Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Левица не се откажува од барањето за воведување една изборна единица и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е одговорна за недонесувањето на новиот Изборен законик во рокот предвиден во рамки на реформската агенда поврзана со Европската унија. Од партијата тврдат дека власта не била пасивен набљудувач на процесот, туку негов организатор и носител на парламентарното мнозинство. Според Левица, наместо да придонесе за постигнување консензус, ДПМНЕ во ...
Со години, јајцата како храна беа мета на критики поради холестеролот што го содржат, а многумина ги избегнуваа, верувајќи дека го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Сепак, денес на тоа се гледа поинаку. Истражувањата покажуваат дека јајцата можат да бидат вреден дел од здравата исхрана. Јајцата се исклучително здрави и богати со хранливи материи. Тие често се неправедно поврзани со холестеролот, но самиот холестерол во исхраната нема ...
Безгрижен и несвесен, Доналд Трамп е изгубен во Иран, неспособен да најде излез од катастрофалната војна што ја започна. Уште еднаш, американската војска ја бомбардира земјата и, сè повеќе, нејзината цивилна инфраструктура. Како и претходно, ова незаконско напаѓање го зајакнува отпорот на тврдокорниот режим на кој малку му е грижа за страдањето на својот народ. Колку често Трамп и Пит Хегсет, дивиот господар на коските на Пентагон, ја ...
Опозициската СДСМ вели дека епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувнала преку ноќ и дека надлежните институции одолговлекувале со реакција. „Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, кои наместо навремена реакција, дозволија ситуацијата да ескалира до размери на сериозна здравствена криза“, рече на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор. „Особено загрижува што министерот за здравство, ...
БИТОЛА – Новиот министер за земјоделство, Борче Серафимовски, замина на фестивал на жетвата во Пелагонија, а среде жетва нема цена на житото и откупот е неизвесен. Силни негодување кај земјоделците привлече веста за фестивалското славење на жетвата во услови кога цената на житото падна од 10 на 9 и пол денари за килограм. Според состојбите на терен, земјоделеците се загрижени дека ќе нема кој да им ја откупи пченицата. Овој проблем се ...
Шведскиот композитор Лудвиг Горансон (41) го зацврсти својот статус на најодликуван филмски композитор на деценијата, освојувајќи три Оскари за најдобра оригинална музика од три номинации во категоријата. Неговата трета статуетка дојде за неговата работа на филмот „Грешници“ на Рајан Куглер. Како соработник на Куглер од дебитантскиот филм на режисерот, „Станица Фруитвејл“, Горансон го освои својот прв Оскар за нивниот трет заеднички филм, ...
Три лица кои вчера беа пријавени за исчезнати, се пронајдени починати синоќа во превртено возило „Мерцедес” на патот ГП Блаце – Скопје, соопшти МВР. – На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце – Скопје има превртено возило „мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и е утврдено дека во возилото има три починати лица (едно машко и две женски ...
Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси ги искажа впечатоците по поразот (0:1) од Шпанија ноќеска во финалето на Светското првенство 2026. – Тажен сум, но разбирам дека дадовме сè од себе. Шпанија беше подобра, да бидам искрен. Го загубивме натпреварот и го прифаќаме тоа. Тоа не значи дека ќе заборавиме сè што направивме претходно, па затоа би сакал да им се заблагодарам на моите луѓе, моите играчи и мојата земја, ...
Нивото на водата во реката Дунав во Романија викедов падна на најниско ниво од 1996 година, што резултираше со ограничувања при наводнувањето на земјоделските површини и делумно нарушување на бродскиот сообраќај. Речните водните патишта низ Европа се засегнати од продолжените топлотни бранови и сушата, а климатските податоци покажуваат дека просечната максимална температура во Западна Европа во понеделник се очекува да достигне 26,2 степени ...
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, доби отворени пофалби од претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, за тоа како ја организирал дипломатијата, особено македонската мисија во ЕУ. Азески минатата недела беше на конференција во ЕУ и реши јавно да сподели како бил пречекан од нашите дипломати, колку му помогнале и како работи мисијата. Азески вели дека во многуте години претходно видел дека има „смешно глумење некакви ...
Лос Анџелес – Кристофер Нолан уште еднаш покажа дека неговите филмови ги надминуваат границите на киното. Додека публиката низ целиот свет ја видe допрва ќе ја види „Одисеја“, дебатата веќе се одвива на универзитетите, меѓу експертите за античка литература, историја, археологија и филм. Наместо да прашуваат дали филмот е верен на Хомер, академиците се занимаваат со многу поважна тема – што толкувањето на Нолан кажува за нашето време. Првите ...
Со богата културно-уметничка програма вечерва во охридското село Трпејца почнува јубилејното 15. издание на културно-забавното лето „На зајдисонце“, манифестација која со текот на годините прерасна во препознатлив културен настан што ги обединува уметноста, традицијата и туристичката понуда на тоа крајезерско место. Свеченото отворање ќе биде збогатено со повеќе содржини, меѓу кои промоција на монографијата „Петнаесет години ‘На зајдисонце во ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и денеска преку писмено соопштение ја обвини локалната власт во Гостивар, предводена од, како што велат, коалицијата на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, за несовесно раководење со општинските институции поради што над 1.000 граѓани побараа лекарска помош поради симптоми на труење. Од вчера во Гостивар е прогласена епидемија по масовниот прилив на граѓани во болниците поради стомачни тегоби. Ваквата ...
Одморот покрај вода повеќе не се доживува само како можност за релаксација, туку и како начин за подобрување на менталната благосостојба. Затоа, концептот BlueMind, кој го истакнува благотворното влијание на морето и водата врз менталното здравје, денес се вбројува меѓу најбрзо растечките туристички трендови.Благодарение на своето илјадници километри долго егејско и медитеранско крајбрежје, Туркије нуди идеални услови за доживување на овој ...
Резултатите од вонредните испитувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за квалитетот на водата во Гостивар се веќе готови, при што се утврдени одредени отстапувања од нормалните параметри, објави „Слободен печат“. Ваквиот епилог кореспондира со актуелната состојба во градот, каде стотици граѓани деновиве побараа лекарска помош поради симптоми на стомачни тегоби, дијареја и повраќање. Сепак, точните детали и природата на отстапувањата во ...
Од денеска до 23 јули во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти МВР. Посебниот режим на сообраќајот ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски ...
Вашингтон – Потпретседателот Џ.Д. Венс и неговата сопруга, втората дама Уша Венс, во недела го објавија раѓањето на нивното четврто дете, прво родено за време на актуелен потпретседател по повеќе од 150 години. Роден во недела, Алек Нил Венс им се придружува на постарите браќа и сестри Јуан (9); Вивек (6); и Мирабел (4). Венс го објави раѓањето на социјалните мрежи со изјава потпишана од него и неговата сопруга. „Возбудени сме што објавуваме ...
Македонскиот Културно информативен центар (КИЦ) Белград годинава ќе реализира музички портрети на легендарните музички ѕвезди: Нина Спирова, Маја Оџаклиевска и Бети Ѓорѓевиќ. Првиот од трите „Портрети“ посветен на Нина Спирова (Прилеп 1938- Коштуниќи, Р. Србија 2020), една од најголемите македонски интерпретаторки на сите времиња на забавни мелодии и на традиционални македонски песни, ќе се случи вечер во 20:30 часот во просториите на КИЦ ...
Срамниот билборд на влезот во Скопје со коњ со пет нозе, мост како вијадукт без крај и белградски храм, не е најголемиот проблем на главниот град. Тој е само највидливиот доказ за нивото на нестручност и аматеризам на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ОКГ, се вели во соопштението од СДСМ. „Додека градоначалникот се оправдува со „печатни грешки“ и AI-генерирани слики, Скопје се соочува со многу посериозни проблеми кои директно го ...
Санта Моника – Долгогодишниот директор на „Кроација рекордс“, Желимир Бабогредац, стана член на „Академијата за снимање“, истакната американска организација која ги обединува музичарите, продуцентите, текстописците, инженерите за звук и другите музички професионалци и стои зад најпрестижната музичка награда во светот – „ГРЕМИ“. Ова членство меѓународно го признава неговото долгогодишно работење, придонесот во развојот на хрватската ...
Њујорк – Шпанскиот дефанзивец Пау Кубарси ја доби наградата за најдобар млад играч на Светското првенство 2026. Деветнаесетгодишникот ги одигра сите осум натпревари на турнирот без замени и доби само еден жолт картон. Шпанија прими еден гол на Светското првенство 2026, што е рекорд за екипите што го освоија Светското првенство. Шпанскиот голман Унаи Симон е прогласен за најдобар голман на Светското првенство 2026. Голманот бранеше на сите ...
Суперѕвездата Џош Стоун по девет години пак доаѓа во Скопје, како дел од европската турнеја, на 21 јули, на Страдион на АРМ, во 21 часот, на OPEN AIR концерт, како прв изведувач на Скопје Колинг 2026, соопшти организаторот „Авалон продукција“. „Ако постои пејачка која во 21 век, покрај непрежалената Ејми Вајнхаус, ја внесе на највозбудлив и најквалитетно можен начин, соул музиката пред сè, а потоа и останатите квалитетни музички правци, тоа е ...
Њујорк – Шпанскиот играч од средниот ред Родри е прогласен за најдобар играч на Светското фудбалско првенство 2026 година во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Триесетгодишниот фудбалер не успеа да постигне гол во осум натпревари на турнирот. Во финалето, Шпанија ноќеска ја победи Аргентина со 1:0 по продолженијата. Родри претходно го освои Европското првенство во 2024 година и Лигата на нации 2022/23 со Шпанија. Тој постигна ...
Извештајот на Институтот за јавно здравје открива дека најголем дел од плажите во Охридско, Преспанско и во Дојранско се безбедни за капење, но старите проблеми со загадувањето остануваат. Во Охридско и натаму закана се фекалните води, септичките јами и неисправната канализација, а во Дојранско – пестицидите и отпадните води. Институтот бара итно да се среди колекторскиот систем, да се спречат директните испусти во езерата и постојано да се ...
Њујорк – Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, објави дека има намера да го одработи својот договорот до крајот, а потоа не е сигурен дали ќе остане на функцијата. -Ќе продолжам како селектор на Аргентина до декември. А потоа веројатно ќе заминам, рече Скалони ноќеска на прес-конференцијата по поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство во 2026 година (0:1 по продолженијата). Скалони му се ...
За само неколку месеци премиерот Христијан Мицкоски и пропагандната фабрика на ВМРО-ДПМНЕ со своите коалициски партнери го постигнаа најголемиот успех на најдобрата влада која мораше да биде реконструирана за да биде уште подобра. Променет е речиси целиот корумпиран правосуден систем. Воспоставено е извонредно успешно владеење на правото во сите судски инстанци. Тоа што на никој не му успеа за 35 години независност на државата со блиц криг ...
Буенос Аирес – Најмалку 15 лица се уапсени за време на немирите што избувнаа во центарот на Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство, објавија аргентинските медиуми. -Тројца полицајци се повредени во нападите. Исто така, регистрирани се кражби на телефони и лични предмети. Официјални извори потврдија дека најмалку 15 лица се уапсени во врска со овие инциденти, објави TN. Доминантната Шпанија ја скрши Аргентина ...
Будимпешта – Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, денеска ќе се сретне со шаховската велемајсторка Јудит Полгар и ќе и предложи да ја преземе функцијата претседател на Унгарија. Во објава на својот фејсбук-профил, Маѓар оцени дека името Полгар со децении е симбол на талент и истрајност и истакна дека би му претставувало чест доколку ја прифати кандидатурата. Најавата доаѓа еден ден откако досегашниот претседател, Тамаш Шујок, потпиша уставни ...
Владата, во врска со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, од првиот момент е во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните. Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и спроведувањето на сите неопходни контроли и анализи, Владата донесе одлука од денеска и во наредните неколку дена интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за ...
На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира и ...