Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Ноќеска во 01:12 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден во населба Гази Баба од малолетник кој го познавал и дека бил повреден при игра без намера да се повредат. Се преземаат мерки за ...
Украина соопшти дека извршила напади во Каспиското Море врз нафтена платформа, руски военен брод и пловила за кои тврди дека превезуваат воен товар поврзан со Иран, како и врз нафтена рафинерија во Западен Сибир. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека украинските сили постигнале „многу сериозни резултати“ со нападите во Каспиското Море, вклучително и врз руски воен брод и пловила што, според него, се користат за транспорт на ...
Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Крозето, изјави дека му понудил на неодамна сменетиот украински министер, Михајло Федоров, да биде негов советник. Одговарајќи на прашање на италијанскиот весник „Ла Република“ како реагирал Федоров на понудата, Крозето изјавил дека поранешниот министер бил „трогнат“ и дека ја доживеал како „израз на почит и пријателство“. Крозето го пофали Федоров како двигател на воените иновации и оцени дека тој ...
Спасувачките екипи во Индонезија ги пронајдоа живи 11-те европски туристи и еден локален член на екипажот кои се водеа за исчезнати откако глисерот со кој патувале се распаднал и потонал поради лошите временски услови кај островот Сулавеси. Во тек е потрага по 29-годишниот капетан на пловилото. Глисерот во вчера изутрината испловил од нуркачкиот центар во провинцијата Централен Сулавеси кон пристаништето Мариса во соседната провинција ...
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во мај 2026 година изнесува 462 653 МWh, што претставува 96.5 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Како што информира Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична ...
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, а на третата интензивно се работи. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на трасата и изградба на ...
Скопското астрономско друштво вечер организира јавно астрономско набљудување на плоштадот „Македонија“. Од 19:30 до 22:00 часот, во близина на фонтаната, ќе бидат поставени телескопите на друштвото преку кои ќе може да се видат кратерите на Месечината. -Дојдете со вашите пријатели или со семејството и искористете ја можноста одблизу да ги погледнете кратерите на Месечината низ нашите телескопи. Членовите на друштвото ќе бидат присутни за да ...
Шпанскиот национален тим ќе плати приближно 30 проценти од наградниот фонд за освојување на Светското првенство во 2026 година во даноци, објави „Фокс њуз“. Победникот на турнирот ќе добие уплатница со 15 милиони долари даноци. Според американскиот медиум, ФИФА обично преговара со земјите домаќини на Светското првенство за ослободување на националните федерации од даноци. Сепак, американските власти ги сметаа шпанските репрезентативци за не ...
Сѐ уште е на сила забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево откако Центарот за јавно здравје од Прилеп констатира дека бактериолошки е неисправна. Така ќе биде додека не стигнат сите три последователни примероци за анализа, потврдуваат од Центарот. Причината за ваквата состојба е прекин во работата на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопштија од ЈП „Комуна“ – Крушево. ...
Амар Мешиќ одлучи да започне ново поглавје во својот живот во Загреб. По период на големи промени, познатиот актер сега објави дека се преселил во Загреб и почнува да работи во продавница. Неговиот пат во последните години не беше лесен. Откако јавно ги искажа своите ставови и критики кон владата на претседателот Александар Вучиќ во Србија, Мешиќ зборуваше за тоа како му било сè потешко да најде бизнис можности во својата земја. Затоа решил ...
Новиот тренер на италијанската репрезентација, Андреа Пирло, ќе заработува 1,5 милиони евра годишно на клупата на „Аѕурите“, што е неспоредливо помалку од барањето на Пеп Гвардиола. Италијанците сакаа да започнат нова ера и да се вратат на врвот на европскиот и светскиот фудбал со некои од докажаните имиња. Прво го контактираа Карло Анчелоти, но тој го продолжи договорот со Бразил. По него, се обидоа да го ангажираат Пеп Гвардиола, но и тој ...
Полицијата синоќа во 19.30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, го лишила од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. -При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од ...
Утрово низ центарот на Скопје, противпожарните служби беа забележани како ги санираат преостанатите оштетувања по силното невреме кое пред неколку дена го зафати главниот град. Тие беа забележани како го поправаат часовниот на Музејот на Град Скопје. Инаку од невремето, една од стрелките, онаа која ги покажува минутите, беше оштетена. Освен часовникот на Музејот, беа повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, ...
Канадска државјанка од кинеско потекло, која била на пракса во објект на НАТО во Белгија, е уапсена под обвинение за шпионажа, објавија белгиските обвинители во саботата. „Таа е осомничена за шпионажа во име на трета земја и за членство во криминална организација“, објави обвинителството. Од таму додаваат дека дополнителни детали за жената, вклучително и нејзиното име, нема да бидат објавени во овој момент. Обвинителите рекоа дека ...
Венецуела формално ги извести Обединетите нации за својата неотповиклива одлука за повлекување од Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој спроведува повеќегодишна истрага за припадници на нејзините вооружени сили и други службени лица, изјави во петок министерот за надворешни работи на земјата. Владата наведе „географска пристрасност“ во рамките на судот, кој непропорционално ги таргетира земјите од глобалниот југ, особено земјите од Африка и ...
Вечерашниот фестивалски термин од 21 часот во црквата „Света Софија“ е резервиран за Шпанската вечер на „Охридско лето“ на која ќе настапи триото „Вибрарт“. Ова трио го сочинуваат пијанистот Хуан Перез Флористан, виолинистот Мигуел Колом Куеста и виолончелистот Фернандо Ариас Фернандез. Триото „Вибрарт“ е основано во 2015 година во Берлин и е резултат на спојот на тројца исклучителни музичари кои решително, со искрен и автентичен пристап му ...
Индустрискиот сектор во Германија губи околу 15.000 работни места секој месец, предупреди раководителката на Федерацијата на германски индустрии (BDI), Тања Генер. Геополитичките случувања, како што се царинските политики на САД и растечката индустриска доминација на Кина, влијаат врз германската индустрија. Генер во изјава за ДПА предупредува дека ситуацијата во индустрискиот сектор е критична, но оти се уше има можност работите да се ...
Во изминатите 24 часа до 08 часот изутринава најмногу дожд наврнал во Претор, 26 литри на метар квадратен, по што следуваат Битола, Струмица и Попова Шапка, 7, Охрид, Маврови Анови и Пожаране, 6, Крива Паланка, 5, Скопје-Петровец и Крушево, 4, Прилеп, 2, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Берово, 1 литар – покажуваат мерењата на Управата за хидрометероролошки работи (УХМР). Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална ...
Љубителите на класична музика вчеравечер на „Охридско лето“ имаа несекојдневно музичко доживување со концерт за четирирачно пијано на Денис Расел Дејвис и Маки Намекава. Незаборавната Австриска вечер беше поддржана од Австриската амбасада во земјава и амбасадорот Мартин Памер. Светски познатото дуо изведе дела од класични и современи автори, продолжувајќи ја својата успешна меѓународна кариера која ги носи на најпрестижните фестивали и ...
Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица“ е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа. На граничниот премин Табановце, пак, за влез во ...
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) нема да ја истражува можната вмешаност на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во поништувањето на црвениот картон на напаѓачот на американската репрезентација, Фоларин Балогун, на Светското фудбалско првенство 2026, објави „The Athletic“. „FairSquare“, организација која ги промовира човековите права и управувањето со спортот, поднесе жалба до ИОК, тврдејќи дека Инфантино можеби го прекршил принципот на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а ...
Повисоки сметки за данок на имот се очекува да добијат скопјани во наредниот период, затоа што Град Скопје, воден од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во соработка со УНДП врши репроценка на вредноста на имотот на граѓаните, нешто што според нив не е направено повеќе години. „Не може становите да се продаваат по 2.500 евра за квадрат, а данокот да се плаќа на проценка од 1.200 евра“, тврдат од Град Скопје. Тоа е и една од причините зошто ...
Повеќе од 100.000 луѓе избегаа или добија наредба да останат во изолација додека огромни пожари ги зафаќаат Шпанија и Франција, што го натера Мадрид да прогласи национална вонредна состојба, а француските власти да наредат целосна евакуација, по копно и море, на едно од најпознатите места за одмор во земјата. Властите во југозападна Франција наредија полуостровот Кап Ферет на атлантскиот брег да биде евакуиран „село по село“ поради ...
Леброн Џејмс ја продолжува кариерата во Филаделфија, ставајќи крај на долгото чекање за неговата одлука за нов клуб. Еден од најголемите кошаркари во историјата разгледувал неколку опции, а изборот на крајот паднал на Сиксерс, пишува тој. Според достапните информации, Џејмс ќе потпише двегодишен договор вреден осум милиони долари, во кој е вклучена и играчка опција за втората година. Во првата година ќе заработи 3.876.529 долари, а доколку ...
Феноменалниот Словенец Тадеј Погачар (ОАЕ Емирати-XRG) е победник на 19-та етапа на овогодинешното издание на најголемата велосипедска трка во светот „Тур де Франс“, возена од Гап до врвот на искачувањето до митската Алп д’Хуез во должина од 17 километри. Погачар стигна до својата петта етапна победа на овогодинешната „Тур“, а 26-та во кариерата, со шест секунди предност пред второпласираниот Французин Лени Мартинез (Бахреин Викториус) или ...
Андреа Пирло треба да биде новиот селектор на Италија. Како што пренесуваат италијанските медиуми и познатиот италијански фудбалски новинар Фабрицио Романо, Пирло постигнал устен договор со фудбалската федерација на Италија. Тој дал согласност за планот на Паоло Малдини и Леонардо и во следните денови се очекува да биде потпишан и официјалниот договор. За 47-годишниот Пирло ова би требало да биде најголем предизвик во тренерската кариера. Со ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху во вторник се очекува да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение од прес-службата на израелската влада. Според денеска објавеното соопштение, Нетанијаху ќе отпатува за Вашингтон во понеделник на покана на Трамп. Се очекува тој да присуствува и на погребот на републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој важеше за исклучителен пријател на ...
По неколку години постојано тврдење на сегашната владејачка елита (а и кога беше опозиција) дека најголемата замка во преговарачката рамка со ЕУ се двата протоколи (особено вториот) меѓу Македонија и Бугарија, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска направи остар пресврт велејќи дека тоа не е така. На денешната прес-конференција министерот Муцунски изјави: „Според мене, како министер за надворешни работи и како правник ...
Катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеик Мухамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани, ги повика сите засегнати страни да се посветат на дијалог и целосно да ги спроведат одредбите од меморандумот за разбирање меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Како што пренесува „Ал Џазира“, тоа подразбира обезбедување на слободата на пловидба во Ормуската Теснина, зачувување на регионалната безбедност, заштита на постигнатите резултати ...