Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Долгоочекуваниот епски филм на Кристофер Нолан, „Одисеја“, собра една од најѕвездените глумци во поновата историја на Холивуд – а со тоа доаѓа и подеднакво импресивен платен список. Од добитници на Оскар до некои од најголемите имиња на бокс-офисот во индустријата, глумците на филмот наводно заработиле милиони за да ја донесат легендарната приказна на Хомер на големото платно. На врвот на листата на плати е Мет Дејмон, за кој се верува дека ...
Париз – Францускиот моден агент Даниел Сиад, познат по своите врски со покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, е пронајден мртов во својот дом во близина на Париз. Веста ја потврди канцеларијата на парискиот обвинител, пишува France 24. Сиад имал 69 години и бил под истрага во Франција. Тој бил еден од неколкуте француски државјани осомничени дека му помагале на Епштајн да организира мрежа за трговија со ...
СДСМ преку соопштение упати остри критики кон министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски по неговата изјава дека Македонија им нуди на индиските компании конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар. Од партијата прашуваат како земјата може да биде „порта кон Европа“ кога, според нив, е изолирана и со блокирани евроинтегративни процеси. „Како ќе им понудиме излез на стоки кон европскиот пазар кога сме целосно изолирани? Како од ...
Исхраната е само дел од превенцијата против остеопороза. Потребни се редовно пешачење, вежби со оптоварување и вежби за сила и рамнотежа, одржување нормална телесна тежина, престанок на пушењето и ограничување на алкохолот. Ова го истакна во интервју за МИА проф. д-р Игор Мерџаноски, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар во Скопје. Со него ...
За обезбедување на хигиенските потреби на пациентите и вработените во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, поставена е цистерна со вода во кругот на здравствената установа. Од управата на болницата информираат дека цистерната е обезбедена преку соработка со ЈКП „Тетово“ и ќе биде на располагање во наредниот период. „Цистерната ќе биде во функција на пациентите и болничкиот персонал за хигиенско-техничките потреби, со цел да се ...
Краткото, но интензивно невреме со силен ветер што го погоди Скопје вчера попладнето, предизвика големи штети, а за денеска е најавено ново невреме од страна на УХМР. Сите граѓани на кои им е потребна помош, да пријават штета или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број 112, но и на: 072314929 072314909 02/3297-204 – Поради силното невреме што го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби ...
Делумно затемнување на сонцето ќе ги воодушеви набљудувачите на небото во Европа на 12 август, со целосно исчезнување на Сонцето во источен Гренланд, западен Исланд и делови од Шпанија, како и на Балеарските Острови и западниот Медитеран. Космичкиот настан ќе биде делумно видлив за луѓето низ цела Европа и делови од Северна Африка, достигнувајќи до Украина и Мароко. Ирска, Велика Британија, Франција, Португалија, Италија, Швајцарија и Алжир ...
Од Царинската управа утрово информираа дека на граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје бил запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333.000 денари, откако царинските службеници го откриле при детална контрола на патничка на влез во државата. Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. ...
Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементираа усвоените амандмани, со кои се обезбедија дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. ...
Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на извесувањево нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар. Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29. 04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, до ...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово е измерен во Штип, каде наврнале 18 литри на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според измерените количини на дожд на дождомерните места на УХМР, во Куманово се наврнати 14 литри на квадратен метар, во Скопје-Петровец 11, во Струмица 10, а во Скопје-Зајчев Рид осум литри на квадратен метар. Во Берово се измерени седум литри на квадратен метар, по четири ...
Вашингтон – Воените операции против Иран досега ги чинеле САД 37,5 милијарди долари, изјави синоќа американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за време на сослушување пред Конгресот. Тоа претставува зголемување од речиси осум милијарди долари во однос на последната јавно објавена проценка на трошоците. Хегсет пред американските законодавци изјави дека во сумата се вклучени и очекуваните трошоци до 30 септември. Ова е првпат Хегсет јавно да ...
Загрозено културно наследство на УНЕСКО значи дека еден важен споменик или место е ставено на специјална листа бидејќи му се заканува уништување. Оваа мерка помага да се привлече итна помош, пари и внимание за да се спречи трајна штета. Причини за загрозување Војни и вооружени напади што можат да ги срушат градбите. Природни непогоди како земјотреси, поплави или пожари. Лошо управување, градба без дозвола и прекумерен туризам. Што носи овој ...
„Охридско лето“ денеска на репероарот ја нуди балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел во изведба на Опера и театар „Мадленијанум“ – Србија. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 21 часот и 30 минути. Балетот „Кармен свита“ претставува адаптација на познатата опера на Бизе, „Кармен“, раскажувајќи ја страсната приказна за неограничената и предизвикувачка Кармен, симбол на слободата ...
Њујорк – Американскиот претседател, Доналд Трамп, смета дека претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, би бил соодветен кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации, објави американскиот весник „Њујорк пост“ повикувајќи се на извори блиски до Трамп. Според нујоршкиот весник, Трамп високо го оценил начинот на кој Инфантино го организирал Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, а по ...
Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржи концерт во рамките на Словачката вечер на фестивалот „Охридско лето“. Овој состав го сочинуваат Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина (ШКО Жилина) е основан во 2024 година во рамките на ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска ја носи конечната одлука за судбината на Охридскиот Регион. Одлуката ќе биде донесена врз основа на податоците од извештајот за напредокот во исполнувањето на препораките, односно над десетината констатирани критични точки, од дивоградбите и справувањето на одговорните со нив, колекторскиот систем, па се’ до урбанистичкото довеење во градот и стореното, односно нестореното во заштитата на ...
Полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции, информира Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Според МВР, најголеми последици од невремето се регистрирани на подрачјето на СВР ...
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред – формирање фонд за обештетување на граѓаните за штетите предизвикани од невремето на територијата на Град Скопје, се наведува во соопштението на Левица. „Невремето што го погоди Скопје предизвика значителни материјални штети врз домови, возила и друг имот на граѓаните. Во вакви околности, Градот има обврска да ...
Без вода денеска од 9 часот до санирање на дефектот ќе бидат корисниците од улицата „Маца Карбева“ и населбата Трета зона Припор во општина Кисела Вода, а од 10 часот до завршување на работите дел од корисниците на улицата „Златко Шнајдер“ во општина Центар. Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекините во водоснабдувањето се поради уличен дефект на улицата „Маца Карбева“ и изведување водоводен приклучок на ...
Силниот урагански ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница. Поради паднатиот лим од кровната конструкција дел од пациентите од одделението за ортопедија се преместени на другите одделенија во болницата. Билјана Ефтимова заменик директор на Клиничка болница-Штип вели дека одделенијата ортопедија и единицата за интензивна нега сега функционираат со намален интензитет. -Пациентите се сместени во делот каде што е ...
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а ...
Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат ...
Милано – Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ и во новата сезона ќе го носи дресот на Милан, јавија вечерва италијанските медиуми. Според истите извори, финансиските услови ќе останат непроменети и 40-годишниот Модриќ ќе заработува 3,5 милиони евра, плус евентуални дополнителни бонуси. Новиот тренер на Милан, Рубен Аморим, претходно навести дека сака хрватскиот ветеран да остане во клубот, опишувајќи го како ...
Поради невремето што го зафати Скопје, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, биле примени повеќе од 8300 повици, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Операторите на 112, посочуваат од ЦУК, работат во полн капацитет, а уште во првиот час беа ангажирани и дополнителни смени со цел да се одговори на зголемениот број повици. – И во моментов сè уште има ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши врховниот командант на земјата, генерал Олександар Сирски, по неколкудневни масовни протести против отстранувањето на популарниот министер за одбрана на земјата. Разрешувањето на министерот за одбрана Михаило Федоров минатата недела предизвика неколкудневни улични протести и откри невиден јавен раскол во војската околу стратегијата на Киев во војната против Русија. Зеленски во вторникот ...
Екипата на новиот филм на Кристофер Нолан „Одисеја“ се соочи со уникатен предизвик за време на снимањето – актерите не можеа да се гледаат во очи во заедничките сцени. Причината за ова не беше строгата дисциплина на познатиот режисер, туку специфичната технологија што ја користеше за адаптација на античкиот грчки еп. Нолан така го исполни својот долгогодишен сон и го сними првиот долгометражен филм целосно со IMAX камери. Филмот пристигна во ...
БИТОЛА – Супервештачење нареди Основниот суд Битола пред самиот крај на судењето за екс-директорот на РЕК „Битола“ Пеце Матевски и уште шестмина вработени од комбинатот, како и на три службенички од Бирото за јавни набавки од Скопје, обвинети за незаконитости во тендер за ископ на јаловина поврзан со изборот на битолската фирма „Рудкоп“во 2022-2023 година. На последното рочиште судијата кривичар Горан Димовски од Основниот суд во Битола ...
Англискиот фудбалски судија Ентони Тејлор објави денеска дека ја завршува кариерата во која судеше на 831 натпревар во текот на изминатите две децении, јави Би-Би-Си. Последниот натпревар на кој судеше 47-годишниот Тејлор се одигра на 6 јули, кога Шпанија ја победи Португалија со 1-0 во осминафиналето на Светското првенство. Тејлор, кој работеше како затворски службеник пред да стане професионален фудбалски судија, ја почна кариерата во ...
Да се зајакнат трговските односи меѓу Северна Македонија и Индија со цел во следните пет години да достигнат барем 400 милиони американски долари во трговска размена, со што вистински ќе се реафирмираат односите меѓу двете земји, беше главната порака од Македонско-индискиот бизнис форум што се одржа денеска во Скопје на којшто се обратија и претседателките на Гордана Сиљановска Давкова и Друпади Мурму. Сиљановска Давкова во своето обраќање ...