Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, додека трае шокот од захадувањето на водоводот во Гостивар, сподели дека Пречистителната станица за Скопје е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и кој треба донесе историска промена во заштитата на Вардар, животната средина и здравјето на граѓаните. „По првичниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени ...
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со некои од највисоките команданти на украинската војска, во обид да го смири растечкото незадоволство од раководството на одбраната, што ги предизвика најголемите улични протести од почетокот на руската инвазија во 2022. И покрај воената состојба, илјадници луѓе излегоа на улиците во Киев и други градови неколку дена по ред за да протестираат против смената на министерот за одбрана Михајло Федоров ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се земени нови мостри од повеќе локации во Гостивар, додека забраната за користење на водата останува во сила сè додека надлежните институции не утврдат дека е безбедна. Директорот на АХВ, Оливер Миланов, информираше дека вчера биле земени примероци од јавна чешма во Гостивар, од две градинки, од Општата болница, од ресторан, како и од чешми во црква и џамија. „Земени се мостри од чешма ...
СДСМ преку соопштение упати критики до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го дека наместо да се посвети на решавањето на проблемите во главниот град, се фокусира на лична промоција. Од партијата велат дека прашањата поврзани со јавниот превоз, отпадот и дивите депонии се оставени на страна, додека, според нив, приоритет му е промоцијата преку билборди. СДСМ тврди дека на неодамна поставениот билборд има повеќе грешки во ...
Париз – Галеријата „Аполон“ во парискиот музеј Лувр, од каде што беше украден накит вреден 88 милиони евра, од утре повторно ќе биде отворена за посетители. „Галеријата ќе биде отворена во среда“, изјавил добро информиран извор, потврдувајќи ги информациите објавени во весникот „Ле Паризиен“, додавајќи дека на отворањето ќе присуствува министерката за култура, Катрин Пегар. Директорот на Музејот, Кристоф Лерибо, во интервју за „Ле Паризиен“ ...
Прес – конференција портпаролката на Владата Марија Митева, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, директорката на Инспекторатот за животна средина Ивана Гиновска и директор на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов, по повод актуелната состојба со водоснабдувањето во Гостивар. Прес – конференција портпаролката на Владата Марија Митева, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет ...
По повод претстојната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, во Охрид денеска и утре на сила ќе бидат засилени безбедносни мерки и ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посетата. Од СВР – Охрид информираат дека за реализација на активностите веќе се воспоставени контакти и ...
Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа општинските власти. Според информациите од Доброволното противпожарно друштво ...
Во рамки на музичката програма на годинешното 66. Фестивалското издание, вечерва на „Охридско лето“ ќе се одржи „Алумни“ концерт, со што ќе бидат одбележани 60 години од основањето на Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија“ ќе настапат уметниците Kатерина Костадиновска – Гелебешева, Глигор Гелебешев, Кристина Светиева, Милена Арсовска, Весна ...
„Илијада“ и “Одисеја“ се класика што секоја генерација повторно ја открива, а со блокбастерот „Одисеја“ на Кристофер Нолан кој ги полни кината ширум светот и предизвикува реакции, контраверзи и бес во академските и политичките средини, повторно го актуелизира епот што го обликува светот со векови, за патувањата, мудроста и човековата истрајност. Прашањата што ги поставува за идентитетот, домот, моралот , се подеднакво важни и во современиот ...
Вашингтон – Белата куќа објави воведување нови царини од 50 проценти за голем број производи од Канада, со што дополнително се заострува трговскиот спор меѓу САД и еден од нивните најголеми трговски партнери. Според американскиот трговски претставник, Џејмисон Грир, новите царини ќе опфатат канадски увоз во вредност од околу 20 милијарди американски долари. Мерката треба да стапи во сила на 19 август, односно 30 дена по потпишувањето на ...
Од денеска до 23 јули во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти МВР. Посебниот режим на сообраќајот ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму која ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава. Индиската претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба, пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на претседателките. ...
Македонската фудбалска репрезентација остана на 69. место на најновата ранг-листа на ФИФА со 1369.16 бодови колку што имаше и на последното рангирање. Најновата ранг-листа на ФИФА донесе промени на врвот на кој се врати новиот светски првак Шпанија, додека Аргентина која загуби во неделното финале на Светското првенство се спушти на второто место. Франција и Англија останаа на третото и четвртото место, додека Бразил се искачи на петтата ...
Женската тениска асоцијација (ВТА) објави дека воведува задолжителен генетски тест за сите тенисерки кои сакаат да се натпреваруваат на турнирите под нејзино покровителство. Тестирањето за генот SRY е еднократна процедура, со земање брис или примерок од крв, а правилото стапува на сила од денeс. Според сегашните правила, на ВТА турнирите можеа да настапуваат тенисерки на кои им била извршена операција за промена на полот и во период од две ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата се очекува да се движи од 12 до 37 Целзиусови степени. Во Скопје, исто ...
Денеска е вторник, 21 јули 2026 година, 202-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 163 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 17 минути, а ќе зајде во 20 часот и 3 минути. Денов трае 14 часа и 48 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во 13 часот и 15 минути, а ќе зајде во 23 часот и 30 минути. Денеска е вторник, 21 јули 2026 година, 202-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 163 ...
Речиси два милиони Шпанци, од кои многумина сè уште со заматени очи и малку нежни по историската победа на земјата против Аргентина на Светското првенство, се упатија кон центарот на Мадрид во понеделник вечерта за да ја пречекаат триумфалната репрезентација дома. „Ла Роха“, која ја победи Аргентина со 1-0 во финалето во Њу Џерси во недела вечерта, доби прва од многуте херојски пречекувања кога слета на аеродромот „Барахас“ во Мадрид во ...
Невреме со силен ветер и дожд вечерва зафати повеќе општини во државата предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и во извршување на вообичаените активности на граѓаните. Паднати дрвја и бандери, оштетени електрични кабли го попречуваа движењето, а надлежните повикуваат на зголемена претпазливост. Општина Ново Село апелира на особено споро и внимателно возење на патните правци Сушица-Ново Село, Ново Село-Мокриево, Мокрино-Смолари и Смолари- ...
Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за тешки дела против животната средина и природата предизвикани со загадување на вода за пиење. Осомничените соизвршители, во својство в.д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното претпријатие, со ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против Аргентина во врска со серијата инциденти што се случија по финалето на Светското првенство, јавија вечерва британските и шпанските медиуми. Според истите извори, ФИФА ќе го анализира судискиот извештај, како и снимките од финалето меѓу Шпанија и Аргентина пред да одлучи дали ќе преземе соодветни санкции. Истрагата ќе се фокусира на неколку инциденти што се случија по последниот ...
Владата денеска донесе одлука за намалување на акцизите за нафтените деривати, но и покрај тоа, цената на дизелот и на бензинот од полноќ значајно ќе поскапат – дизелот за дури шест денари за литар, а бензините за три денари за литар. Ова е второ последователно зголемување на дериватите, откако минатиот понеделник, РКЕ ги зголеми цените за 5,50 денари за дизелот и 1,50 денари за суперот. Од Владата велат дека доколку не ги намалеле акцизите, ...
Силно невреме проследено со интензивен дожд, ветер и ситен град попладнево предизвика штети на повеќе локации во Куманово, при што се урнати дрвја и делови од лимени конструкции, а надлежните служби интервенираат на терен. Според првичните информации на Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, ветерот турнал неколку дрвја на различни локации во Куманово, меѓу кои „Благоја Илиев Гуне“, „Лесковачка“, „Октомвриска револуција“ и на ...
Победата на Шпанија од 1-0 над Аргентина во финалето на Светското првенство во недела донесе рекордни 50 милиони долари (43,7 милиони евра) од ФИФА и, ако претходните шампиони се некаков показател, мерлив, но минлив поттик за економијата. Голот на Феран Торес во 106-тата минута ѝ донесе на Шпанија втора светска титула, 16 години по Јужна Африка, и веднаш го оживеа познатото прашање: дали победата всушност ја прави земјата побогата, пишува ...
Додека Шпанија ја славеше титулата светски шампион по победата над Аргентина, едно тригодишно дете беше во центарот на вниманието на теренот. Помладиот брат на Ламин Јамал, Кејн, се стрча кон фудбалерот и го прегрна, а нивната средба стана еден од највпечатливите моменти од прославата. Откако Феран Торес ја обезбеди победата со гол во продолжението и судијата означи крај на натпреварот, започна шпанската прослава на стадионот во Њу Џерси. ...
Земјоделците редовно да ги наводнуваат посевите, да ја следат евентуалната појава на болести и штетници и да ги почитуваат препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите на УХМР. Според нив, сите активности кои се итни, треба да се извршуваат рано наутро или приквечер. -Изминатава седмица имавме сончево и топло време со повремени врнежи од дожд на некои места. Топлото време доведува до зголемување на транспирација и ...
Следењето на движењето на цените и спречувањето на неоправдани поскапувања биле во фокусот на состанокот што министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, го одржале со претставници на производителите и дистрибутерите. Како што соопштуваат од Министерството за економија и труд, на состанокот биле презентирани резултатите од најновата анализа на набавните и продажните цени и ...
Bез вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе останат корисниците од улиците „Аминта Трети“, „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“ и „Чедомир Миндеровиќ“, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информации добиени од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе било прекинато од девет часот, а како причина е наведен уличен дефект. Bез вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе останат ...
Кевин Киган, поранешен англиски репрезентативец и менаџер, почина на 75-годишна возраст. Во јануари оваа година беше објавено дека му е дијагностициран рак во четврта фаза, по што неговото семејство потврди дека започнал со лекување. „Со огромна тага објавуваме дека Кевин Киган почина на 75-годишна возраст“, соопшти семејството. „Поранешниот англиски репрезентативец и менаџер се бореше со сериозна болест и беше опкружен со сопругата и ...
Иран попладнево изврши нови напади врз Кувајт, поради што вооружените сили на земјата ја активираа противвоздушната одбрана за пресретнување на ракетите и беспилотните летала. Кувајтската армија соопшти на платформата Икс дека експлозиите што се слушнале биле резултат на дејствувањето на системите за противвоздушна одбрана. Засега не се објавени дополнителни информации за нападите, ниту има извештаи за жртви или за материјална штета. ...