Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе ги презентира најновите информации за состојбата на водата во Гостивар. На оваа најава реагираше СДСМ. „Не министерот за здравство. Не министерот за животна средина. Не надлежните од Водовод. Туку министерот за полиција. Мицкоски вчера најави дека техничката вода во Гостивар од денеска е чиста. Знаеме дека Тошковски најави хиперхлорирање. Изгледа дека тоа е работа на полицијата. Не ...

Јужнокорејскиот суд во понеделник го осуди поранешниот претседател Јун Сук-јеол на 18 месеци затвор, условно на три години, откако го прогласи за виновен за кршење на изборниот закон со давање лажни изјави за време на неговата претседателска кампања во 2022 година. Пресудата, доколку биде потврдена по жалба, би можела да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од ...

САД и Иран повторно разменија напади во текот на изминатите неколку дена, иако минатиот месец го потпишаа Меморандумот од Исламабад со кој се формализираше процесот на завршување на војната и се воспостави 60-дневен период за преговори за конечните услови на договорот. Но, тоа беше вест само за минатиот месец. Потоа имаше толку многу разговори, фалење, напади и пресврти што конфликтот се чувствува како да започнал и завршил веќе неколку ...

Финансиската документација од Општина Гостивар, тендерите за набавка на хлор, распишани пред јавноста да биде информирана за епидемијата, како и наредбите и комуникацијата меѓу општината и ЈП „Комуналец“ се дел од документацијата ја побарало Основното јавно обвинителство во Гостивар во рамки на истрагата. Според неофицијални извори , дел од бараната документација сè уште се очекува, додека други документи веќе се доставени до обвинителството ...

До Левица беа доставени фотографии и пријава од загрижени жители на село Долни Балван, Општина Карбинци, кои алармираат дека од сточарска фарма со години се испуштаат течен животински измет и фекалии во канал што директно се влева во реката Брегалница. Граѓаните веќе поднеле официјално барање до Државниот инспекторат за животна средина, со кое бараат итен вонреден инспекциски надзор, земање мостри од водата и поведување соодветна постапка ...

Украина нападна неколку руски региони со беспилотни летала во текот на ноќта. Стратешки цели беа цел – трговското пристаниште во Ростов, складиштето на државните резерви на гориво во Удмуртската Република и пограничниот град Белгород, пишува Киев Пост. Цел на пристаништето и станбената зона Според анализата на снимки од локалните жители објавени од независниот медиум Астра, главната цел на нападот беше трговското пристаниште во Ростов. Во ...

Пожар избувнал во семејна куќа на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што била зафатена кровната конструкција, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен во саботата во 14:17 часот. Опожарена била куќа во сопственост на Б.М. (84) од Скопје. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица, а ...

Патниците кои утрово се упатија кон Грција треба да сметаат на подолго задржување на граничните премини поради предупредувачкиот штрајк на грчките царински службеници, кој се одржува во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време. Ограничувањата се однесуваат на сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција – Евзони (Богородица), Ники (Меџитлија) и Дојрани (Дојран). За време на протестот, патничките возила се пропуштаат во ...

Поради дефект на водоводна цевка Ф200 мм на улица 1 бб во село Крушопек (по мостот), денеска без вода ќе останат корисниците од селата Крушопек и Лака во општина Сарај. Од ЈП Водовод и канализација информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9:00 часот до завршување на работните активности. Поради дефект на водоводна цевка Ф200 мм на улица 1 бб во село Крушопек (по мостот), денеска без вода ќе останат корисниците ...

Две лица загинаа, а петмина се повредени во вчерашниот вооружен инцидент што се случи на фестивал на храната во американскиот град Сиетл. Пукањето се случило околу 18 часот по локално време, кон крајот на годишниот Фестивал на храна што привлекува стотици продавачи на храна и илјадници гости. Полицијата го истражува инцидентот и ги повика луѓето да ја избегнуваат областа. Сè уште нема приведени лица. Помеѓу петтемина повредени е и едно ...

Врвна пијанистичка уметност, префинета музичка интерпретација и силна емоција ѝ приреди на фестивалската публика британската пијанистка Исата Кане-Мејсон, која синоќа настапи на фестивалот „Охридско лето“ во рамки на традиционалната „Британска вечер“. Една од најистакнатите пијанистки на својата генерација, Кане-Мејсон уште еднаш ја потврди својата светска репутација, освојувајќи ја публиката со виртуозна техника, музикалност и исклучителна ...

Претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел во говорот по повод 73-годишнината од почетокот на Кубанската револуција ги обвини САД за „политички геноцид“. Тој го критикуваше неодамнешниот извештај на американскиот Стејт департмент, во кој се обвини Куба за инфилтрирање во владата на САД и за поддршка на „невиден бран на левичарски тероризам на американска територија“. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги засили нападите врз ...

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (FIGC), Џовани Малаго, одлучи привремено да го суспендира процесот на назначување на Андреа Пирло за селектор на репрезентацијата. Новинарот Џанлука Ди Марцио информира дека состаноците закажани за 27 јули нема да се одржат. Ова значи дека објавувањето на новиот селектор за време на собранието на лигата закажано за 28 јули веројатно нема да се одржи. Пирло се соочува со проблеми во Италија ...

Виетнамски товарен брод со 62 члена на екипажот вчера потона во Јужно Кинеско Море, при што 17 лица се водат како исчезнати, а 45 се спасени, соопшти виетнамското Министерство за надворешни работи. Бродот, „Кој Нгуен 18“ погоден од лоши временски услови потона близина на гребенот Фајери Крос, спорна област во Јужно Кинеско Море. Виетнамските власти веднаш по инцидентот почнале спасувачка операција во координација со кинеската морнарица. ...

Познатиот македонски актер Гоце Тодоровски почина синоќа на 75-годишна возраст. Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка, преку социјалните медиуми. -Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина, фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест, по голема борба го напушти овој свет, лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено сега, летај со ангелите…. – објави неговата ќерка. Гоце ...

Францускиот претседател Емануел Макрон свика состанок на кризниот кабинет за денеска поради шумските пожари кои се приближуваат до Бордо во југозападниот дел на земјата. Борбата со пожарот уште повеќе ќе ја отежне новиот топлотен бран кој го зафати регионот, а големи пожари се активни и во Шпанија, пишува Би-Би-Си. Градоначалникот на Бордо Томас Казенаве изјави дека пожарот е на само 15 километри од градот. Според него, во моментов не се ...

Израел ќе им дозволи на мултинационалните безбедносни сили да влезат во Појасот Газа, како што е предложено во планот за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа неименуван израелски функционер. Тој додаде дека мисијата, наречена Меѓународни сили за стабилизација, ќе вклучува 200 членови од „пријателски земји како што се Уганда и Мароко“, кои ќе бидат распоредени во области кои не се под израелска контрола. ...

Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, во второ читање, денеска е на дневен ред на 118. седница на Собранието. Претресот по дополнетиот ребаланс на буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена. Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со амандманите прифатени од Комисијата за финансирање и буџет, а со кои обезбедени се дополнителни ...

Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на ...

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 километри на час), електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени – информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, претежно облачно ...

Во Домот на АРМ – Скопје денеска од 09:00 до 18:00 часот ќе се одржи традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, но и во чест на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажаа во најтешките моменти. Акцијата ја организира Црвен крст на град Скопје, од каде укажуваат дека во текот на летните месеци, бројот на крводарувања бележи намалување, но оти ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека одобрил план за повеќе операции со долг дострел во Русија, а исто така го ажурирал списокот на приоритетни цели. – Одржав состанок за нашите операции со долг дострел. Го одобривме продолжувањето на нашите операции и го ажуриравме списокот на приоритетни цели врз основа на нивното моментално влијание врз Русија и нејзината способност да ja продолжи и да ја пролонгира оваа војна, ...

МВР воведува брзи тестови за дрога, кои веќе се нарачани и се прилично евтин начин преку кој ќе се врши скрининг на возачите што им се сомнителни на полицајците и управуваат возила под дејство на наркотици. Еден тест чини само 218 денари, а нарачани се 10 илјади парчиња што ќе пристигнат во првата половина на август. Овие кинески тестови имаат точност од 99 проценти и покажуваат резултати брзо, во времетраење од три до 10 минути. ...

113-от Тур де Франс заврши вечерва со нова победа на 27-годишниот словенечки супершампион Тадеј Погачар. Тој денеска ја прослави со својата петта победа на најпрестижната велосипедска трка напланетата и се изедначи на врвот на вечната ранг-листа со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин. На патот до својата петта победа, тој прослави пет етапни победи на овогодинешната трка и сруши неколку рекорди, ...

Берлин – Главниот осомничен за синоќешниот терористички напад на Берлинската парада на гордоста е застрелан денеска за време на полициска операција, јави ДПА. Мажот бил застрелан од полицијата, а подоцна починал од повредите. За време на нападот во саботата навечер, една жена беше усмртена, а 29 лица беа повредени, некои сериозно, кога напаѓачот со комбе влета во толпата на Берлинската парада на гордоста во паркот Тиергартен. Како што ...

Заради појава на заматување на водата од хидросистемот „Иловица“, ги информираме корисниците на водоснабдителниот систем „Иловица“ дека водата не треба да се користи за пиење до понатамошно известување, соопштија од Општина Босилово. -ЈКПД „Огражден“ – Босилово од утре ќе врши испуштање на водата и перење на водоснабдителниот систем. Исто така, денес се земени примероци од водата за анализа од страна на акредитирана лабараторија. За ...

Преземените мерки на споменикот Македониум во Крушево имаат исклучиво превентивна заштитна функција. За конзервација на објектот во тек е изработка на Основен проект за конзервација, реставрација и санација на куполата од Споменикот Илинден-Македониум, во кој ќе се дефинираат сите потребни интервенции во согласност со конзерваторските принципи, стручните стандарди и важечката законска регулатива за заштита на културното наследство, соопшти ...

Лос Анџелес – Кристофер Нолан откри дека некои IMAX снимки од „Одисеја“ речиси се соочиле со катастрофа кога царинските службеници на аеродромот ги провериле канистрите за филм. Во четвртокот, во емисијата „Тоќната емисија со Џими Фалон“, режисерот се присети на еден момент што ги исцрпи нервите на шкотската царина, каде што безбедносните службеници „ги отвориле сите конзерви“ што држеле IMAX филм за неговиот амбициозен нов филм снимен ...

Осум лица кај кои полицијата пронашла дрога се лишени од слобода на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие. – На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. На ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и Јулија Циборовски, внуката на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, денес во Старата скопска чаршија ја открија спомен-плочата посветена на Циборовски, во знак на благодарност за неговиот придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година и за неговата посветеност на зачувувањето на историското наследство ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
34%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.13
61%
1013
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.31
35%
1012
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
0.63
37%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.44
49%
1012
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
1.37
77%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
1.79
43%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.22
44%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.77
46%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
1.34
47%
1014
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
2.24
31%
1012
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.03
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Паладиум

43499.96

Злато

136962.18

Платина

56135.20

Родиум

274085.11

Сребро

1994.05

Цинк

0.00

Калај

56.46

Кобалт

56.29