Од Основен Кривичен Суд Скопје информираат дека судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, донесе решение со кое ја прифати понудената гаранција во износ од над 1.150.000 евра, која се состои од засновање хипотека врз недвижен имот и ја укина мерката притвор. Истовремено, заради обезбедување на ...

Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), кој го имплементира Проектната единица при Министерството за финансии, во соработка со Меѓународната банка за обнова и ...

Либерално-демократската партија ги критикува македонските власти дека не успеале да склучат никаков договор или да потпишат меморандум со најмногубројната нација на светот, Индија, за време на посетата на претседателката Друпади Мурму на Македонија. ЛДП вели дека посетата поминала во „пртоколарен фолклор, откривање биста и скапи дипломатски гоштевања“. Мурму беше на регионална турнеја во рамките на која ги посети и Молдавија и Романија. ...

Австрија синоќа беше потресена од земјотрес со магнитуда од 4,5 степени, со епицентар во областа Семеринг. Тресењето предизвика помала материјална штета и одрони на карпи, а беше почувствувано во делови од Австрија и Словенија. Австриските служби добија голем број пријави од граѓани. EMSC објави дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од четири километри, а австриската геолошка служба Geosphere Austria објави голем број пријави од ...

Соединетите Американски Држави синоќа објавија воведување царини од десет или 12,5 проценти на увоз од 60 држави, со образложение дека тие не успеале да воведат или не применуваат ефикасна забрана за увоз на стоки произведени со принуден труд. „Трговските партнери што презеле обврска да воведат и ефикасно да применуваат забрана за увоз на стоки произведени преку принуден труд ќе подлежат на царина од десет отсто, додека трговските партнери ...

Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Folk Fest Skopje 2026“ синоќа заврши на Плоштад „Скендербег“, со финална вечер исполнета со музика, танци и традиции од различни земји во светот. По настапите на ансамблите учесници, Грузија беше прогласена за победник на фестивалот, а пехарот за првото место го врачи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Мексико го освои второто место, додека Летонија се пласираше на третото место. „Честитки ...

Вашингтон – Тешко беше да се пропушти Меланија Трамп на финалето на Светското првенство во 2026 година во недела. Не, не беше затоа што беше во приватна ложа со претседателот и другите светски лидери зад непробојно стакло. Тоа беше поради нејзините очила за сонце. Нејзините преголеми рамки од Диор го подигнаа огледалниот изглед на ново ниво. Тие беа толку рефлективни што можевте да го гледате целиот натпревар низ нејзините очила. Тоа беше ...

Опозицискиот СДСМ вели дека на тендерот за електрични автобуси во Скопје и други градови победникот унгарскиот „Икарус“ сега доставил понуда поскапа за 8.000 евра по парче во споредба со претходниот оглас. СДСМ тврди дека претседателот на компанијата „Икарус“, Габор Селеш, е долгогодишен поддржувач на Виктор Орбан. Според „Форбс“, Габор Селеш е деветтата најбогата личност во Унгарија, со проценето богатство од 700 милиони евра. Врските со ...

Шпанскиот брег никогаш не бил позагрозен од прекумерна изградба и растечките ефекти од климатските промени. Во извештајот насловен „Уништување по секоја цена 2026“, Гринпис идентификуваше 194 жаришта по должината на брегот каде што влошувањето е најизразено, објавува Euronews. Студијата покажува дека повеќе од сто плажи имале потреба од вештачка реконструкција во 2025 година, што чинела 246 милиони евра. Гринпис ги опишува ваквите интервенции ...

Американската тајна служба започна внатрешна истрага против агентот за обезбедување на потпретседателот Џ.Д. Венс под сомнение за протекување чувствителни информации. Случајот доаѓа по медиумските извештаи за незадоволство на агентите поради честите патувања на Венс во последен момент. Американската тајна служба го истражува агентот за обезбедување на потпретседателот Џ.Д. Венс под сомнение за компромитирање на оперативната и информациската ...

Собранието денеска, во рамки на 117. седница, ќе одлучува за избор на нов министер без ресор во Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Пред пратениците е предлогот Зулфикар Зејнула да ја преземе оваа функција. Зејнула е претседател на Демократската партија на Турците, која неодамна потпиша коалициски договор со ВМРО-ДПМНЕ. Неговата кандидатура беше најавена на 10 јули, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и Зејнула го ...

Лос Анџелес – „Одисеја“ на Кристофер Нолан се појави во кината на 17 јули и веднаш стана филм на летото, со огромни бројки на кино благајните и поттикнувајќи многу дискусии. А сега, адаптацијата на епската поема на Хомер ги инспирира обожавателите да погледнат уште еден еп: „Троја“, слободната адаптација на „Илијада“ од режисерот Волфганг Петерсен од 2004 година, во која се раскажува за Тројанската војна. И покрај тоа што е објавена пред ...

Њујорк – Шест кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа пред Генералното собрание на ОН ги претставија своите приоритети, на дебата организирана во формат сличен на телевизиско шоу. Кандидатите за наследник на Антонио Гутереш по истекот на неговиот маднат, одговараа на прашања за предизвиците со кои се соочува Светската организација, меѓу кои застојот во Советот за безбедност на ОН, финансиските притисоци, ...

Откако судот му ја ограничи можноста да воведува глобални царини преку вонредни овластувања, Доналд Трамп бара нова правна врата за продолжување на својата трговска офанзива. Овојпат образложението не е трговскиот дефицит, туку неуспехот на американските партнери ефикасно да го спречат увозот на производи создадени со принудна работа. Американската администрација подготвува царини за увозот од 60 економии, а трговскиот претставник на САД, ...

По неколкуте успешни гостувања на одлични солисти и ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист на вечерта. Професионализмот и големиот креативен потенцијал на ...

Камерен концерт на Алтус НЗ Ансамбл насловен „Континуитет“ ќе се одржи утре во рамки на Скопско лето во Салон 19’19 (Културно информативен центар) во 20:30 часот, соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Во Ансамблот учествуваат: Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Александар Лаовски – виола, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо ...

Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва ќе настапи на традиционалната Австриска вечер на фестивалот „Охридско лето“ која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Денис Расел Дејвис и Маки Намекава прв пат концертно соработуваат во 2003 година. По нивниот одличен настап на Фестивалот „Арс Електроника“ во Линц, двајцата одлучуваат да ...

Техеран – Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) предупреди дека секоја британска воена база што САД ќе ја користат за напади врз Иран ќе стане „легитимна цел“, обвинувајќи го Лондон дека има значајна улога во неодамнешните американски и израелски воени операции. Во соопштението, Револуционерната гарда наведе дека американската војска неодамна користела бомбардери „Б-1“, кои полетувале од британската воздухопловна база Ферфорд, ...

Вирон – Победник на вчерашната етапа на Тур Д’Франс е Ричард Карапаз од Еквадор. Тој патеката во должина од 174.7 километри од Шамбери – Вирон ја мина за 4 часа 26 минути и 21 секунда. Како втор низ целната линија мина Мауро Шмид од Швајцарија, а трет етапата ја заврши Матео Јоргенсен од САД, двајцата со заостанување од 45 секунди. Лидерот во генералниот пласман Словенецот Тадеј Погачар денешната етапа ја заврши на 13. место во групата ...

Вашингтон – Американскиот Сенат ја блокираше резолуцијата предложена од Демократската партија, чија цел беше да се ограничи можноста за продолжување на воените операции против Иран без претходно одобрение од Конгресот. Сенаторите со 49 гласа „за“ и 47 „против“ изгласаа да не се пристапи кон разгледување на резолуцијата за воените овластувања на претседателот. Претходно, Претставничкиот дом ја усвои истата резолуција со која од претседателот ...

Вашингтон – Соединетите Американски Држави денеска воведоа нова глобална политика на визни ограничувања насочена кон лицата одговорни за интернет-измами, кибер-криминал и сексуални уцени преку интернет, оценувајќи дека овие активности претставуваат „закана без преседан“ за американските граѓани. Американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштение наведе дека новата политика е насочена кон лицата кои се одговорни или се соучесници во ...

Европската централна банка презентираше десет финални предлози за дизајнот на идните банкноти во евра и започна јавна консултација на која граѓаните можат да ги искажат своите мислења за новиот изглед на банкнотите. Анкетата е отворена до 21 септември, а конечната одлука се очекува до крајот на годината. Предлозите се поделени на две теми: „Европска култура“ и „Реки и птици“. ЕЦБ вели дека предлозите се резултат на натпревар низ целата ЕУ, ...

Денеска е петок, 24 јули 2026 година, 205-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 160 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 19 минути, а ќе зајде во 20 часот и 1 минута. Денов трае 14 часа и 41 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, а ќе зајде 28 минути по полноќ. Денеска е петок, 24 јули 2026 година, 205-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 160 дена. Сонцето во Скопје ...

Властите во Дубаи започнаа нова иницијатива со која нудат парични награди и поволности за жителите кои ќе ги убедат своите пријатели и семејство да дојдат да ги посетат, во обид да го оживеат туристичкиот сектор кој е силно погоден од ескалацијата на регионалниот конфликт. Програмата наречена „Dubai Invite“, започната од Министерството за економија и туризам, им овозможува на жителите на Обединетите Арапски Емирати да номинираат роднини и ...

Цените на дизелот и бензинот во Европската Унија значително се намалија во јуни во споредба со мај, но горивата и мазивата за личен транспорт сепак беа за 13,7 проценти поскапи отколку во истиот месец минатата година, според најновите податоци на Евростат. Годишниот раст на цените е значително забавен. Во април изнесуваше 20,8 проценти, а во мај 20,7 проценти. Највисок пораст на цените на горивата и мазивата во јуни, во споредба со истиот ...

За прв пат досега, хуманоидни роботи контролирани од хирурзи успешно извршија лапароскопско отстранување на жолчното кесе кај свиња. Оваа студија за изводливост покажа дека тие можат да бидат сигурни хируршки помагала. Тим инженери и хирурзи од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего (UCSD) се здружија за да откријат колку бипедалните хуманоидни роботи можат да бидат корисни во операционата сала. Роботиката стана вообичаена за ...

Европскиот пазар на дизел се соочува со сериозни проблеми со снабдувањето, предупредуваат аналитичарите на американската инвестициска банка Морган Стенли, а ситуацијата би можела дополнително да се влоши во наредните месеци бидејќи залихите продолжуваат да паѓаат. Американската банка проценува дека европските резерви на дизел ќе паднат на најниско ниво до крајот на 2026 година. Главниот проблем повеќе не е количината на сурова нафта достапна ...

Организаторите на последниот Гренд слем турнир во годината УС опен ја објавија листата на пријавени играчи и на неа се наоѓа името на Карлос Алкараз. Американските медиуми се надеваат дека шпанскиот тенисер ќе биде во конкуренција за освојување на третата титула во Њујорк. Но, шпанските медиуми пренесуваат информации дека не е подготвен за враќање, а дека не е подготвен ниту за Мастерсот во Синсинати што се игра од 13 до 23. август. Тие ...

Романија ќе добие околу 2,15 милијарди евра од вкупната инвестиција на НАТО вредна 27 милијарди евра за проширување и модернизација на мрежата на алијансата за транспорт на гориво, соопшти денеска романскиот претседател Никушор Дан. Дан на социјалните мрежи оцени дека станува збор за „важен стратешки успех“ за Романија, откако НАТО, по повеќе од пет години преговори, го одобрил проширувањето на исток на својата мрежа од нафтоводи за гориво. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.79
42%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
64%
1012
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.45
40%
1012
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.86
39%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.46
58%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.41
72%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
47%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.92
53%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 23ᴼ
1.34
54%
1012
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
37%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.29
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Платина

56135.20

Цинк

0.00

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Кобалт

56.29

Сребро

1994.05

Калај

56.46

Бакар

13.51

Иридиум

252383.36