Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Со гостиварското комунално претпријатие „Комуналец“ како вршител на должност раководи Алмир Даути. Според градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, назначувањето било неопходно, со оглед на обврските кои ова јавно претпријатие ги извршува. – Претходно имав средба со раководителите на секторите во „Комуналец“ и им предложив да одредат еден од нив и да ја врши административно оваа функција наредниве два месеци. Ова претпријатие врши и ...
Париз – Бернар Арно, најбогатиот човек во Европа, ги отфрли тврдењата дека не вработува дебели луѓе во писмо во кое се исмејува истрагата на весникот за неговата бизнис империја. Новинарите од левичарскиот весник „Ле Монд“ го изнесоа тврдењето откако го посетија седиштето во Париз на LVMH, конгломератот за луксузни стоки што г-дин Арно, 77, го основа пред 40 години. „Жените стојат исправено и се претежно млади, убави и витки. Нема да наидете ...
Најкритичната фаза со епидемијата во Гостивар изгледа е надмината затоа што таа се смирува, но за министерот за здравство, Сашо Клековски, е загрижен дека сега може да се појават нови заразни заболувања, како жолтица. Клековски на денешната прес-конференција соопшти дека во последните четири дена бројот на нови први прегледи се движел меѓу 80 и 125 дневно, но засега не може прецизно да се утврди колкав дел од нив се директно поврзани со ...
Француските власти го истражуваат ужасниот случај откако телата на пет новороденчиња беа пронајдени во семејна куќа во јужниот град Оранж во вторник. Според француските медиуми, грозоморното откритие се случило само неколку часа откако жената, родена во 1994 година, родила здраво машко бебе во болница. Сопругот бил надвор од куќата во понеделник кога неговата сопруга отишла во болница со болки во стомакот, каде што се породила. По претходна ...
Тешко може да се објасни делот од интервјуто на премиерот Христијан Мицкоски за поткастот „Риштази“ на весникот Коха, каде што тој дава изјави кои се „спектакуларни“. А за некого и неразбирливи, затоа што се контрадикторни. Кога новинарот Назим Рашиди го прашува дали ако Македонија не ги направи уставните промени, ќе изгуби уште еден воз кон ЕУ, Мицкоски одговара: „Не, бидејќи нема воз“. И веднаш дополнува: „Сега ние имаме воз и вагон ...
Париз – Прес-службата на Француската фудбалска федерација (ФФФ) го објави назначувањето на Зинедин Зидан за селектор на француската репрезентација. Договорот на 54-годишникот е до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дидие Дешан ја тренираше француската репрезентација од 2012 година. Тој ја напушти функцијата по натпреварот за третото место против Англија (4:6) на Светското првенство 2026. Зидан ја започна својата тренерска кариера ...
„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното „Срце на Сараево“. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим, соопштија денеска од тимот. – Учеството во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денска изјави дека во понеделник ќе се знае дали Владата ќе интервенира дополнително кај акцизите и ДДВ за нафтените деривати. Тој рече дека е добро што цената на нафтата на светските пазари се стабилизира и дека врз основа на тоа следната недела очекува значајно намалување на цента на дер „Знаете дека на две недели се анализраат акцизите. Сега завршува втората половина на месецот, така што во понеделник ќе ...
Лос Анџелес – Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, Сури, законски се откажа од презимето на својот татко. 20-годишната студентка законски го променила презимето од Круз во Ноел, според записите за регистрација на гласачи добиени од PEOPLE. Page Six беше првата што ја објави веста. Сури моментално студира на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, Пенсилванија, и се регистрирала да гласа во округот Алегени, Пенсилванија, за време на нејзината ...
Македонскиот актер Гоце Тодоровски ќе биде погребан денеска на градските гробишта во Бутел, Скопје. Последното збогум ќе биде во капелата во 13, а погребот во 14 часот. Тодоровски почина на 75-годишна возраст и важеше за еден од најсаканите и најпопуларни македонски актери на сите времиња. https://nezavisen.mk/pochina-akterot-goce-todorovski-omilen-lik-vo-mnogu-teatarski-pretstavi-filmovi-serii/ Македонскиот актер Гоце Тодоровски ќе биде ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, информираше дека годинава во Македонија има регистрирани четири случаи на маларија, три случаи на денга, еден случај на зика и осум случаи на западнонилска треска. Клековски воедно упати апел до граѓаните што патуваат во ризични подрачја да ги почитуваат препораките за заштита. Според него, по две години без регистрирани случаи на маларија, годинава се евидентирани четири, а сите се поврзани со ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција соопшти дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, но здравствените власти остануваат во состојба на засилен надзор поради можноста од појава на нови заразни заболувања. Клековски посочи дека во последните четири дена бројот на нови први прегледи се движел меѓу 80 и 125 дневно, но засега не може прецизно да се утврди колкав дел од нив се директно ...
СДСМ сатирично ја прокоментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека корупцијата била перцепција во државата, по што ги повика граѓаните ако се соочиле со таков случај, да пријават. „Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија, ама не мора да се замарува, линијата за пријава кај нас е веќе отворена – шест месеци стои на веб-адресата Micko.mk“, нагласи Кети Штерјова од СДСМ, на денешнатра ...
Со цел да се унапреди еднаквоста меѓу учениците и да се обезбедат подобри услови за образование, се воведува мерка за доделување бесплатни униформи за сите ученици запишани во прва година во средните училишта. Оваа мерка има за цел да ги намали социјалните разлики, да го олесни финансискиот товар на семејствата и да придонесе кон создавање училишна средина во која знаењето, трудот и успехот се единствените критериуми што ги издвојуваат ...
Во Собранието, по скратена постапка, е доставен Предлог на закон за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ со кој се предлага и основање на Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Но, наместо закон што ќе воспостави највисоки стандарди на транспарентност и отчетност за проект финансиран речиси целосно со јавни средства, пред пратениците се наоѓа текст што отвора бројни дилеми и ...
Преговарачката рамка не може да се менува, но уставните уставните измени нема да се случат во формата во која моментално се бараат. Така ја објаснува моменталната ситуација со европкиот пат македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Во гостување во поткастот „Риштази“ на весникот „Коха“ Мицкоски повторно зборуваше дека тој е подготвен да разговара си секого за уставните измени и европскиот пат на Македонија, но од неговите одговори не ...
Лондон – Двајца пропалестински активисти се осудени за предизвикување материјална штета по протестна акција во која тие целеа слика од Пабло Пикасо во Националната галерија во Лондон. Поротата во Крунскиот суд во Саутерк ги прогласи Џаи Халаи (25) и Мондеј-Малахи Розенфелд (23), членови на активистичката група „Дема на младите“, за виновни по повеќе од девет часа, објавува „Телеграф“. Детали за протестната акција Халаи, британски здравствен ...
Вашингтон- Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека не планира да ја заврши исплатата на 400 милиони долари воена помош за Украина пред фискалната 2029 година. Министерството за одбрана испрати писмо со таков план за трошење до конгресмените во мај, а демократите и некои од републиканците на Трамп го критикуваат Пентагон за одложување на помошта што беше одобрена од двете партии минатата година, ...
Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson) понуди да исплати отштета од 5,5 милијарди долари на десетици илјада тужителите, кои тврдат дека детската пудра и другите производи со пудра предизвикуваат рак на јајници. Предложената спогодба има за цел да стави крај на долготрајната правна битка. Компанијата со седиште во Њу Џерси ги негира обвинувањата дека нејзините производи со пудра се канцерогени и оттогаш ја промени ...
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва ќе настапи во рамки на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Годинава Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија одбележува четири децении од постоењето. Основан е како прв сегмент на Летниот музички ...
Халкбанк го доближува банкарското работење до своите корисници преку 12 кратки и корисни видеа за брзо и лесно користење банкарски услуги преку мобилен телефон. Станува збор за серија едукативни видеа со актерката Дарја Ризова, во кои се објаснети чекорите за користење на најчестите банкарски услуги преку мобилната апликација на Халкбанк. Банката во изминатиот период постојано работеше на зголемување на бројот на функционалности на ...
Промотивниот филм „So Turkish, Go Turkish“ и мини-сериите „Antalya Gambit“ и „İstanbul My Love“, реализирани во рамки на платформата GoTürkiye, освоија престижни признанија на US International Awards 2026, еден од водечките светски натпревари за најдобри достигнувања во областа на креативните комуникации, корпоративната видео-продукција, онлајн медиумите, документарниот и независниот филм. Наградите се значајно меѓународно признание за ...
Дипломатскиот прием што беше организиран во Македонскиот КИЦ во Софија претставуваше уште една значајна потврда за местото и улогата што оваа институција денес ги има во културниот и дипломатскиот живот. Во присуство на претставници на дипломатскиот кор, институциите, академската заедница, културните работници и бројни пријатели на Македонија, Центарот уште еднаш покажа дека претставува важен простор за афирмација на македонската култура, ...
Градоначалникот на Москва во вторник објави дека руската престолнина била цел на напад од повеќе од 390 украински дронови, а гувернерот на регионот изјави дека во нападите се оштетени и станбени згради. „Повеќе од 390 дронови се упатиле кон Московскиот регион“, но „повеќето од нив биле неутрализирани многу пред да стигнат до градот“, напиша Сергеј Собјанин на апликацијата Телеграм, прецизирајќи дека „81 непријателски дрон биле уништени на ...
Тест авионот A350-1000ULR на „Ербас“ слета во Тулуз по непречен лет од Мелбурн кој траеше 24 часа и 10 минути. Авионот, со регистрациски број F-WULR, беше развиен за програмата „Проект Санрајз“ на „Квантас“, преку која австралиската компанија сака да ги воведе најдолгите комерцијални рути без престан во светот. На повратната етапа од тестот, авионот прелета над Тихиот Океан, САД и Атлантикот. Тоа е еден од најдолгите летови во историјата на ...
Во период кога Европа интензивно бара нови извори на критични минерали, научната и стручната јавност сѐ почесто укажува дека современите рударски технологии значително напредувале и нудат многу повисоки еколошки стандарди отколку пред неколку децении. Претседателката на Македонското геолошко друштво и универзитетска професорка Соња Лепиткова посочува дека денешното рударство користи решенија кои значително го намалуваат влијанието врз ...
Општина Прилеп ги предупреди жителите на селата Ореовец и Леништа дека водата од локалните јавни чешми не е здравствено исправна, откако лабораториските анализи покажале присуство на бактерии, поради што се препорачува посебна претпазливост. Според соопштението, водата од локалниот водоснабдителен систем во Ореовец, односно од јавната чешма во центарот на селото, содржи бактерии од цревно потекло и зголемен број бактериски колонии на 37 ...
Изложба „Од канон до индивидуален израз: Зографството и профаното сликарство во Македонија (19–20 век)” вечерва во 20 часот ќе биде отворена во Чифте амам. Изложбата го следи развојот на македонското сликарство во периодот на длабоки општествени, културни и естетски промени. Преку внимателно селектирани дела од богатата колекција на Националната галерија, посетителите ќе имаат можност да проследат трансформација од традиционалното црковно ...
Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Јапонија во вторник со епицентар на островот Кјушу во областа Куманоту. Јапонската метеоролошка агенција извести за епицентарот, а во исто време издаде предупредување за можно цунами со бранови високи до еден метар. Владата, исто така, реагираше, издавајќи предупредувања за другите префектури во Кјушу, вклучувајќи ги Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита ...
Државниот завод за ревизија го објави извештајот за ревизија на Комисијата за заштита на конкуренцијата. -Извршивме ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Комисија за заштита на конкуренцијата, на сметката на основен буџет (637) за 2024 година. Со извршената ревизија, изразивме мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година за сметката на основен буџет (637) и за ...