Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Девет повредени лица во невремето во Скопје се примени во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, изјави за МИА директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски. Од нив две се со потешки повреди – една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга е со скршена рака, додаде д-р Мерџаноски за МИА. Девет повредени лица во ...
Легендарната актерка и пејачка Оливера Катарина, која пленеше со својата убавина, почина на 87-годишна возраст, според српските медиуми. Оливера Катарина беше една од најпопуларните актерки и пејачки во Југославија на почетокот на шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век. Родена како Оливера Петровиќ во Белград во 1940 година, по дипломирањето на Правниот факултет, студирала на театарската академија во класа со Петар Краљ, Милена ...
Силното невреме проследено со пороен дожд и оркански налети на ветер попладнево предизвика поплава и во објектот на Меѓународниот аеродром Скопје. На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како дождовницата навлегла во дел од терминалот и ги поплавила просториите низ кои се движат патниците. Водата се разлева по подот, додека присутните се обидуваат да ги избегнат поплавените делови. Засега нема официјални информации дали ...
Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државава попладне по 17 часот, предизвикувајќи штети во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Струмичко,… Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за ...
Шест повредени во невремето во Скопје се донесени во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” кои се со посекотини и набиеници. Сите лица се третираат амбулантски, изјави за МИА, директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов. Тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување. – Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно ...
Пиењето вода загадена со фекалии освен акутните симптоми, остава сериозни долгорочни последици врз цревниот микробиом, предизвикувајќи трајна дисбиоза (нарушување на рамнотежата на бактериите). Патогените бактерии како Eшерихија коли, Салмонела и Џардија (E. coli, Salmonella и Giardia) ја уништуваат корисната микрофлора, што може целосно да го смени нејзиниот состав, објави на својот фејсбук профил Милан Ристевски, онколог во Клиничката ...
Во Градската општа болница „8 Септември“ не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета, изјави за МИА директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски. Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата. – Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител на терен и не се направи официјален записник за штета од надлежните институции. Засега најголема штета ...
Откажан е концертот на познатата британска пејачка Џос Стоун што требаше да се одржи вечерва во Скопје на стадионот на АРМ. Ова вечерва го соопшти организаторот, „Авалон“, на официјалниот профил на Фејсбук, само неколку часа пред почетокот на долгонајавуваниот настан. Причината, како што велат од „Авалон“, е штетат на опремата предизвикана од невремето што попладнево го зафати Скопје. Еве ја објавата на „Авалон“: „Драги наши, Како што може ...
Експертски тимови од Јавното претпријатие „Водовод“ од Скопје попладнево се во Гостивар, со цел да утврдат, но и да преземат мерки за враќање на нормалното водоснабдување на градот Гостивар, откако се случи епидемијата со труење од водата за пиење, информираше на денешната прес-конференција Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, а на која присуствуваа и министерот за здравство, Сашо Клековски, директорот на СОЗР Ивица Томовски и ...
Лос Анџелес – Со премиерата на „Одисеја“ во кината ширум светот на 17 јули 2026 година, сите очи повторно се насочени кон режисерот, Кристофер Нолан. 55-годишниот режисер не само што реализираше еден од своите најамбициозни проекти досега – епски филм со мечеви и сандали вреден 250 милиони долари, целосно снимен во IMAX 70mm – туку го зацврсти и својот статус како едно од најпрофитабилните имиња во Холивуд. Неговото име над насловот е бренд ...
Нашата земја им нуди на индиските компании конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар. За нас Индија не е само важен пазар, туку и стратешки економски партнер со кого имаме огромен потенцијал за продлабочување на соработката во трговијата, инвестициите, иновациите, образованието, дигиталната трансформација и културата – рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Македонско-индискиот бизнис форум што ...
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) посочува дека лоцирањето на конкретните сторители за загадувањето на водата во Гостивар е неопходен, но недоволен чекор. „Овој скандал не смее да се затвори само со индивидуална одговорност, бидејќи вистинскиот виновник е целосно нефункционалниот систем. Партизацијата, клиентелизмот и нестручноста во институциите создадоа околина во која јавното здравје е континуирано загрозено.Индивиду алната вина не ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во неделата вечерта ја известила поранешната министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, дека ја повлекува номинацијата за нејзино именување на позицијата специјален претставник на ЕУ за Сахел, објави словенечкиот портал 24Ур. Ова следи по изборот на новата влада на Словенија предводена од Јанез Јанша и Европската народна партија (ЕПП), групата ...
Во раните утрински часови на 21 јули 2026 година, на улицата „Џон Кенеди“ во скопската населба Чаир избувна пожар во кој целосно изгоре „Сеат алтеа“, а оштетени беа уште две возила и близок угостителски објект. Полицијата и противпожарните екипи извршија увид, додека причините за инцидентот остануваат предмет на тековна истрага. Околу 04:15 часот, настанот е пријавен во СВР Скопје. Пријавата била дека на улицата „Џон Кенеди“ во населбата Чаир ...
Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако силен ветер оддеднаш го зафати Скопје иако дивеењето не траеше повеќе од десет минути. Од ветрот граѓани не можеа да се движат по улиците, а и беше опасно од прашината, дрвјата што паѓаа и разните предмети. На тоа уследи обилен дожд кој ги прекри улиците. Невремето беше најавено, но сепак предизвика проблеми во повеќе населби. Според првичните информации, на одредени локации ...
Еден од најтрофејните и највлијателни европски кошаркарски стратези Светислав Пешиќ ќе биде главен предавач на дводневен стручен семинар што на крајот од август во Скопје ќе ги собере сите македонски кошаркарски тренери. Како што соопшти денеска Македонската кошаркарска федерација (КФСМ), годинашната задолжителна тренерска клиника ќе се одржи на 24 и 25 август со учество на прославениот 76- годишен српски тренер чија кариера повеќе од четири ...
Додека поголемиот дел од Европа се бори со високи температури, вистинска зима е во полн ек на другата страна од светот. Во Чилеанските Анди, во последните денови падна огромна количина снег, а некои скијачки центри се буквално затрпани. Силна зимска бура ги погоди планинските региони на Чиле и Аргентина, целосно менувајќи го пејзажот за само неколку дена. Врнежите од дожд беа толку обилни што некои скијачки центри беа привремено затворени, а ...
Владата денеска на седница, на предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис ...
Њујорк – Шакира беше една од пејачките на првото полувреме на финалето на Светското првенство на ФИФА во недела, 19 јули. Шакира настапи по втор пат на ова Светско првенство, по нејзиниот настап на отворањето на 11 јуни на стадионот во Мексико Сити. Шакира ја изведе својата песна на Светското првенство, „Dai Dai“, со Burna Boy во Мексико Сити за време на церемонијата на отворање. Ова е четврти пат во кариерата на Шакира да настапи на ...
Лос Анџелес – „Одисеја“ е еден голем ноќен патувачки кошмар . Сè е таму – Одисеј и неговата екипа доцнат, се губат, се разделуваат, им се намалува шеќерот во крвта што ги прави бунтовни. Дефинитивно не сакате да патувате како Одисеј, но најновата адаптација на Хомеровиот еп од Кристофер Нолан можеби ќе ве натера намерно да посетите некои од дестинациите на нивното патување. Дејството на „Одисеја“ е сместена на две главни локации: Троја, или ...
Договорите што владата на Виктор Орбан ги склучи со 4iG пред изборите во Унгарија, се разгледуваат и можеби ќе бидат поништени, објави магазинот ХВГ. Еден договор е од 1.300 милијарди форинти (3,6 милијарди евра) кои државата треба да ги плати во наредните години. Меѓу другото и за користење сателитски телекомуникациски услуги од 4iG. Бидејќи договорите се засноваат на тајни владини одлуки, министерството не може да даде детали за нивната ...
Истражителите на унгарското обвинителство се појавија во вторник без претходна најава во центарот што ги обезбедува серверите на Фидес со намера да го запленат целиот комуникациски систем и бази на податоци на партијата, рече Берталан Хаваси, директор за комуникации на Фидес. Хаваси напиша во својата изјава: „Нема ваков пример во Унгарија од 1990 година, крајот на комунизмот. Диктатурата денес достигна ново ниво“, изјави тој. Тиса сега „се ...
Во најновиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) се наведува дека земјоделските субвенции на Европската Унија придонеле за раст на цените на овошјето и зеленчукот, поради што на луѓето им е потешко здраво да се хранат. Во период од 2021 до 2025 година цените на здравата храна во Европа се зголемени за 36 проценти, се наведува во извештајот на агенцијата на Обединети нации – „„Состојбата на безбедноста на храната и ...
Висока бизнис-делегација од Индија, составена од претставници на двете најголеми стопански комори ASSOCHAM и FICCI, како и од сопственици и директори на водечки индиски компании, денес ја посети ТИРЗ Скопје, каде што беа презентирани инвестициските можности во земјата, условите за работа во технолошко-индустриските развојни зони и потенцијалите за продлабочување на економската соработка и привлекување нови инвестиции. Како што соопштуваат од ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации. Средбата беше посветена на размена на искуства и добри практики, презентација на тековните активности на двата института, како и разгледување на можностите за развој на заеднички иницијативи во областа на едукацијата, ...
НЛБ Банка го доби признанието „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, едно од најпрестижните признанија во глобалната банкарска индустрија. Ова признание претставува потврда за континуираните резултати на Банката во сегментот на банкарството за физички лица, нејзината водечка пазарна позиција и посветеноста на иновации, дигитална трансформација и супериорно клиентско искуство. Како лидер во ...
Со метална конструкција на галериите со витражи и стакла почна превентивно да се заштитува Македониумот во Крушево во кој со години протекува. Работите се изведуваат под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и треба да завршат до крајот на месецов. Оваа мерка е поради протекување во Споменикот од прва категорија кој во ноември 2025 година е прогласен за културно добро во опасност. – Со цел да се заштитат галериите со витражи кои имаат ...
Руски борбен авион „МиГ-29“ и систем за воздушна одбрана „Панцир-С1“ беа погодени на аеродромот Халино во руската Курска област, соопшти Генералштабот на Украина на 21 јули. Операцијата ја спроведе 15-та артилериска извидничка бригада „Црна шума“ на Украина. Нападите имаат за цел да ја ослабат способноста на Русија да ги заштити воените објекти од украински напади и се дел од пошироките напори на Украина да ја поткопа способноста на Москва ...
Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка и поднесе предлог за 30-дневен притвор против директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар и двајца раководители во претпријатието. Тие се сомничат дека преку нелегално поставување пумпи во преливната комора во село Вруток, предизвикале загадување на водата за пиење со која се снабдува Гостивар. Ова беше соопштено на денешниот брифинг во гостиварското ...
Владата на денешната седница, на предлог на Управувачки комитет во состав министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Општина ...