Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 илјади жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е намален за повеќе од четири споредено со 2019 кога имало 24,3 судии на 100 илјади жители. Меѓу земјите на ЕУ, Хрватска и ...

Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со настап на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Горјана Стојановска е родена во Битола, каде го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на ...

До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Промена на временските услови се очекува од среда, кога поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер ќе почне опаѓање на температурите. Во деновите потоа времето ќе биде посвежо, а врнежи од дожд се очекуваат на повеќе места низ земјата. Значително пониски дневни температури се најавени за петок. Метеоролозите ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за одбрана, Законодавно-правната комисија, Комисијата за надворешна поитика и надворешна трговија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на ...

Њујорк – Францускиот фудбалер Килијан Мбапе и Аргентинецот Лионел Меси се на врвот на листата на најскапи играчи што играле во финале на Светско првенство. Според порталот „Трансфермаркт“ вредноста на Мбапе во времето на финалето на Светското првенство во 2022 година била 160 милиони евра. Тој е најскапиот играч што играл во едно мундијалско финале. Меси е втор. Во времето на неговото учество во финалето на Светското првенство во 2014 ...

Денеска е понеделник, 20 јули 2026 година, 201-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 164 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 16 минути, а ќе зајде во 20 часот и 4 минути. Денов трае 14 часа и 48 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во 12 часот и 9 минути, а ќе зајде во 23 часот и 7 минути. Денеска е понеделник, 20 јули 2026 година, 201-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во ...

Шпанија конечно го скрши упорниот отпор на Аргентина во продолжението и го освои Светското првенство во фудбал по втор пат со победа од 1-0. Крилниот напаѓач на Барселона, Феран Торес, го постигна единствениот гол во еден во основа малку здодевен но тврд натпревар, во кој Аргентина одбра тактика да се брани и да ја умртви играта чекајќи некаква можност или пенали на крајот. Шпанија доминираше цело време, иако и нејзината игра не беше ...

Двократниот победник Јонас Вингегард ќе се подложи на операција на фрактура на клучната коска откако доживеа мизерен крај на неговиот Тур де Франс во неделата, паѓајќи на околу 20 км пред крајот на 15. етапа. 29-годишниот Данец, кој беше втор во генералниот пласман, се лизна на излегувањето од една кривина додека неговиот тим „Висма-Лиз а Бајк“ поставуваше жестоко темпо за да ги брка бегствата на денот. „Јонас претрпе фрактура на клучната ...

Министерството за здравство не пригласува епидемија по енермниот број случаи на заболени во Гостивар, но епидемилозите од тамошната болница пријавија дека има епидемија. Заради зголемениот број на заболени со стомачни тегоби, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје пријавија епидемија. Во изјавата која ја дадоа попладнево во тетовскиот центар ги наведоа и причините за овој чекор. Засега не се знае што ја предизвика заразата во Гостивар. ...

Со промотивно видео на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, гордо го најави срамниот и аматерски билборд со кој им посакува добредојде на оние што пристигнуваат во главниот град, а сега вели дека бил „печатна грешка“. Од кого – не кажува, но билбордот денеска беше сменет и наместо со вештачка интелигенција беше комбиниран со пет фотографии од знаменитости од Скопје. Ѓорѓиевски рече дека Градот ништо нема да плати за оваа ...

Русија изврши еден од најголемите напади со балистички ракети врз Киев, започнувајќи петчасовен напад во кој загина најмалку едно лице, а седум беа повредени, со пожари и штети низ целиот град. Украинските власти соопштија дека главниот град бил погоден со околу 40 ракети „Искандер-М“ и хиперсонични ракети „Циркон“. Жителите слушнале звук на сирена за воздушен напад во 1,30 часот наутро. Се слушнал звук на воздушна одбрана, по што неколку ...

Володимир Зеленски размислува за оставка на врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски, во услови на најголема криза во военото раководство во неговото претседателствување, изјави висок функционер на украинската администрација изјави за „Фајненшел тајмс“. Тој рече дека Зеленски ќе се сретне со воениот персонал овој викенд за да ги слушне нивните проценки за ситуацијата на бојното поле и да разгледа кандидати за ...

Важна личност во централно-десничарската партија на германскиот канцелар Фридрих Мерц поднесе оставка од лидерската позиција во саботата, изјавија партиски извори за АФП, поради контроверзиите околу неговото користење на сурогат мајка во САД и покрај забраната за оваа практика во Германија. „Во последните денови сфатив дека мојата лична среќа да основам семејство со мојот сопруг и да станам татко е некомпатибилна со мојата политичка ...

Ни седум ленти не го намалуваат чекањето од неколку часа на границата со Грција. Километарските колони од возила ова утро на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, како да немаат крај. Иако се отворени седум коловозни ленти за излез од државата, според возачи кои се таму, се чека со часови. И до четири. Но АМСМ утринава објави други информации. Дека времето на чекање било кратко, максимум 30 минути. Ни седум ленти не го намалуваат ...

На билбордот што ги пречекува оние што влегуваат во Скопје проблем не е само Букефал – Камениот мост се протега до бескрај, Калето лични на ран средновековен замок во Франција, Водно е ставено во празниот простор на сликата Вештачката интелигенција прави чуда, но и глупости, кога некој не знае да ракува со неа. Мајтапи, критики, потсмевања… Вака на социјалните мрежи е пречекан новиот билборд билборд кој им посакува „Добредојдовте во Скопје“ ...

На одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола се собраа многу членови на партијата и поддржувачи, а еден од најглавните гости беше пелагонискиот владика Петар. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премер, Христијан Мицкоски, посебно го пречека и му баци рака. „Самото присуство на црковен великодостојник на јавен настан не е спорно. Црквата е дел од општеството и нејзините претставници честопати присуствуваат на државни, ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, вчера рече дека во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби. Познатиот микробиолог, д-р Никола Пановски, бара да се направи токму спроитвното – да се прогласи епидемија во градот. Тој упати сериозни критики до епидемиолошките служби и ги повика неговите колеги на професионална одговорност. „Во Гостивар има ...

Големите горештини продолжуваат и денеска. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Попладне наместа ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен ...

Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ денеска излегоа на 47. протестен „Марш за ангелите“ при што порачаа дека од судот не бараат пресуди под притисок, туку одлука заснована исклучиво на факти и докази, врз основа на закон и според совеста на судиите, подвлекувајќи дека овој процес е испит за правда и доверба во институциите. -Вашата одлука нема да ги врати нашите деца. Но, може да покаже дека во оваа држава никој не е над законот ...

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6-4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на Светското првенство во Мајами и го освои бронзениот медал. Англија водеше со 4-0 на полувреме, но Франција се врати на 4-3 и упати неколку чисти удари за целосен пресврт. Херој на натпреварот беше Букајо Сака, кој постигна три гола за Англија. Покрај него, стрелци беа и Деклан Рајс, Џуд Белингам и Езри Конса. Килијан Мбапе постигна два гола за ...

Двајца американски војници се убиени, а еден е исчезнат по иранските напади во Јордан, потврди Централната команда на САД (CENTCOM). Смртните случаи се првите американски воени жртви во конфликтот со Иран од март и доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу двете земји. Во објава на социјалните мрежи, CENTCOM детално го опиша инцидентот. „Двајца американски војници беа убиени во борба во Јордан на 17 јули, додека Централната команда и ...

Отворена тиранија дојде во Унгарија поради постапките на премиерот Петер Маѓар и партијата Тиса, соопшти опозициската партија Фидес, коментирајќи го фактот дека претседателот Тамаш Суљок потпиша амандман на уставот со кој му се завршува мандатот. „Маѓар и партијата Тиса извршија насилен напад врз претседателот на начин без преседан во Европската Унија, го ставија во недостоинствена положба, извршија притисок врз него и конечно го отстранија ...

Претседателот на Унгарија, Тамаш Шујок, ги потпиша измените на унгарскиот Устав кои беа иницирани и протуркани од владата на премиерот Петер Маѓар и неговата партија ТИСА. Уставните измени содржат одредба според која „надлежностите на актуелниот претседател на републиката престануваат, а парламентот избира нов шеф на државата во рок од 30 дена“ од стапувањето на документот во сила. Новата унгарска влада појасни дека оваа мерка е неопходна ...

Иранската влада денеска објави дека рамковниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран повеќе не е во сила. – Иран го суспендираше договорот – изјави заменик-министерот за надворешни работи, Казем Харибабади. – Ангажирани сме во одбраната на земјата – изјави Харибабади во телевизиско интервју, додавајќи дека Американците со своите агресивни мерки ги прекршиле своите обврски од Меморандумот за разбирање од Исламабад. Тој објасни ...

Шпанија се подготвува за третиот топлотен бран ова лето, кој ќе започне во вторник, а се очекува температурите во поголемиот дел од земјата да надминат 40 Целзиусови степени, соопшти шпанската Државна метеоролошка агенција (АЕМЕТ). Овој топлотен бран дополнително ќе биде засилен од антициклон кој во текот на неколку дена ќе задржи сув и врел воздух од Северна Африка над Пиринејскиот Полуостров, подигнувајќи ги температурите на исклучително ...

Лидерот на британската десничарска партија „Реформирај го Обединетото Кралство“, Најџел Фараж, ќе се соочи со рекордни 33 кандидати од мали и маргинални партии на предвремените парламентарни избори во изборната единица Клактон он Си (Clacton-on-Sea). Ова следува откако локалните власти го потврдија конечниот број пријавени кандидати за гласањето закажано за 13 август. Советот на областа Тендринг соопшти дека по истекот на рокот за ...

Центарот за податоци на „Мајкрософт“ во холандската покраина Северна Холандија потрошил 1,17 терават-часови електрична енергија во 2025 година, што претставува околу еден процент од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата, покажуваат податоците на Холандската агенција за претприемништво. Првпат се објавуваат податоци за потрошувачката на електрична енергија на конкретен голем центар за податоци во Холандија. Според ...

„Скопје има микро клима“, е познат рефрен од легендарната музичка нумера на „Леб и сол“, еден од нашите најпознати бендови. Еден дел од тој рефрен, оној што се однесува на „изгор лето“ е актуелен деновиве, надвор е како под вршник, иако температурите кои официјално се презентираат, тоа можеби и не го потврдуваат. Скопје памети и многу повисоки тмператури, дури и над 40 Целзиусови степени, но и овие од околу плус 35, во комбинација со ...

Романското Министерство за национална одбрана, преку Генералната дирекција за вооружување, потпиша две нарачки во рамките на европскиот инструмент „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), во вкупна вредност поголема од една милијарда евра, за набавка на повеќенаменски хеликоптери „Ербас“ и на радари од француската компанија „Талес“, пренесува романската новинска агенција Аџерпрес. Договорниот партнер е француската Генерална дирекција за ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.8
46%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
3.13
72%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.86
50%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.09
48%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.3
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.69
80%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
49%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.31
44%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.07
49%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
64%
1012
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
51%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.85
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Паладиум

43499.96

Алуминиум

3.25

Кобалт

56.29

Бакар

13.51

Платина

56135.20

Сребро

1994.05

Злато

136962.18

Родиум

274085.11