Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Најмоќната бура што ја погоди Кина годинава, тајфунот Бави, предизвика евакуација на над 260.000 лица во североисточната покраина Лиаонинг, бидејќи со себе тој донесе и интензивни поплави. Се очекува обилните дождови да продолжат во текот на денешниот ден со екстремни поројни дождови во некои области, соопштија властите, бидејќи Бави влече големи количества влажен воздух кон север. На сите училишта и образовни институции им беше наредено да ...
Норвешката фудбалска федерација одлучи да ги донира сите приходи од продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Израел за хуманитарна помош на жителите на Газа. Собраните пари ќе бидат насочени кон медицински и хуманитарни организации кои работат во областа, вклучувајќи ги „Лекари без граници“ или „Лекари без граници – МСФ“. Овие организации обезбедуваат здравствена заштита, лекови и друга ...
„Изборот на Парламентот денеска е едноставен, дали ќе ги гласаме само техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР или ќе дозволиме граѓаните да изгубат 4 милиони евра. Никој здраворазумен политичар не би дозволил граѓаните да изгубат 4 милиони евра“, вели во својата видео изјава претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Зајкова посочува дека ЛДП уште минатата недела предупредила дека е доста ...
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека денеска е „Супер вторник“ за проширувањето на Европската Унија, поради одржувањето пристапни конференции со четири земји кандидати во ист ден. Кос на платформата „Икс“ објави дека за првпат по повеќе од 20 години се одржуваат толку пристапни конференции во еден ден. На денешните конференции учествуваат Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија. „Нашите предводнички Украина, ...
Ја намамиле, ја претепале и ја снимале, па ѝ се заканувале да молчи – кривична пријава против три девојки за врсничкото насилство во Куманово Според информациите од МВР, СВР Куманово поднело кривична пријава против П.А. (18) од селото Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека го сториле кривичното дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот ...
„Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со ...
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје, за 2024 година. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на јавното претпријатие и поради нивното значење изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и ...
Во пресрет на полуфиналната пресметка со Англија на Светското првенство, во таборот на Аргентина имаше краток период на загриженост откако капитенот Лионел Меси (39) го пропушти тренингот. Сепак, набрзо пристигнаа смирувачки вести од централата на актуелните светски шампиони во пресрет на мечот што ќе се одигра в среда во Атланта, кој ќе биде прв меѓусебен дуел на овие репрезентации на големите натпреварувања од 2002 година. Отсуството на ...
Разврската за титулата на Светското фудбалско првенство почнува вечерва во 21 часот по средноевропско време во Далас кога во првата од двете полуфинални пресметки ќе се соочат Франција и Шпанија. Актуелниот светски вицешампион Франција и европскиот првак Шпанија досега имаат одиграно само еден меѓусебен натпревар во историјата на мундијалските турнири кога во осминафиналето во 2006 година, Франција победи со 3-1. Франција има две светски ...
На програмата на 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва е содржина од музичкиот дел, со целовечерниот солистички концерт на рускиот пијанист Александер Мелников. Александер Мелников е дипломец на Московскиот конзерваториум во класата на Лев Наумов, а уште на рана возраст лично го запознава Свјатослав Рихтер кој подоцна редовно го поканува на неговите фестивали во Русија и во Франција. Мелников е добитник на бројни награди и ...
Агент на американската Агенција за имиграциска контрола (ICE) застрелал маж, за кого организациите за човекови права тврдат дека бил 26-годишен државјанин на Колумбија. Случајот дополнително го зголеми незадоволството во јавноста кон Агенцијата задолжена за спроведување на строгата имиграциска политика на претседателот Доналд Трамп. Инцидентот во кој бил убиен имигрантот се случил во Бидефорд, град со околу 22 илјади жители во североисточната ...
Починатиот републикански сенатор Линдзи Греам ќе биде заменет во Сенатот од неговата сестра, одлучи гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер. Со назначувањето на Дарлина Греам Нордон, помладата сестра на политичарот многу близок до американскиот претседател Доналд Трамп, републиканците во горниот дом на Конгресот имаат мнозинство од 53 претставници во споредба со 47 демократи. Мнозинството беше дополнително загрозено од отсуството на ...
Две лица се уапсени во врска со големиот шумски пожар што зафати околу 1.000 хектари од шумата Фонтенбло, југоисточно од Париз. Поради пожарот, Франција испрати два канадери од југот на земјата во пошироката област на Париз за првпат во историјата да помогнат во гаснењето, објави вчера францускиот министер за внатрешни работи, пишува Франс 24. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека се сомнева дека пожарот е подметнат ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе забрана американски државјани да се враќаат во САД со цивилни летови од Демократска Република Конго поради ширењето на еболата во земјата, соопшти претставник на Белата куќа. Според наредбата, американските државјани кои се наоѓаат во ДР Конго како и оние кои неодамна престојувале таму, нема да можат да се качат на летови за САД, освен доколку претходно не поминале најмалку 21 ...
Дел од Севастопол што се наоѓа на Кримскиот Полуостров, остана без електрична енергија во текот на ноќта по голем напад на украинските сили врз енергетската инфраструктура на градот, соопшти рускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развожаев. „Како резултат на голем напад на непријателот врз нашата енергетска инфраструктура, дел од градот остана без снабдување со електрична енергија. На објектите е воведен посебен режим, експертите го ...
Американската армија рано изутринава соопшти дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран, во третата последователна ноќ на воени операции. Американската Централна команда (CENTCOM) посочи дека во текот на петчасовната мисија биле погодени воени цели низ Иран, меѓу кои во Бушер, Чабахар, Џаск, Конерак, Абу Муса и Бандар Абас. Според соопштението, новите американски напади започнале рано утринава по европско време, што претставува нова ...
Шестото издание на меѓународниот камп за традиционална музика „Етно Македонија“, почнува денеска, во организација на Музичка младина на Македонија, кој и оваа година ќе ја претвори Битола во место на музичка размена, креативност и меѓукултурен дијалог. Во периодот од 14 до 24 јули, нагласува организаторот, млади музичари од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Турција, Белгија, Португалија, Шведска и Шпанија ќе работат заедно, ...
Во рамки на годинешното издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва во 20:30 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Трага во времето – 10 години Национален џез оркестар“, по што ќе следува и концертен настап на оркестарот. Изложбата претставува емотивно и документарно сведоштво за десетгодишниот развој на Националниот џез оркестар. Преку автентични фотографии, архивски материјали и приказни, ...
Франција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник – Денот на падот на Бастилја. На парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника. Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од Коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници. Годинешната парада има за цел да ја демонстрира ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја одржи 74. седница на чиј дневен ред меѓу другото е Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. На дневен ред на седницата се и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година и Годишниот извештај за ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Поради изведување водоводен приклучок Ф-200 мм на улицата „Партениј Зографски“ бр.51 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на активностите за изведување на работите. Поради изведување водоводен приклучок Ф-200 мм на улицата „Партениј Зографски“ бр.51 во населба Водно, прекинато ...
Собранието денеска ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски. Во завршното обраќање тој им се извини на пратениците и на граѓаните за инцидентот што настана во Собранието кога кандидатот за министер за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, навредуваше и пцуеше неколкумина пратеници од опозициската СДСМ. Спикерот на парлементот, Африм Гаши, не се извини за навредите што ги ...
Владимир Путин и неговото семејство би можеле да бидат убиени, бидејќи диктаторот на Кремљ брзо ја губи поддршката низ цела Русија, изјави висок естонски министер.Министерот за надворешни работи Маргус Цахна го даде коментарот во интервју за RedaktionsNetzwerk Deutschland (RND) на тема несигурните перформанси на Русија во војната со Украина. „Дури и меѓу олигарсите, сè повеќе се сомневаат во војната на Путин“, рече Цахна. „Многумина кои ...
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, ја нарече владината реконструкција како признание за неуспехот на премиерот Христијан Мицкоски – стерилна претстава со нови министри, зад која продолжуваат старите политики, коалициските пазари и лажниот сјај на власта. И тоа што менувате повеќе од една третина од тимот ви кажува повеќе дека е до селекторот, отколку до тимот. Вие градите Потемкинови села. Тоа е една измамничка фасада на вашата ...
Пред околу еден месец, Доналд Трамп разговараше подолго со „Њујорк тајмс“ за војната во Иран и за прелиминарниот договор што неговата администрација го постигна со официјални лица во Техеран. Во тоа време, американскиот претседател се пофали дека договорот ќе обезбеди „трајно бесплатен премин“ низ Ормускиот теснец, пред да го насочи вниманието кон следната рунда дипломатски разговори. Всушност, републиканецот продолжи да му кажува на ...
Иронично, премногу облека често е причината зошто губиме време секој ден, забораваме што поседуваме и посегнуваме по истите комбинации одново и одново. Јапонците веруваат дека решението не е купување нова облека или трошење часови на чистење за време на викендот, туку неколку едноставни навики кои спречуваат создавање неред уште на почетокот. Заборавете на студениот минимализам, овој стил ја враќа топлината во вашиот дом Токму ова е идејата ...
Илјадници сателити брзо го уништуваат нашиот поглед на ноќното небо, но напреден ултратемен материјал доаѓа на помош, што конечно би можело да ги направи невидливи за телескопски набљудувања од Земјата. Со брзото зголемување на бројот на сателити во орбитата на Земјата, астрономите се соочуваат со растечка закана за набљудувањата на вселената од Земјата. Погледот на човештвото кон ноќното небо постепено исчезнува, не затоа што универзумот се ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио во понеделникот вети дека ќе го „распушти“ Меѓународниот кривичен суд (МКС) и ги повика другите земји да се приклучат на напорите, додека администрацијата на Трамп значително ја ескалира својата кампања против глобалната институција. Рубио го обвини МКС дека „води војна против нашата земја, не со куршуми или ракети“, туку со „силата на таканареченото меѓународно право“. Гневот на администрацијата ...
СДСМ побара извинување од премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, како и реакција од претседателот на Собранието Африм Гаши, поради навреди и непримерно однесување кон пратеници на опозициската партија за време на собраниската седница. СДСМ свикаа и вонредна прес-конференцијата, бидејќи случувањата во Собранието, според нив, биле надвор од сите демократски критериуми, особено затоа што во нив биле вклучени ...