Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и Јулија Циборовски, внуката на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, денес во Старата скопска чаршија ја открија спомен-плочата посветена на Циборовски, во знак на благодарност за неговиот придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година и за неговата посветеност на зачувувањето на историското наследство ...
Шест лица од струмичко село Просениково се осомничени за брутален напад врз едно семејство, откако насилно влегле во нивниот дом, физички ги нападнале присутните и се обиделе против нејзина волја да одведат жена. По истрагата, СВР Струмица поднесе кривични пријави против осомничените за „насилство“ , а дел од нив се товарат и за противправно лишување од слобода и напад врз службено лице. Како што информира Министерството за внатрешни работи, ...
По робусна, интензивна дипломатска активност, добивме одложување Охрид да биде ставен на листата загрозено светско културно наследство. По три години, во 2029-та, ќе имаме мониторинг мисија, да се оцени што ќе испорачаме, а во 2031 година ќе биде конечниот извештај. Тоа е голем успех за сите добронамерници и за сите граѓани, со исклучок на опозицијата, која тажи зошто тоа се случило. Вака денеска премиерот Христијан Мицкоски, ги коментираше ...
Берлин- Министерот за внатрешни работи Александар Добриндт изјави дека нападот со возило на парадата на гордоста во Берлин бил терористички напад со исламистичка позадина и дека осомничениот е во бегство. „Сè укажува дека осомничениот дејствувал од позиција на исламистички екстремизам. Се работи за осомничен кој го привлече вниманието во минатото поради голем број кривични дела, радикализација и припадност на исламистичката сцена“, рече ...
Мадрид – Реал Мадрид сака да добие најмалку 160 милиони евра од продажбата на напаѓачот Винисиус Жуниор, објави „Sport.es“. „Кралевите“ се подготвени да се разделат од 26-годишниот играч, кој го бараат Арсенал и други клубови, само ако добијат профитабилна понуда. Во сезоната 2025/26, Винисиус играше на 53 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и 14 асистенции. На Светското првенство во 2026 година, Бразилецот постигна ...
Берлин – Едно лице загина, а 16 се повредени откако возач со автомобил се удри во луѓе во близина на Парадата на гордоста во Берлин. Тројца од повредените се во критична состојба, осум се сериозно повредени, а пет се полесно повредени, соопштија пожарникарите. Според првичните извештаи, бел автомобил удрил неколку луѓе во паркот Тиергартен пред да се судри со дрво. Потоа возачот го напуштил возилото и избегал, изјави портпаролот на ...
Астана – Американско-рускиот вселенски екипаж денеска безбедно слета на степите во Казахстан по осуммесечен престој на Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА Крис Вилијамс и руските космонаути Сергеј Куд-Сверчков и Сергеј Микаев слетаа во капсулата „Сојуз МС-28“, која безбедно се спушти со падобран во означената област. Нивната мисија на орбиталната станица траеше 241 ден. За Вилијамс и Микаев, тоа беше прв вселенски лет, ...
Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат преговорите, Мицкоски рече ...
Вчера министерот Kлековски призна дека е нивна грешка. Денес одговорноста веќе е префрлена на локално ниво. Како пинг-понг. Никој не превзема одговорност. Само се префрла. Утре Гостивар треба да добие „технички исправна“ вода. Значи – сè уште не за пиење. И сега прашањето е едноставно: Како да им веруваме?, се вели во соопштението на СДСМ . „Кога на Мицкоски и на неговата влада црвените светла и алармите им доцнат, како да веруваме дека оваа ...
Вашингтон- Функционерите на администрацијата на Трамп признаа пред федералниот суд дека препорачале прекинување на милијарди долари субвенции за проекти за чиста енергија, врз основа само на тоа дали претседателот Доналд Трамп ги добил изборите во 2024 година во предметните држави. Поради ова признание, претставниците на демократите ја обвинија администрацијата за злоупотреба на моќ, пишува CNN. Судскиот поднесок од 15 јули, кој е дел од ...
По голготата што ја проживуваат Скопјани со ѓубрето кое се собира еднаш месечно во населбите, и со застарениот градски превоз кој ниеднаш не е исчистен во внатрешноста на автобусите, премиерот Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека Владата ќе продолжи со поддршка на развојните проекти во Скопје, најавувајќи дека до крајот на годината главниот град ќе добие нова комунална опрема и електрични автобуси. Тој го пофали градоначалникот ...
Пожарот што избувна во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Според него, веднаш по пријавата за пожарот, ЦУК ги контактирал и ги координирал надлежните институции, додека Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала на терен. – Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола. Центарот за управување со кризи веднаш ги контактираше и ги ...
Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за намената на средствата, Мицкоски посочи дека не ...
Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи. -Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само 10 ...
Деновиве многу се зборува за најновиот филм на Нолан – Одисеја, но ретко кој памети дека многу критичари ја сметаат серијата од 1968 година, во која главниот лик го толкуваше Беким Фехмиу, за најверна адаптација на Хомеровиот еп. Преведена и како „Авантурите на Одисеј“, мини-серијата од осум епизоди заснована на Хомеровата Одисеја, првпат емитувана на италијанската телевизија RAI во 1968 година. Серијата е снимена во копродукција на ...
Атина – Поширокиот регион на највисоката грчка планина Олимп, од денеска е дел од Списокот на светско наследство на УНЕСКО по едногласна одлука на надлежниот Комитет донесена на 48-та сесија што се одржува во Јужна Кореја, соопштија Министерствата за култура и животна средина и за енергетика на Грција. Според нив, одлуката е „едно од најзначајните меѓународни признанија во областа на заштитата на културното и природното наследство, бидејќи ја ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен ...
Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје – денес имаме разурната цела Македонија, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Правејќи паралела со катастрофалниот земјотрес од 1963 година, од СДСМ посочуваат дека тоа било природна катастрофа, а денес, како што велат во објавата од опозициската партија, државата се соочува со системска непогода. „Тогаш земјата се тресеше дваесет секунди. Денес, веќе повеќе од две ...
Ретроградната положба на Сатурн често се опишува како период во кој надворешниот напредок се забавува за да се направи простор за внатрешен раст. Наместо брзи промени и лесни решенија, акцентот е на преиспитување на одлуките, преземање одговорност и завршување на лекциите што се одложени долго време. Иако сите знаци ќе го почувствуваат неговото влијание, астролозите веруваат дека Овенот, Ракот и Јарецот ќе поминат низ особено важни животни ...
Македонскиот народен театар ја заокружи сезоната 2025/2026 со нови премиери, значајни награди и бројни меѓународни гостувања и ја одбележа 80 годишнината на театарот Воедно и ја најавува новата сезона со премиера на претставата „Три сестри“ Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиерата на претставата „Три сестри“, според драмата на А.П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. ...
Букурешт – Романските воздухопловни сили собориле уште еден дрон што неавторизирано навлегол во воздушниот простор на Романија, соопшти денеска Министерството за национална одбрана. Станува збор за трет таков случај во последните три дена. Дронот бил соборен во 10:13 часот од борбен авион „Ф-16“ над романските територијални води на Црното Море, на околу 12 километри североисточно од Сулина. „Дронот беше безбедно уништен во националниот ...
Македонската метропола вечерва оддава почит на својата најтешка историска рана, одбележувајќи шеесет и три години од катастрофалниот земјотрес кој засекогаш го промени ликот и судбината на градот. По тој повод, легендарниот пејач Драган Мијалковски ќе одржи целовечерен концерт под наслов „Скопје радост моја“, сместен кај познатата фонтана „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, во 21 часот. На просторот каде што генерации скопјани израснаа и ...
Новиот филм на Кристофер Нолан „Одисејата“, адаптација на античкиот грчки еп, продолжува да се пласира добро на кино благајните во вториот викенд. Оригиналната приказна, која му се припишува на Хомер, датира од 8 век п.н.е., а нејзината модерна верзија со ѕвездена екипа привлекува публика во кината, пишува ScreenRant. Рекорден втор викенд Заработката на филмот во вториот викенд беше намалена за само 32 проценти од првичните 123,5 милиони ...
Големи пожари продолжуваат да се шират во Шпанија и Франција, а властите предупредуваат дека ситуацијата останува многу сериозна. Едно лице загина во пожар, кој сега е под контрола, во близина на Валенсија во источна Шпанија. Во Шпанија, најкритичните области се Мадрид, Авила и Толедо, каде што пожарите сè уште не се под контрола и зависат од временските услови. Пожарот продолжува да се шири кон Мадрид. Во Франција, пожар во Жиронда се ...
Утре, на собраниската седница, власта ќе побара од пратениците да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2026 година – документ со кој расходите се искачуваат на 425,2 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит расте од 39,2 на 46,1 милијарда денари, односно на 4,1% од БДП. За покривање на дефицитот и отплата на обврските се предвидуваат 76,4 милијарди денари „ново финансирање“, стои во соопштението од Левица што МИА ви го пренесува ...
Вашингтон – Потпретседателот Џ.Д. Венс и началникот на Здружениот штаб на воорупредупредувањето од војскатажените сили, Ден Кејн, предупредија за можноста за ескалација на војната со Иран за време на состанокот со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа во петокот. Во исто време, САД се чини дека привремено ја запреа својата кампања за бомбардирање во Иран по речиси две недели непрекинати ноќни напади. Информацијата беше потврдена за CNN од ...
Мадрид – Шпанија влезе во сезоната на шумски пожари со висок ризик со значително ослабени воздухопловни сили. Владата повеќе не може да смета на хеликоптерите Камов Ка-32 11BC, кои со децении се користат за заштита на шумите. Нивното приземјување не е резултат на финансиски кратења, туку директна последица од санкциите што Европската Унија ги воведе кон Русија по нејзината инвазија на Украина, пишува Ла Разон. Без поддршка, без летање ...
На граничниот премин (ГП) „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува ...
Во Македонија денеска ќе се одржи спортско-авантуристичкиот предизвик „24h Адреналин“, во рамки на кој двајца учесници ќе се обидат во рок од 24 часа да поврзат девет различни активности низ воздух, земја и вода, соопштија организаторите. Според најавата, предизвикот ќе почне со изгрејсонце на аеродромот Стенковец, а ќе заврши доцна навечер на брегот на Охридското Езеро. Во текот на еден ден учесниците ќе поминат стотици километри низ ...
Берлин – Најмалку 34 лица, меѓу кои и неколку деца, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на на автопатот А9 во германската покраина Тирингија, откако возило за кампување удрило во колона формирана поради застој во сообраќајот. Сите повредени се здобиле со лесни до средно тешки повреди и не се во животна опасност, наведоа надлежните. Според полицијата, возачот на камперот во кој имало и две деца, не го забележал крајот на ...