Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...
Вчера во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната противпожарна единица Кичево, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“ во Кичево. Од екипа на ТППЕ Кичево пожарот бил изгаснат, а во станот било пронајдено опожарено телото на С.С.(37) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево. Вчера во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната ...
Опозициските партии во Индија го затворија парламентот во протест со кој бараат оставка од министерот за образование, во знак на солидарност со новото движење „лебарки“ предводено од млади. Опозициските политичари, предводени од лидерот на Конгресната партија, Рахул Ганди, се собраа пред зградата на парламентот во Делхи во среда, многумина облечени во црно и мавтајќи со транспаренти повикувајќи го Дармендра Прадан да поднесе оставка. Во ...
Како е можно планина богата со вода да биде опкружена со градови што повремено се соочуваат со водна несигурност? Со ваков наслов Институтот за демократија Социетас Цивилис ја започнува анализата за најважниот и најголем воден ресурс во државата, Шар Планина од аспект на актуелната криза со загадувањето на водата за пиење во Гостивар. „Шар Планина е еден од најзначајните природни ресурси на државата. Нејзините површински и подземни води ...
На ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје денеска беше пуштено во употреба целосно реконструираното Одделение за трауматологија, во чија обнова се инвестирани речиси 230.000 евра. Како што истакна директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, капацитетот на одделот изнесува 26 кревети, каде што девет хирурзи трауматолози годишно изведуваат речиси 1.100 ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат ...
Вчерашното невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа 2.308 трафостаници на Електродистрибуција, информираат од ЕВН Македонија. Нагласуваат дека засилени екипи на компанијата работеа без престан во исклучително тешки услови и успеаја да санираат дури 90 отсто од дефектите. ...
Блупринт групата за реформи во правосудството остро реагира за случувањата околу загадувањето на водата за пиење во Гостивар. Овој случај не претставува само изолиран инцидент, туку сериозен индикатор за можни системски слабости. Начинот на кој институциите постапувале, односно евентуално не постапувале, отвора сериозни прашања за институционалната одговорност и за тоа дали биле исполнети законските обврски за заштита на здравјето на ...
Една е од последиците на силната бура што го зафати Скопје во вторникот околу 17 часот со екстремно моќен ветер, е и оштетена сказалка на саатот на Старата железничка станица, која ги покажува минутите. Тој го покажува времето кога Скопје го погоди страшниот земјотрес на 26 јули 1963 – во 5 часот и 17 минути. Застанатите сказалки се највпечатливата иконска слика на ова Скопје и веруваме дека градските власти многу брзо ќе го поправат ...
Професионалната јавна администрација не се гради само со закони. Таа се гради со јасни правила, објективни критериуми и алатки што секојдневно ќе се применуваат во институциите. Токму во таа насока, Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем ...
Родната куќа на Адолф Хитлер во австрискиот град Браунау ам Ин денеска, по неколкугодишно реновирање, ќе се отвори како полициски центар. Како што е познато, потегот треба да спречи зградата на границата со германската покраина Баварија да биде собиралиште на неонацисти, како во минатото. Родното место на Хитлер постојано привлекуваше крајно-десничарски елементи. Куќата каде што првично живеел Хитлер (роден 20 април 1889 година), долго време ...
Во мноштвото осврти за најновиот блокбастер на Кристофер Нолан „Одисеја“ околу кој се кршат копја не само во филмските сцени туку и во текстовите на врвната филмска критика, и на сеирџиската домашна критика, го споделуваме ФБ постот на новинарот од Бања Лука, Александар Трифуновиќ. Еве што тој напиша за екранизацијата на епопејата на Хомер кој ги полни кината во светот, но во земјата на поетот предизвика контроверзии: „Синоќа во еден здив го ...
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека надлежните интитуции ќе ги надоместат штетите кои ги предизвика вчерашното невреме во земјата. – Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш по епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги санираа штетите заедно со институциите кои што се во нивна надлежност. И денеска ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде заокружен процесот за избор на локација за новиот клинички центар, по што ќе може да започне подготовката за реализација на капиталната здравствена инвестиција. Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираното Одделение за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, Мицкоски изјави дека се водат ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, вчера регистрираше исклучително високи вредности на удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности. Од 47 мерни места за ветер во Републиката, олуја и олуен ветер со брзина од 62 до 88 км/час е регистриран на 12 мерни места, силна олуја со брзина од 88 до 102 км/час на 6 мерни места, орканска/ураганска ...
Граѓаните мора да ја знаат целата вистина за Гостивар, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено, изјави потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска денеска на прес-конференција. Според неа, потфрлиле сите здравствени институции „Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни – значи 22 два дена гостиварци пиеле загадена вода а никој не презел ништо. Зошто ...
Ансамблот на НУ Народен театар Битола синоќа во Верона премиерно ја изведе преставата „Кориолан“ од Вилјам Шекспир во режија на Џон Блондел. Битолските актери на Шекспир фестивалот во Верона, град домаќин на бројни уметници од светот и театри од Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија, на македонски начин ја презентираа безвременската трагедија на Шекспир, „Кориолан“. Во претставата настапија Васко Мавровски, Петар Горко, ...
Лондон – Белата куќа ќе дозволи британско-американските „инфлуенсери“, обвинети за повеќекратни кривични дела, вклучувајќи силување и трговија со луѓе, браќата Ендру и Тристан Тејт, да бидат екстрадирани во Велика Британија, и покрај притисокот од блиски луѓе до американскиот претседател Доналд Трамп, објави британскиот дневен весник Телеграф, повикувајќи се на неименуван американски извор. Тој тврди дека ниту Трамп нема да ја блокира ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции порача дека додека Европската Унија го забрзува процесот на проширување, а Македонија останува единствената земја кандидат која не бележи никаков напредок. Филипче посочи дека регионот се движи напред, а Македонија стагнира во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е еден од нејзините клучни приоритети, што се потврдува и со ...
Дилемата меѓу возачите за тоа на колкаво растојание може да биат регистрирани од камерите за брзина и понатаму е присутна во секојдевното возење. Тоа зависи колку возилото ќе навлезе во зоната каде што камерата може соодветно да ја измери брзината. Сето ова зависи и од видот на системот што се користи. Според експертите, фиксните камери не можат да снимаат на стотици метри одалеченост. Нивните системи работат во точно определена зона на ...
Џос Стоун, познатата и многу наградувана англиска пејачка и композиторка, по откажаниот концерт синоќа во Скопје, се огласи на социјалните мрежи и порача дека ќе врати повторно во Македонија. Таа во пораката која трае речиси две ипо минути ги објасни и причините за откажување на настапот, откако Скопје беше зафатено со интензивно невреме кое што предизвика многу штети, вклучително и на опремата и на дел од бината на стадионот на АРМ која беше ...
Со импресивен настап на единаесетмина истакнати уметници на „Охридско лето“ , во „Св. Софија“, синоќа беа одбележани јубилејни шеесет години од постоењето на Факултетот за музичка уметност-Скопје. Некогашните студенти на овој реномиран факултет, сопранистките Весна Гиновска-Илкова и Ана Дурловски, басот Игор Дурловски, пијанистите Катерина Гелебешева-Костадиновска, Кристина Светиева, Јанинка Невчева и Глигор Гелебешев, флејтистката Катерина ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека 18 американски војници досега се убиени во американско-израелската војна против Иран. На својата социјална мрежа, Трамп објави податоци за војните во кои учествувале САД, споредувајќи го бројот на загинати во конфликтите во Авганистан, Ирак, Виетнам, Кореја и Иран. „Ирански воен конфликт: четири месеци, 18 мртви“, пишува во графиконот објавен од Трамп. Американската централна команда ...
Електричните автомобили по првпат ги надминаа сите други видови погонски склопови во продажбата во Германија. Оваа бројка претставува огромна промена на најголемиот европски пазар на автомобили, што традиционално се поврзува со дизел-автомобилите, способни да минат стотици километри со брзина на автопат без никакви проблеми. Според податоците од Германскиот федерален орган за моторен транспорт (КБА), Германците регистрирале 84.057 нови ...
Општина Чешиново-Облешево ги информира граѓаните дека снабдувањето со електрична енергија, поради големиот број дефекти на електродистрибутивната мрежа, паднати бандери и жици, како и тешко пристапните терени каде што е потребна интервенција, нема да биде целосно воспоставено во текот на ноќта. Од Општината информираат дека екипите непрекинато работат на отстранување на дефектите, но поради обемот и сложеноста на состојбата не е можно сите ...
По првичниот бран расчистување на скопските улици, во што беа вклучени сите надлежни служби, до денеска на пладне, ни во центарот на Скопје, не се целосно расчистени и проодни тротоарите и патеките низ паркчињата. Само двајца чистачи од службите на општина Центар можат да се видат на улицата „Народен фронт“, кои се обидуваат да ги сметат ситните искршени гранчиња околу паркираните автомобили, но големите паднати гранки и дрвја стојат во ...
На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ помош по вчерашното невреме побарале 22 пациенти, од кои двајца се на болничко лекување, а на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) 11 лица, од кои тројца се со посериозни скршеници. – Од 22 пациенти во „Св. Наум Охридски“, двајца се примени на болничко лекување, другите се ...
Во Музејот на град Скопје денеска е откриена биста на иконата на индиската борба за независност, Махатма Ганди, која е подарок од индиската држава. Овој гест претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Северна Македонија и Индија. Споменикот е откриен во време кога во посета на земјава е индиската претседателка Друпади Мурму која денеска заедно со ...
Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска порача дека ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата. -Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види вашата земја како полноправна членка на ЕУ, рече Рокас, обраќајќи се на седница на Националниот совет за ...
Велемајсторот Звонко Станојоски и член на ШК Алкалоид е првиот шампион на Македонија во конкуренција на ветерани, откако триумфираше на турнирот што се одигра во Негорски Бањи. Тој успеа да освои 6,5 поени од 7 партии, при што единственото реми се случи во мечот од второто коло против ФМ Александар Кралевски, кој на крајот се најде на втората позиција со 5,5 поени. Третото место со по 4,5 поени го поделија ФМ Александар Качаковски и Илија ...