Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека вчера првпат извршила напад со поморски дронови врз иранската поморска база Бандар Абас. Во нападот учествувале три површински бродови без екипаж од класата Корсаир. ЦЕНТКОМ наведе дека американската армија првпат во борбена операција употребила офанзивни поморски дронови. Операцијата беше поддржана од борбени авиони, воени бродови, и беспилотни летала. Целта на операцијата, според ...

Пилотот на мал авион решил малку да се пошегува за време на двочасовен пробен лет и ја „испишал“ пораката: „Досадно ми е“ по патеката на летот на онлајн апликација за следење авиони. Авионот „Равенер“ полетал од Ливерпул во саботата во 11:30 часот по локално време и кружел над полуостровот Вирал, Чешир и северен Велс за време на летот. Неговата необична траекторија била видлива на апликацијата FlightRadar24, каде што привлече големо внимание ...

Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат интензивни мерки за расчистување на нов случај на врсничко насилство, откако денеска на социјалните мрежи се прошири вознемирувачка видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче. Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но до денеска воопшто не бил пријавен во надлежните институции, објави 4news.mk Институциите реагираа веднаш по јавните реакции ...

Полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум“ остварија работна средба со колегите од полициската станица во Поградец, при Министерството за внатрешни работи на Албанија, со цел унапредување на прекуграничната соработка во превенцијата од шумски пожари. На средбата биле договорени координирани превентивни безбедносни мерки за подигнување на јавната свест за заштита на шумите и спречување на пожари на ...

Советот на Европската Унија денеска не го одобри предлогот за понатамошно проширување на санкциите против Русија поради војната во Украина, потврди високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас по завршувањето на состанокот на европските министри за надворешни работи. – Жалам што сè уште не сме постигнале едногласност, но сме доста блиску, наведе Калас. Таа истакна дека земјите-членки на ЕУ имаат ...

Советот на Општина Брвеница на вонредна седница донесе одлука досегашниот претседател на Советот, Роберт Милошески, да биде именуван за вршител на должноста градоначалник на Општината, по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски. Од Општина Брвеница информираат дека одлуката е донесена со мнозинство гласови, согласно член 54 став 1 точка 2 и став 5 од Законот за локална самоуправа. -Роберт Милошески ќе раководи со Општината и ќе управува со ...

Лондон – Дрес- кодовите за облекување на Вимблдон се строги со децении, особено кога станува збор за шапки, но Џенифер Лопез очигледно не се грижела многу за тоа.Поп-ѕвездата и актерка ги гледаше натпреварите со Том Хидлстон во неделата и привлече внимание со огромна, широка шапка. Нејзиниот избор предизвика бројни коментари бидејќи крши непишано правило на турнирот. 56-годишната Лопез, која штотуку пристигна од Неделата на модата во Париз, ...

Поранешната супермоделка Ева Херцигова се омажи за својот долгогодишен партнер, бизнисменот Грегорио Марсијаж, по 25 години врска. Двојката го кажа своето судбоносно „Да“ во саботата во црквата Сан Вито во Италија, со нивните синови Џорџ, Филипе и Едвард, како и членови на семејството и блиски пријатели. Свадба во Италија Познатата 53-годишна убавица избра бел фустан од Ланвин со длабоко деколте и драматичен наметка за својата свадба. Не ...

Лондон – Додека познатите личности се собираа на трибините на последниот ден од Вимблдон, Никол Кидман го привлече вниманието на фановите во уникатен летен ансамбл. Сакајќи да остане свежа среде жешкиот топлотен бран во Велика Британија, Кидман пристигна на турнирот во Лондон во целосно бел енергичен костум и ветровит пар плетени рамни чевли. Додека многу познати личности се одлучија за изглед без ракави, Кидман носеше кроен костум од Ралф ...

„Мајкл“ влезе во историјата како прв биографски филм што заработил над 1 милијарда долари на глобалните бокс-офис. Биографскиот филм за Мајкл Џексон е првиот филм на „Лајонсгејт“ што го постигнал тоа и еден од само двата филма објавени во 2026 година што го постигнале тоа. Според „Варајети“, филмот заработил 371,8 милиони долари на домашно ниво и 629,8 милиони долари на меѓународно ниво, со што неговата вкупна светска заработка достигнала ...

Брисел – Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова изјави дека поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил и основачот на компанијата „Лукоил“, Вагит Акекперов, се отстранети од нацртот на 21 пакет санкции на Европска Унија против Русија, со што и е овозможено на Софија да го поддржи истиот. – Забелешките на Бугарија се уважени и овие две лица повеќе не се во предложениот пакет, така што од наша страна ...

Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес спречи поголема материјална штета откако денеска попладне избувна пожар кај паркингот во близина на Автобуската станица во Велес. Дојавата во ТППЕ Велес била примена во 13:45 часот за запалено патничко моторно возило. По пристигнувањето на терен, пожарникарите утврдиле дека горела сува трева меѓу патот и паркингот, при што огнот зафатил и оштетил минимално шест ...

Виктор Орбан се качи на авионот во Франкфурт како лидер на унгарската опозиција, но кога ќе слета во Соединетите Американски Држави, тој не само што ќе биде поранешен премиер, туку многу веројатно и поранешен политичар, пишува унгарскиот медиум „Телекс“. Заминувањето на Орбан во САД каде што ќе ги следи двата полуфинални мечеви на Светското првенство и финалето се совпаѓа со драматичниот ден на гласањето во парламентот, за кое неговата ...

Народната банка на Кина го искористи падот на цените за да купи речиси 15 тони злато, забрзувајќи ги своите подготовки за геополитички превирања. Централната банка на Кина го искористи падот на цените на скапоцените метали на глобалните пазари минатиот месец за да ја направи својата најголема месечна набавка на злато оваа година. Според достапните податоци, Народната банка на Кина купи 480.000 унци (околу 14,93 тони) злато во јуни, ...

Индискиот 71-годишен технолошки инвеститор Винод Хосла ќе го купи шампионот во американската НФЛ, Сиетл Сихокс, за 9,6 милијарди американски долари. Продажбата е договорена, но за да биде одобрена, потребна е согласност од најмалку две третини од екипите во НФЛ лигата. Гласањето е закажано за 26 август. Сител Сихокс пред повеќе од 30 години беше купен од Пол Ален за 194 милиони долари, а по неговата смрт, сопственоста беше префрлена на ...

Се отвора ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина. Од денеска и официјлано почнува да функционира Кинеско-македонската стопанска комора, чии основачи се компании од различни сектори: градежништво, енергетиката, туризам, винарство,… Целта на Комората е преку јакнење на деловните врски, да се зголеми извозот на македонски производи на кинескиот пазар, како и кинеските бизниси да ...

Италија и шест други земји кои го поддржуваат членството во ЕУ за Западен Балкан, се спротивставија на француско-германскиот потег и потегот на Бенелукс за вградување нови и рестриктивни правни заштитни мерки во договорите за пристапување за идните членки. Дипломатски документ од минатиот месец – од Франција, Германија, Холандија, Белгија и Луксембург – предложи пробни забрани за новите земји-членки да гласаат за буџетски, безбедносни и ...

Во издание на Паблишер пристигна „Рацин(е!)“ – впечатлива студија од професорката Марија Ѓорѓиева-Димова, која претставува значаен придонес кон рационологијата. -„Студијата ‘Рацин(е)!’ на Марија Ѓорѓиева-Димова, без сомнение, претставува едно впечатливо, оригинално, теориски и илустративно цврсто засновано толкување на поезијата на Кочо Рацин во контекст на неговото и на нашето време, од поетичка, но и од културолошка и од историска ...

Половина државен врв и дипломатите годинава се симнаа од камените трибини во партерот на отворањето на 66. Охридско лето, синоќа, со спектакуларна оперска гала вечер „Љубов“, преполн Антички театар и повеќе од 4.000 посетители, оставајќи впечаток дека сакаат да бидат поблиску до културата, но и до камерите и фотоапаратите. Во меѓувреме, дамите се натпреваруваа со впечатливи, џиш гламурозно тоалети, особено претседателката Гордана ...

Независниот пратеник Миле Цеков ја обвини ЗНАМ дека ги изневерила очекувањата на граѓаните, наведувајќи дека партијата не останала доследна на принципите и ветувањата со кои настапила пред изборите. Иако министерот Горан Минчев не беше предложен за разрешување ниту пак за смена на ресорот, Цеков го зеде токму него за пример за, како што рече, опасната болест во Македонија која направи ултрабогати елити и сиромаштија од друга страна – т.е. ...

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразуваат сериозна загриженост поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на ...

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразија сериозна загриженост поради тоа што Уставниот суд сѐ уште не постапил по иницијативите за оценување на уставноста на законските измени со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на платите на јавните обвинители. Во заедничкото соопштение се наведува дека ваквото непостапување веќе создало сериозен диспаритет меѓу статусот на ...

Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Хрватска денеска официјално го назначи Славен Билиќ за нов селектор на репрезентацијата. За 57-годишниот Билиќ ова ќе биде втор мандат како селектор на Хрватска, која ја предводеше од 2006 до 2012 година. Во тој период, Билиќ избори две учества на европските првенства, а на Евро 2008 Хрватска дојде до четвртфиналето. Билиќ доаѓа на местото на Златко Далиќ, кој замина од должноста по елиминацијата ...

Јаник Синер го опиша својот триумф на Вимблдон како особено посебен со оглед на неговиот болен пораз на Отвореното првенство на Франција, откако се опорави од тежок прв сет за да ја обезбеди својата втора титула на Вимблдон со импресивна победа од 6-7 (7), 7-6 (2), 6-3, 6-4 против вториот носител Александар Зверев. Синер, светскиот број 1, успешно ја одбрани својата титула на Вимблдон за да ја освои својата петта титула на гренд слем во ...

Поранешната градоначалничка Данела Арсовска повторно бара од Јавното обвинителство да и даде информации околу случајот со дивоградбите на екс градоначалникот Висар Ганиу , за кој никој не зборува во јавноста. „Со поднесеното барање побарав информации дали е оформен јавнообвинителски предмет, кој јавен обвинител постапува, кои процесни дејствија се преземени, дали се обезбедени доказите и оригиналната документација, дали се извршени распити и ...

Во трите месеци од април до јуни, „Стелантис“ испорача речиси 1,6 милиони возила, што е зголемување од 10 проценти во однос на истиот период минатата година, покажаа прелиминарните податоци. Испораките во Северна Америка, најважниот пазар на „Стелантис“, скокнаа за 38 проценти на 445.000 возила, управувани од нови или освежени модели, вклучувајќи го и лесниот камион Ram 1500 со осумцилиндричен мотор и неговата високо-перформансна теренска ...

Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во „Пулс”, системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите, изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пренесува МИА. Марковски, кој во време на изработка на ...

ХЕРА и Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола го отворија првото Советувалиште за медикаментозен абортус надвор од Скопје, проширувајќи го пристапот до безбеден абортус и современи услуги за сексуално и репродуктивно здравје во Северна Македонија. Ова Советувалиште, покрај тоа во Скопје, е второ во рамки на јавното здравство во Северна Македонија. Со тоа, за првпат жените од Пелагонискиот регион, како и од соседните региони, ...

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што им избега на полициските службеници викендов додека беше на распит во ПС Кочани, во врска со кривично дело неовластено производство, преработка, продажба на дрога. Тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден. Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар ...

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани, кој неодамна избега од Полициската станица во Кочани. Како што соопшти МВР, потерницата е распишана по барање на Основниот суд во Кочани. Лазаров се бара по централна и меѓународна потерница за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ по член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.18
40%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 24ᴼ
0.88
56%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.92
62%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.57
42%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
0.82
66%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 17ᴼ
0.43
82%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.34
49%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.02
38%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.8
50%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
67%
1012
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
55%
1014
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.4
90%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Калај

56.77

Алуминиум

3.27

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Платина

55652.94

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66