Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Повеќе од 10.000 луѓе беа евакуирани преку ноќ во југозападна Франција откако пожар што брзо се ширеше зафати 2.000 хектари земја западно од градот Бордо, соопштија локалните власти. Податоците покажуваат дека шумските пожари во Европа веќе изгореле повеќе земја оваа година од годишниот просек во последните две децении. FEUX DE FORÊT : “La situation se dégrade” en Gironde, annoncent les secours. L’incendie, parti hier de Saumos, au nord du ...
Иранската Исламска револуционерна гарда денеска соопшти дека нејзините оружени сили уништиле американски противракетен радарски систем ТHAAD во Јордан, како одговор на американските напади врз Иран. Во соопштението објавено преку иранската државна телевизија, Гардата тврди бил уништен и систем за противракетна одбрана „Патриот“, како и дека бил нападнат и опожарен хангар за одржување хеликоптери. Иранската армија уште соопшти и за спроведени ...
Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија денес постигнаа договор за 21-от пакет санкции против Русија. Писмена постапка за формална одлука ќе започне денес попладне, дознаваат дипломатски извори. Преговорите за 21-от пакет траеја со денови, а најновата пречка беше барањето на Грција на нејзините шпедитери да продолжат да им се дозволува да транспортираат течен руски гас наменет за трети земји. Компромисот беше постигнат утрово. Тој ...
Амбасадорите на ЕУ ќе се обидат повторно во среда да го финализираат првиот пакет санкции против Русија откако Виктор Орбан ја напушти власта, но владите веќе ги омекнаа клучните мерки за да ги заштитат сопствените интереси во енергетиката, банкарството, превозот и преработката на риба. Со години, Унгарија на Орбан служеше како параван за другите престолнини кои се спротивставуваа на построгите мерки, но сега кога Будимпешта, предводена од ...
Фудбалерот за врска Бруно Фернандеш се согласи да ја посвети својата иднина на Манчестер јунајтед, објавија британски медиуми. Според „Express“, 31-годишен играч до крајот на овој месец ќе ја потврди својата одлука да остане на „Олд Трафорд“. Фернандеш моментално е на летен одмор по учеството на Светското првенство во 2026 година. Се очекува капитенот на Јунајтед да се врати на претсезонските подготовки следната недела. Преговорите меѓу ...
Само неколку недели по регионалната премиера, најновиот роман на една од најчитаните авторки на овие простори, Јелена Бачиќ Алимпиќ, веќе е достапен и на македонски јазик. „Синот на кројачот“, долгоочекуваното продолжение на бестселерот „Кројачот“, е објавен во издание на „Матица македонска“ и може да се најде во книжарниците на издавачката куќа и преку нејзината онлајн-продавница. Романот беше објавен во Србија на почетокот од јули, а уште ...
Силниот ветер што вчера го зафати Куманово го откорна државното знаме од јарболот на градскиот плоштад. Од Општина Куманово информираа дека знамето било пронајдено и преземено од полициски службеници, но е оштетено. „Знамето е оштетено. Ја информиравме Службата за општи и заеднички работи при Владата за состојбата. Оттаму нè известија дека ќе обезбедат ново знаме“, изјави секретарот на Општина Куманово, Емилија Сладирис Јаневска. Новото ...
ВЛЕН упати серија критики и прашања до Арбен Таравари во врска со проблемите со водоснабдувањето во Гостивар, обвинувајќи го дека ветувањата дадени додека ја предводел локалната власт не биле реализирани. Од ВЛЕН потсетуваат на претходните јавни настапи на Таравари, кога, како што наведуваат, го обвинувал тогашното раководство за негрижа и непостапување во однос на водоснабдувањето на градот. Според партијата, подоцна, за време на неговиот ...
На 86-годишна возраст во Охрид почина Наум Бурназ, изведувач на народни песни кои остануваат трајно запишани во националната музичка ризница. Неговиот специфичен вокал и автентичниот пристап кон изворниот мелос ги освоија симпатиите на бројни генерации, правејќи го еден од најпрепознатливите гласови на нашата естрада. Во текот на целиот свој живот тој неуморно работеше на афирмација и зачувување на македонскиот фолклорен идентитет, ...
Општините во Македонија неефикасно ги наплаќат даноците по основ на недвижен имот, немаат ажурирани регистри, а се отпишуваат долгови по однос на задоцнето плаќање и камати… Дури близу 50 милиони евра останале ненаплатени за периодот од 2020 до 2024 година, а речиси 4 милиони евра се отпишани долгови. Проблемот се зголемува и поради неекипираност на даночните одделенија во општините, немањето даночни инспектори, со само еден од УЈП и 16 ...
Лидерот на ДУИ Али Ахмети конечно по 24 години од основањето на партијата го поставил државното знаме во неговата канцеларија во седиштето во Мала Речица. Државниот симбол е виден за време на средбата на Ахмети со австрискиот амбасадор, Мартин Памер. Впечатливо е дека Ахмети во изјава за порталот на албански јазик „Тетова сот“ рекол дека отсекогаш бил за унитарна држава, но и дека државното знаме го поставил во канцеларијата по сугестија на ...
СДСМ оцени дека случаите со загадената вода во Гостивар и Валандово укажуваат на сериозни системски слабости во функционирањето на институциите задолжени за заштита на јавното здравје. Од партијата посочуваат дека по масовното труење во Гостивар, каде, според нив, граѓаните со недели користеле загадена вода, сега и во Валандово е утврдено дека водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење поради зголемено ниво на арсен. Потсетуваат дека ...
Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе ...
Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го убедил својот соиграч од Франција, Мајкл Олисе, да се пресели од Баерн во Реал Мадрид. Според „Билд“, за време на Светското првенство во 2026 година, Мбапе разговарал со Олисе за неговите перспективи во Реал, наведувајќи дека тие би биле „совршен тандем“. Мбапе верува дека го убедил Олисе да се согласи на трансферот и го информирал претседателот на клубот Флорентино Перез за ова. Олисе одигра 52 ...
Парламентот на Никарагва најави дека ќе го спроведе планот на претседателот Даниел Ортега за прекин на одржувањето избори во земјата, што предизвика нови критики од меѓународната заедница. Конгресот на Никарагва што е под целосна контрола на Ортега и неговата сопруга, копретседателката Росарио Муриљо, во соопштение наведе дека најновите уставни измени ќе обезбедат „мир, безбедност и стабилност“ во земјата. Ортега изминатиот викенд изјави ...
Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп. Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената бидејќи таа законска рамка традиционално добива широка двопартиска поддршка во Конгресот. Демократите се ...
Екстремните топлотни бранови, поттикнати од климатската криза, ја сушат Европа ова лето и ја продлабочуваат сушата што го зафати континентот, покажува нова научна анализа. Рекордните топлотни бранови предизвикуваат водата да испарува интензивно од реките, езерата, почвата и растенијата, објавува The Guardian. Студијата покажа дека глобалното затоплување ги направило ваквите услови 80 пати поверојатни во Западна Европа и 40 пати поверојатни во ...
Администрацијата на Доналд Трамп собра повеќе од 13 милијарди долари од продажбата на венецуелска нафта оваа година, но речиси и да не откри што се случило со парите, покажува една анализа. Владата на САД ја презеде контролата врз извозот на нафта на Венецуела и делумно ги укина санкциите откако ја презеде власта во јануари и ја постави потпретседателката Делси Родригез за шеф на државата, објавува „Фајненшл тајмс“. Приходите од нафта ...
Месечината е многу повеќе од само украс на ноќното небо. Ако одеднаш исчезне, тоа би имало далекусежни последици за Земјата – за плимата и осеката, климата и екосистемите. Месечината орбитира околу Земјата милијарди години. На просечно растојание од околу 384.400 километри, таа го обликува животот на нашата планета поинтензивно отколку што многумина сфаќаат. На Меѓународниот ден на Месечината, кој се слави секоја година на 20 јули, ...
Вашингтон – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува воена акција во Мали против групата JNIM поврзана со Ал Каеда, изјавија сегашни и поранешни американски функционери запознаени со дискусиите. Доколку Трамп ги одобри нападите, Мали ќе стане осмата земја каде што тој наредил воени напади од почетокот на неговиот втор мандат, пишува Вашингтон пост. Нема консензус меѓу високите американски функционери за тоа дали ...
Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“ дека „Уметноста трансформира -Уметноста е љубов“. Токму таков беше и настапот на членовите на овој состав, Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Со своето ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 32 степена. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ. Препорачува прилагодена брзина на ...
Камерниот оркестар на Националната опера и балет вечерва ќе има концерт на програмата на 66.„Охридско лето“. Македонските уметници ќе настапат во црквата „Света Софија“ во 21 часот, под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска. Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ, под уметничко водство на маестро Саша Николовски-Ѓумар, подоцна под ...
Денеска е четврток, 23 јули 2026 година, 204-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 161 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 18 минути, а ќе зајде во 20 часот и 2 минути. Денов трае 14 часа и 43 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во 15 часот и 25 минути, а нема да зајде ова деноноќие. Денеска е четврток, 23 јули 2026 година, 204-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 161 ...
Цените на нафтата беа за околу 4% повисоки во среда наутро по единаесеттата последователна рунда американски напади врз Иран во текот на ноќта, откако државниот секретар Марко Рубио изјави дека Ормутскиот теснец останува точка на спор меѓу двете страни. Фјучерсите за сурова нафта Брент, меѓународната референтна вредност, се тргуваа за околу 4% повисоки на 94,76 долари. Фјучерсите за сурова нафта од Западен Тексас пораснаа за 3,9% на 87,61 ...
Македонскиот ракометен суперлигаш Алклаоид денеска ги претстави тројцата нови играчи, кои во новата сезона треба да дадат дополнителна вредност на клубот од Автокоманда. Словенците Матиц Сухолежник, Нејц Цехте и Црногорецот Вуко Борозан, се новите имиња. Матиц Сухолежник има 31 година и игра на позицијата пивот и во РК Алкалоид доаѓа од екипата на РД Слован. Во својата кариера има настапувано и за екипите на РК Целје, Данкерк и Саран од ...
Почетокот на судскиот процес против соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој во Њујорк е обвинет за трговија со дрога, е закажан за 1 јуни 2027 година, беше соопштено на денешното подготвително рочиште во Федералниот суд во Менхетен. Против 63-годишниот поранешен претседател, кој беше уапсен од американските сили во Каракас на почетокот на годинава и од 3 јануари се наоѓа во затвор во Бруклин, се покренати четири обвиненија, ...
Кога беше пандемијата на корона вирусот микробиологот д-р Никола Пановски беше еден од најцитираните стручњаци во земјата за опасната болест. ВМРО-ДПМНЕ неговите изјави за справувањето со вирусот често ги користеше за да ја критикува тогашната власт. Сега д-р Никола Пановски е „слободен јавач на епидемијата“ (алузија на фразата за апокалипсата). Така го оквалификува новиот министер за здравство, Сашо Клековски, кој, инаку, и самиот е лекар, ...
Секоја грешка треба да се минимизира и релативизира, а секој успех да се воздигнува. Тоа е стратегијата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, околу срамниот билборд на влезот во главниот град, кој наиде на општ потсмев и критики поради аметеризмот ксо кој беше направен. Тој вели дека билбордот го изработило јавното претпријатеие „Улици и патишта“, кое е под надлежност на Градот и чинел 48.000 денари. Во интервју за Македонската ...