Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Попладнево околу 16:30 часот изби шумски пожар во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, информира дека поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер-трактори на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис. Во гасењето на пожарот е ...
Со реализацијата на овој проект значително ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето, ќе се обезбедат современи услови за учениците и наставниот кадар, а конечно ќе се создадат услови наставата да се одвива исклучиво во една смена. Со доградбата, Општина Центар го заокружува целосниот процес на трансформација на образованието, сите основни училишта на нејзина територија ќе работат единствено во прва смена. „Ова е значаен момент за ...
Комисијата на финансирање и буџет на денешната седница му предложи на Собранието да ја разгледа завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски појасни дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2025 година остварил реален раст од 3,5% и е во согласност со проекциите на Министерството за финансии. Динамиката на растот била поизразена во втората половина од годината, кога ...
Американската банкарска групација ЈП Морган Чејс оствари рекордна добивка од 21,2 милијарди долари, или 7,70 долари по акција, во вториот квартал. Резултатот главно беше придонесен од закрепнувањето на инвестициското банкарство, силниот раст во тргувањето со акции и еднократната капитална добивка од инвестирањето во Виза. Приходите се зголемија во сите клучни деловни сегменти. Приходите од инвестициско банкарство се зголемија за 30 проценти ...
НЛБ Банка и Прагма продукција денеска, на прес-конференција во НЛБ Галерија, ја најавија соработката за претстојната летна концертна сезона, која ќе донесе серија атрактивни музички настани за различни генерации публика. Партнерството опфаќа осум концерти на регионални и домашни музички ѕвезди во текот на летото, меѓу кои настапите на: Дупер, Слаткаристика & Friends, Два Бона, Rita Ora, Senidah, Петар Грашо, Саша Ковачевиќ, Црвена Јабука ...
Њујорк – Џастин и Хејли Бибер со години го насочуваа погледот кон Вест Вилиџ – барајќи станови за изнајмување таму уште од 2019 година – но сега официјално го купија. Поп-ѕвездата и двојката штотуку купи стан со четири спални соби на адресата Лерој број 160, кривулеста кула со 15 ката дизајнирана од фирмата добитничка на Прицкеровата награда Херцог и де Мерон и развиена од основачот на Студио 54, Иан Шрагер. Тие ја платија бараната цена од 12 ...
Украинската морнарица на 14 јули соопшти дека погодила и потопила руски граничен патролен брод покрај брегот во близина на градот Новоросијск во рускиот Краснодарски крај, на околу 300 километри од линијата на фронтот. Бродот „Изумруд“ бил погоден од морски дрон „Сарган-3000“, а во нападот загинале и се ранети членови на неговиот екипаж, соопшти украинската морнарица, без да открие дополнителни детали. Се додава дека „Изумруд“ учествувал во ...
Бројот на барања за приговор на совеста во Германија нагло се зголеми оваа година и веќе во првата половина од 2026 година го надмина вкупниот број на барања поднесени во текот на целата минатата година. Главните наведени причини се влошувањето на безбедносната состојба во Европа и стапувањето во сила на новиот закон за воена служба, според Tagesschau. Според податоците од Германската федерална канцеларија за семејни и граѓански работи ...
Растот на потрошувачките цени забави повеќе од очекуваното во јуни – иако од веќе високо ниво – бидејќи возачите најдоа одредено олеснување на бензинските пумпи. Индексот на потрошувачките цени, објавен во вторник, покажа дека инфлацијата паднала за 0,4% на месечно ниво во јуни, што е најголемиот месечен пад од април 2020 година. Годишната инфлација, исто така, се намали на 3,5%, соопшти владата, што е најниската годишна стапка од март. ...
Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали присуствуваше на официјалните свечености организирани по повод 14 Јули – Националниот празник на Француската Република, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон. Од Министерството за европски прашања соопштија дека присуството на министерот Сали на свеченоста претставува потврда за одличните билатерални односи и силното партнерство меѓу Македонија и Франција. По тој повод, ...
ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје. На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 (07.06) на 15.7.2026 година и 645 (20.05) на 15.7.2026 година, додека на релација Битола – Скопје: 644 ...
Малата срна Бамби чии нозе настрадаа од стапица поставена илегално околу Битола, ја изгуби борбата. Проектот за спасување на животни ја објави веста, најавувајќи борба со оваа илегалчна практика во македонија каде заради личен профит се убиваат и заштитени животни. „Пишуваме… бришеме… и така безброј пати…Не постојат зборови што можат да ја опишат оваа болка. Најмилите очи утрово засекогаш се затворија.Нашата Бамби нè напушти. Овој суров свет ...
Владата на последната седница ја усвои стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјата за периодот 2026 – 2030 година. Како што соопшти Министерството за финансии, стратегијата е подготвена во согласностст со преземените обврски во однос на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) во рамките на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, кое опфаќа: јавна внатрешна финансиска контрола, ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска истакна дека и тој е дел од тоа мнозинство што поддржува дека и платите на обвинителите треба да бидат соодветни на нивниот статус и на нивните обврски и должности. – Ако ги гледаме суштината на работата и суштината на проблемот, како држава, што го имаме, за мене барем, како судија, нема дилема. И јас сум дел од тоа мнозинство што поддржува дека „да“ и платите на обвинителите треба ...
Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA) им советуваше на авиокомпаниите да избегнуваат летови низ воздушниот простор на Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, како и над Оманскиот Залив, поради најновите тензии меѓу Иран и САД. Во писмото до авиокомпаниите се вели дека најновото предупредување важи до 29 јули, објави Ројтерс. Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија ...
Брисел – Украина денес го отвори Кластерот 6 на Меѓувладината конференција со ЕУ кој се однесува на надворешни работи. Покрај оваа конференција, уште три ќе се одржат во Брисел – со Молдавија, Црна Гора и Албанија – за отворање и затворање на преговарачките поглавја во процесот на пристапување. Одделните Меѓувладини конференции се одржуваат на маргините на Советот за општи работи на ЕУ за формално да го одбележат напредокот во нивните ...
Силната бура што го погоди германскиот округ Лудвигслуст-Пархим во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија во понеделникот вечерта остави зад себе сцена што обично се гледа среде зима. Силниот град на неколку места ги побеле улиците целосно, па властите дури мораа да ангажираат снегочилачи за да ги исчистат патиштата. Најтешко погодени беа Витенбург, Хагенов и Зарентин, каде што бурните ветрови, силниот дожд и градот предизвикаа ...
„Нема правда“. Вака опозицискиот СДСМ ги оцени пресудите во случајот „Талир 2“ , според кои Никола Груевски е осободен и е одмрзнато седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ. „Граѓаните гледааат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чисти Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзнува криминалниот имот на ВМРО. По 8 години белата палата, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони ...
Навредите што вчера премиерот Христијан Мицкоски ги кажа во Собранието кон опозициските пратеници се доказ за неговата слабост и неспособност. И никој не се плаши од него. Вака денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го оцени вчераниот хаотичен ден во Собранието кога се расправаше за реконструкцијата на владата. Откако пратеникот Фатмир Битиќи (СДСМ) ја критикуваше работата на владата во изминатите две години Мицкоски го нарече „фрустриран ...
Мик Џегер ја пофали улогата на Битлси во историјата на Ролингстоунс и музичката историја како целина во интервју што се емитуваше на каналот Classic Vinyl на SiriusXM во четврток. Тој, исто така, дискутираше за тоа како Пол Мекартни им се придружил на Стоунс за да снимат две песни, „Bite Your Head Off“ од Хакни Дајмондс и „Covered in You“, кои ќе се појават на новиот албум на бендот, Foreign Tongues, што излегува утре. „Тие беа најплодните ...
Против триесетгодишникот кој со 30 убоди го усмрти сопствениот татко е отворена истрага за кривично дело убиство – информираат од ОЈО. „Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице ...
На 27.06.2026 во Подгорица, на платото пред замокот Петровиќ, се одржа регионалниот моден настан „Модни мостови на Балканот“. Станува збор за настан што собра истакнати дизајнери од шест земји од регионот. Публиката имаше можност да види шест модни ревии од реномираните дизајнери: Никола Петровски (Македонија), Каја Хроват (Словенија), ХААД (БиХ), Ивица Скоко (Хрватска), Драгана Огњеновиќ (Србија) и Наташа Пејовиќ (Црна Гора). Настанот беше ...
Киев – Главниот извршен директор на „Нафтогас“, Сергеј Корецки, треба да стане нов украински премиер, потврдија за „Киев Индепендент“ два извори, висок украински функционер и лице запознаено со ситуацијата. Очекуваното назначување следува откако премиерката Јулија Свириденко потврди на 12 јули дека се повлекува од функцијата по најавата на претседателот Володимир Зеленски за реконструкција на владата. Според изворите, Зеленски го предложил ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за ...
ФИФА претстави специјално издание на топката Трионда, која ќе се користи во финалето на Светското првенство. Иако техничките карактеристики на топката остануваат исти, новата шема на црно-златни бои веднаш го привлече вниманието на Килијан Мбапе за време на последниот тренинг на француската репрезентација. Пред да им се придружи на своите соиграчи, Мбапе зеде една од новите топки, внимателно ја проучуваше неколку секунди, барајќи разлики во ...
Лос Анџелес – Објавен е првиот целосен трејлер за долгоочекуваната драма-комедија „Дигер“ (Digger) од мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалез Ињариту, каде што Том Круз ја глуми насловната улога. Филмот ќе се прикажува ширум светот од почетокот на октомври, а Круз го игра Дигер Роквел – „најмоќниот човек на светот“, кој се впушта во мисија да ја спаси планетата од еколошка катастрофа… Пред објавувањето на трејлерот, на претставувањето од ...
Двете деца на Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара (21) и Медокс (24), објавија огласи во весници како дел од правен процес за отстранување на презимето на нивниот татко од Пит. Судските документи потврдуваат дека тие исполниле уште еден законски услов пред рочиштето за одлучување по нивните барања за промена на името. Поставиле огласи во весници Според судските документи добиени од Page Six, Захара и Медокс објавиле огласи во Los Angeles Daily ...
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека малку е веројатно дека мирот во Украина наскоро ќе биде постигнат и додаде дека очекува Русија да ја продолжи војната барем до почетокот на зимата. Туск во Париз изјави дека за ситуацијата во Украина разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Во овој момент, се чини малку веројатно дека ќе се постигне прекин на огнот или мировен ...
Транспортната инспекција конечно ќе може да ја покрие целата територија на државата, по донацијата на 18 возила од ЕУ, во вредност од 700.000 евра. Повеќе нема изговори доколку на нашите патишта се сретнат претоварени товарни возила, неисправни автобуси или превоз на опасни материи. Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека се прават промени во пет закони за да се овозможи поставување интелигентни транспортни системи (ИТС) на патиштата во државата, што е обврска од реформската агенда. Активностите се спроведуваат во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата. – Имајќи предвид дека едно од барањата во реформската агенда е воведување интелигентни транспортни системи (ИТС) во ...