано над Нерези, во близина на селото Горно Крушопек. Информацијата брзо се прошири и меѓу планинарските друштва, каде што е наведено дека мечката се движи по рутата Јасен – Матка – Нерези. Засега нема информации за напад или ...
Репрезентативецот на Јужна Африка Џејден Адамс почина на 25 години, само неколку дена откако беше дел од репрезентацијата на својата држава на Мундијалот. Настапи на три натпревари во групната фаза, но не играше во 1/16 финалето против Канада. Веста за смртта ја потврди и семејството, како и фудбалската федерација. Причината за смртта не е позната, но има шпекулации дека станува збор за самоубиство, бидејќи имал проблеми со депресија. Како ...
Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои и понатаму се на терен во обид целосно да го локализираат пожарот, информираат од ДЗС. Според информациите од Општина Валандово, пожарот во моментов се држи под контрола, но неговото гаснење е отежнато поради ...
Најмалку една година пред изборите во 2024 тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ водеше кампања дека преговарачката рамка со ЕУ може да се промени. Нејзините претставници и некои аналитичари тврдеа дека преговарачката рамка не е исклесана во камен и реално во неа може да има промени. Тој наратив дека е можна промена на преговарачката рамка траеше уште најмалку една година по победата на изборите, а потоа полека да исчезнува од дискурсот на ...
Финални координации се прават за реализација на Брзиот автoбуски транспорт (БРТ), најавен и проектиран уште во времето кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, па паузираше цел мандат на Данела Арсовска, затоа што советниците од ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа, за сега Орце Ѓорѓиевски да најави дека поготвил нов проект, за да не страда средишното зеленило. За таа цел, скопскиот градоначалник о Нашите заложби се Скопје да добие модерен, брз, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека споредено со кога било досега, земјите кандидати никогаш немале поголема поддршка за да станат земји-членки на Европската Унија, пред се поради геополитичките и геостратегиските поместувања што во моментов се случуваат низ светот, а особено во Европа, но како што додаде, поради политиките на премиерот Христијан Мицкоски земјава, останува настрана од тој процес. -Во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до опозицијата на одговорност и на зрелост, посочувајќи дека владината коалиција е усогласена за Изборниот законик, додека од опозициските партии очекуваат текст со предлози за кои вели дека бланко ќе бидат прифатени. Коментирајќи го предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче да се формира експертска група за Изборниот законик и за гласањето на дијаспората, Мицкоски вели дека според ...
Британската полиција го ослободи 26-годишниот маж, кој беше уапсен под сомнение за убиството на поранешната пратеничка и министерка за затворскиот систем, 78-годишната Ен Видикомб. Полицијата во Девон и Корнвол соопшти дека мажот повеќе не е под истрага. – Детективите продолжуваат да вршат голем број истраги како дел од тековната истрага и ние остануваме решени да ги утврдиме сите околности околу инцидентот, се наведува во полициското ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата ќе продолжи со реформите, ќе продолжиме да бидеме први во однос на нивната реализација, а ако некој смета дека земјава, треба да биде дел од Европската Унија, изрази подготвеност да сторат сè што е конструктивно, но не и деструктивно. -Оваа Влада има принципиелен став. Ќе продолжиме со реформите и ќе бидеме први по нивната реализација. Ако некој смета дека оваа држава, која се наоѓа во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во Министерството за економија и труд наскоро ќе се одржи состанок со трговците, но и дека е направена анализата за цените и маржите на околу 600 до 700 производи. Одговарајќи на новинарско прашање при увидот во градежните активности за реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Мицкоски рече дека во најкус можен рок ќе бидат преземени соодветни мерки. – Очекуваме во најкраток ...
Во Хрватска годинава работат 6.849 македонски државјани, покажуваат податоците за издадените дозволи за престој и работа на странци. Во првите пет месеци од 2026 година, хрватските власти издале вкупно 80.780 работни дозволи за граѓани од трети земји. Странските работници најчесто се вработени во туризмот, угостителството и градежништвото, а дел работат и во индустријата, транспортот и трговијата. Од хрватската Стопанска комора наведуваат ...
Иако авионот на „Рајанер“ со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец слета безбедно во Солун, истрагата за инцидентот ја води Македонија, бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор, пишува Aero.rs. Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека назначил акредитиран претставник кој ќе ѝ помогне на Македонија во истрагата за сериозниот инцидент со летот на „Рајанер“. The NTSB has ...
Агенцијата за управување со одземен имот повторно објави датум за лицитација за продажба на трите запленети станови на поранешниот премиер Никола Груевски. Становите, кои беа конфискувани во судскиот предмет „Плацеви на Водно“ ќе се продаваат на лицитации закажани за 29 јули, во 9, 11 и во 13 часот. Според огласот, сите станови се на иста адреса на Водно, најголемиот има 200 квадтарни метри, вториот е малку помал, 199 квадратни метри, а ...
Расправата за ребалансот на Буџетот во Собранието ја отвори темата за станбената политика, откако Левица преку четири амандмани предложи обезбедување средства за изградба на јавен станбен фонд и социјални станови во Скопје, Велес, Штип и Кочани. Од партијата обвинија дека Владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не понудиле никаква стратегија за справување со растот на цените на становите и кириите. Според Левица, Владата и понатаму ја брани ...