Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Американската Комисија за нуклеарна регулатива (НРЦ) предлага укинување на основниот безбедносен принцип кој 50 години го регулираше зрачењето на кое се изложени луѓето во Соединетите Држави, а кој беше усвоен и ширум светот. Објектите како нуклеарни централи, болници или академски институции кои користат радиоактивни материјали мораат да обезбедат изложеноста на зрачење да се одржува „што е можно помала колку што е разумно“ – принцип познат ...
Две оперски куќи во бразилскиот Амазон, Театро да Паз во Белем и Театро Амазонас во Манаус, се додадени на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Двете згради се изградени кон крајот на 19 век, на врвот на економскиот бум базиран на трговијата со гума, а одлуката ја донесе денес културната агенција на ОН, објави АП. УНЕСКО објасни дека театрите биле дизајнирани како „симболи на политички и урбани амбиции“. Театро да Паз, отворен во 1878 ...
Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 46-годишната македонска државјанка С.С., која е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни, како и уништување на нивното живеалиште. Според информациите од црногорската полиција, инцидентот се случил на 24 јули, кога жената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, наводно намерно прегазила куче од расата шарпланинец. По настанот се обидела да ја напушти Црна Гора, но била запрена на ...
Скопје повторно се подготвува да стане центар на трчањето, спортскиот дух и позитивната енергија. На 4 октомври 2026 година ќе се одржи 22. издание на Виз Ер Скопски маратон, а пријавувањето за најголемиот тркачки настан во земјата е во полн ек. Вториот рок за пријавување завршува на 31 јули, па сите кои планираат оваа есен да застанат на стартната линија се повикуваат навреме да го обезбедат своето учество и да започнат со подготовките. Виз ...
Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиера на претставата „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката – воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. На тој начин, театарот станува уште подостапен за странската публика и сите љубители на уметноста кои ...
Модната дизајнерка Стефанија Насеска ја претставува нејзината прва ресорт или ‘cruise’колекција со која го позиционира својот бренд на едно повиско ниво. Се работи за мала колекција која ја нарекла ‘Почетокотʼ затоа што е инспирирана од Пелагонија. „За колекцијата најмногу употребив природни материјали, како памук, рафија, лен, тоа се материјали кои го обележуваат летниот период. А боите кои се употребени се бои инспирирани од процесот на ...
Никој во Африка не умре поради тоа што администрацијата на Трамп го укина финансирањето на сомнителни невладини организации преку УСАИД, дециден е милијардерот Илон Маск, кој во новиот мандат на американскиот претседател првично го презеде управувањето со ДОЏ (DOGE – Одделот за владина ефикасност). Негова задача беше токму да ги укине или намали програмите на УСАИД првенствено во Африка, Источна Европа и Западен Балкан, под сомнение дека ...
Со 64 гласови на пратеници „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Пратениците од владејачката коалиција на расправата во Парламентот посочија дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии преку политики. Пратениците од опозицијата, пак, тврдат дека дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот не е насочен кон ...
Американскиот претседател Доналд Трамп сподели плакат од филм со вештачка интелигенција во холивудски стил, на кој се гледа како тој се спасува Џорџ Вашингтон од опасност. Фотографијата, објавена на неговиот профил на Truth Social, е една од многуте во бранот содржина генерирана од вештачка интелигенција објавена неодамна. Фотографијата со вештачка интелигенција, дизајнирана да личи на плакат од филмски блокбастер, го прикажува Доналд Трамп ...
УНЕСКО денес одлучи да го отстрани историскиот центар на Виена од листата на загрозено светско наследство откако беа ревидирани плановите за контроверзен проект за облакодер, кој со години предизвикуваше загриженост, се вели во соопштението на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Историскиот центар на Виена беше додаден на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО во 2017 година поради планирана висока зграда во центарот на ...
Жителите на дел од Маврово привремено не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, поради превентивни активности за чистење на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“. Како што информираат од претпријатието, интервенцијата ќе се спроведе на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, со цел подобрување на состојбата и одржување на водоводниот систем. Во текот на чистењето, ...
Џани Инфантино (56) проговори за прв пат од завршувањето на Светското првенство во 2026 година, но наместо помирувачка забелешка, претседателот на ФИФА практично ги навреди сите што не го делат неговото мислење. Во долга објава на Инстаграм, Инфантино го прогласи турнирот во САД, Канада и Мексико за „голем успех што ја прослави човештвото“, а потоа без двоумење отвори оган врз новинарите, медиумите и критичарите кои во последните недели ...
Руските сили уништија повеќе од 80 бензински пумпи во Харковската област во Украина, каде што е целосно прекинат пристапот до гориво на патот меѓу Харков и Полтава, изјави денеска регионалниот официјален претставник на Харков, Олександер Скорик. Последната преостаната бензинска пумпа во Валки беше уништена вчера во руски воздушен напад, соопшти Скорик на социјалните мрежи. Повеќе од 200 бензински пумпи се уништени ширум Украина, вклучително ...
Украинските власти тврдат дека Украина нападнала дел од напреден руски систем за воздушна одбрана распореден во Крим, објави „Њусвик“. Украинската војска уништила руски ракетен одбранбен систем „С-400“ и радар на Крим, објави во понеделник украинската разузнавачка агенција ГУР. Лансерите се дел од копнен систем за воздушна одбрана кој испукува пресретнувачки ракети дизајнирани да се справат со дојдовна закана, како што се дронови, борбени ...
Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго од законски предвиденото во летниот период, а за претстојниот продолжен празничен викенд работното време ќе им биде продолжено за два часа. Ваквата одлука ја донесе Советот на последната седница, согласно која за викендите и одржувањето на јавни манифестации угостителските објекти наместо до 1, ќе работат до 2 часот по полноќ, додека на 1, 2 и 3 август работното време им е ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги отфрли тврдењата на ЈП „Комуналец“ – Гостивар дека две години чека согласност за поставување на водоводна инфраструктура, наведувајќи дека причината за неиздавањето на одобрението е неисполнување на законските процедури од страна на Општина Гостивар. Од ЈПДП информираат дека во февруари 2024 година Општина Гостивар поднела барање за водоводна мрежа, по што на 26 април истата година била ...
Руските сили ги уништија сите бензински пумпи по должината на патот помеѓу Полтава и Харков, а последната беше погодена во градот Валки на 26 јули, според регионалните власти. Во последните месеци, додека нападите со долг дострел на Украина предизвикаа криза со гориво низ Русија и окупираните територии на Украина со напади врз рафинерии, Русија тивко систематски ги таргетира бензинските пумпи. Зборувајќи на телевизија во живо, членот на ...
На овој ден е основана најмоќната муслиманска држава во историјата. Османлиската империја се појави по падот на византиската моќ во првата половина на 13. век. Многу локални владетели во Анадолија ја презеле власта, а Осман, водачот на мала муслиманска провинција, предводел војска и го означил почетокот на нова ера во Мала Азија. Малку е познато за раниот живот на човекот што ја основал Османлиската империја. Знаеме дека бил образован човек ...
Две одделни анкети за мерењето на задоволството на корисниците спроведени од Народната банка покажуваат дека расте задоволството од квалитетот на статистичките податоци, нивната достапност и навременост и од комуникацијата на централната банка. – Во споредба со анкетите спроведени во 2021 и 2013 година, речиси кај сите оценувани сегменти е забележано подобрување, при што просечните оценки се движат од 3,8 до 4,6 (на скалата од 1 до 5). ...
Цените на акциите денеска главно се зголемија, а цените на нафтата паднаа за речиси 7 проценти бидејќи САД и Иран се воздржаа од судири додека се разговара за можно продолжување на преговорите за привремен договор за прекин на огнот. Акциите на кинескиот производител на мемориски чипови CXMT скокнаа за дури 466 проценти на технолошката берза во Шангај. Тоа е највредната кинеска компанија со проценета пазарна капитализација од 3,3 илјади ...
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дополнителни детали за случајот во кој 24-годишник од Петровец е осомничен дека физички ја нападнал својата мајка, а потоа ја влечел со автомобил. Според Обвинителството, на 25 јули попладнето, осомничениот во семејниот дом ја удрил мајка си со тупаница во лицето. Потоа ја повлекол за левата рака, влегол на возачкото седиште и силно ја затворил вратата, при што раката на жената останала ...
Кога просечната плата не ја достигнува минималната кошница, Предлог – ребалансот на Буџетот не може да се брани како доказ за стабилност, туку тој станува доказ дека економската политика не успева да го заштити достоинството на трудот, оцени денеска на собраниска седница пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во неговата дискусија по владиниот предлог за ребаланс на Буџетот за годинава. Тој беше еден од неколкуте пратеници на опозицијата за кои ...
Комисијата за европски прашања денеска имаше средба со Фернандо Сампедро Маркос, државен секретар за Европската унија на Шпанија на која Антонио Милошски побара шпанска помош за излез од европскиот ќор-сокак и решение кое ќе биде во корист и на Скопје и на Софија. Милошоски е претседател на Комисијата и потпретседател на Собранието и тој сега вели дека има моментум за проширувањето на Унијата, особено со отоврањето на преговарачките ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за Илинден ќе оди на конференција во Египет, наместо да се обрати на Мечкин Камен во Крушево, потврдуваат за „Слободен печат“ извори од Собранието. Претседателот на Собранието приоритет ѝ даде на Конференцијата за борба против дискриминација кон исламот, наместо на 2 Август да се обрати во Крушево, но за „Слободен печат“ вели: „Нема никаква тенденција, таман работа“. Претседателот на Собранието негира ...
Македонска навигација во 2022 добила заем од 9 милиони евра, па зела кредит од Комерцијанла банка од 5 милиони евра; потоа добила грант од ЕБОР во 2023 од 406.000 евра како техничка помош. Согласно принципите на Еуроконтрол, провајдер на навигациски услуги не смее да позајмува средства собрани преку unit rate на јавни претпријатија или да ги троши за други цели, кои не спаѓаат во прифатливи трошоци. Но, барањата на македонската влада М-НАВ ...
Македонскиот народен театар на 9 септември ќе биде домаќин на наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград, во режија на еден Дејан Пројковски, со маестралниот Никола Ристановски во главната улога. Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, „Уна“ е современа и длабоко емотивна приказна за љубовта, сеќавањата, минливоста и изборите коишто го обликуваат човековиот живот. ...
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поведе истрага против двајца стоматолози, кои примиле мито од осомничена во случајот „Ботокс“. Едниот бил претседател на Испитната комисија за полагање стручен испит, а другиот претседател на Стоматолошкото друштво на Албанците. Уплатата била извршена на трансакциска сметка, но Обвинителството не објавува за колкава сума се работи. Доказите се преземени од мобилните телефони ...
Заклучно со денеска, во 2026 година во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен – се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје објавен на неговата веб-страница. Потврдени се пет нови случаи во јули (кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден во мај). Најновиот случај бил регистриран во четвртокот минатата недела. Од регистрираните ...
Две жени и 55-годишно лице физички се пресметале во кафеана во скопски Аеродром. Инцидентот се случила вчера пред полноќ. – На 26.07.2026 во 23:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(25) и Ф.М.(23), двете од село Кадино, скопско, од една страна и Г.М.(55) од Скопје, од друга страна, информираа од полицијата во дневниот ...
Двапати дневно, Љубов Мартиненко го напушта подземното породилно одделение каде што работи во Херсон и патува со амбулантно возило за да земе оброци од друга болница во „црвената зона“ на украинскиот град, близу до реката Днепар и руските сили од другата страна. На 4 јуни, непосредно пред пладне, возилото влезе во дворот на градската клиничка болница Лучански како и обично, но Мартиненко, која работи и како бабица, слушна чуден звук во ...