Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Франција и Германија повторно се приближуваат и дека е потребен нов поттик за билатералната соработка, особено по клучни европски и меѓународни прашања. „Сметам дека можам да кажам дека во последните неколку месеци има вистинско приближување меѓу Франција и Германија во однос на европската агенда“, изјави Макрон пред почетокот на заедничката француско-германската меѓувладина седница во ...

Словенечкиот судија Славко Винчиќ (46) ќе го суди финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Аргентина и Шпанија, кое ќе се игра во недела. Винчиќ ја опиша оваа можност како „неверојатна чест“. Судијата од Марибор за неговото назначување дознал од Пјерлуиџи Колина, шефот на судиите на ФИФА и претседател на судискиот комитет на ФИФА, и рекол дека веста целосно го изненадила. “Значи, пред се шок. Потоа среќа. Се тресев. Неверојатна ...

Програмата на годинешното 66 издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со балетот „Митот за Амазонките“ во изведба на театарската и балетска компанија „АРТ денс“ од Грција. „Митот за Амазонките“ е танцов перформанс што се базира на античкиот грчки мит за Амазонките, со музика специјално компонирана за оваа претстава. Амазонките биле митска раса на жени воини кои биле потомки на богот Арес и нимфата Хармонија. Нивниот дом бил ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот ги декласификуваше разузнавачките информации, тврдејќи дека тие покажале кинеско мешање во изборите во САД, и покрај проценката на американските разузнавачки агенции кои не пронашле докази дека Пекинг бил вмешан во изборите во 2020 година што Трамп ги загуби. Во својот 25-минутен говор, Трамп ги нагласи своите напори безбедноста на изборите да стане централно политичко прашање пред ...

Кинескиот претседател, Шји Џинпинг, денеска го претстави Пекинг како предводник во создавањето на нов глобален поредок во областа на вештачката интелигенција, повикувајќи ги земјите да ја искористат технологијата со отворен код и најавувајќи поголема поддршка за земјите во развој. Говорејќи на отворањето на Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC) што се одржува во Шангај, Шји изјави дека вештачката интелигенција претставува ...

По повод Светскиот ден на змиите, Македонското еколошко друштво вечерва во дворот на Кинотеката на Македонија во Скопје организира бесплатна проекција на документарниот филм „Европа: Еден континент, пет света“, во кој значајно место има и Голем Град во Преспанското Езеро, познат како „Змиски остров“. Како што соопштуваат од МЕД, проекцијата ќе почне во 20:30 часот, а на публиката ќе ѝ биде прикажана првата од шесте епизоди на документарниот ...

Паркот на Франкофонија и Едукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе бидат локации каде што ќе се одржат два културни настана што на публиката ќе ѝ понудат музичко-сценско и театарско доживување. Во организација и соработка со Амбасадата на Казахстан, во 20:30 часот во Паркот на Франкофонија ќе се одржи вечер на традиционална музика и танц од Казахстан насловена „Звуците на Големата Степа“. На настанот ќе настапат етно-групата ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има ...

Корисниците од делови на Гази Баба и од повеќе улици во индустриската зона на Скопје денеска ќе останат без вода поради зафати на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата „Сречко Пужалка“ бр. 60А, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Сречко Пужалка“ и „Товарник“ во општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот ...

Владата на САД одлучи да го скрати престојот на странските студенти и новинари во Соединетите Американски Држави, според владин документ објавен денес. Ова е нов чекор во исклучително рестриктивната имиграциска политика на сегашните власти. Според новите правила, кои треба да стапат во сила во рок од два месеци доколку поминат во Конгресот, на странските државјани кои имаат студентски визи нема да им биде дозволено да останат на американска ...

Американскиот Убер понуди речиси 15 милијарди долари за да ја купи германската компанија за достава на храна „Деливери Херо“ (Delivery Hero), која е исто така сопственик на Глово, со што сигнализира проширување на својот бизнис во услови на сè пожестока конкуренција во нејзината матична земја САД и Европа. Убер понуди 41,50 евра (47,60 американски долари) по акција за „Деливери Херо“, проценувајќи ја компанијата со седиште во Берлин на околу ...

Судот во Џенова денеска го осуди поранешниот извршен директор на „Атлантија“, Џовани Кастелучи, на 12 години затвор за уривањето на мостот во северозападниот пристанишен град Џенова во 2018 година. Во времето на несреќата, Атлантија беше мнозински сопственик на компанијата „Autostrade per l’Italia“, која управува со италијанските автопати, објавува Анса. При уривањето на мостот загинаа 43 лица, кога нивните возила се излизгаа од ...

Речиси цела држава попладнето беше зафатена од невреме со пороен дожд и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека вечерва Битола, Преспа и Ресен се зафатени од пороен дожд и грмежи. Слаб до умерен дожд имаше во Скопје, Охрид, Ресен, Македонски Брод и во северозападните делови на Македонија, а невреме со пороен дожд и грмежи имаше во Прилеп, Гевгелија, Крушево и Македонски Брод. Речиси цела држава попладнето беше зафатена од ...

Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот. Владата почнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар – најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. – Донесовме одлука заради визијата и решеноста на премиерот и во моментов работиме на еден од најзначајните инфраструктурни ...

Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран, шеста ноќ по ред, со цел намалување на воените капацитети на Иран, објави денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ). Претходно, иранските медиуми објавија дека денес повторно се слушнале експлозии на островот Кешм, во Бандар Абас и Чабар. ЦЕНТКОМ е дел од американската војска задолжен за Блискиот Исток. Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран, ...

Европската централна банка (ЕЦБ) објави дека избра 36 даватели на услуги за плаќање (ППУ), вклучувајќи банки и платформи за финансиска технологија, кои ќе учествуваат во пилот-фазата на проектот за дигитално евро. Најголемиот дел од списокот на учесници го сочинуваат банки како што се Уникредит, Дојче банк, Рајфајзен банка, Нова Љубљанска банка (НЛБ) и Пиреа банка. Компании за финансиска технологија како што се Револут, Страјп, Сатиспеј и ...

Цената на акциите на „Спејс икс“ (SpaceX) падна под нивото забележано кога излезе на берза пред нешто повеќе од еден месец, по остриот пад од врвот достигнат по првичната јавна понуда. Цената на една акција на компанијата за производство на ракети, сателити и развој на вештачка интелигенција, која е во сопственост на Илон Маск, падна на 132,62 долари, или 98,24 фунти во среда, што е под почетната цена од 135 долари во јуни. Првичната јавна ...

НУ Завод и Музеј – Битола во рамки на ACT4PRESPA поддржан од Евбропската унија, одржа меѓународна стручна работилница за конзервација на културното наследство на која учествуваа конзерватори, реставратори, архитекти, археолози и други експерти од Северна Македонија, Грција и Албанија. Во текот на дводневната програма, учесниците имаа можност да ги посетат Јени џамија и археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис во Битола, каде беа презентирани ...

Португалија стана првата членка на Европската Унија што се приклучи на глобалната мрежа HealthAI за следење на употребата на вештачка интелигенција во здравството. Договорот помеѓу португалскиот регулатор Infarmed и непрофитната организација HealthAI со седиште во Женева ѝ дава на Португалија пристап до каталог на здравствени алатки базирани на вештачка интелигенција кои поминале регулаторни проверки. Со ова, Португалија им се придружува на ...

Само преку партнерство и заедничко креирање политики можеме да донесеме решенија што ќе придонесат за стабилен економски раст, подобри услови за работа и повисок животен стандард на граѓаните – порача по денешната седница на Економско-социјалниот совет министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Економско-социјалниот совет ја усвои годишната програма за работа за 2026 година и ги разгледа предлог-законот за високото образование и ...

По години притисок врз корисниците да го заменат својот работен хардвер и да купат нови компјутери компатибилни со оперативниот систем „Виндоус 11“, „Мајкрософт“ е принуден да се повлече под притисокот на пазарот. Имено, првичниот план за прекин на поддршката за „Виндоус 10“ во октомври 2026 година е официјално откажан, а новиот рок е поместен на 12 октомври 2027 година. Занимливо е што американскиот технолошки гигант го испрати официјалното ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет одговарајќи на новинарски прашања во однос на контролите на Државниот пазарен инспекторат, истакна дека контролите за над 700 производи покажале дека во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година, просечните набавни цени кај основните прехранбени производи и средствата за хигиена се зголемени за 2,66 проценти, додека просечните продажни цени ...

Долниот дом на италијанскиот парламент денеска го одобри контроверзниот план на владата за измена на изборното законодавство, потег што критичарите го отфрлија како обид да и се помогне на премиерката Џорџа Мелони да ја задржи власта на следните избори во 2027 година. Предлогот на владејачката десничарска коалиција, која ја сочинуваат партијата Браќа на Италија на Мелони и партиите Форца Италија и Лига, би вовел целосно пропорционален ...

Велика Британија го национализираше „Бритиш стил“ за да ја заштити иднината на домашното производство на челик, објави денеска владата, со што го заврши преземањето на компанијата која досега беше во кинеска сопственост. Национализацијата на „Бритиш стил“ беше неопходна за да се заштитат националните интереси на Велика Британија, нагласи владата во соопштение за медиумите. „Бритиш стил“ е дел од идентитетот на нашата нација и основа на ...

Лондон – Англискиот селектор Томас Тухел има целосна поддршка од Фудбалската федерација на Англија (ФА) и се очекува да ја предводи репрезентацијата на Европското првенство во 2028 година, и покрај елиминацијата во полуфиналето на Светското првенство, јавија денеска британските медиуми. Англија во средата вечер беше поразена од Аргентина со 1:2, што ја остави без пласман во финалето на Светското првенство, а Тухел се најде под остри критики ...

Финалето на Светското првенство ќе биде најскапиот спортски настан досега одржан во Соединетите Американски Држави во однос на цените на билетите на секундарниот пазар, според податоците од платформата за препродажба на билети TickPick. Оваа компанија наведува дека просечната цена на билетите за натпреварот помеѓу Аргентина и Шпанија ги надминала цените на други големи настани, како што се Супербоул и финалето на НБА. Минималната цена на ...

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски на денешната пленарна седница повторно апелираше пратениците да се однесуваат достоинствено и со дигнитет бидејќи ако продолжи наративот на навреди, можно е повторно во Собранието да има немили настани. Повод беше настанот вчера, на Комисијата за финансирање и буџет, кога пратеничката Лидија Петковска со недоличен говор ја навреди пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска. На ...

За нервозните летачи, ова звучи како кошмар; за повеќето, само замислено во акционен филм. Но, минатата недела, еден патник навистина беше речиси вшмукан низ скршен прозорец на авион за време на летот. Љубиша Каровиќ беше на летот на „Рајанер-Ер Малта“ што го напушти Солун во Грција кога прозорецот до него експлодира од „Боингот 737-800“, извлекувајќи му ја главата и рамената од авионот. Неговата сопруга и сопатниците му помогнаа да остане ...

Германската индустрија минатата година изгуби 177.000 работни места, според бројките објавени од Федералната агенција за вработување во Нирнберг во среда. Од декември 2025 година, 6,5 милиони луѓе биле формално вработени во производствениот сектор, што претставува речиси една петтина од германската работна сила, соопшти агенцијата. Севкупно, вработеноста во сите сектори на економијата се намалила за 108.000, а агенцијата соопшти дека растот ...

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за повеќе дејствија на продолжени кривични дела – Фалсификување исправа, Злоупотреба на лични податоци и Компјутерска измама. Против вкупно 33 лица е поднесен предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама. Обвинетите со умисла извршилe повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.91
48%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
55%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.5
54%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
68%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.5
80%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.8
49%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.75
46%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.14
50%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
67%
1012
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
5.81
54%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.5
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Бакар

13.51

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Алуминиум

3.25

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05

Калај

56.46

Кобалт

56.29

Злато

136962.18

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96