Владата останува посветена на политиките во однос на цените на горивата во насока на подобар стандард за граѓаните – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид во активностите за регулација на коритото на Сува Река во општина Сарај. Осврнувајќи се на новите воени интервенции во Заливот од страната на САД и Иран и повторното затворање на Ормуската Теснина, нагласи дека повторно сме пред ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се бара формула од јануари идната година цената на струјата да се намали. „Веќе трета година од мандатот на Владата цената на електричната енергија за граѓаните не само што не е поскапена туку се обидува да се најде формула од јануари да поевтини“, изјави денеска Мицкоски во одговор на новинарско прашање за обвинувањата за тешка есен за граѓаните. Тој додаде дека во времето на владата на СДСМ и ...

Со инвестиција од над шест милиони евра, обезбедени преку Министерството за животна средина и просторно планирање, започна целосното уредување на коритото на Сува Река во Општина Сарај. Проектот опфаќа 12 километри од селото Бојане до Глумово, каде што реката се влева во Треска, и ќе се реализира етапно до 2029 година со цел трајно решавање на проблемот со поплавите и заштита на животната средина. Градоначалникот на Општина Сарај, Илијас ...

Лос Анџелес – Актерот Сем Нил се борел со пневмонија пред неговата неочекувана смрт на 78-годишна возраст, изјави поранешна ко-ѕвезда во вторникот, додека некои од најголемите имиња на Холивуд тагуваа по главниот лик од „Паркот Јура“. Нил почина во Австралија во понеделник, соопшти неговото семејство во кое загубата е опишана како „ненадејна и неочекувана“. Новозеланѓанецот во последните години бил на третман за лимфом, но бил без рак, ...

Чекањето за епот со мечеви и сандали на Кристофер Нолан е речиси завршено. „Одисеја“ пристигнува во кината во четврток, а очекувањата не можеа да бидат поголеми по триумфот на Опенхајмер на Оскарите. Мет Дејмон, Зендаја, Том Холанд, Ен Хатавеј, Лупита Њонго и многу други познати личности ќе го красат екранот. Снимањето на филмот е исто толку возбудливо како и моќта на ѕвездите, бидејќи „Одисеја“ се потпираше на практични ефекти и беше ...

Отако повеќе години зборуваше дека се под судски прогон и дека судствоито е под политички стеги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски може да биде задоволен – судот го одмрзна имотот на партијата. Кривичниот судот вчера, а месец и пол пред застарување на предметот „Талир 2“ донесе одлука со која екс-премиерот Никола Груевски е ослободен од вина, а за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се отфрли конфискацијата. За Мицкоски пресудата е во ...

Како уште еден нож во грбот на Путин, беше искоментирана денешната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ, до неодамна најсилниот сојузник на Русија во Европа, на украинската престолнина каде што се одржува средба на ниво Украина- Југоситочна Европа. Српските медиуми го објавија со видео пристигнувањето на Вучиќ во Украина и дочекот од тамошните функционери, за да разговара како да се произведе повеќе и побрзо оружје за Украина и за ...

Редовното учество во културни активности, од одење во кино до посета на музеи, може да помогне во забавувањето на биолошкото стареење, а ефектот е споредлив со редовното вежбање, покажува ново истражување. Научниците анализирале податоци од речиси 2.000 учесници во долгорочната Англиска студија за стареење, која ги следи луѓето над 50 години низ цела Англија. Учесниците во студијата пополниле прашалници во кои детално е наведено колку често ...

Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. Одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора, Ристески уште еднаш истакна дека просечната потрошувачка ...

До петок, 24 јули, ќе трае пријавувањето за мерката „Поддршка за креирање нови работни места“ – подмерка „Вработување и раст на правни субјекти“, од оперативниот план за вработување за 2026 година. Како што рече заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, по работниот состанок во Стопанската комора, мерката ќе опфати 1.385 активни баратели на работа, а предвидува поддршка од 5,4 милиони евра. Заинтересираните работодавачи може ...

Го гледам негодувањето кај многу луѓе, кои праведно го оценуваат меѓународното однесување на Румен Радев како спротивно на основните национални интереси на Бугарија. Отсуството од работата на „Коалицијата на волните“ во Париз, отсуство од таканаречената „антиракетена коалиција“ – под изговор дека „прашањата поврзани со колективната безбедност на Бугарија се решаваат во рамките на НАТО и Европската унија“… Тоа е кажано врз основа на целосното ...

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески денеска го повтори ставот на премиерот, дека ако се утврди зголемување на маржите за одредени производи, прво ќе се разговара со субјектите, а потоа, ако се утврди дека покачувањето е неосновано, ќе се преземат мерки. – И годишните податоци од Пазарниот инспекторат ги сублимираме, ги анализираме заедно со Владата. Ќе видиме кои ќе бидат наредни мерки. Меѓутоа, она што го кажа премиерот јас ќе го ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), кој се товари за продолжено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „Фалсификување службена исправа“. Станува збор за Пеце Мирчевски, поранешниот прв човек на Службата за општи и заеднички работи во Владата. Според обвинението, во периодот од јули 2021 до март 2024 година, ...

Можеби Дидие Дешан беше во право цело време. Тој беше критикуван во текот на неговите 14 години на функцијата селектор на Франција за тоа што беше премногу претпазлив, за тоа што даваше приоритет на контролата, за тоа што не ја ослободи својата голема флота напаѓачки играчи. На овој турнир, неговиот последен како национален селектор, Дешан се опушти – барем од тактичка гледна точка; тој останува мрзоволен како и секогаш во своите јавни ...

Во Демократска Република Конго потврдени се 2.011 случаи на ебола, соопшти Министерството за здравство. Досега од ебола починале 754 луѓе, додека 753 лица се во изолација или на болничко лекување додека 366 луѓе оздравеле. Властите ги следат случаите во пет провинции, а главното жариште и понатаму е североисточната провинција Итури, која граничи со Уганда и Јужен Судан. Министерството за информации на ДР Конго соопшти дека изминатите 47 дена ...

Нова студија која анализирала повеќе од 600 лица со помош на 3Д скенирања се обидела да одговори на прашањето кои црти на лицето најчесто се сметаат за привлечни кај мажите и жените. Научниците тврдат дека ги идентификувале карактеристиките што повеќето луѓе ги сметаат за привлечни, а резултатите сугерираат дека обликот на лицето игра важна улога во првиот впечаток. На жените им се припишуваат потенки лица, на мажите поизразени бради Според ...

Шумскиот пожар, кој избувна вчера попладне кај селото Бајково,во Општина Ново Село и се закануваше да се прошири и да ја зафати тамошната црква, е ставен под контрола, објави градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов. „Пожарникарите успеаја да спасат повеќе куќи, како и црквата „Св.Петар и Павле“ во селото Бајково, иако огнот веќе беше стигнат до самите објекти. Со тоа е спречена поголема материјална штета“, велат од ТППЕ Струмица. ...

ДУИ реагира на објавените официјални податоци објавени од Министерството за одбрана кои покажуваат дека сите десет директори во Министерството се Македонци, додека ниту еден Албанец не раководи со директорат. -Овој дисбаланс претставува сериозно нарушување на принципот на правична и соодветна застапеност,еден од темелите врз кои се изградени институционалната стабилност и меѓуетничката доверба во државата. Безбедносниот и одбранбениот систем ...

Њујорк – Церемонијата на затворањето на Светското првенство , носи богата музичка програма, но едно име на листата на изведувачи особено ги изненади фановите. Заедно со пејачите Роби Вилијамс, Лаура Паусини, Никол Шерцингер, Џенифер Хадсон и интернет ѕвездата IShowSpeed, на сцената ќе се појави и холивудскиот актер Том Круз. Спектаклот ќе се одржи во недела, 19 јули, во пресрет на финалниот натпревар на стадионот во Њујорк, Њу Џерси. Џенифер ...

Трчањето не е само спортска активност – тоа е патување кое започнува со еден мал чекор, а води кон поголема самодоверба, подобра физичка форма и личен развој. Токму оваа порака ја носи Виз Ер Скопски маратон 2026, кој ќе се одржи на 4 октомври 2026 година, повикувајќи ги сите љубители на спортот, рекреативци и професионални спортисти да бидат дел од најголемата тркачка приказна во Македонија. Со мотото „Трчањето ќе те промени“, најголемата ...

Тврдите дека сте конзистентни во политиките, а кажувате контрадикторни работи. Тоа личи на политичка шизофренија. Вака претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, окарактеризира некои од полтичките идеи на владејачкото мнозинство, особено таа дијаспората да гласа електронски, а гласачите во Македонија со отисок на прст. „Мене малку сѐ ова ми наликува на политичка шизофренија. Лош збор е и можеби не треба да се соопшти, но да го појаснам: тоа е ...

Северна Македонија направи значаен чекор кон вклучување во проширениот Вертикален коридор. НОМАГАС АД Скопје, заедно со Transportgas Srbija, за првпат учествуваше во работните разговори на операторите на системите за пренос на природен гас, одржани на 10 јули во Атина, со што Западен Балкан се вклучува во понатамошниот развој на Иницијативата, пишува во денешното соопштение. Од НОМАГАС посоќуваат дека присуството на состанокот ја отвора ...

Опозициската СДСМ ја обвини Владата дека манипулира со јавноста тврдејќи дека измените на Изборниот законик што тие ги предлагаат се услов за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите. Во партиското соопштение, СДСМ наведува дека Европската Унија не бара донесување на Изборен законик „по мерка на една партија“, туку инсистира на кредибилни, фер и транспарентни избори, независно судство и ефикасна борба против ...

Мајами – На 15 јули 1997 година, светот беше шокиран од веста за трагичната смрт на познатиот дизајнер Џани Версаче. Иако поминаа повеќе од две децении од неговата смрт, мотивот за неговото убиство сè уште не е разјаснет. Версаче беше застрелан пред својот дом во Мајами Бич од Ендру Кунанан, избезумен обожавател за кој подоцна беше објавено дека бил геј жиголо. Кунанан се самоуби само осум дена подоцна со истиот пиштол што го употреби за да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп за период од една година реализирал повеќе од 21.000 трансакции со акции и други хартии од вредност. Според анализата објавена од германскиот „Шпигел“, а врз основа на 900-страничната декларација, трансакциите биле извршени преку осум инвестициски сметки на Трамп. Купувањата на хартии од вредност се проценуваат на меѓу 461 милион и 1,4 милијарди долари, додека продажбите на меѓу 138 милиони и 433 милиони ...

Шибеник – Улични уметници и изведувачи на улична уметност како дел од Фестивалот на улична уметност во Шибеник создадоа мурал посветен на Арсен Дедиќ и го претставија на градот како траен уметнички почит кон големиот шибенички кантавтор. Овој нов визуелен запис дополнително го збогати јавниот простор на Шибеник и придонесе за зачувување на споменот на Арсен Дедиќ преку современа форма на уметнички израз. Шибеник, исто така, го негува споменот ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината. Преку порталот, достапен на https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map граѓаните на едно место можат да ги следат сите актуелни информации, тековни и планирани инфраструктурни проекти, јавни ...

Возачите во Италија масовно се жалат дека сообраќајните камери не ги исполнуваат сите законски барања, а сега нивните жалби доведоа до сериозен резултат. Како што бројот на жалби со текот на времето нагло се зголеми, неколку општини одлучија целосно да ги исклучат своите радари додека не се донесат појасни прописи. Италијанската влада сега реагираше и воведе нови национални правила за радарски системи. Сите уреди во земјата мора да ги ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека Градот Скопје ќе му даде поддршка на оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“, кој во септември ќе настапи во Њујорк по освоеното прво место на меѓународен музички натпревар. Ѓорѓиевски денеска се сретнал со младите музичари, за кои рече дека за краток период постигнале значајни домашни и меѓународни успеси. „Тие се огромна гордост за сите скопјани, но и вистински амбасадори на ...

Турција ја збогати својата понуда за љубителите на културниот туризам со повторното отворање на археолошкиот локалитет Андриаке и Музејот на ликиските цивилизации во Демре, како и отворањето на нов Центар за посетители во античкиот град Сиедра во Аланија. По обемните реставраторски, конзерваторски и хортикултурни зафати, овие локалитети во Анталија сега нудат уште поквалитетно и поавтентично искуство за посетителите, зачувувајќи едно од ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.61
48%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.11
61%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.16
56%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.38
65%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.11
77%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
49%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.53
46%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.0
51%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
1.86
71%
1013
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1013
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
2.28
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Сребро

1994.05

Кобалт

56.29

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Родиум

274085.11