Без струја во текот на утрешниот ден ќе останат делови од општините Центар и Карпош, соопштија попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информации добиени од страна на „ЕВН Македонија“ АД. Од девет до 12 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улиците „Истарска“, „83“, „Битолска“, „42“, „Светозар Марковиќ“, „47“, како и делови на булеварите „Моша Пијаде“ и „Крушевска Република“ во општина ...

Додека светот со нетрпение ја дочека новата филмска „Одисеја“ на Кристофер Нолан , приказните на Хомер веќе со векови живеат и на археолошките артефакти, велат од Археолошкиот музеј во Скопје. „Пред Одисеј да тргне на своето легендарно патување, едно јаболко ја променило историјата… Во раката на оваа теракотна Афродита (Венера) се наоѓа прочуеното „јаболко на Парис“ – наградата што тројанскиот принц ѝ ја доделил на божицата на љубовта, ...

Њујорк – Нема шоу на полувремето на Светското првенство во 2026 година без Шакира. На финалниот натпревар помеѓу Шпанија и Аргентина, Шакира се качи на сцената (заедно со Мадона, Џастин Бибер и BTS) на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси за инаугуративниот настап на полувремето на Светското првенство. Нејзиниот настап доби позитивни оценки, за разлика на оној на Џастин Бибер, а од трибините ја гледаа и екссопругот Пике од кого се разведе по 12 ...

Професорот Никола Пановски за „Слободен печат“ вели дека тоа што Обвинителството и здравствените власти – ИЈЗ и Министерството за здравство знаат какви се резултатите од испитаната вода во Гостивар а не ги кажуваат, претставува кривично дело, бидејќи на таков начин, според професорот спречуваат да се лекуваат граѓаните. Според него, јавното здравје, па дури и здравјето на само еден човек, е поважно од се. -Тоа е кривично дело. Замислете една ...

Додека илјадници жители на Гостивар се соочуваат со здравствени последици, а водата од градскиот водовод не е безбедна за никаква употреба, Мицкоски настапува како премиер на туѓа држава, реагира Левица околу актуелните случувања. -Наместо итна мобилизација на сите расположливи капацитети, тој ладнокрвно соопштува дека Владата го завршила својот дел во поглед на нејзината надлежност, по што санацијата ја препушта на локалниот водовод чиј ...

Во 22,56 минути и источно американско време и 04,56 часот по средноевропско време, американскиот астронаут Нил Армстронг, 390.000 километри од Земјата, им ги кажува овие зборови на повеќе од милијарда луѓе кои слушаат дома: „Ова е еден мал чекор за човекот, а еден огромен исчекор за човештвото“. Слегувајќи од лунарниот модул „Игл“, Армстронг стана првиот човек што чекорел на површината на Месечината. Американскиот напор да испрати ...

Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, објави планови да ја замоли Јудит Полгар, која се смета за најголема шахистка на сите времиња, да ја преземе во голема мера церемонијалната улога на претседател. Маѓар рече дека ќе се сретне со Полгар во понеделник за да разговараат за ова прашање. „На нашата земја ѝ се потребни единство, мир и претседател на кој сите Унгарци можат да бидат горди“, напиша тој на социјалните медиуми. „Името на Јудит Полгар е ...

Beach Film Festival, фестивалот на нов европски филм, се враќа во Охрид од 22 до 26 јули 2026 година со своето деветто издание. Пет дена, четири локации и десетици филмови под отворено небо — на плажа, на брод и покрај езерото — ќе го претворат Охрид во летна филмска сцена. Годинашното издание носи официјална селекција на долгометражни, краткометражни и студентски филмови од повеќе европски земји, специјална селекција, детска програма и ...

Мерките од Оперативниот план за вработување да бидат достапни за секој занаетчија, да биде поедноставен начинот за аплицирање и постапката за добивањето на поддршката да биде транспарентна како во изминатиот период, му порача денеска Занаетчиската комора на заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Ристески одржа состанок со претставниците на Комората, на кој стана збор за мерките од Оперативниот план. Како што истакна ...

За населението во Гостивар каде што е прогласена епидемија денеска ќе бидат обезбедени три шлепери со 76 илјади литри вода, во наредните денови количината ќе се зголемува зависно од потребите, а ако треба ќе бидат вклучени и цистерни со вода, информира денеска на прес-конференција Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, кој ги презентраше и локациите каде ќе се дистрибуира водата. Томовски уверува дека од ...

По остриот извештај на Европската комисија за владеењето на правото во Македонија премиерот Христијан Мицкоски рече дека тој бил најдобар документ досега и нагласи: „Ќе продолжам со критики за правосудството, пари нема да добијат“. Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев на ова реагира со зборовите: „Не знам во кој филм живее премиерот“. Во изјава за порталот „Локално“ Калајџиев додава: „Вакво ниво на комуникација и однос кон судската ...

Њујорк – Говорот на Том Круз пред финалето на Светското првенство во 2026 година предизвика мешани реакции кај гледачите. Актерот се појави на теренот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси непосредно пред натпреварот помеѓу Аргентина и Шпанија и одржа говор за единството, но тонот и содржината не беа по сечиј вкус. Разговор за единството Круз започна со осврт на целото првенство: „Пред повеќе од 30 дена, 48 нации тргнаа на пат. Тие преминаа ...

Енди Бернам формално стана премиер на Велика Британија откако се сретна со кралот Чарлс во Бакингемската палата, четвртата личност што ја извршува оваа функција за помалку од четири години и шестата во рок од една деценија. Бернам, кој ја презеде функцијата од Кир Стармер како лидер на Лабуристичката партија во петокот, го прифати назначувањето за премиер кратко откако Стармер отиде во палатата за да поднесе оставка на монархот. Потоа ...

Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија. Со ...

Њујорк – Настапот на Џастин Бибер на премиерното шоу на полувремето во историјата на финалето на Светското првенство предизвика бројни негативни коментари на социјалните мрежи. Гледачите ја критикуваа неговата изведба на акустичната балада, која ја оценија како сосема несоодветна за енергијата на еден таков спортски спектакл. Приспивна песна наместо спектакл Канадскиот пејач ја избра бавната, акустична песна „Everything is Hallelujah“ од ...

Европската комисија го казни „Алиекспрес“ со 550 милиони евра за неефикасно спречување на продажбата на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи. Овој потег е дел од пошироката акција на ЕУ против кинеските онлајн трговци на мало, што вклучува построги проверки и нови увозни такси за платформи за брза мода како што се „Тему“ и „Шеин“, објави Еуроњус. Одлуката доаѓа само неколку дена откако ЕУ воведе фиксна царинска давачка од 3 евра за ...

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со Никол Варнс, в.д. амбасадорка на САД во Македонија, на која била потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството. На средбата, како што соопшти МП, се разговарало за клучните приоритети на Министерството за правда, со акцент на реформите во правосудството, владеењето на правото, ...

Во 15 часот попладнево ќе почне средбата со производителите, трговците и дистрибутерите во Министерство за економија. Како што изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески, на средбата уште еднаш ќе биде испратена пораката дека не смее да се профитира на грбот на граѓаните. Нема да се толерира некоректност. Ако се констатира непазарно однесување и енормно зголемување на цените, не е исклучено да се преземат соодветни мерки. – На ...

Цените на нафтата пораснаа во понеделник, бидејќи застојот меѓу САД и Иран ги зголеми загриженостите за прекини во снабдувањето со енергија преку Ормускиот теснец, по уште една рунда американски напади и жртви од американската војска. Меѓународната референтна цена на суровата нафта Брент за испорака во септември порасна за околу 2,54% на над 90 долари за барел, додека американската сурова нафта од Западен Тексас Интермедијар за испорака во ...

Полицијата ја уапси директорката на НП „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани. Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши. Се очекува двајцата наскоро да се појават пред обвинителството, а судијата на претходна постапка ќе им одреди мерки на претпазливост. Претходно градоначалникот ја суспендирал директорката на гостиварски ...

Њујорк – Аргентинскиот фудбалер Кристијан Ромеро се најде во центарот на вниманието по церемонијата на доделување медали по финалето на Светското првенство во Њујорк. Видео кое брзо се прошири на интернет го покажува одбранбениот играч како поминува покрај американскиот претседател Доналд Трамп без да се ракува додека го прима сребрениот медал, што предизвика бројни реакции. Целиот настан беше само еден во низата непријатни моменти за Трамп ...

ТИТАН Усје продолжува да инвестира во развојот на идните инженерски кадри преку активности што го поврзуваат академското образование со практичната примена на знаењето. Во рамки на оваа заложба, 28 студенти и професори од Градежниот факултет реализираа стручна студиска посета во Солун, Грција. Делегацијата беше предводена од главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николаoу, заедно со претставници од тимовите за готов бетон, ...

По Светското првенство и крајот на неговата репрезентативна кариера, Нејмар купи суперјахта вредна 20 милиони евра. Напаѓачот на Сантос одлучи да направи голема куповина откако Бразил беше елиминиран од Светското првенство во 2026 година. Јахтата беше наречена Енехота, по португалскиот изговор на неговите иницијали НЈ. Според Наутика, Енехота првично не беше изградена како јахта, туку како темелно реновиран товарен брод произведен во Бразил. ...

Еден тинејџер загина, а тројца беа повредени кога фонтана се урна во Шпанија за време на прославата на победата на националниот тим на Светското првенство во 2026 година, објави „Европа Прес“, повикувајќи се на полициски извори. Трагедијата се случи во градот Сиудад Родриго (провинција Саламанка) ноќта 19 кон 20 јули. Млади луѓе, инспирирани од победата на Шпанија, наводно се собрале околу фонтаната. Дел од структурата се урна, а камен паднал ...

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68.498 денари и е намалена за 156 денари во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 метри квартатни, вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 83 873,00 денари. Најголем дел од трошоците одат за храна и пијалоци – 25.012 денари. Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68.498 денари и е намалена за ...

Галон бензин на американските пумпи повторно го надмина прагот од четири долари, соопшти Американската автомобилска асоцијација. Зголемената цена на бензинот се должи на обновените меѓусебни напади помеѓу САД и Иран. Од почетокот на војната на Блиски Исток просечната малопродажна цена на бензинот во САД се зголеми за повеќе од 30 проценти. Психолошкиот праг од четири долари за галон (3,8 литри) последен пат беше надминат кон крајот на март ...

Сезоната на свадби во Дебар почна, но подоцна од изминатите години, а според сопствениците на угостителските објекти нивниот број ова лето ќе биде помал од порано. -До пред неколку години, сезоната на свадби започнуваше во средината на мај и почетокот јуни, кога најпрво доаѓаа иселениците од САД, а потоа и оние од западноевропските земји и траеше до крајот на август. Во тој период, речиси беше невозможно да се најде слободен датум, бидејќи ...

„Ролингстоунс“ се изедначија со „Битлси“ за најмногу албуми на првото место на британската топ листа откако нивниот нов албум „Foreign Tongues“ дебитираше на врвот, соопшти „Official Charts“, која ги составува основните музички и филмски топ листи во Велика Британија, Ирска и Франција. Албумот со 14 песни е продолжение на „Hacney Diamonds“ од 2023 година и е прогласен од критичарите за едно од најуспешните изданија на бендот кон крајот на ...

На 19 јули, руската војска го нападна трговскиот брод „Златен лав“, во сопственост на турска компанија кој пловел под знамето на Гвинеја-Бисао, во близина на Одеса, соопштија украинските воздухопловни сили. Според нив, во нападот биле употребени три крстосувачки ракети „Kх-59/Kх-69“. Ударот бил на десната страна од надградбата на бродот, поради што избувнал пожар. Управата за морски пристаништа на Украина (УМП) прецизираше дека на бродот со ...

Името на Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп, со месеци предизвикува масовни протести и т.н. Фламинго револуција во Албанија. Но, покрај планираните луксузни туристички проекти на неговиот фонд „Affinity Partners“ во Албанија, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) од Скопје и медиумската организација „Штег“ од Тирана открија прикриена меѓународна мрежа за финансирање на изградбата на новиот аеродром кај Валона во која улога имал и ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.84
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
72%
1012
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.3
53%
1013
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.0
44%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.63
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.6
81%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.85
48%
1009
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.35
48%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.9
53%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
1.24
62%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
6.26
42%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.83
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Бакар

13.51

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Кобалт

56.29

Платина

56135.20

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Родиум

274085.11

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.25

Сребро

1994.05